одлука Archives - Република https://republika.mk/tema/odluka/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 12:10:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одлука Archives - Република https://republika.mk/tema/odluka/ 32 32 Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-na-vonredna-sednitsa-donese-odluka-za-ogranichuvane-na-marzhite/ Fri, 20 Sep 2024 12:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=818171

Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,...

За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка.

Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеци, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните - изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.

Мицкоски, исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката.

Предлогот, како што беше претходно инофмирано, е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат.

The post Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,... За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка.
Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеци, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните - изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.
Мицкоски, исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката. Предлогот, како што беше претходно инофмирано, е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат.

The post Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите appeared first on Република.

]]>
Перински: „Комунална хигиена“ работи по оперативен план, не и треба одлука на Совет за да собира смет, Арсовска нема план за решавање на проблемите во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-komunalna-higiena-raboti-po-operativen-plan-ne-i-treba-odluka-na-sovet-za-da-sobira-smet-arsovska-nema-plan-za-reshavane-na-problemite-vo-skopje/ Mon, 19 Aug 2024 15:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=808017

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, по состанокот со градоначалничката на Град Скопје изјави дека бил изненаден оти Арсовска не дошла со конкретно решение за решавање на проблемите со сметот во градот, како и одржување на редовна хигиена.

Очекувавме и ние, некаков предлог план на оваа средба за да можеме да го разглобиме и да видиме каде ние како Влада можеме да интервенираме. Таков не добивме, освен критика насочена кон Советот на Град Скопје, којашто за мене може и не е основана. Каменот на сопнување беше, зашто не се гласаа одлуките на советот? Во ред, кои одлуки? Тие, тие и тие. Тие не влијаат на нормалното функционирање на јавните претпријатија. Комунална хигиена работи по оперативен план, не и треба одлука на Совет за да собира смет, тоа и е законска утврдена надлежност. Затоа и ние бевме малце изненадени, затоа што не дојде со конкретен план, меѓутоа еве да видиме што ќе се случи среда и четврток, изјави Перински.

Меѓудругото, тој додава дека ќе почекаат до крајот на неделата што од нивна страна ќе биде предочено како потреби кои што оваа Влада да речеме ќе може да помогне и врз основа на тие предлог заклучоци во тој предлог план кој што ќе биде претставен пред советниците ќе носиме заклучоци.

Мене ми е многу жал што состојбите во Градот Скопје се вакви какви што се. Како влада можевме да одбереме и да не се мешаме во тековното работење на градот но сметаме дека како приоритет ни се скопјани и мораме на некој начин нешто заедно да придонесеме и да се вклучиме во решавањето на нивните проблеми. Конкретно се разговараше за две јавни претпријатија, едното јавно претпријатие е Комунална хигиена каде што сметаме дека проблемот е најакутен во моментот. И второто јавно претпријатие кое што го дискутиравме е ЈСП, затоа што сметаме како влада дека за десетина дена од сега ќе имаме многу поголем проблем во јавниот превоз со почнување на школската година“, додаде Перински.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sega-sme-pozagrizheni-otkolku-pred-sostanokot-sostojbata-e-ochajna-izjavi-ministerot-perinski-po-sredbata-so-arsovska/

The post Перински: „Комунална хигиена“ работи по оперативен план, не и треба одлука на Совет за да собира смет, Арсовска нема план за решавање на проблемите во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, по состанокот со градоначалничката на Град Скопје изјави дека бил изненаден оти Арсовска не дошла со конкретно решение за решавање на проблемите со сметот во градот, како и одржување на редовна хигиена.
Очекувавме и ние, некаков предлог план на оваа средба за да можеме да го разглобиме и да видиме каде ние како Влада можеме да интервенираме. Таков не добивме, освен критика насочена кон Советот на Град Скопје, којашто за мене може и не е основана. Каменот на сопнување беше, зашто не се гласаа одлуките на советот? Во ред, кои одлуки? Тие, тие и тие. Тие не влијаат на нормалното функционирање на јавните претпријатија. Комунална хигиена работи по оперативен план, не и треба одлука на Совет за да собира смет, тоа и е законска утврдена надлежност. Затоа и ние бевме малце изненадени, затоа што не дојде со конкретен план, меѓутоа еве да видиме што ќе се случи среда и четврток, изјави Перински.
Меѓудругото, тој додава дека ќе почекаат до крајот на неделата што од нивна страна ќе биде предочено како потреби кои што оваа Влада да речеме ќе може да помогне и врз основа на тие предлог заклучоци во тој предлог план кој што ќе биде претставен пред советниците ќе носиме заклучоци.
Мене ми е многу жал што состојбите во Градот Скопје се вакви какви што се. Како влада можевме да одбереме и да не се мешаме во тековното работење на градот но сметаме дека како приоритет ни се скопјани и мораме на некој начин нешто заедно да придонесеме и да се вклучиме во решавањето на нивните проблеми. Конкретно се разговараше за две јавни претпријатија, едното јавно претпријатие е Комунална хигиена каде што сметаме дека проблемот е најакутен во моментот. И второто јавно претпријатие кое што го дискутиравме е ЈСП, затоа што сметаме како влада дека за десетина дена од сега ќе имаме многу поголем проблем во јавниот превоз со почнување на школската година“, додаде Перински.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sega-sme-pozagrizheni-otkolku-pred-sostanokot-sostojbata-e-ochajna-izjavi-ministerot-perinski-po-sredbata-so-arsovska/

The post Перински: „Комунална хигиена“ работи по оперативен план, не и треба одлука на Совет за да собира смет, Арсовска нема план за решавање на проблемите во Скопје appeared first on Република.

