офф фест Archives - Република https://republika.mk/tema/off-fest/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 10:17:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png офф фест Archives - Република https://republika.mk/tema/off-fest/ 32 32 Последна вечер на 23. „OFFest“ https://republika.mk/vesti/kultura/posledna-vecher-na-23-offest/ Sun, 09 Jun 2024 10:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=785890

Во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи четвртата, завршна вечер на „OFFest“ во чии рамки ќе може да се проследат концертите на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет ВОЛОСИ (VOLOSI) со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем КАЛАТА (KALATA), како и познатиот српски модерен етно колектив НЕЈКИД (NAKED), информираат организаторите на Фестивалот.

ВОЛОСИ, нагласуваат тие, е феномен на светската музичка сцена. Бендот е основан во 2010 година кога виолинистот Кшиштоф Ласон и виолончелистот Станислав Ласон, длабоко во срцето на Карпатите, запознале тројца исклучително талентирани традиционални музичари.

Нивното деби на фестивалот The New Tradition во 2010 година им ги донесе сите можни награди. Една година подоцна, нивното дело „Dusk“ ја освои Гран при наградата „Svetozar Stracina“ на Европската радиодифузна унија (EBU) во Братислава за најдобра европска фолк композиција. Во 2012 година нивниот прв албум беше рангиран меѓу водечките на World Music Charts Europe. Оттогаш, Волоси се постојано на турнеја. Со текот на годините тие создадоа оригинален стил кој ѝ пркоси на дефиницијата: динамичен, исполнет со страст и софистициран во исто време. Надминувајќи ги границите на гудачките инструменти, тие отидоа многу подалеку од тоа, постигнувајќи нешто уникатно, израснато од карпатските корени, а сепак модерно, моќно и емотивно. Нивната музика е под влијание на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, што резултира со прекрасни, емотивни и прогонувачки мелодии кои одушевуваат и фасцинираат. Но, Волоси немаат само слатки мелодии, тие едновремено носат силна доза на енергија што покренува движења. Тие имаат преку 820 концерти низ целиот свет, со настапи на најпрестижните фестивали и концертни сали. Иако музиката на Волоси звучи толку познато, таа e навистина целосно оригинална и неповторлива, се вели во соопштението од организаторите на „OFFest“.

КАЛАТА е неофолк бенд формиран во 2018 година во Скопје, кој почнува како проект на Симеон Ангеловски и Минела Богдановиќ.

Препознатлив по својот автентичен звук, овој состав во својата музика исцртува паралела меѓу источната и западната култура, со посебен акцент на традиционалната македонска музика. Музичарите, без ограничувања, се потпираат врз своите чувства и инспирација, слободни да го свират она што нивната имагинација ќе го побара. Целиот концепт на бендот се заснова врз сензибилитетот и креативноста на младите музичари, кои преку љубовта кон модерните ритмови и музиката на својот народ го обликуваат оригиналниот звук на Калата, потенцираат од Фестивалот.

Од 2018 година, Калата има настапувано низ целата земја, вклучително и на Д Фестивал, Музичката конференција ПИН, Здраво Млади, Македокс, како и на некои европски фестивали: Mercat de Música Viva de Vic / MMVV (Барселона, Шпанија) и Balkan Most Festival: Showcase & Conference 2023 (Веспрем, Унгарија). Нивниот деби албум „Калата“ е подготвен и ќе биде објавен наскоро, во текот на 2024 година, а концертно ќе биде претставен на 23. OFFest. Калата е, во исто време, дел од MOST Music Programme - балканска музичка експорт иницијатива што поддржува „world music“ уметници и бендови од Балканот. Бендот денес брои 6 членови.

Името НЕЈКИД , нагласуваат организаторите, е синоним за отворено срце и чиста душа. Идеите за слобода, надеж и љубов отсекогаш го инспирирале творештвото на овој српски бенд, еден од највиталните експоненти на денешната балканска world-music сцена.

Naked се формирани 2006 година во Белград. Бендот веднаш го привлече вниманието на домашната публика, отскокнувајќи од другите појави на српската музичка сцена, благодарение на повеќеслојниот и енергичен музички израз, приемчивите, но во исто време интригантни авторски композиции, како и на компактното, добро координирано свирење. Музицирајќи заедно речиси две децении, имаат издадено пет албуми, концерти настапи ширум светот, од Чиле до Ј. Кореја и на познати фестивали како Colors of Ostrava, EXIT, Red See Jazz Festival, ACC Festival и др. Стилот на бендот е комплексен, непосреден, еклектичен. Елементи од балканските традиции, со медитерански, африкански и источноевропски примеси, во синергија со контурите на џез, фанк, рок, слободната музика и импровизацијата - сето тоа заедно го чини препознатливиот НЕЈКИД звук. All About Jazz ја нарече нивната музика акт на љубов, опишувајќи го бендот како хипнотизирачка формација и колектив чија музичка обединетост континуирано сугерира дека тука не станува збор за неколку музичари, туку за еден, информираат организаторите на 23. „OFFest“.

