Oхрид СОС Archives - Република https://republika.mk/tema/ohrid-sos/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 12:24:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Oхрид СОС Archives - Република https://republika.mk/tema/ohrid-sos/ 32 32 Охрид СОС: Скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето https://republika.mk/zivot/ohrid-sos-skoro-sekojdnevno-na-desetitsi-lokatsii-se-uzurpira-i-unishtuva-krajbrezhjeto/ Sun, 10 Mar 2024 13:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=753304

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира дека скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето на Охридското Езеро.

Тие преку нивниот Фејсбук статус се навраќаат на тоа дека се изработува физибилити студијата за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитена зона на крајбрежниот појас во Охридскиот регион и дека Агенцијата за планирање на просторот активно соработува со работниот тим кој преку УНДП ја изработува неа и ги доставува сите податоци, информации, проекти и документи што им се потребни при изработката.

Истовремено, од граѓанската иницијатива додаваат дека во Извештајот за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на регионот и напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство доставен до УНЕСКО се наведува дека студијата се изработува од ангажиран експертски тим од меѓународни и домашни експерти.

Од иницијативата велат дека навидум, според напишаното во Извештајот, нештата се одвиваат како што треба. Но, како што велат од Охрид СОС, она што не го виделе меѓународните организации е ситуацијата на терен и дека таму не е се како што се опишува или премолчува.

„Кој ќе чека на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас, а дополнително на некаква физибилити студија? Додека инспекциите си седат во своите удобни и топли канцеларии, останува на жителите на регионот, на обичниот народ, да следи што се случува и да реагира. Некој што е платен да врши обиколки, да работи на терен, мора да се измоли да реагира, а најчесто се тоа само формални постапки, кои не завршуваат со конкретни санкции или се прогледува низ прсти. Повторно се гради и доградува во Извидничкиот центар во Охрид, на самиот брег на езерото. Евидентирано викендов. Доставена е претставка до надлежните инспекциски служби“, велат од Охрид СОС.

Дополнително, тие истакнуваат дека изминатава седмица во посета на Општина Охрид била Делегацијата на ЕУ, предводена од Амбасадорот Гир, како и дека соговорниците разговарале и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО и за соработката со владините институции.

Моментално и напредокот и соработката, од Охрид СОС велат дека се никакви и дека не постои координација.

„Не постои каква и да е визија, а не пак стратегија. Не се исполнети препораки уште од Реактивната мониторинг мисија од 2017 година. Она што се пишува во извештаите не кореспондира со реалноста“, додаваат тие.

Оттаму се децидни дека природното наследство постојано е под удар на урбанизацијата и желбите на поединци и групи преку узурпација на национално добро да остваруваат профит.

 

The post Охрид СОС: Скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето appeared first on Република.

]]>

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира дека скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето на Охридското Езеро. Тие преку нивниот Фејсбук статус се навраќаат на тоа дека се изработува физибилити студијата за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитена зона на крајбрежниот појас во Охридскиот регион и дека Агенцијата за планирање на просторот активно соработува со работниот тим кој преку УНДП ја изработува неа и ги доставува сите податоци, информации, проекти и документи што им се потребни при изработката. Истовремено, од граѓанската иницијатива додаваат дека во Извештајот за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на регионот и напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство доставен до УНЕСКО се наведува дека студијата се изработува од ангажиран експертски тим од меѓународни и домашни експерти. Од иницијативата велат дека навидум, според напишаното во Извештајот, нештата се одвиваат како што треба. Но, како што велат од Охрид СОС, она што не го виделе меѓународните организации е ситуацијата на терен и дека таму не е се како што се опишува или премолчува. „Кој ќе чека на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас, а дополнително на некаква физибилити студија? Додека инспекциите си седат во своите удобни и топли канцеларии, останува на жителите на регионот, на обичниот народ, да следи што се случува и да реагира. Некој што е платен да врши обиколки, да работи на терен, мора да се измоли да реагира, а најчесто се тоа само формални постапки, кои не завршуваат со конкретни санкции или се прогледува низ прсти. Повторно се гради и доградува во Извидничкиот центар во Охрид, на самиот брег на езерото. Евидентирано викендов. Доставена е претставка до надлежните инспекциски служби“, велат од Охрид СОС. Дополнително, тие истакнуваат дека изминатава седмица во посета на Општина Охрид била Делегацијата на ЕУ, предводена од Амбасадорот Гир, како и дека соговорниците разговарале и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО и за соработката со владините институции. Моментално и напредокот и соработката, од Охрид СОС велат дека се никакви и дека не постои координација. „Не постои каква и да е визија, а не пак стратегија. Не се исполнети препораки уште од Реактивната мониторинг мисија од 2017 година. Она што се пишува во извештаите не кореспондира со реалноста“, додаваат тие. Оттаму се децидни дека природното наследство постојано е под удар на урбанизацијата и желбите на поединци и групи преку узурпација на национално добро да остваруваат профит.
 