]]>
Наградата „Антево Перо“ за 2024 година за стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-antevo-pero-za-2024-godina-za-stihozbirkata-muzej-na-zaboravot-od-sasho-dimoski/ Mon, 19 Aug 2024 07:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=807821

Жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изразува своето задоволство од одличниот одзив за оваа награда. Оваа година, комисијата имаше навистина тешка задача да направи селекција на поетските писма кои со своите квалитети и одличен израз се издвоија.
Пристигнаа 75 стихозбирки, со најразлична трендовска и жанровска разноликост, од кои во потесен избор за наградата влегоа седум стихозбирки: „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ на Тони Попов, „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков, „Сивка: геометрија на болката“ на Ирена Бабамова Стојчева, „Музеј на заборавот“ на Сашо Димоски „Царски рез на небото“ на Даниела Андоновска Трајковска, книгата „Анатомија на скриена болка“ доставена под шифрата Суштина и поетскиот ракопис „Каде што се раѓаат сенките“ на Агрон Усеини. По темелно разгледување на вредностите на секоја од овие седум стихозбирки и по завршните дискусии на членовите, Комисијата едногласно донесе одлука наградата „Антево Перо“ за 2024 година да ѝ припадне на стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски.
Доживувањето на стварноста кај индивидуите кои имаат изразен сензибилитет условува нивните дела да покажуваат креативност која, ако се мери на некоја скала на интензитет, тогаш би биле на самиот врв. Постоењето на тие дела во времето и просторот создава сопствена реалност и се сместени во духовни музеи во кои вечноста е нивен главен предзнак. Во еден таков музеј, својот живот го живее и поезијата на Сашо Димоски, која токму поради овие квалитети, ја понесува наградата „Антево перо“ за 2024 година. Поетскиот музеј на Димоски, кој е вечен дом на личниот, интимен заборав, е богатство на мигновеноста, на времето минато, сегашно и идно, на времето кое постои и не постои, на љубовта во најесенцијалната суштественост во која се родени, се раѓаат и ќе се родат безброј микрокосмоси (вклучително и сите форми на љубовта за татковината, за татковиот збор и ковчег, за клучот и катенцот, за мајчиниот јазик и болка, како далечно ехо на поетската слика на големиот Анте Поповски), микрокосмоси и љубови од кои е составен човекот. Оваа поезија, покрај тоа што е слика преоблечена во различни стилови и во нив преовладуваат тонови од целиот спектар на бои, таа има и звуковен карактер чиј интензитет се огледува во одличната употреба на парадоксот, оксиморонот, сложените метафори, но и фигурите кои припаѓаат на звучниот код. Со помош на зборовите, Димоски ни презентира визуелност во која гледаме како машкиот и женскиот принцип, темнината и светлината, вистината и заборавот страсно танцуваат танго. Тоа танго некогаш е во духот на аргентинската милонга во која слободата на движењата, незадолжителноста на формата и опуштеноста на рацете и нозете преоѓа во танцовен чекор со различен ритам и брзина правејќи тоа да биде milonga de amor и да има длабоко треперење при самото танцување. Понекогаш танцот е во духот на либертангото кое ги руши стереотипите и пред нас става нешто ново без притоа да ги заборави традиционалните вредности што од нас ги бара татковината, погледот на мајката или исконскиот оган во домашното огниште.
Поради одличниот квалитет на поетските текстови од збирките кои се избрани во потесен избор, оваа година Комисијата, едногласно одлучи да додели три награди „Антев златник“, што значи, една повеќе од она што, до сега, беше пракса. Наградите „Антев златник“ за 2024 година им припаѓаат на: Ирена Бабамова Стојчева за збирката „Сивка: Геометрија на болката“, Тони Попов за збирката „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ и Пепи Стамков за збирката „Собрани остатоци од светот“.
Животната мрежа од координатни точки е уникатен отпечаток на секое битие. Во треперењето на суптилните нишки, кои тие точки ги поврзуваат, е сместена целата суштина на човековото постоење, а поезијата и уметноста во целина се обид да се преслика и да се направи приказ, да се даде увид во таа суштина. Човекот е сраснат со природата и неговото поврзување со пеперутката Сивка, како што авторката сугерира во овие песни, е повеќе од податливо. Таа е срасната со оваа навидум непривлечна крилеста пријателка на која доминира сивата боја. Нејзиното постоење е контраст на шарените, восхитувачки пеперутки од чијашто колоритност остануваме занемени секогаш кога ќе ги погледнеме. Сивка е тажна убавица, но и еден вид непокор како оној на Анте Поповски. Лета со скршено крило кое не може да биде исто и ако зарасне. Боли таа фрактура на срцето чиишто половини сега се нејзини крилја. Во таа геометрија на болката, Бабамова Стојчева ја истражува тагата како одговор на неотповикливата промена на околностите, на она што сме го замислувале како деца со сета детска невиност во размислата. Болката од изневерата во сите нејзини форми, значења и димензии создава ехо кое се шири низ геометријата на битието, низ сите негови точки и прави пукнатини кои и да зараснат остануваат со траги кои потсетуваат на нив.