The post Последна вечер на 23. „OFFest“ appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи четвртата, завршна вечер на „OFFest“ во чии рамки ќе може да се проследат концертите на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет ВОЛОСИ (VOLOSI) со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем КАЛАТА (KALATA), како и познатиот српски модерен етно колектив НЕЈКИД (NAKED), информираат организаторите на Фестивалот. ВОЛОСИ, нагласуваат тие, е феномен на светската музичка сцена. Бендот е основан во 2010 година кога виолинистот Кшиштоф Ласон и виолончелистот Станислав Ласон, длабоко во срцето на Карпатите, запознале тројца исклучително талентирани традиционални музичари.
Нивното деби на фестивалот The New Tradition во 2010 година им ги донесе сите можни награди. Една година подоцна, нивното дело „Dusk“ ја освои Гран при наградата „Svetozar Stracina“ на Европската радиодифузна унија (EBU) во Братислава за најдобра европска фолк композиција. Во 2012 година нивниот прв албум беше рангиран меѓу водечките на World Music Charts Europe. Оттогаш, Волоси се постојано на турнеја. Со текот на годините тие создадоа оригинален стил кој ѝ пркоси на дефиницијата: динамичен, исполнет со страст и софистициран во исто време. Надминувајќи ги границите на гудачките инструменти, тие отидоа многу подалеку од тоа, постигнувајќи нешто уникатно, израснато од карпатските корени, а сепак модерно, моќно и емотивно. Нивната музика е под влијание на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, што резултира со прекрасни, емотивни и прогонувачки мелодии кои одушевуваат и фасцинираат. Но, Волоси немаат само слатки мелодии, тие едновремено носат силна доза на енергија што покренува движења. Тие имаат преку 820 концерти низ целиот свет, со настапи на најпрестижните фестивали и концертни сали. Иако музиката на Волоси звучи толку познато, таа e навистина целосно оригинална и неповторлива, се вели во соопштението од организаторите на „OFFest“. КАЛАТА е неофолк бенд формиран во 2018 година во Скопје, кој почнува како проект на Симеон Ангеловски и Минела Богдановиќ.
Препознатлив по својот автентичен звук, овој состав во својата музика исцртува паралела меѓу источната и западната култура, со посебен акцент на традиционалната македонска музика. Музичарите, без ограничувања, се потпираат врз своите чувства и инспирација, слободни да го свират она што нивната имагинација ќе го побара. Целиот концепт на бендот се заснова врз сензибилитетот и креативноста на младите музичари, кои преку љубовта кон модерните ритмови и музиката на својот народ го обликуваат оригиналниот звук на Калата, потенцираат од Фестивалот. Од 2018 година, Калата има настапувано низ целата земја, вклучително и на Д Фестивал, Музичката конференција ПИН, Здраво Млади, Македокс, како и на некои европски фестивали: Mercat de Música Viva de Vic / MMVV (Барселона, Шпанија) и Balkan Most Festival: Showcase & Conference 2023 (Веспрем, Унгарија). Нивниот деби албум „Калата“ е подготвен и ќе биде објавен наскоро, во текот на 2024 година, а концертно ќе биде претставен на 23. OFFest. Калата е, во исто време, дел од MOST Music Programme - балканска музичка експорт иницијатива што поддржува „world music“ уметници и бендови од Балканот. Бендот денес брои 6 членови. Името НЕЈКИД , нагласуваат организаторите, е синоним за отворено срце и чиста душа. Идеите за слобода, надеж и љубов отсекогаш го инспирирале творештвото на овој српски бенд, еден од највиталните експоненти на денешната балканска world-music сцена.
Naked се формирани 2006 година во Белград. Бендот веднаш го привлече вниманието на домашната публика, отскокнувајќи од другите појави на српската музичка сцена, благодарение на повеќеслојниот и енергичен музички израз, приемчивите, но во исто време интригантни авторски композиции, како и на компактното, добро координирано свирење. Музицирајќи заедно речиси две децении, имаат издадено пет албуми, концерти настапи ширум светот, од Чиле до Ј. Кореја и на познати фестивали како Colors of Ostrava, EXIT, Red See Jazz Festival, ACC Festival и др. Стилот на бендот е комплексен, непосреден, еклектичен. Елементи од балканските традиции, со медитерански, африкански и источноевропски примеси, во синергија со контурите на џез, фанк, рок, слободната музика и импровизацијата - сето тоа заедно го чини препознатливиот НЕЈКИД звук. All About Jazz ја нарече нивната музика акт на љубов, опишувајќи го бендот како хипнотизирачка формација и колектив чија музичка обединетост континуирано сугерира дека тука не станува збор за неколку музичари, туку за еден, информираат организаторите на 23. „OFFest“.