The post Охрид СОС: Скоро секојдневно на десетици локации се узурпира и уништува крајбрежјето appeared first on Република.

]]>
Едно за УНЕСКО, друго за дома: Албанскиот премиер се пофали со фотографии од бетонизирање на Охридското Езеро https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/edno-za-unesko-drugo-za-doma-albanskiot-premier-se-pofali-so-fotografii-od-betonizirane-na-ohridskoto-ezero/ Sun, 21 May 2023 13:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=643229

Во извештајот кој пред неколку месеци Министерството за култура и Министерството за туризам и животна средина од Албанија го доставија до светската организација и стручните тела, се спомнуваа некакви проекти, санации, состаноци за меѓугранична соработка, инспекции на терен. Но никаде не беа споделени вакви активности, алармира Охрид СОС.

Од една страна се прокламира заштита на природното наследство на Охридскиот Регион, но од друга, се форсираат некакви проекти кои ја нарушуваат природната рамнотежа, велат од здружението.

Да не заборавиме, заради вакви и слични предлози или интервенции на македонска страна беше предложено Охридскиот Регион да се стави на листата Светско наследство во опасност. Се чини како албанскиот премиер (кој ги сподели овие фотографии на Facebook) да не е во тек со процесите кои се одвиваат, па форсира зафати кои се во спротивност на дадените препораки. Наместо исполнување на препораките, имаме вакви нови ситуации, кои не одат во прилог на заштита туку напротив, дополнително ги уништуваат специфичните предели, велат од Охрид СОС.

Уште еднаш на дело се покажува немањето волја за реално зачувување на исклучителните универзални вредности (ИУВ) на регионот, лицемерието на институциите, кои едно зборуваат или пишуваат а прават нешто сосема друго и ставањето на некои други интереси над оние кои треба да се приоритет. Албанскиот дел од регионот само пред четири години беше вклучен на листата, но многу брзо се покажаа слабостите на терен.

Неодамна, на средба со неколку организации и активисти од Поградец, Тушемишта и Тирана беа споделени загрижувачки информации. Заткулисно, се прави простор за ваквите проекти, иако државата се обврзала дека ќе го заштити тој дел од Охридскиот Регион.

Не попусто УНЕСКО инсистира на усогласени закони меѓу двете држави и интегрален план за управување со регионот, со цел доброто да го има истиот степен на заштита, независно во чија територија се наоѓа, велат од Охрис СОС.

 

