одземена Archives - Република https://republika.mk/tema/odzemena/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Jun 2022 11:31:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одземена Archives - Република https://republika.mk/tema/odzemena/ 32 32 Одземена лиценцата за производство на топлинска енергија на БЕГ https://republika.mk/vesti/ekonomija/odzemena-licencata-za-proizvodstvo-na-toplinska-energija-na-beg/ Mon, 20 Jun 2022 11:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=517597

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ – БЕГ.

Денешната одлука, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на БЕГ за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија. БЕГ, нагласи, во петокот поднесе и барање за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки.

За денешната одлука согласно Законот за енергетика ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Појасни дека БЕГ како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата ги навела кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против компанијата, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

Очекувам навреме да заврши процедурата и да се избере нов вршител на дејноста и доколку има гас да нема никакви проблеми во снабдувањето на скопјани со топлинска енергија, рече Бислимоски и додаде дека снабдувањето со гас зависи од глобалните политики.

Земјава, според него освен руски има можност да набави и друг гас преку интерконекторот со Бугарија, бидејќи Бугарија е поврзана со Грција, а, како што кажа, вршителот на енергетска дејност за производство на топлина има и обврска да има алтернативно гориво за 15 дневно непречено снабдување со топлинска енергија, во случајов мазут. Препорача да се размисли мазутот да биде заменет со дизел, бидејќи помалку загадува и додаде дека за тоа ќе бидат потребни само мали адаптации на топланите. Во случај Русија да ја прекине испораката на гас за земјава и да не се најде алтернативен начин, како што рече, трансформаторите во некои скопски општини не се димензионирани да издржат поголемо оптоварување доколку граѓаните се префрлат на греење со електрична енергија.

The post Одземена лиценцата за производство на топлинска енергија на БЕГ appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ – БЕГ. Денешната одлука, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на БЕГ за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија. БЕГ, нагласи, во петокот поднесе и барање за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки.
За денешната одлука согласно Законот за енергетика ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.
Појасни дека БЕГ како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата ги навела кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против компанијата, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.
Очекувам навреме да заврши процедурата и да се избере нов вршител на дејноста и доколку има гас да нема никакви проблеми во снабдувањето на скопјани со топлинска енергија, рече Бислимоски и додаде дека снабдувањето со гас зависи од глобалните политики.
Земјава, според него освен руски има можност да набави и друг гас преку интерконекторот со Бугарија, бидејќи Бугарија е поврзана со Грција, а, како што кажа, вршителот на енергетска дејност за производство на топлина има и обврска да има алтернативно гориво за 15 дневно непречено снабдување со топлинска енергија, во случајов мазут. Препорача да се размисли мазутот да биде заменет со дизел, бидејќи помалку загадува и додаде дека за тоа ќе бидат потребни само мали адаптации на топланите. Во случај Русија да ја прекине испораката на гас за земјава и да не се најде алтернативен начин, како што рече, трансформаторите во некои скопски општини не се димензионирани да издржат поголемо оптоварување доколку граѓаните се префрлат на греење со електрична енергија.

The post Одземена лиценцата за производство на топлинска енергија на БЕГ appeared first on Република.

]]>
Бектеши се пофали на Фејсбук: По скоро два месеци одземена лиценцата на „Беса травел“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-se-pofali-na-fejsbuk-po-skoro-dva-meseci-odzemena-licencata-na-besa-travel/ Wed, 12 Jan 2022 19:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=443910

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.

По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата

Ги повикуваме сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија, напиша Бектеши.

The post Бектеши се пофали на Фејсбук: По скоро два месеци одземена лиценцата на „Беса травел“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.
По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата Ги повикуваме сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија, напиша Бектеши.

The post Бектеши се пофали на Фејсбук: По скоро два месеци одземена лиценцата на „Беса травел“ appeared first on Република.

]]>