The post Последна вечер на 23. „OFFest“ appeared first on Република.

]]>
На третата вечер на ОФФест познатиот фламенко гитарист Висенте Амиго https://republika.mk/vesti/kultura/na-tretata-vecher-na-offest-poznatiot-flamenko-gitarist-visente-amigo/ Sat, 08 Jun 2024 08:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=785667

На третата фестивалска вечер на ОФФест вечерва ќе настапи големиот фламенко гитарист Висенте Амиго кој се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија.

Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес.

Висенте Амиго ужива висок рејтинг во светот на фламенко музиката како еден од најкомплетните и највлијателните гитаристи од новата генерација.

Недофатлив, мистериозен, енигматичен уметник, со фасцинантна чувствителност и ненадминлива длабочина, велат од ОФФест.

Роден е 1967 година во Гвадалканал (Севиља), а израснат во Кордоба. Приврзан за гитарата уште од детството, албум по албум, тој се наметнува како еден од најиновативните и најплодните современи музички творци. Од неговата прва албумска објава во 1991 година, тој успеа да создаде свој стил кој е суптилен и раскошен, отворен за другите музички стилови. Соработувал со најголемите фламенко ѕвезди како и со значајни уметници од други жанрови како Пако де Лусија, Камарон де ла Исла, Кармен Линарес, Манола Санлукар, Диего Ел Сигала, Мигел Поведа, Естреља Моренте, Дејвид Боуви, Кит Ричардс, Боб Дилан, Џон Меклафлин и Ал ди Меола, Стинг…

The post На третата вечер на ОФФест познатиот фламенко гитарист Висенте Амиго appeared first on Република.

]]>

На третата фестивалска вечер на ОФФест вечерва ќе настапи големиот фламенко гитарист Висенте Амиго кој се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија. Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес. Висенте Амиго ужива висок рејтинг во светот на фламенко музиката како еден од најкомплетните и највлијателните гитаристи од новата генерација.
Недофатлив, мистериозен, енигматичен уметник, со фасцинантна чувствителност и ненадминлива длабочина, велат од ОФФест.
Роден е 1967 година во Гвадалканал (Севиља), а израснат во Кордоба. Приврзан за гитарата уште од детството, албум по албум, тој се наметнува како еден од најиновативните и најплодните современи музички творци. Од неговата прва албумска објава во 1991 година, тој успеа да создаде свој стил кој е суптилен и раскошен, отворен за другите музички стилови. Соработувал со најголемите фламенко ѕвезди како и со значајни уметници од други жанрови како Пако де Лусија, Камарон де ла Исла, Кармен Линарес, Манола Санлукар, Диего Ел Сигала, Мигел Поведа, Естреља Моренте, Дејвид Боуви, Кит Ричардс, Боб Дилан, Џон Меклафлин и Ал ди Меола, Стинг…

The post На третата вечер на ОФФест познатиот фламенко гитарист Висенте Амиго appeared first on Република.

]]>
Силна, инспиративна и возбудлива програма на годинашниот Офф-Фест https://republika.mk/scena/muzika/silna-inspirativna-i-vozbudliva-programa-na-godinashniot-off-fest/ Thu, 18 Apr 2024 07:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=767386

Дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма.

Програмата е свежа, географски разнобојна и возбудлива, можеби најсилна во скорешната историја на фестивалот. ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. Вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU, ветува беспрекорно фестивалско доживување. VICENTE AMIGO се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Paco de Lucia. Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес.

Последната вечер на ОФФ-Фест ќе биде во знакот на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED.

Во рамките на предфестивалската „програма плус“ ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“.

Билетите за 23. ОФФ-Фест се веќе пуштени во продажба на билетарницата на НОБ, како и онлајн преку MKTICKETS. Сите информации околу фестивалската програма, артистите и билетите се достапни на свежо ажурираната и редизајнирана веб-страница на фестивалот: www.offest.com.mk.

The post Силна, инспиративна и возбудлива програма на годинашниот Офф-Фест appeared first on Република.

]]>

Дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма. Програмата е свежа, географски разнобојна и возбудлива, можеби најсилна во скорешната историја на фестивалот. ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. Вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU, ветува беспрекорно фестивалско доживување. VICENTE AMIGO се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Paco de Lucia. Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес. Последната вечер на ОФФ-Фест ќе биде во знакот на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED. Во рамките на предфестивалската „програма плус“ ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“. Билетите за 23. ОФФ-Фест се веќе пуштени во продажба на билетарницата на НОБ, како и онлајн преку MKTICKETS. Сите информации околу фестивалската програма, артистите и билетите се достапни на свежо ажурираната и редизајнирана веб-страница на фестивалот: www.offest.com.mk.

