одлуки на Влада Archives - Република https://republika.mk/tema/odluki-na-vlada/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Nov 2023 17:45:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одлуки на Влада Archives - Република https://republika.mk/tema/odluki-na-vlada/ 32 32 Владини одлуки од денешната седница https://republika.mk/vesti/makedonija/vladini-odluki-od-deneshnata-sednitsa/ Tue, 07 Nov 2023 17:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=699284

Oдлуки од денешната 198-ма седница на Владата:

Владата на денешната седница донесе одлуки за трансформирање на средните општински училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес во Регионални центри за стручно образование и обука. Со тоа бројот на Регионални центри за стручно образование и обука во државата се искачува на вкупно пет.

Владата на денешната седница, донесе Решение за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач согласно Одлуката за започнување на постапка за избор на универзален снабдувач донесена на 20.10.2023 година. Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на јавен повик за избор на универзален снабдувач со отворена постапка, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на универзален снабдувач со електрична енергија или предлог за поништување на постапка. Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија.

Владата го разгледа и прифати усогласениот нов текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерството за земјоделство на Република Азербејџан. Со Меморандумот се зајакнува соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството, во делот на управување со земјоделски површини; одржлив развој на руралните средини; трговија со земјоделски производи; примена на нови технологии во земјоделството – паметно земјоделство; безбедност на храната и размена на најдобри практики.
Меморандумот е предвидено да се потпише во текот на месец ноември 2023 година, во рамките на пријателскиот однос меѓу Македонија и Азербејџан, а имајќи го предвид развојот на меѓувладините односи со цел зајакнување и проширување на заедничката билатерална соработка.

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за промената на програмата на Зелени градови на Европската Банка за обнова и развој, поддржана од Зелениот климатски фонд. Како што беше образложемно, ЕБОР подготви сеопфатен предлог за реструктуирање на Програмата Зелени градови поради фактот што во текот на последните пет години, од првичниот дизајн на Програмата, потребите на градовите значително се променија и сè уште се во фаза на закрепнување по трајните влијанија на пандемијата COVID-19, како и глобалните последици од енергетската криза. Со предлогот се предвидуваат зголемување на достапноста на грантови за инфраструктура, подобрена структура на заемот од Зелениот климатски фонд, проширување на опсегот на Програмата за Зелени градови, флексибилност на валутата на заемот, повеќе средства за техничка помош и повеќе средства за повеќе инвестиции во Македонија. Македонија соработува со Европската банка за обнова и развој во рамките на Програмата за Зелени Градови од 2016 година до денес.

The post Владини одлуки од денешната седница appeared first on Република.

]]>

Oдлуки од денешната 198-ма седница на Владата: Владата на денешната седница донесе одлуки за трансформирање на средните општински училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес во Регионални центри за стручно образование и обука. Со тоа бројот на Регионални центри за стручно образование и обука во државата се искачува на вкупно пет. Владата на денешната седница, донесе Решение за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач согласно Одлуката за започнување на постапка за избор на универзален снабдувач донесена на 20.10.2023 година. Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на јавен повик за избор на универзален снабдувач со отворена постапка, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на универзален снабдувач со електрична енергија или предлог за поништување на постапка. Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија. Владата го разгледа и прифати усогласениот нов текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерството за земјоделство на Република Азербејџан. Со Меморандумот се зајакнува соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството, во делот на управување со земјоделски површини; одржлив развој на руралните средини; трговија со земјоделски производи; примена на нови технологии во земјоделството – паметно земјоделство; безбедност на храната и размена на најдобри практики. Меморандумот е предвидено да се потпише во текот на месец ноември 2023 година, во рамките на пријателскиот однос меѓу Македонија и Азербејџан, а имајќи го предвид развојот на меѓувладините односи со цел зајакнување и проширување на заедничката билатерална соработка. Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за промената на програмата на Зелени градови на Европската Банка за обнова и развој, поддржана од Зелениот климатски фонд. Како што беше образложемно, ЕБОР подготви сеопфатен предлог за реструктуирање на Програмата Зелени градови поради фактот што во текот на последните пет години, од првичниот дизајн на Програмата, потребите на градовите значително се променија и сè уште се во фаза на закрепнување по трајните влијанија на пандемијата COVID-19, како и глобалните последици од енергетската криза. Со предлогот се предвидуваат зголемување на достапноста на грантови за инфраструктура, подобрена структура на заемот од Зелениот климатски фонд, проширување на опсегот на Програмата за Зелени градови, флексибилност на валутата на заемот, повеќе средства за техничка помош и повеќе средства за повеќе инвестиции во Македонија. Македонија соработува со Европската банка за обнова и развој во рамките на Програмата за Зелени Градови од 2016 година до денес.

The post Владини одлуки од денешната седница appeared first on Република.

]]>
И војниците ќе добијат поголеми плати, погодности и за пензионирање https://republika.mk/vesti/makedonija/i-vojnicite-kje-dobijat-pogolemi-plati-pogodnosti-i-za-penzioniranje/ Wed, 25 May 2022 18:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=506896

Владата на Република Македонија на денешната редовна 48 седница го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Согласно предложениот текст на законот на Министерството за одбрана е предвидено усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно  зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, како и утврдување на правото на остварување на пензија со навршување на 40 години работен стаж, односно 38 за жените без оглед на возраста.

Со измените и дополнувањата е предвидено и проширување на најповолните услови за пензионирање на сите припадници на воениот и цивилен персонал кои правото на пензија го стекнале од денот на формирање на Армијата во висина од 80% во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.

Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1.000 евра, со што е оставен простор за повисок износ.

Со новопредложените  измени и дополнувања е предвидена и можност правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството.

Со новите измени и дополнувања, како резултат на инклузивниот процес и дијалог меѓу  Министерството за одбрана, Генералштабот и синдикатите на одбраната, текстот на Предлог-законот за служба во Армијата на Република Македонија  е испратен на усвојување во Собранието.

The post И војниците ќе добијат поголеми плати, погодности и за пензионирање appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната редовна 48 седница го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Согласно предложениот текст на законот на Министерството за одбрана е предвидено усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно  зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, како и утврдување на правото на остварување на пензија со навршување на 40 години работен стаж, односно 38 за жените без оглед на возраста. Со измените и дополнувањата е предвидено и проширување на најповолните услови за пензионирање на сите припадници на воениот и цивилен персонал кои правото на пензија го стекнале од денот на формирање на Армијата во висина од 80% во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж. Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1.000 евра, со што е оставен простор за повисок износ. Со новопредложените  измени и дополнувања е предвидена и можност правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството. Со новите измени и дополнувања, како резултат на инклузивниот процес и дијалог меѓу  Министерството за одбрана, Генералштабот и синдикатите на одбраната, текстот на Предлог-законот за служба во Армијата на Република Македонија  е испратен на усвојување во Собранието.

The post И војниците ќе добијат поголеми плати, погодности и за пензионирање appeared first on Република.

]]>