Огњан Циговски Archives - Република https://republika.mk/tema/ognjan-cigovski/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Feb 2022 11:37:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Огњан Циговски Archives - Република https://republika.mk/tema/ognjan-cigovski/ 32 32 Антонио Ристевски му врати на Циговски: Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/antonio-ristevski-mu-vrati-na-cigovski-kakov-e-toj-sindrom-da-go-mrazish-uspehot-na-reprezentativcite/ Mon, 14 Feb 2022 11:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=458306

Антонио Ристевски, тренерот на македонскиот скијач и олимпиец Дардан Дехари му одговори на претседаттелот на  Скијачката федерација на Македонија Огњан Циговски кој го прозва зошто не се појавува на работа. Минатата недела поранешниот македонски скијач се пожали дека од федерацијата му бараат да поднесе оправдание зошто не е на работа, додека тој како тренер на Дардан Дехари се наоѓа на ЗОИ во Пекинг.

Следуваше одговор од претседателот на федерацијата Циговски, по што Ристевски се пронајде како повикан да му возврати, велејќи дека не може да поверува на синдромот да го мразиш успехот на репрезентативците.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Ристевски.

Почитувана јавност, принуден сум на ваков начин да се бранам од клеветите на самопрогласеното водство на СФМ. Многу е тешко да се брани спортот од приучени личности кои немаат допирна точка со тренажен процес и исполнување спортски норми за учество на светски ски натпревари. Недозволиво е Циговски да ги девалвира спортските успеси на македонските репрезентативци. Ај што речиси 1 година не ни прашал каде се и што им треба, па уште и ги навредува и ги нарекува неспособни. Македонија е мала земја која се бори за свое место под олимпискиот оган. Делењето на “мои” и “туѓи” скијачи е уништување на спортот со умисла. Еве ги фактите! Најдобрите наши скијачи во моментов, A-репрезентацијата ,заедно со мене како тренер, во последнава сезона до сега имаме реализирано повеќе од 160 активни денови на физички потготовки, 90 дена на снег со повеќе од 120 дена поминати надвор од Државата. Учествувавме на 22 FIS меѓународни натпревари, од кои 8 во Италија, 2 во Франција, 4 во БИХ и 8 во Црна Гора. Постигнавме одлични резултати и повторно ја исполнивме нормата за алпската А репрезентација на СФМ и олимписката норма за учество на ЗОИ во Пекинг. Сето ова го сторивме со НУЛА денари помош од СФМ! На официјалната интернет страна на FIS лесно се проверуваат резултатите. Јас сум подготвен да преземам одговорност за овој учинок, но клучната дилема е дали Циговски е подготвен да преземе одговорност за своето поведение. Македонскиот спорт видел се’ и сешто изминативе 30 години. За да си на чело на било која спортска федерација треба да го сакаш спортот, да обединуваш и да си спремен да даваш, а не да мислиш само на земање. Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците само заради тоа што знаат колку си неспособен? Ние спортистите сме издржале многу, ќе ги издржиме и овие сегашниве залутани епизодисти во спортското скијање. Порано или подоцна вистината секогаш победува, стои во соопштението на Ристевски.

The post Антонио Ристевски му врати на Циговски: Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците appeared first on Република.