The post Силна, инспиративна и возбудлива програма на годинашниот Офф-Фест appeared first on Република.

]]>
Откажан Оф фест 2023: Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/ Wed, 15 Feb 2023 08:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=609136

Доделените милион денари за ОФФест на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата, скратени за половина од минатогодишната сума, не овозможуваат ни најминимални финансиски услови за одржување на ОФФест (предвиден од 7 до 10 јуни) како (повеќедневен) фестивал. За жал, по 21-годишна убава фестивалска традиција, не ни останува друг избор, велат организаторите „Скопје џез фестивал“

Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања, кои и со поддршката често ги имавме со Министерството за култура во изминатите години. Лани, на пример, вложивме жалба на 1 март, ОФФест се одржа на почетокот на јуни, а одговор на жалбата (се разбира негативен) добивме на 19 септември. Ние знаеме дека на овој конкурс имаме приложено исклучително квалитетни апликации и дека средствата што биле на располагање во оваа дејност не биле намалени во споредба со минатата година.

Немаме намера да ја коментираме Годишната програма, која, според Законот за култура, ја донесе министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, ниту пак да се впуштаме во некакви споредбени анализи. Тоа е наполно бесмислено сè додека квантитетот на одобрените проекти е замена за оценката што е, а што не е, национален интерес во културата, според критериуми и квалитет, со конечно напуштање на популизмот и антиевропските политики во културата, присутни во Годишната програма.

Од третманот на ОФФест, како и на есенскиот Скопски џез фестивал, кому, исто така, му се скратени средствата (за тоа во друга прилика), од актуелната министерка за култура веројатно не треба да бидеме изненадени. Особено ако ја имаме на ум нејзината изјава дека културните проекти во иднина ќе мора да водат повеќе сметка за својот „забавен карактер“. Во што ОФФест и Скопскиот џез фестивал очигледно тешко се вклопуваат.

Но, не е наше да се бавиме со ликот и делото на министерката, заробени во скафандер, и со нејзиното педигре во културата. Се знае чија должност е тоа.

Се разбира, еден министер за култура не мора да знае сè. Ништо - не е опција. Партијата, во улога на Господ тука не може да помогне. Ако во конкретниот случај на министерката не ѝ се познати долгогодишниот програмски растеж и континуираниот висок квалитет на фестивалите како ОФФест и Скопскиот џез фестивал, јасно признаени кај нас, а уште повеќе во светот, има за тоа на дофат опсежни материјали во самото Министерство, како дел од апликациите по годишните конкурси и програмските и финансиски извештаи.

На ОФФест му останува обврската да го реализира, заедно со уште 11 еминентни европски фестивали, четиригодишниот проект „Sounds of Europe”, поддржан од Европската Унија (преку програмата „Креативна Европа“). Овој проект, меѓу другото, ќе им овозможи гостување на македонските музичари на бројни европски сцени.

The post Откажан Оф фест 2023: Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања appeared first on Република.

]]>

Доделените милион денари за ОФФест на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата, скратени за половина од минатогодишната сума, не овозможуваат ни најминимални финансиски услови за одржување на ОФФест (предвиден од 7 до 10 јуни) како (повеќедневен) фестивал. За жал, по 21-годишна убава фестивалска традиција, не ни останува друг избор, велат организаторите „Скопје џез фестивал“

Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања, кои и со поддршката често ги имавме со Министерството за култура во изминатите години. Лани, на пример, вложивме жалба на 1 март, ОФФест се одржа на почетокот на јуни, а одговор на жалбата (се разбира негативен) добивме на 19 септември. Ние знаеме дека на овој конкурс имаме приложено исклучително квалитетни апликации и дека средствата што биле на располагање во оваа дејност не биле намалени во споредба со минатата година. Немаме намера да ја коментираме Годишната програма, која, според Законот за култура, ја донесе министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, ниту пак да се впуштаме во некакви споредбени анализи. Тоа е наполно бесмислено сè додека квантитетот на одобрените проекти е замена за оценката што е, а што не е, национален интерес во културата, според критериуми и квалитет, со конечно напуштање на популизмот и антиевропските политики во културата, присутни во Годишната програма. Од третманот на ОФФест, како и на есенскиот Скопски џез фестивал, кому, исто така, му се скратени средствата (за тоа во друга прилика), од актуелната министерка за култура веројатно не треба да бидеме изненадени. Особено ако ја имаме на ум нејзината изјава дека културните проекти во иднина ќе мора да водат повеќе сметка за својот „забавен карактер“. Во што ОФФест и Скопскиот џез фестивал очигледно тешко се вклопуваат. Но, не е наше да се бавиме со ликот и делото на министерката, заробени во скафандер, и со нејзиното педигре во културата. Се знае чија должност е тоа. Се разбира, еден министер за култура не мора да знае сè. Ништо - не е опција. Партијата, во улога на Господ тука не може да помогне. Ако во конкретниот случај на министерката не ѝ се познати долгогодишниот програмски растеж и континуираниот висок квалитет на фестивалите како ОФФест и Скопскиот џез фестивал, јасно признаени кај нас, а уште повеќе во светот, има за тоа на дофат опсежни материјали во самото Министерство, како дел од апликациите по годишните конкурси и програмските и финансиски извештаи. На ОФФест му останува обврската да го реализира, заедно со уште 11 еминентни европски фестивали, четиригодишниот проект „Sounds of Europe”, поддржан од Европската Унија (преку програмата „Креативна Европа“). Овој проект, меѓу другото, ќе им овозможи гостување на македонските музичари на бројни европски сцени.

The post Откажан Оф фест 2023: Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања appeared first on Република.

]]>
Втората вечер на OFFest е резервирана за мајсторството во изведбата на Балаке Сисоко од Мали и Лукас Сантана од Бразил https://republika.mk/scena/muzika/vtorata-vecher-na-offest-e-rezervirana-za-majstorstvoto-vo-izvedbata-na-balake-sisoko-od-mali-i-lukas-santana-od-brazil/ Thu, 02 Jun 2022 07:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=510007

По синоќешното волшебно отворање на 21. издание на OFFest (1-4 јуни), со извонредните настапи на  домашните Perija и Dobrila & Dorian Duo, нашиот најголем и најзначаен  фестивал на музика на светот продолжува натаму.

Втората вечер на OFFest 2022 е резервирана за мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист BALLAKE SISSOKO од Мали, како и за рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент LUCAS SANTTANA. Тие вечерва, пред скопската публика, ќе ги претстават своите актуелни музички проекти на кои работеа последниве неколку години, но секако ќе се навратат и на најубавите мигови од нивниот огромен творечки опус.

Еден од најзначајните современи мајстори на инструментот кора, БАЛАКЕ СИСОКО е музичар од Мали, познат по своите инструментални иновации и бројни соработки вон западноафриканската музика. Меѓународниот подем го постигна заедно со кора гуруто Тумани Диабате, на албумот „New Ancient Strings“ (1999), првиот инструментален кора албум во светот. Сисоко започнал да се занимава со музика на млада возраст. Во 1981 година, уште во раните тинејџерски години, по смртта на татко му Џелимади, тој го зазема неговото место во Ensemble Instrumental National du Mali. Една од карактеристиките на неговата музичка визија е тоа што тој стана сериски кроскултурен соработник, секогаш подготвен да го имплементира звукот на кората во нови и различни контексти. Тоа започна со раскошен сет дуети на пијано и кора со италијанскиот композитор Лудовико Еинауди, а потоа следеше неговата соработка со ирскиот мултиинструменталист Рос Дејли. Настапувал или снимал музика со Рокиа Траоре, Таџ Махал, триото 3MA (со Ел Малуми и Раџери) и Салиф Кеита, меѓу другите. Веројатно најзабележителната негова авантура е тандемот со францускиот виолончелист Винсент Сегал, со кого сними два извонредни албуми на кора и виолончело дуети. Балаке е рангиран само позади неговиот роднина Тумани Диабате како најистакнат светски кора маестро.

Долго пред неговиот 30-ти роденден, бразилскиот вундеркинд ЛУКАС САНТАНА, крстосувајќи го светот со најголемите имиња на бразилската Тропикалија, веќе имаше апсорбирано огромно количество музика, недостижно за повеќето професионалци во текот целиот свој живот. Младиот талент од Баија беше откриен во своите рани дваесетти години од страна на бразилските „супертешкаши“ Жилберто Жил и Каетано Велосо. Во текот на својата повеќе од две децении долга кариера, тој издаде 8 одлични албуми, а компонираше музика и за неколку MPB ѕвезди, како Фернанда Абреу, Мариса Монте и Даниела Меркјури, прераснувајќи во еден од најжешките музички феномени јужно од Екваторот. Денес, пејачот, композиторот, продуцентот и движечката сила на бразилскиот нов бран се враќа кон корените на бразилската гитарска традиција од 1950-тите за да испорача еден пост-тропикализмичен електро-акустичен поп албум со теми што го третираат подемот на реакционерната политика и нејзиното опасно игнорирање на човековите права и животната средина. Сантана бира интимна поставка за својата потрага по светлина во овие мрачни времиња. Како што вели: „живееме во време во кое сите зборуваат гласно. Мислам дека дојде време за шепот во ушите на луѓето“.

facebook event:
https://bit.ly/3zbbTLK

The post Втората вечер на OFFest е резервирана за мајсторството во изведбата на Балаке Сисоко од Мали и Лукас Сантана од Бразил appeared first on Република.

