Охридски народен театар Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridski-naroden-teatar/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 15:07:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридски народен театар Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridski-naroden-teatar/ 32 32 Претставата „Кумови“ на Охридскиот театар в недела премиерно на матичната сцена https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-kumovi-na-ohridskiot-teatar-v-nedela-premierno-na-matichnata-stsena/ Thu, 17 Oct 2024 15:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=828125

Човечкото секојдневие, искушенијата и предизвиците со кои се соочува поединецот во животниот вртлог на овие простори и неизвесноста пред кои е исправен, тоа се темите што ги третира најновата драмска поставка „Кумови“ на Охридскиот народен театар.

Станува збор за претстава работена според текст на Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин, што актерската екипа на Народниот театар од Охрид премиерно ќе ја изведе на матичната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, в недела на 20 октомври.

Режисерката на поставката, Билге Емин, на денешната прес-конференција по повод премиерата посочи дека ова и е прва соработка со охридскиот театар.

Работам со прекрасна актерска екипа, процесот траеше 45 дена и за мене беше многу убав. Најубавата тематска основа за нашиот човек во просторот е кучешкиот живот во кој првата причина е немањето работа, вели режисерката Емин.

Директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски рече дека самата претстава, како и театарот воопшто, има за цел да го задржи континуитетот на театарот и да направи нешто што е важно за културата во Охрид и во државата.

Феноменологијата на театарот е тоа да испровоцира емоции кои не се секојдневни. Затоа и постои и има интеракција со живи битија на лице место. Затоа со сета сила се трудиме, поголемиот дел од нашата публика да ја внесеме внатре и да се вратиме на нешто што не би смеело да изумре, а тоа е вистинската комуникација очи в очи, посочи Стојаноски.

За актерот Никола Тодороски, претставата е деликатна комедија каква, како што рече, досега немало на репертоарот на Охридскиот театар, без притоа да навлезе во поединости за самата претстава, на тој начин провоцирајќи ја публиката да дојде и да ја проследи.

За актерката Адријана Билаловиќ-Тодороска, текстот на претставата носи многу суптилен хумор, загадочни моменти за кои верува дека ќе го задржи вниманието на публиката.

Актерката Елизабета Стефановска Јандреовска од своја страна посочи дека екипата на Охридскиот театар е доволно зрела да работи на посмели приказни, каква што носи текстот на „Кумови“.

Ја нарековме црна комедија. Авторот на текстот на генијален и многу лесно-комичен начин раскажува многу болни и сурови теми, болни и сурови вистини кои верувам ќе стигнат до публиката и ќе испровоцираат кај неа тоа што испровоцира и кај нас. Има една многу важна реплика која вели ‘Човек на улица без работа и леб, тој не е човек тој е куче’. И преку комична ситуација зборува за една многу страшна вистина, вели Стефановска Јандреовска.

Во претставата покрај Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска Јандреовска, играат и актерите Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска-Петреска, сценографијата на Татјана Христоска-Блажевска, додека костимографијата на Марија Пупуческа.

Претпремиерата е закажана за 19 октомври со почеток во 20 часот, со цена на билетот 300 денари. За премиерата цената на билетот е 400 денари.

 

The post Претставата „Кумови“ на Охридскиот театар в недела премиерно на матичната сцена appeared first on Република.

]]>

Човечкото секојдневие, искушенијата и предизвиците со кои се соочува поединецот во животниот вртлог на овие простори и неизвесноста пред кои е исправен, тоа се темите што ги третира најновата драмска поставка „Кумови“ на Охридскиот народен театар. Станува збор за претстава работена според текст на Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин, што актерската екипа на Народниот театар од Охрид премиерно ќе ја изведе на матичната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, в недела на 20 октомври. Режисерката на поставката, Билге Емин, на денешната прес-конференција по повод премиерата посочи дека ова и е прва соработка со охридскиот театар.
Работам со прекрасна актерска екипа, процесот траеше 45 дена и за мене беше многу убав. Најубавата тематска основа за нашиот човек во просторот е кучешкиот живот во кој првата причина е немањето работа, вели режисерката Емин.
Директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски рече дека самата претстава, како и театарот воопшто, има за цел да го задржи континуитетот на театарот и да направи нешто што е важно за културата во Охрид и во државата.
Феноменологијата на театарот е тоа да испровоцира емоции кои не се секојдневни. Затоа и постои и има интеракција со живи битија на лице место. Затоа со сета сила се трудиме, поголемиот дел од нашата публика да ја внесеме внатре и да се вратиме на нешто што не би смеело да изумре, а тоа е вистинската комуникација очи в очи, посочи Стојаноски.
За актерот Никола Тодороски, претставата е деликатна комедија каква, како што рече, досега немало на репертоарот на Охридскиот театар, без притоа да навлезе во поединости за самата претстава, на тој начин провоцирајќи ја публиката да дојде и да ја проследи. За актерката Адријана Билаловиќ-Тодороска, текстот на претставата носи многу суптилен хумор, загадочни моменти за кои верува дека ќе го задржи вниманието на публиката. Актерката Елизабета Стефановска Јандреовска од своја страна посочи дека екипата на Охридскиот театар е доволно зрела да работи на посмели приказни, каква што носи текстот на „Кумови“.
Ја нарековме црна комедија. Авторот на текстот на генијален и многу лесно-комичен начин раскажува многу болни и сурови теми, болни и сурови вистини кои верувам ќе стигнат до публиката и ќе испровоцираат кај неа тоа што испровоцира и кај нас. Има една многу важна реплика која вели ‘Човек на улица без работа и леб, тој не е човек тој е куче’. И преку комична ситуација зборува за една многу страшна вистина, вели Стефановска Јандреовска.
Во претставата покрај Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска Јандреовска, играат и актерите Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска-Петреска, сценографијата на Татјана Христоска-Блажевска, додека костимографијата на Марија Пупуческа. Претпремиерата е закажана за 19 октомври со почеток во 20 часот, со цена на билетот 300 денари. За премиерата цената на билетот е 400 денари.  