]]>

Антонио Ристевски, тренерот на македонскиот скијач и олимпиец Дардан Дехари му одговори на претседаттелот на  Скијачката федерација на Македонија Огњан Циговски кој го прозва зошто не се појавува на работа. Минатата недела поранешниот македонски скијач се пожали дека од федерацијата му бараат да поднесе оправдание зошто не е на работа, додека тој како тренер на Дардан Дехари се наоѓа на ЗОИ во Пекинг. Следуваше одговор од претседателот на федерацијата Циговски, по што Ристевски се пронајде како повикан да му возврати, велејќи дека не може да поверува на синдромот да го мразиш успехот на репрезентативците. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Ристевски.
Почитувана јавност, принуден сум на ваков начин да се бранам од клеветите на самопрогласеното водство на СФМ. Многу е тешко да се брани спортот од приучени личности кои немаат допирна точка со тренажен процес и исполнување спортски норми за учество на светски ски натпревари. Недозволиво е Циговски да ги девалвира спортските успеси на македонските репрезентативци. Ај што речиси 1 година не ни прашал каде се и што им треба, па уште и ги навредува и ги нарекува неспособни. Македонија е мала земја која се бори за свое место под олимпискиот оган. Делењето на “мои” и “туѓи” скијачи е уништување на спортот со умисла. Еве ги фактите! Најдобрите наши скијачи во моментов, A-репрезентацијата ,заедно со мене како тренер, во последнава сезона до сега имаме реализирано повеќе од 160 активни денови на физички потготовки, 90 дена на снег со повеќе од 120 дена поминати надвор од Државата. Учествувавме на 22 FIS меѓународни натпревари, од кои 8 во Италија, 2 во Франција, 4 во БИХ и 8 во Црна Гора. Постигнавме одлични резултати и повторно ја исполнивме нормата за алпската А репрезентација на СФМ и олимписката норма за учество на ЗОИ во Пекинг. Сето ова го сторивме со НУЛА денари помош од СФМ! На официјалната интернет страна на FIS лесно се проверуваат резултатите. Јас сум подготвен да преземам одговорност за овој учинок, но клучната дилема е дали Циговски е подготвен да преземе одговорност за своето поведение. Македонскиот спорт видел се’ и сешто изминативе 30 години. За да си на чело на било која спортска федерација треба да го сакаш спортот, да обединуваш и да си спремен да даваш, а не да мислиш само на земање. Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците само заради тоа што знаат колку си неспособен? Ние спортистите сме издржале многу, ќе ги издржиме и овие сегашниве залутани епизодисти во спортското скијање. Порано или подоцна вистината секогаш победува, стои во соопштението на Ристевски.

The post Антонио Ристевски му врати на Циговски: Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците appeared first on Република.

]]>
Тренерот Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а претседателот на Скијачката федерација Огњан Циговски го прашува зошто не е на работа? https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerot-ristevski-e-na-zoi-vo-peking-a-pretsedatelot-na-skijachkata-federacija-ognjan-cigovski-go-prashuva-zoshto-ne-e-na-rabota/ Wed, 09 Feb 2022 13:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=456240

Поранешниот македонски олимпиец, алпскиот скијач Антонио Ристевски како тренер на Дардан Дехари, македонскиот претставник на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се одржуваат во Пекинг, добил порака од претседателот на Скијачката федерација, Огњан Циговски во која тој го прашува зошто не се појавил на работа.

Антонио Ристевски е револтиран од односот на претседателот на Скијачката федерација, кој го прашува зошто не се појавил на работа, а целата јавност знае дека е во Пекинг како дел од македонската репрезентација.

Тој преку социјалните мрежи имаше емотивно обраќање до јавноста, а ја покажа и пораката која ја добил од Циговски.

Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентациите во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!“, напиша Антонио Ристевски на социјалните мрежи.

The post Тренерот Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а претседателот на Скијачката федерација Огњан Циговски го прашува зошто не е на работа? appeared first on Република.

]]>

Поранешниот македонски олимпиец, алпскиот скијач Антонио Ристевски како тренер на Дардан Дехари, македонскиот претставник на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се одржуваат во Пекинг, добил порака од претседателот на Скијачката федерација, Огњан Циговски во која тој го прашува зошто не се појавил на работа. Антонио Ристевски е револтиран од односот на претседателот на Скијачката федерација, кој го прашува зошто не се појавил на работа, а целата јавност знае дека е во Пекинг како дел од македонската репрезентација. Тој преку социјалните мрежи имаше емотивно обраќање до јавноста, а ја покажа и пораката која ја добил од Циговски.