Во кратките и едноставни стихови полни со непретенциозна фигуративност, Тони Попов населил уметнички свет кој е преземен од микрокосмосот на неговото сликарско око. Напишани во постимпресионистички и модернистички стил, песните од оваа збирка ја имаат колоритноста и уметничката визуелност на сликите на Анри Матис и Ван Гог, но и на неговата перцепција на обичните нешта кои вешто се насликани со помош на друг медиум како што се зборовите. Длабоките реминисценции тој ги доживува на повеќе нивоа и иако нивното соопштување го прави на едноставен начин, во таа едноставност се огледуваат силните импулси на емотивните сеќавања. Во одекот на тие сеќавања, се собрани звуците на неговиот живот кон кои се враќа секогаш кога некоја сегашност ќе го побара тоа од него. Од сите нив можеби најзначаен е повикот од детството зашто гласот на детето во нас најдобро ја знае вистината.
Поетскиот егзистенцијализам со кој се карактеризира поезијата на Пепи Стамков креира сериозни квалитети на изразот во кои македонскиот јазик ги испитува границите на можностите на експресивноста на употребените сложени фигури од логичкиот код. Во исклучително збиениот израз, со кој се карактеризира оваа поезија, авторот тргнува во потрага по остатоците од денот, идеалите, животните предизвици, љубовта и застанат на личните крстопати се прашува дали треба да живееме со полни гради, до крај, или е доволно да се задоволиме со остатоците кои најчесто не се наши. Преку честото одење отаде времето и животот, овој млад и чувствителен поет на сложен и едноставен начин ни соопштува универзални вистини во кои сите сме, на некој начин, колекционери од остатоците на светот.
Со должно внимание и задоволство, Жирито дискутираше и за петте стихозбирки кои влегоа во потесен избор за наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик и тоа: Софија Тодороска – „Птиците заминуваат на исток“, Ива Пуовиќ – „Полет“, Мартина Костадиноска – „Пијавици“, Нино Наумовски – „Индиго солзи“ и Стефан Спасовски – „Ќумур смоквин млеч“. И овде, Комисијата имаше тешка задача да одбере само една збирка која ќе биде наградена, поради што за првпат во седумгодишното постоење на Манифестацијата „Антево перо“, се донесе одлука наградата „Антев часовник“ да биде доделена на двајца млади поети и тоа на: Нино Наумовски за неговата збирка „Индиго солзи“ и на Стефан Спасовски за збирката „Ќумур смоквин млеч“.
Поетиката на Нино Наумовски и неговата збирка „Индиго солзи“ претставува младешка перцепција на суровата стварност во која de jour en jour се обидува да ги разбере правилата и начинот како да се живее. Оваа поезија може да се толкува и како бунтовен крик против дистопијата и секојдневието кое не се вклопува во младешкиот ритам. Затоа, се добива впечаток дека авторот влегува во посебни улоги и како на филм ја гледа стварноста притоа слушајќи алтернативна музика со поетика која го поддржува тој бунт. Надреалистичките слики што понекогаш ги создава оваа поезија имаат индиго боја што сугерира една нова генерација ослободена од стегите на традиционалното, која допрва треба да ги покаже своите плодови.
Поезијата на Стефан Спасовски, со креативен и иновативен наслов „Ќумур смоквин млеч“, е интересно патување по сетилните меридијани на неговта млада душа. Песните, иако се пишувани во традиционален дух и изобилуваат со сложени внатрешни рими, инверзии, фигури на звукот и метафори, сепак имаат еден модернистички начин на соопштување на доживеаните чувства. Експерименталноста, што е една од карактеристиките на оваа поезија, симпатично комуницира со интертекстуалноста притоа создавајќи оригинални стихови. Овие песни понекогаш се мрачни и песимистични, но речиси секогаш содржат хумор и игривост кои не дозволуваат да превлада мрачниот тон.
Комисијата искрено им се заблагодарува на сите учесници на Конкурсот за наградата „Антево перо“ и изразува надеж дека и во иднина ќе продолжи интересот за оваа престижна награда. Во наредниот период ќе следи уште едно Соопштение со кое јавноста навремено ќе биде информирана за датумот, местото и терминот на официјалното прогласување на победникот на Конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година и врачувањето на сите награди.