The post Едно за УНЕСКО, друго за дома: Албанскиот премиер се пофали со фотографии од бетонизирање на Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Во извештајот кој пред неколку месеци Министерството за култура и Министерството за туризам и животна средина од Албанија го доставија до светската организација и стручните тела, се спомнуваа некакви проекти, санации, состаноци за меѓугранична соработка, инспекции на терен. Но никаде не беа споделени вакви активности, алармира Охрид СОС. Од една страна се прокламира заштита на природното наследство на Охридскиот Регион, но од друга, се форсираат некакви проекти кои ја нарушуваат природната рамнотежа, велат од здружението. Да не заборавиме, заради вакви и слични предлози или интервенции на македонска страна беше предложено Охридскиот Регион да се стави на листата Светско наследство во опасност. Се чини како албанскиот премиер (кој ги сподели овие фотографии на Facebook) да не е во тек со процесите кои се одвиваат, па форсира зафати кои се во спротивност на дадените препораки. Наместо исполнување на препораките, имаме вакви нови ситуации, кои не одат во прилог на заштита туку напротив, дополнително ги уништуваат специфичните предели, велат од Охрид СОС. Уште еднаш на дело се покажува немањето волја за реално зачувување на исклучителните универзални вредности (ИУВ) на регионот, лицемерието на институциите, кои едно зборуваат или пишуваат а прават нешто сосема друго и ставањето на некои други интереси над оние кои треба да се приоритет. Албанскиот дел од регионот само пред четири години беше вклучен на листата, но многу брзо се покажаа слабостите на терен. Неодамна, на средба со неколку организации и активисти од Поградец, Тушемишта и Тирана беа споделени загрижувачки информации. Заткулисно, се прави простор за ваквите проекти, иако државата се обврзала дека ќе го заштити тој дел од Охридскиот Регион. Не попусто УНЕСКО инсистира на усогласени закони меѓу двете држави и интегрален план за управување со регионот, со цел доброто да го има истиот степен на заштита, независно во чија територија се наоѓа, велат од Охрис СОС.  

The post Едно за УНЕСКО, друго за дома: Албанскиот премиер се пофали со фотографии од бетонизирање на Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>
Во делот на старата градска архитектура во Охрид од заштита се избришани 56 објекти, новите градби не се ни копија на она што се урнало https://republika.mk/vesti/kultura/vo-delot-na-starata-gradska-arhitektura-vo-ohrid-od-zashtita-se-izbrishani-56-objekti-novite-gradbi-ne-se-ni-kopija-na-ona-shto-se-urnalo/ Mon, 17 Apr 2023 14:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=631468

Законот со кој стариот дел на Охрид се прогласи за културно наследство од особено значење, е нефункционален и воопшто непримелив. Десетици градби се избришани од заштита,а на локациите на старите и оригинални градби во срцето на Охрид никнуваат цели индивидуални станбени згради. Новите градби не се ни копија на она што се урнало-рагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС, објави Алфа.

Во делот на старата градска архитектура во Охрид избришани се од заштита 56 објекти, бидејќи во меѓувреме новите сопственици ги урнале (без дозвола или мислење од заводот), ги видоизменале, со што ја нарушиле оригиналноста, или изградиле нови објекти кои се различни од објектот кој бил внесен на листата. Никакви санкции за тие еднострани акти. Во заводот немале доволно вработени, не можеле постојано да контролираат кој што прави и какви намери има. Единствено што направиле е да ги прешкртаат во документот и со тоа да прекине нивната заштита, велат од Охрид СОС.

The post Во делот на старата градска архитектура во Охрид од заштита се избришани 56 објекти, новите градби не се ни копија на она што се урнало appeared first on Република.

]]>

Законот со кој стариот дел на Охрид се прогласи за културно наследство од особено значење, е нефункционален и воопшто непримелив. Десетици градби се избришани од заштита,а на локациите на старите и оригинални градби во срцето на Охрид никнуваат цели индивидуални станбени згради. Новите градби не се ни копија на она што се урнало-рагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС, објави Алфа.
Во делот на старата градска архитектура во Охрид избришани се од заштита 56 објекти, бидејќи во меѓувреме новите сопственици ги урнале (без дозвола или мислење од заводот), ги видоизменале, со што ја нарушиле оригиналноста, или изградиле нови објекти кои се различни од објектот кој бил внесен на листата. Никакви санкции за тие еднострани акти. Во заводот немале доволно вработени, не можеле постојано да контролираат кој што прави и какви намери има. Единствено што направиле е да ги прешкртаат во документот и со тоа да прекине нивната заштита, велат од Охрид СОС.

The post Во делот на старата градска архитектура во Охрид од заштита се избришани 56 објекти, новите градби не се ни копија на она што се урнало appeared first on Република.

]]>