]]>

По синоќешното волшебно отворање на 21. издание на OFFest (1-4 јуни), со извонредните настапи на  домашните Perija и Dobrila & Dorian Duo, нашиот најголем и најзначаен  фестивал на музика на светот продолжува натаму. Втората вечер на OFFest 2022 е резервирана за мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист BALLAKE SISSOKO од Мали, како и за рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент LUCAS SANTTANA. Тие вечерва, пред скопската публика, ќе ги претстават своите актуелни музички проекти на кои работеа последниве неколку години, но секако ќе се навратат и на најубавите мигови од нивниот огромен творечки опус. Еден од најзначајните современи мајстори на инструментот кора, БАЛАКЕ СИСОКО е музичар од Мали, познат по своите инструментални иновации и бројни соработки вон западноафриканската музика. Меѓународниот подем го постигна заедно со кора гуруто Тумани Диабате, на албумот „New Ancient Strings“ (1999), првиот инструментален кора албум во светот. Сисоко започнал да се занимава со музика на млада возраст. Во 1981 година, уште во раните тинејџерски години, по смртта на татко му Џелимади, тој го зазема неговото место во Ensemble Instrumental National du Mali. Една од карактеристиките на неговата музичка визија е тоа што тој стана сериски кроскултурен соработник, секогаш подготвен да го имплементира звукот на кората во нови и различни контексти. Тоа започна со раскошен сет дуети на пијано и кора со италијанскиот композитор Лудовико Еинауди, а потоа следеше неговата соработка со ирскиот мултиинструменталист Рос Дејли. Настапувал или снимал музика со Рокиа Траоре, Таџ Махал, триото 3MA (со Ел Малуми и Раџери) и Салиф Кеита, меѓу другите. Веројатно најзабележителната негова авантура е тандемот со францускиот виолончелист Винсент Сегал, со кого сними два извонредни албуми на кора и виолончело дуети. Балаке е рангиран само позади неговиот роднина Тумани Диабате како најистакнат светски кора маестро. Долго пред неговиот 30-ти роденден, бразилскиот вундеркинд ЛУКАС САНТАНА, крстосувајќи го светот со најголемите имиња на бразилската Тропикалија, веќе имаше апсорбирано огромно количество музика, недостижно за повеќето професионалци во текот целиот свој живот. Младиот талент од Баија беше откриен во своите рани дваесетти години од страна на бразилските „супертешкаши“ Жилберто Жил и Каетано Велосо. Во текот на својата повеќе од две децении долга кариера, тој издаде 8 одлични албуми, а компонираше музика и за неколку MPB ѕвезди, како Фернанда Абреу, Мариса Монте и Даниела Меркјури, прераснувајќи во еден од најжешките музички феномени јужно од Екваторот. Денес, пејачот, композиторот, продуцентот и движечката сила на бразилскиот нов бран се враќа кон корените на бразилската гитарска традиција од 1950-тите за да испорача еден пост-тропикализмичен електро-акустичен поп албум со теми што го третираат подемот на реакционерната политика и нејзиното опасно игнорирање на човековите права и животната средина. Сантана бира интимна поставка за својата потрага по светлина во овие мрачни времиња. Како што вели: „живееме во време во кое сите зборуваат гласно. Мислам дека дојде време за шепот во ушите на луѓето“. facebook event: https://bit.ly/3zbbTLK

The post Втората вечер на OFFest е резервирана за мајсторството во изведбата на Балаке Сисоко од Мали и Лукас Сантана од Бразил appeared first on Република.

]]>
Вечерва почнува 21. издание на Офф Фест https://republika.mk/scena/muzika/vecherva-pochnuva-21-izdanie-na-off-fest/ Wed, 01 Jun 2022 08:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=509608

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ.

Отворањето на дваесет и првото издание на OFFest (1-4 јуни), односно првата фестивалска вечер, ќе биде целосно во знакот на домашните артисти. OFFest 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав PERIJA, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури DOBRILA & DORIAN DUO, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ (SJF Records).