The post Претставата „Кумови“ на Охридскиот театар в недела премиерно на матичната сцена appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-sergej-e-mnogu-glupav-na-ohridskiot-naroden-teatar/ Thu, 08 Jun 2023 07:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=649044

Народниот театар Охрид в петок премиерно ќе ја изведе претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во улогата на Сергеј игра Никола Тодороски, првиот курир е Стрезо Стаматовски, вториот курир го игра Горан Стојаноски, а третиот Филипи Кипровски, додека Елизабета Стефановска ќе се појави во улогата на Маша.

Сценографијата и костимографијата се на Енес Деари. Текстот, како што кажа режисерката Николовска, првпат се поставува во државата.

Според неа, се работи за многу популарен современ драмски текст.

Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер, кој го игра Никола Тодороски.

Навидум едноставната животна состојба одеднаш се претвора во егзистенцијална.

Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина.

Од овој момент па натаму, почнува надреалистично шоу, кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив, открива Николовска.

Преку главниот лик е отсликан симптомот на денешницата, а тоа е дека многу често проблемите и ситуациите со кои треба да се соочиме ги изнесуваме надвор, ја пренесуваме одговорноста за многу важни прашања на други, додаде режисерката на претставата.

Актерот Никола Тодороски, вели дека по долго време како екипа на Народен театар Охрид имале можност да се позанимаваат со ваков убав процес.

Ликот што го играм е модерен тип на човек, кој успеал во животот и премногу му е комотно. Задоволен е од се тоа што му се случува како секојдневие. Но, еден ден драстично се му се менува. Мислам дека оваа претстава ќе го предизвика прашањето во публиката „Ако Сергеј е глупав, тогаш какви сме ние?“, истакна Тодороски.

Претставата „Сергеј е многу глупав“ е втора премиера на Охридскиот народен театар годинава поддржана преку програмата на Министерството за култура.

Ќе биде одиграна и во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

 

The post Премиера на „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар appeared first on Република.

]]>

Народниот театар Охрид в петок премиерно ќе ја изведе претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска. Претставата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во улогата на Сергеј игра Никола Тодороски, првиот курир е Стрезо Стаматовски, вториот курир го игра Горан Стојаноски, а третиот Филипи Кипровски, додека Елизабета Стефановска ќе се појави во улогата на Маша. Сценографијата и костимографијата се на Енес Деари. Текстот, како што кажа режисерката Николовска, првпат се поставува во државата. Според неа, се работи за многу популарен современ драмски текст.
Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер, кој го игра Никола Тодороски.
Навидум едноставната животна состојба одеднаш се претвора во егзистенцијална. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина.
Од овој момент па натаму, почнува надреалистично шоу, кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив, открива Николовска.
Преку главниот лик е отсликан симптомот на денешницата, а тоа е дека многу често проблемите и ситуациите со кои треба да се соочиме ги изнесуваме надвор, ја пренесуваме одговорноста за многу важни прашања на други, додаде режисерката на претставата. Актерот Никола Тодороски, вели дека по долго време како екипа на Народен театар Охрид имале можност да се позанимаваат со ваков убав процес.
Ликот што го играм е модерен тип на човек, кој успеал во животот и премногу му е комотно. Задоволен е од се тоа што му се случува како секојдневие. Но, еден ден драстично се му се менува. Мислам дека оваа претстава ќе го предизвика прашањето во публиката „Ако Сергеј е глупав, тогаш какви сме ние?“, истакна Тодороски.
Претставата „Сергеј е многу глупав“ е втора премиера на Охридскиот народен театар годинава поддржана преку програмата на Министерството за култура. Ќе биде одиграна и во рамки на фестивалот „Охридско лето“.  

The post Премиера на „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар appeared first on Република.

]]>