The post Наградата „Антево Перо“ за 2024 година за стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изразува своето задоволство од одличниот одзив за оваа награда. Оваа година, комисијата имаше навистина тешка задача да направи селекција на поетските писма кои со своите квалитети и одличен израз се издвоија. Пристигнаа 75 стихозбирки, со најразлична трендовска и жанровска разноликост, од кои во потесен избор за наградата влегоа седум стихозбирки: „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ на Тони Попов, „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков, „Сивка: геометрија на болката“ на Ирена Бабамова Стојчева, „Музеј на заборавот“ на Сашо Димоски „Царски рез на небото“ на Даниела Андоновска Трајковска, книгата „Анатомија на скриена болка“ доставена под шифрата Суштина и поетскиот ракопис „Каде што се раѓаат сенките“ на Агрон Усеини. По темелно разгледување на вредностите на секоја од овие седум стихозбирки и по завршните дискусии на членовите, Комисијата едногласно донесе одлука наградата „Антево Перо“ за 2024 година да ѝ припадне на стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски. Доживувањето на стварноста кај индивидуите кои имаат изразен сензибилитет условува нивните дела да покажуваат креативност која, ако се мери на некоја скала на интензитет, тогаш би биле на самиот врв. Постоењето на тие дела во времето и просторот создава сопствена реалност и се сместени во духовни музеи во кои вечноста е нивен главен предзнак. Во еден таков музеј, својот живот го живее и поезијата на Сашо Димоски, која токму поради овие квалитети, ја понесува наградата „Антево перо“ за 2024 година. Поетскиот музеј на Димоски, кој е вечен дом на личниот, интимен заборав, е богатство на мигновеноста, на времето минато, сегашно и идно, на времето кое постои и не постои, на љубовта во најесенцијалната суштественост во која се родени, се раѓаат и ќе се родат безброј микрокосмоси (вклучително и сите форми на љубовта за татковината, за татковиот збор и ковчег, за клучот и катенцот, за мајчиниот јазик и болка, како далечно ехо на поетската слика на големиот Анте Поповски), микрокосмоси и љубови од кои е составен човекот. Оваа поезија, покрај тоа што е слика преоблечена во различни стилови и во нив преовладуваат тонови од целиот спектар на бои, таа има и звуковен карактер чиј интензитет се огледува во одличната употреба на парадоксот, оксиморонот, сложените метафори, но и фигурите кои припаѓаат на звучниот код. Со помош на зборовите, Димоски ни презентира визуелност во која гледаме како машкиот и женскиот принцип, темнината и светлината, вистината и заборавот страсно танцуваат танго. Тоа танго некогаш е во духот на аргентинската милонга во која слободата на движењата, незадолжителноста на формата и опуштеноста на рацете и нозете преоѓа во танцовен чекор со различен ритам и брзина правејќи тоа да биде milonga de amor и да има длабоко треперење при самото танцување. Понекогаш танцот е во духот на либертангото кое ги руши стереотипите и пред нас става нешто ново без притоа да ги заборави традиционалните вредности што од нас ги бара татковината, погледот на мајката или исконскиот оган во домашното огниште. Поради одличниот квалитет на поетските текстови од збирките кои се избрани во потесен избор, оваа година Комисијата, едногласно одлучи да додели три награди „Антев златник“, што значи, една повеќе од она што, до сега, беше пракса. Наградите „Антев златник“ за 2024 година им припаѓаат на: Ирена Бабамова Стојчева за збирката „Сивка: Геометрија на болката“, Тони Попов за збирката „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ и Пепи Стамков за збирката „Собрани остатоци од светот“. Животната мрежа од координатни точки е уникатен отпечаток на секое битие. Во треперењето на суптилните нишки, кои тие точки ги поврзуваат, е сместена целата суштина на човековото постоење, а поезијата и уметноста во целина се обид да се преслика и да се направи приказ, да се даде увид во таа суштина. Човекот е сраснат со природата и неговото поврзување со пеперутката Сивка, како што авторката сугерира во овие песни, е повеќе од податливо. Таа е срасната со оваа навидум непривлечна крилеста пријателка на која доминира сивата боја. Нејзиното постоење е контраст на шарените, восхитувачки пеперутки од чијашто колоритност остануваме занемени секогаш кога ќе ги погледнеме. Сивка е тажна убавица, но и еден вид непокор како оној на Анте Поповски. Лета со скршено крило кое не може да биде исто и ако зарасне. Боли таа фрактура на срцето чиишто половини сега се нејзини крилја. Во таа геометрија на болката, Бабамова Стојчева ја истражува тагата како одговор на неотповикливата промена на околностите, на она што сме го замислувале како деца со сета детска невиност во размислата. Болката од изневерата во сите нејзини форми, значења и димензии создава ехо кое се шири низ геометријата на битието, низ сите негови точки и прави пукнатини кои и да зараснат остануваат со траги кои потсетуваат на нив. Во кратките и едноставни стихови полни со непретенциозна фигуративност, Тони Попов населил уметнички свет кој е преземен од микрокосмосот на неговото сликарско око. Напишани во постимпресионистички и модернистички стил, песните од оваа збирка ја имаат колоритноста и уметничката визуелност на сликите на Анри Матис и Ван Гог, но и на неговата перцепција на обичните нешта кои вешто се насликани со помош на друг медиум како што се зборовите. Длабоките реминисценции тој ги доживува на повеќе нивоа и иако нивното соопштување го прави на едноставен начин, во таа едноставност се огледуваат силните импулси на емотивните сеќавања. Во одекот на тие сеќавања, се собрани звуците на неговиот живот кон кои се враќа секогаш кога некоја сегашност ќе го побара тоа од него. Од сите нив можеби најзначаен е повикот од детството зашто гласот на детето во нас најдобро ја знае вистината. Поетскиот егзистенцијализам со кој се карактеризира поезијата на Пепи Стамков креира сериозни квалитети на изразот во кои македонскиот јазик ги испитува границите на можностите на експресивноста на употребените сложени фигури од логичкиот код. Во исклучително збиениот израз, со кој се карактеризира оваа поезија, авторот тргнува во потрага по остатоците од денот, идеалите, животните предизвици, љубовта и застанат на личните крстопати се прашува дали треба да живееме со полни гради, до крај, или е доволно да се задоволиме со остатоците кои најчесто не се наши. Преку честото одење отаде времето и животот, овој млад и чувствителен поет на сложен и едноставен начин ни соопштува универзални вистини во кои сите сме, на некој начин, колекционери од остатоците на светот. Со должно внимание и задоволство, Жирито дискутираше и за петте стихозбирки кои влегоа во потесен избор за наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик и тоа: Софија Тодороска – „Птиците заминуваат на исток“, Ива Пуовиќ – „Полет“, Мартина Костадиноска – „Пијавици“, Нино Наумовски – „Индиго солзи“ и Стефан Спасовски – „Ќумур смоквин млеч“. И овде, Комисијата имаше тешка задача да одбере само една збирка која ќе биде наградена, поради што за првпат во седумгодишното постоење на Манифестацијата „Антево перо“, се донесе одлука наградата „Антев часовник“ да биде доделена на двајца млади поети и тоа на: Нино Наумовски за неговата збирка „Индиго солзи“ и на Стефан Спасовски за збирката „Ќумур смоквин млеч“. Поетиката на Нино Наумовски и неговата збирка „Индиго солзи“ претставува младешка перцепција на суровата стварност во која de jour en jour се обидува да ги разбере правилата и начинот како да се живее. Оваа поезија може да се толкува и како бунтовен крик против дистопијата и секојдневието кое не се вклопува во младешкиот ритам. Затоа, се добива впечаток дека авторот влегува во посебни улоги и како на филм ја гледа стварноста притоа слушајќи алтернативна музика со поетика која го поддржува тој бунт. Надреалистичките слики што понекогаш ги создава оваа поезија имаат индиго боја што сугерира една нова генерација ослободена од стегите на традиционалното, која допрва треба да ги покаже своите плодови. Поезијата на Стефан Спасовски, со креативен и иновативен наслов „Ќумур смоквин млеч“, е интересно патување по сетилните меридијани на неговта млада душа. Песните, иако се пишувани во традиционален дух и изобилуваат со сложени внатрешни рими, инверзии, фигури на звукот и метафори, сепак имаат еден модернистички начин на соопштување на доживеаните чувства. Експерименталноста, што е една од карактеристиките на оваа поезија, симпатично комуницира со интертекстуалноста притоа создавајќи оригинални стихови. Овие песни понекогаш се мрачни и песимистични, но речиси секогаш содржат хумор и игривост кои не дозволуваат да превлада мрачниот тон. Комисијата искрено им се заблагодарува на сите учесници на Конкурсот за наградата „Антево перо“ и изразува надеж дека и во иднина ќе продолжи интересот за оваа престижна награда. Во наредниот период ќе следи уште едно Соопштение со кое јавноста навремено ќе биде информирана за датумот, местото и терминот на официјалното прогласување на победникот на Конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година и врачувањето на сите награди.

