Охридски сунѓер Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridski-sungjer/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Mar 2022 14:19:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридски сунѓер Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridski-sungjer/ 32 32 Охридскиот сунѓер инспирација за накит https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ohridskiot-sungjer-inspiracija-za-nakit/ Sun, 13 Mar 2022 12:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=472067

Охридски сунѓер - „Ochridaspongia rotunda” станал инспирација за изработка на накит. Овој прастар облик на сунѓер опстојува во шест милиони старото езеро и е меѓу најстарите облици што живеат во него.

Осознавајќи ги ендемските видови од Охридското езеро, се сретнав со волшебниот сунѓер, кој го добил името "rotunda" не само заради тоа што има тркалезна форма, туку и што потсетува на морски еж без боцки. Фасцинирана од неговиот изглед, успеав преку накитот да го претставам внатрешниот систем на каналчиња и коморчиња, вели Данче Наумоска, која години наназад изработува накит од бакар.

Според Наумоска, Охридскиот тркалезен сунѓер со неговата жолтеникава боја и кадифест изглед, живее на длабочина од 30 до 120 метри и достигнува дијаметар до 13 сантиметри, зацврстен на школки или камчиња. Се размножува преку целата година и опстојува во симбиоза со Охридските ракчиња и како автохтон животински вид целосно се разликува од другите сунѓери.

Благодарение на нуркачкиот клуб Амфора , преку фотографии ни го претстави дното на Охридското езеро. За изработка на колекцијата користев ленти, бакарни плочки, епоксидна смола кожни врвки или синџирче, полудраги камења или мурано стакло. Наменета е за уникатни, моќни и  самоуверени жени, вели таа.

Таа е дел од во проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ спроведен од Центарот за управување со промени - ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy.

The post Охридскиот сунѓер инспирација за накит appeared first on Република.

]]>