PERIJA е бенд формиран во 2015 година. Своите почетоци ги имаше на улица како импровизирана сцена. Членовите се менуваат низ текот на годините, а бендот останува отворен за конекции и соработки. Перија е македонски збор со турско потекло што значи самовила. Токму таа митолошка врска со темнината на балканските шуми е чувството коешто се обидуваат да го пренесат во својата музика. Идејата е комбинирање на нивните музички влијанија и создавање на фузија: обработување на стари, речиси заборавени песни (некои од нив собирани од пријатели кои патуваат по селата и ги снимаат, а некои најдени во многу стари снимки), со сопствена оригинална авторска музика и аранжмани. Бендот во својот вокален израз употребува различни јазици од Балканот и пошироко, бидејќи веруваат во еднаквоста на културите. Нивните музички влијанија варираат од модерната класична музика, атоналната, пост-панк, рок, метал, психоделичниот транс, па сè до традиционалната музика на Балканот, Блискиот Исток и Северна Африка. Комбинираат западни и источни техники на свирење: музички скали што се користат во традиционалната музика на Балканот, комплицирани макамски скали, па дури и одредени раги од истокот, непарни ритми од Балканот итн. Имаат објавено два студиски албуми и две EP изданија.

Добрила и Дориан ја започнуваат својата соработка уште во 2008 година во Чалгија саунд систем кој до денес е еден од оние бендови што ја негува традиционалната чалгиска музика, но и креира нова, современа музика базирана врз традицоналната чалгија. Нивната заедничка музичка авантура во форма на дуо започнува во 2020 година создавајќи го проектот DOBRILA & DORIAN DUO и првиот заеднички албум наречен „Апокриф“ (SJF Records, 2021), кој уште при самото негово појавување е оценет како ремек-дело. Во него се наоѓаат неколку од најубавите македонски традиционални песни: „Излези, Видо“, „Три години стана“, „Невесто, тенка, висока“, но овојпат со комплетно нов пристап и уникатен „електронски“ поглед кон македонската музика кој ја носи во една поинаква димензија. Сега, наместо познатиот инструментариум на поголемите ансамбли, се слуша само утот, луповите, тишината, импровизациите и раскошната убавина на мелодиите. За привлечноста на овој нов музички изблик уште на самиот почеток на неговото живеење ќе речат: „Смел, искрен и до нота маестрално изведен проект, кој ако го пуштите еднаш, како спирала ќе ве подигне нагоре и по секое пуштање си велите ај, пак!“

Мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист BALLAKE SISSOKO од Мали, во комбинација со рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент LUCAS SANTTANA, создаваат услови за беспрекорно концертно доживување. Фасцинантниот електро-психоделичен музички огномет на колумбиските тропски велемајстори LOS PIRAÑAS е еднакво погоден за слушање и за танцување. Величенствената моќ и уникатната разновидност на италијанската пејачка MARIA MAZZOTTA ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено'ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова огромно музичко наследство - NANCY VIEIRA. ОФФ-Фест 2022 ќе го заклучи експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив SANTROFI од Гана. Во рамките на фестивалската програма ќе биде прикажан и документарниот филм “The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба.

The post Вечерва почнува 21. издание на Офф Фест appeared first on Република.

]]>

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ.

Отворањето на дваесет и првото издание на OFFest (1-4 јуни), односно првата фестивалска вечер, ќе биде целосно во знакот на домашните артисти. OFFest 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав PERIJA, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури DOBRILA & DORIAN DUO, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ (SJF Records).