The post Наградата „Антево Перо“ за 2024 година за стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски appeared first on Република.

]]>
Вработувања на 600 специјализанти во болниците https://republika.mk/zivot/zdravje/vrabotuvana-na-600-spetsijalizanti-vo-bolnitsite/ Wed, 24 Jul 2024 16:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=799912

Денеска Владата на Република Македонија одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки и решенија.

Владата усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата. Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно. На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството.

The post Вработувања на 600 специјализанти во болниците appeared first on Република.

]]>

Денеска Владата на Република Македонија одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки и решенија. Владата усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата. Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно. На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството.

The post Вработувања на 600 специјализанти во болниците appeared first on Република.

]]>
Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април 2024 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/tsenata-na-osiguruvaneto-od-avtoodgovornost-se-vraka-na-nivo-od-pred-25-april-2024-godina/ Thu, 02 May 2024 18:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=773588

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност.

 

За износ на трошоците над 30%, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Денешната одлука на Владата значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година.

Дополнително е утврдено дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, најдоцна до 30 септември, секоја година, до Владата доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

The post Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април 2024 година appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност.   За износ на трошоците над 30%, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Денешната одлука на Владата значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година. Дополнително е утврдено дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, најдоцна до 30 септември, секоја година, до Владата доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

The post Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април 2024 година appeared first on Република.

]]>
Светот во исчекување: Израел денеска носи одлука за одговор на иранскиот напад https://republika.mk/vesti/svet/svetot-vo-ischekuvane-izrael-deneska-nosi-odluka-za-odgovor-na-iranskiot-napad/ Sun, 14 Apr 2024 07:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=765852

Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад врз еврејската држава, но се очекува подоцна во текот на денот.

Неименуван израелски функционер за „Тајмс оф Израел“ изјавил дека утрово била направена проценка на ситуацијата, но не е донесена одлука.

Израелските медиуми јавуваат дека потенцијалниот одговор ќе биде разгледан на состанокот на воениот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху закажан за три попладне по локално време.

The post Светот во исчекување: Израел денеска носи одлука за одговор на иранскиот напад appeared first on Република.

]]>

Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад врз еврејската држава, но се очекува подоцна во текот на денот. Неименуван израелски функционер за „Тајмс оф Израел“ изјавил дека утрово била направена проценка на ситуацијата, но не е донесена одлука. Израелските медиуми јавуваат дека потенцијалниот одговор ќе биде разгледан на состанокот на воениот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху закажан за три попладне по локално време.

The post Светот во исчекување: Израел денеска носи одлука за одговор на иранскиот напад appeared first on Република.

]]>
Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари https://republika.mk/vesti/ekonomija/prodolzheno-e-ogranichuvaneto-na-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-voda-i-odredeni-vidovi-pijalotsi-do-29-fevruari/ Mon, 22 Jan 2024 20:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=735686

Владата на Република Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Владата донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со измените на постоечката одлука, исто така на предлог на Министерството за економија, се продолжува до 29 февруари, од претходно утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за: минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања и светло пиво.

The post Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед. Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи. Владата донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Со измените на постоечката одлука, исто така на предлог на Министерството за економија, се продолжува до 29 февруари, од претходно утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за: минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања и светло пиво.

The post Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари appeared first on Република.

]]>
Владата се премисли: Маркетите нема да работат за Божиќ https://republika.mk/vesti/vladata-se-premisli-marketite-nema-da-rabotat-za-bozhik/ Thu, 04 Jan 2024 14:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=729665

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница.

Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Македонија.

Владата на денешната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници.

The post Владата се премисли: Маркетите нема да работат за Божиќ appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница. Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Македонија. Владата на денешната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници.

The post Владата се премисли: Маркетите нема да работат за Божиќ appeared first on Република.

]]>
„Глесен текстилец“ бара Владата да ја повлече одлуката за работа на продавниците за празниците https://republika.mk/vesti/ekonomija/glesen-tekstilets-bara-vladata-da-ja-povleche-odlukata-za-rabota-na-prodavnitsite-za-praznitsite/ Fri, 29 Dec 2023 11:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=727807

Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева бара владата да ја повлече препораката со која се овозможува продавници, киосци, штандови да работат за време на новогодишните и божиќни празници. Според неа, со тоа се кршат работничките права.

Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство – вели Ампева.

Таа додава дека до организацијата стигнеле голем број на поплаки од работници од трговијата.

The post „Глесен текстилец“ бара Владата да ја повлече одлуката за работа на продавниците за празниците appeared first on Република.

]]>

Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева бара владата да ја повлече препораката со која се овозможува продавници, киосци, штандови да работат за време на новогодишните и божиќни празници. Според неа, со тоа се кршат работничките права.
Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство – вели Ампева.
Таа додава дека до организацијата стигнеле голем број на поплаки од работници од трговијата.

The post „Глесен текстилец“ бара Владата да ја повлече одлуката за работа на продавниците за празниците appeared first on Република.

]]>
САД ја поздравија одлуката на ЕУ да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/sad-ja-pozdravija-odlukata-na-eu-da-gi-otvori-pregovorite-za-chlenstvo-so-ukraina-i-moldavija/ Fri, 15 Dec 2023 08:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=723147

САД ја поздравија одлуката на Европската унија да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија, соопшти Стејт департментот.

Тие, исто така, ја поздравија одлуката на ЕУ да и додели на Грузија кандидатски статус за членство во ЕУ.

САД продолжуваат силно да го поддржуваат процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваме да ги поддржиме земјите-кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ додека тие продолжуваат со клучните реформи на патот кон членство во ЕУ, се вели во соопштението.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на социјалната мрежа Х објави дека Европскиот совет одлучил да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија и дека Грузија добила кандидатски статус.

ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе го достигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство, рече Мишел.

Засега не се познати детали кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција за пристапување, ниту кога ќе биде усвоена преговарачката рамка.

The post САД ја поздравија одлуката на ЕУ да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија appeared first on Република.

]]>

САД ја поздравија одлуката на Европската унија да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија, соопшти Стејт департментот. Тие, исто така, ја поздравија одлуката на ЕУ да и додели на Грузија кандидатски статус за членство во ЕУ. САД продолжуваат силно да го поддржуваат процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваме да ги поддржиме земјите-кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ додека тие продолжуваат со клучните реформи на патот кон членство во ЕУ, се вели во соопштението. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на социјалната мрежа Х објави дека Европскиот совет одлучил да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија и дека Грузија добила кандидатски статус. ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе го достигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство, рече Мишел. Засега не се познати детали кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција за пристапување, ниту кога ќе биде усвоена преговарачката рамка.

The post САД ја поздравија одлуката на ЕУ да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија appeared first on Република.

]]>
ЕУ ја смени одлуката за „веднаш“ да ја прекине помошта за Палестинците https://republika.mk/vesti/svet/eu-ja-smeni-odlukata-za-vednash-da-ja-prekine-pomoshta-za-palestintsite/ Mon, 09 Oct 2023 20:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=689653

Европската Унија ја смени најавата на својот еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји дека „веднаш“ ќе биде суспендирана помошта за развој на Палестинците по нападот на Хамас врз Израел.

Наместо тоа, ЕУ дека итно ќе разговара за таа тема.

Во моментов нема да има прекин на плаќањата“ се вели во соопштението на Европската комисија.

Тоа доаѓа пет часа откако еврокомесарот Оливер Вархеји рече дека сите плаќања од програмата за развој за Палестинците „веднаш ќе бидат суспендирани“.

Засега не е дадено објаснување за пресвртот.

The post ЕУ ја смени одлуката за „веднаш“ да ја прекине помошта за Палестинците appeared first on Република.

]]>

Европската Унија ја смени најавата на својот еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји дека „веднаш“ ќе биде суспендирана помошта за развој на Палестинците по нападот на Хамас врз Израел. Наместо тоа, ЕУ дека итно ќе разговара за таа тема. Во моментов нема да има прекин на плаќањата“ се вели во соопштението на Европската комисија. Тоа доаѓа пет часа откако еврокомесарот Оливер Вархеји рече дека сите плаќања од програмата за развој за Палестинците „веднаш ќе бидат суспендирани“. Засега не е дадено објаснување за пресвртот.

The post ЕУ ја смени одлуката за „веднаш“ да ја прекине помошта за Палестинците appeared first on Република.

]]>
РКЕ одлучи: Поскапуваат бензините https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-odluchi-poskapuvaat-benzinite/ Mon, 24 Jul 2023 12:45:59 +0000 https://republika.mk/?p=664758

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34% во однос на одлуката од 20.7.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,133%, кај дизелот за 1,937% , кај екстра лесното масло зголемување за 2,431% и кај мазутот намалувањето е за 0,446%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,39%

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,001 ден/кг. Од 25.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

The post РКЕ одлучи: Поскапуваат бензините appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34% во однос на одлуката од 20.7.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,133%, кај дизелот за 1,937% , кај екстра лесното масло зголемување за 2,431% и кај мазутот намалувањето е за 0,446%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,39% Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,001 ден/кг. Од 25.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

The post РКЕ одлучи: Поскапуваат бензините appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука https://republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-vladata-ke-ja-preispita-odlukata-za-spojuvane-na-dvete-kontsesii-za-rudnikot-ilovitsa-shtuka/ Sat, 15 Jul 2023 12:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=661652

Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот иловица-Штука и ќе побара дополнитени информации од надлежното министерство, а ставот на СДСМ по однос на отварањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните на од струмичкиот регион, рече министерката Јованка Тренчовска на денешната прес конференција што се одржа пред просториите на ОО на СДСМ во Струмица и пред протестот што се одржа против отворање на рудник.

Додаде дека Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консулатација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство усогласено со европското.

Тренчевска истакна дека Струмичкиот регион е земјоделски крај, а струмичкото плодно поле е егзистенција за илјадници семејства, а Владата преку ресорното министерство покажала и докажала како треба да се поддржи земјоделството и земјоделците.

Имаме стопроцентна спроведена Ипард-2 програма во државата и први во регионот почнавме со реализирање на програмата Ипард-3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој. Тоа значи дека кога станува збор за земјоделството и здравјето на граѓаните нам како СДСМ тоа ние е највисок приоритет, подвлече Тренчевска, која заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пратеници и советници од нејзината партија присустуваше на денешниот протестен собир против отворање на рудник во струмичко.

The post Тренчевска: Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука appeared first on Република.

]]>

Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот иловица-Штука и ќе побара дополнитени информации од надлежното министерство, а ставот на СДСМ по однос на отварањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните на од струмичкиот регион, рече министерката Јованка Тренчовска на денешната прес конференција што се одржа пред просториите на ОО на СДСМ во Струмица и пред протестот што се одржа против отворање на рудник. Додаде дека Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консулатација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство усогласено со европското. Тренчевска истакна дека Струмичкиот регион е земјоделски крај, а струмичкото плодно поле е егзистенција за илјадници семејства, а Владата преку ресорното министерство покажала и докажала како треба да се поддржи земјоделството и земјоделците.
Имаме стопроцентна спроведена Ипард-2 програма во државата и први во регионот почнавме со реализирање на програмата Ипард-3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој. Тоа значи дека кога станува збор за земјоделството и здравјето на граѓаните нам како СДСМ тоа ние е највисок приоритет, подвлече Тренчевска, која заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пратеници и советници од нејзината партија присустуваше на денешниот протестен собир против отворање на рудник во струмичко.

The post Тренчевска: Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука appeared first on Република.