PERIJA е бенд формиран во 2015 година. Своите почетоци ги имаше на улица како импровизирана сцена. Членовите се менуваат низ текот на годините, а бендот останува отворен за конекции и соработки. Перија е македонски збор со турско потекло што значи самовила. Токму таа митолошка врска со темнината на балканските шуми е чувството коешто се обидуваат да го пренесат во својата музика. Идејата е комбинирање на нивните музички влијанија и создавање на фузија: обработување на стари, речиси заборавени песни (некои од нив собирани од пријатели кои патуваат по селата и ги снимаат, а некои најдени во многу стари снимки), со сопствена оригинална авторска музика и аранжмани. Бендот во својот вокален израз употребува различни јазици од Балканот и пошироко, бидејќи веруваат во еднаквоста на културите. Нивните музички влијанија варираат од модерната класична музика, атоналната, пост-панк, рок, метал, психоделичниот транс, па сè до традиционалната музика на Балканот, Блискиот Исток и Северна Африка. Комбинираат западни и источни техники на свирење: музички скали што се користат во традиционалната музика на Балканот, комплицирани макамски скали, па дури и одредени раги од истокот, непарни ритми од Балканот итн. Имаат објавено два студиски албуми и две EP изданија. Добрила и Дориан ја започнуваат својата соработка уште во 2008 година во Чалгија саунд систем кој до денес е еден од оние бендови што ја негува традиционалната чалгиска музика, но и креира нова, современа музика базирана врз традицоналната чалгија. Нивната заедничка музичка авантура во форма на дуо започнува во 2020 година создавајќи го проектот DOBRILA & DORIAN DUO и првиот заеднички албум наречен „Апокриф“ (SJF Records, 2021), кој уште при самото негово појавување е оценет како ремек-дело. Во него се наоѓаат неколку од најубавите македонски традиционални песни: „Излези, Видо“, „Три години стана“, „Невесто, тенка, висока“, но овојпат со комплетно нов пристап и уникатен „електронски“ поглед кон македонската музика кој ја носи во една поинаква димензија. Сега, наместо познатиот инструментариум на поголемите ансамбли, се слуша само утот, луповите, тишината, импровизациите и раскошната убавина на мелодиите. За привлечноста на овој нов музички изблик уште на самиот почеток на неговото живеење ќе речат: „Смел, искрен и до нота маестрално изведен проект, кој ако го пуштите еднаш, како спирала ќе ве подигне нагоре и по секое пуштање си велите ај, пак!“ Мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист BALLAKE SISSOKO од Мали, во комбинација со рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент LUCAS SANTTANA, создаваат услови за беспрекорно концертно доживување. Фасцинантниот електро-психоделичен музички огномет на колумбиските тропски велемајстори LOS PIRAÑAS е еднакво погоден за слушање и за танцување. Величенствената моќ и уникатната разновидност на италијанската пејачка MARIA MAZZOTTA ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено'ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова огромно музичко наследство - NANCY VIEIRA. ОФФ-Фест 2022 ќе го заклучи експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив SANTROFI од Гана. Во рамките на фестивалската програма ќе биде прикажан и документарниот филм “The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба.

The post Вечерва почнува 21. издание на Офф Фест appeared first on Република.

]]>
21. издание на ОФФ-Фест од 1-4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ https://republika.mk/scena/muzika/21-izdanie-na-off-fest-od-1-4-juni-vo-nacionalnata-opera-i-balet-i-mkc/ Fri, 22 Apr 2022 09:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=492138

21. издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ.

Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори, на 1 јуни, извонредниот македонски етно состав Perija, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури Dobrila & Dorian Duo, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ (SJF Records, 2021).

Мајсторството во изведбата на африканската кора што, во рамките на втората фестивалска вечер (2 јуни), ќе го сподели виртуозниот инструменталист Ballake Sissoko од Мали, во комбинација со рафинираниот пост-тропикализмичен звук на триото на гитаристот и композитор Lucas Santtana, еден од клучните и најжешки актери на бразилскиот нов бран, создаваат услови за беспрекорно музичко искуство.

Третата фестивалска вечер (3 јуни) е резервирана за електро-психоделичниот музички огномет на колумбиските тропски велемајстори Los Pirañas. На овој настап ќе му претходи прикажувањето на ланската сензација - документарниот филм “The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба.

Конечно, на 4 јуни, величенствената моќ и уникатната разновидност на италијанската пејачка Maria Mazzotta, ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено'ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова огромно музичко наследство - Nancy Vieira.

Фестивалот ќе го заклучи експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив Santrofi од Гана.

Билетите за 21. ОФФест се достапни на билетарниците на НОБ и МКЦ, како и онлајн преку mktickets.mk.

The post 21. издание на ОФФ-Фест од 1-4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ appeared first on Република.

]]>

21. издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори, на 1 јуни, извонредниот македонски етно состав Perija, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури Dobrila & Dorian Duo, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ (SJF Records, 2021). Мајсторството во изведбата на африканската кора што, во рамките на втората фестивалска вечер (2 јуни), ќе го сподели виртуозниот инструменталист Ballake Sissoko од Мали, во комбинација со рафинираниот пост-тропикализмичен звук на триото на гитаристот и композитор Lucas Santtana, еден од клучните и најжешки актери на бразилскиот нов бран, создаваат услови за беспрекорно музичко искуство. Третата фестивалска вечер (3 јуни) е резервирана за електро-психоделичниот музички огномет на колумбиските тропски велемајстори Los Pirañas. На овој настап ќе му претходи прикажувањето на ланската сензација - документарниот филм “The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба. Конечно, на 4 јуни, величенствената моќ и уникатната разновидност на италијанската пејачка Maria Mazzotta, ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено'ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова огромно музичко наследство - Nancy Vieira. Фестивалот ќе го заклучи експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив Santrofi од Гана. Билетите за 21. ОФФест се достапни на билетарниците на НОБ и МКЦ, како и онлајн преку mktickets.mk.

The post 21. издание на ОФФ-Фест од 1-4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ appeared first on Република.

]]>