]]>
Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на директорите на училиштата од Кавадарци кои се истепаа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uchilishnite-odbori-da-donesat-odluka-za-razreshuvane-na-direktorite-na-uchilishtata-od-kavadartsi-koi-se-istepaa/ Mon, 12 Jun 2023 17:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=650590

Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на двајцата директори на основни училишта по инцидентот со нарушување на јавен ред и мир, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Во соопштението се појаснува дека градоначалникот заедно со службите на општината Кавадарци, денеска ја разгледале состојбата со инцидентот.

Доставени се дописи до училишните одбори на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци и ООУ „Тошо Велков Пепето“. Се бара разгледување на информациите од ОВР Кавадарци и СВР Велес за инцидентот во кои се вклучени двајцата директори и училишните одбори да донесат одлука за разрешување на Ѓорѓи Ѓорчев од директорската функција во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ и Сашко Пановски од директор на ООУ „Тошо Велков Пепето“, се додава во соопштението.

Како што завчера информираа од СВР Велес, на 10 јуни околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи тогаш Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

The post Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на директорите на училиштата од Кавадарци кои се истепаа appeared first on Република.

]]>

Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на двајцата директори на основни училишта по инцидентот со нарушување на јавен ред и мир, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Во соопштението се појаснува дека градоначалникот заедно со службите на општината Кавадарци, денеска ја разгледале состојбата со инцидентот.
Доставени се дописи до училишните одбори на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци и ООУ „Тошо Велков Пепето“. Се бара разгледување на информациите од ОВР Кавадарци и СВР Велес за инцидентот во кои се вклучени двајцата директори и училишните одбори да донесат одлука за разрешување на Ѓорѓи Ѓорчев од директорската функција во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ и Сашко Пановски од директор на ООУ „Тошо Велков Пепето“, се додава во соопштението.
Како што завчера информираа од СВР Велес, на 10 јуни околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи тогаш Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

The post Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на директорите на училиштата од Кавадарци кои се истепаа appeared first on Република.

]]>
Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasada-na-sad-odlukata-koj-e-vo-ili-nadvor-od-vladata-ja-nosi-narodot/ Mon, 12 Jun 2023 15:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=650558

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата.

Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Македонија.

Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата, наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје.

 

The post Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата. Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Македонија.
Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата, наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје.
 

The post Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот appeared first on Република.

]]>
Владата го назначи Груби за координатор на активностите за реализација на проектите на Коридор 8 https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-naznachi-grubi-za-koordinator-na-aktivnostite-za-realizatsija-na-proektite-na-koridor-8/ Wed, 05 Apr 2023 16:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=627661

Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје - Блаце, Кичево - Букојчани, железницата Кичево - Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Македонија го назначи Артан Груби, прв заменик на премиерот, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација, соопшти владината прес-служба.

На денешната владина седница се донесени и други кадровски одлуки.

Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ - Охрид, на негово барање. За нов директор в.д. е именуван Александар Бузлевски.

Розита Благојевиќ е разрешена од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. На нејзинот место е емнуван Драган Угреновиќ.

 

The post Владата го назначи Груби за координатор на активностите за реализација на проектите на Коридор 8 appeared first on Република.

]]>

Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје - Блаце, Кичево - Букојчани, железницата Кичево - Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Македонија го назначи Артан Груби, прв заменик на премиерот, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација, соопшти владината прес-служба. На денешната владина седница се донесени и други кадровски одлуки. Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ - Охрид, на негово барање. За нов директор в.д. е именуван Александар Бузлевски. Розита Благојевиќ е разрешена од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. На нејзинот место е емнуван Драган Угреновиќ.  

The post Владата го назначи Груби за координатор на активностите за реализација на проектите на Коридор 8 appeared first on Република.

]]>
Влада: Одлуката на Уставниот суд е конечна, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-odlukata-na-ustavniot-sud-e-konechna-toa-ne-znachi-deka-avtomatski-ke-se-zgolemat-platite/ Fri, 31 Mar 2023 13:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=625852

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти како што шпекулира дел од јавноста, се наведува во одговорот од владината прес-служба, на прашањето од МИА за оваа одлука.

Напоменуваме дека досегашното „замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува. Министерството за труд и социјална политика во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење за иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица до Уставниот суд со кое го потврдува ставот на Владата дека законското решение за плати не треба да се менува. Така што, намерата на Владата била и сѐ уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството, наведуваат од Владата.

Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, се вели, Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираа и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања.

Воедно, апелираме и да не се шпекулира и да се прибегнува кон популистичка реторика и активности, да се разговара реално и со факти, се подвлекува во одговорот од владината прес-служба.

Дополнително, информираат, во моментов се работи на решение за Општ колективен договор и Закон за плати со кој ќе се направи системско решение за платите во јавниот сектор и ќе се обезбеди континуиран раст согласно утврдена методологија.

– Во моментов и минималната и просечната плата како и висината на пензиите е на највисоко ниво досега и ние и понатаму ќе работиме и на зголемување на платите и пензиите, но и на намалувањето на трошоците за живот, со цел да обезбедиме повисок животен стандард за граѓаните. Секој граѓанин треба да живее достинствено и да е му се вреднува трудот согласно квалификациите, обемот и комплексноста на работата која ја работи или работел, информираат од прес-службата на Владата на Република Македонија.

 

The post Влада: Одлуката на Уставниот суд е конечна, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти како што шпекулира дел од јавноста, се наведува во одговорот од владината прес-служба, на прашањето од МИА за оваа одлука.
Напоменуваме дека досегашното „замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува. Министерството за труд и социјална политика во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење за иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица до Уставниот суд со кое го потврдува ставот на Владата дека законското решение за плати не треба да се менува. Така што, намерата на Владата била и сѐ уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството, наведуваат од Владата.
Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, се вели, Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираа и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања.
Воедно, апелираме и да не се шпекулира и да се прибегнува кон популистичка реторика и активности, да се разговара реално и со факти, се подвлекува во одговорот од владината прес-служба.
Дополнително, информираат, во моментов се работи на решение за Општ колективен договор и Закон за плати со кој ќе се направи системско решение за платите во јавниот сектор и ќе се обезбеди континуиран раст согласно утврдена методологија. – Во моментов и минималната и просечната плата како и висината на пензиите е на највисоко ниво досега и ние и понатаму ќе работиме и на зголемување на платите и пензиите, но и на намалувањето на трошоците за живот, со цел да обезбедиме повисок животен стандард за граѓаните. Секој граѓанин треба да живее достинствено и да е му се вреднува трудот согласно квалификациите, обемот и комплексноста на работата која ја работи или работел, информираат од прес-службата на Владата на Република Македонија.  

The post Влада: Одлуката на Уставниот суд е конечна, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите appeared first on Република.

]]>
Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата – „Оркестар за џез-музика во Македонија“ и „Галерија на Гостивар“ https://republika.mk/vesti/kultura/vladata-donese-odluka-za-osnovane-na-dve-novi-natsionalni-ustanovi-vo-kulturata-orkestar-za-dhez-muzika-vo-makedonija-i-galerija-na-gostivar/ Tue, 21 Mar 2023 17:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=622161

Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата - „Оркестар за џез-музика во Македонија - Скопје“ и „Галерија на Гостивар“, на предлог на Министерството за култура, соопштија од прес-службата на Владата.

Од Установата „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ - Скопје се очекува да создаде високо квалитетен македонски џез производ, којшто ќе постави нови критериуми и повисоки стандарди на македонската џез сцена и ќе стане препознатлив во земјава и надвор од неа, по својата уникатност.

Основна дејност на оваа установа, како што е образложено од ресорното Министерство, е предвидено да биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови коишто гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негувањето на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа, а ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани коишто ќе помогнат во негувањето на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност.

Донесена е и Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар.

Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај.

Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој.

The post Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата – „Оркестар за џез-музика во Македонија“ и „Галерија на Гостивар“ appeared first on Република.

]]>

Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата - „Оркестар за џез-музика во Македонија - Скопје“ и „Галерија на Гостивар“, на предлог на Министерството за култура, соопштија од прес-службата на Владата. Од Установата „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ - Скопје се очекува да создаде високо квалитетен македонски џез производ, којшто ќе постави нови критериуми и повисоки стандарди на македонската џез сцена и ќе стане препознатлив во земјава и надвор од неа, по својата уникатност. Основна дејност на оваа установа, како што е образложено од ресорното Министерство, е предвидено да биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови коишто гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негувањето на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа, а ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани коишто ќе помогнат во негувањето на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност. Донесена е и Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар. Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај. Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој.

The post Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата – „Оркестар за џез-музика во Македонија“ и „Галерија на Гостивар“ appeared first on Република.

]]>
Владата донесе одлука: Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб, а за регистрираните трговци да го прибавуваат и продаваат https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-donese-odluka-obvrska-za-registriranite-proizvoditeli-na-leb-da-go-proizveduvaat-i-stavaat-vo-promet-beliot-i-polubeliot-leb-a-za-registriranite-trgovtsi-da-go-pribavuvaat-i-prodavaat/ Fri, 03 Mar 2023 08:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=615376

Владата, на синоќешната седница, донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, базирана на законски основи.

Со одлуката, се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).

Трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, согласно владината одлука, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80 проценти од белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел).

Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот или полубелиот леб (сечен на парчиња или цел), во количина од најмалку 80 проценти од производството на овој леб во месец декември, 2022 година.

Трговците посочени во оваа одлука, за испорачаните видови леб посочени во оваа одлука, на производителот на лебот, треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб.

Одлуката е на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а е предвидено да се применува до 31 мај 2023 година.

Во образложението на одлуката, којашто ја предложи Министерството за економија, е наведено дека според членот 29 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај на сериозни пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните и нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

Имајќи го предвид наведеното, според членот 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија, Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Врз основа на податоци од извршен инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија соопшти дека се утврди сериозни пореметувања на домашниот  пазар во градовите Скопје и Тетово, поради недостаток на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел), за коишто Владата на Република Македонија донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 28 февруари 2023 година.

The post Владата донесе одлука: Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб, а за регистрираните трговци да го прибавуваат и продаваат appeared first on Република.

]]>

Владата, на синоќешната седница, донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, базирана на законски основи. Со одлуката, се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел). Трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, согласно владината одлука, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80 проценти од белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел). Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот или полубелиот леб (сечен на парчиња или цел), во количина од најмалку 80 проценти од производството на овој леб во месец декември, 2022 година. Трговците посочени во оваа одлука, за испорачаните видови леб посочени во оваа одлука, на производителот на лебот, треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб. Одлуката е на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а е предвидено да се применува до 31 мај 2023 година. Во образложението на одлуката, којашто ја предложи Министерството за економија, е наведено дека според членот 29 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај на сериозни пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните и нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Имајќи го предвид наведеното, според членот 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија, Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед. Врз основа на податоци од извршен инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија соопшти дека се утврди сериозни пореметувања на домашниот  пазар во градовите Скопје и Тетово, поради недостаток на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел), за коишто Владата на Република Македонија донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 28 февруари 2023 година.

The post Владата донесе одлука: Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб, а за регистрираните трговци да го прибавуваат и продаваат appeared first on Република.

]]>
Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови https://republika.mk/vesti/makedonija/lazarova-trajkovska-eschp-otseni-deka-zhalitelite-ne-gi-iskoristile-site-pravni-lekovi-pred-natsionalnite-sudovi/ Thu, 16 Feb 2023 10:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=609671

Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска.

Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави Лазарова-Трајковска.

Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати.

Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети.

Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triufalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-no-vreme-da-se-odluchuva/

 

The post Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска.
Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави Лазарова-Трајковска.
Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати. Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети.
Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triufalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-no-vreme-da-se-odluchuva/  

The post Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови appeared first on Република.

]]>