одложено Archives - Република https://republika.mk/tema/odlozeno/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 10:43:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одложено Archives - Република https://republika.mk/tema/odlozeno/ 32 32 Спектакуларното улично дефиле „Сонот на Ербер“ низ центарот на Скопје одложено за 29 јуни https://republika.mk/vesti/kultura/spektakularnoto-ulichno-defile-sonot-na-erber-niz-tsentarot-na-skopje-odlozheno-za-29-juni/ Fri, 28 Jun 2024 10:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=791533

Францускиот институт во Скопје и Скопско лето објавија дека изведбата на уличното дефиле-претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) се одложува за утре (29 јуни) во 21 часот.

Како што соопштија организаторите, настанот требаше да се одржи вечерва, но групата не е во можност да пристигне денеска поради големо невреме во моментот на полетувањето од Франција.

Прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје утревечер ќе биде затворена со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ерберт“.

Настанот ќе започне во 21 часот, од пред Музејот на град Скопје. Дефилето потоа ќе помине низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.

Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи четири метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото…Претставата е наменета за сите возрасти. На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“.

 

The post Спектакуларното улично дефиле „Сонот на Ербер“ низ центарот на Скопје одложено за 29 јуни appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и Скопско лето објавија дека изведбата на уличното дефиле-претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) се одложува за утре (29 јуни) во 21 часот. Како што соопштија организаторите, настанот требаше да се одржи вечерва, но групата не е во можност да пристигне денеска поради големо невреме во моментот на полетувањето од Франција. Прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје утревечер ќе биде затворена со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ерберт“. Настанот ќе започне во 21 часот, од пред Музејот на град Скопје. Дефилето потоа ќе помине низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата. Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи четири метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото…Претставата е наменета за сите возрасти. На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“.  

The post Спектакуларното улично дефиле „Сонот на Ербер“ низ центарот на Скопје одложено за 29 јуни appeared first on Република.

]]>
Tретпат одложено судењето за тепањето на Пендиков https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tretpat-odlozheno-sudeneto-za-tepaneto-na-pendikov/ Thu, 26 Oct 2023 12:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=695236

Повторно е одложено судското рочиште што пред Основниот суд во Охрид, се води поради физичкиот напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот Културен клуб во Охрид. Причина за одлагањето беше тоа што застапникот на одбраната се уште не го добил обвинителниот акт против второобинветиот во процесот.

Бранителот на првообвинетиот Илија Спасески, Димитрија Цобоски пред судот се изјасни и како адвокат на второобвинетиот Борче Ангелов од Битола.

Обвинителот поднесе обвинение и против вториот обвинет во предметот. Мене не ми е позната содржината на тоа обвинение, не ми се познати доказите, добив покана само за предметот против првообвинетиот, така што потребно е време да се подготвиме и да ги провериме доказите и да ја подготвиме одбраната, рече тој.

Основното јавно обвинителство од Судот побара на второобвинитетиот Ангелов да му се одземат пасошот и личната карта, за да не може да ја напушти државата.

Христијан Пендиков, македонски граѓанин со бугарска самосвест, е и секретар на сега згаснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис“ Според обвинението, Спасески, поради омраза по национална и етничка линија, го натепал Пендиков.

Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.

На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон своето возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со рацете и нозете по главата и телото нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видеонадзорот“, соопшти Обвинителството кога го поднесе обвинителниот акт.

Тепачката се случи на почетокот на јануари.

 

The post Tретпат одложено судењето за тепањето на Пендиков appeared first on Република.

]]>

Повторно е одложено судското рочиште што пред Основниот суд во Охрид, се води поради физичкиот напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот Културен клуб во Охрид. Причина за одлагањето беше тоа што застапникот на одбраната се уште не го добил обвинителниот акт против второобинветиот во процесот. Бранителот на првообвинетиот Илија Спасески, Димитрија Цобоски пред судот се изјасни и како адвокат на второобвинетиот Борче Ангелов од Битола.
Обвинителот поднесе обвинение и против вториот обвинет во предметот. Мене не ми е позната содржината на тоа обвинение, не ми се познати доказите, добив покана само за предметот против првообвинетиот, така што потребно е време да се подготвиме и да ги провериме доказите и да ја подготвиме одбраната, рече тој.
Основното јавно обвинителство од Судот побара на второобвинитетиот Ангелов да му се одземат пасошот и личната карта, за да не може да ја напушти државата. Христијан Пендиков, македонски граѓанин со бугарска самосвест, е и секретар на сега згаснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис“ Според обвинението, Спасески, поради омраза по национална и етничка линија, го натепал Пендиков. Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.
На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон своето возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со рацете и нозете по главата и телото нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видеонадзорот“, соопшти Обвинителството кога го поднесе обвинителниот акт.
Тепачката се случи на почетокот на јануари.  

The post Tретпат одложено судењето за тепањето на Пендиков appeared first on Република.

]]>
Одложено судењето за Жан Митрев поради здравствени причини https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odlozheno-sudeneto-za-zhan-mitrev-poradi-zdravstveni-prichini/ Fri, 01 Sep 2023 11:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=677885

Рочиштето за „Жан Митрев“ насрочено за 4 септeмври се отповикува бидејќи обвинетиот Жан Митрев е спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини, информираат од Основен кривичен суд - Скопје.

- Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 349/23 поврзан со ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ насрочена за 04.09.2023 година, ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да до судот е доставен поднесок со прилог медицинска документација дека обвинетиот Ж.М. е објективно спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини, стои во соопштението од Кривичен суд.

Како што дополнуваат, расправата ќе продолжи на следниот, веќе насрочен термин, на 2 октомври 2023 година во 12 часот.

Судењето требаше да продолжи со испитување на сведоци на предлог на обвинителството.

Предметот е оформен по допрен глас, откако минатата година се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Како што информираа од ОЈО - Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

The post Одложено судењето за Жан Митрев поради здравствени причини appeared first on Република.

]]>

Рочиштето за „Жан Митрев“ насрочено за 4 септeмври се отповикува бидејќи обвинетиот Жан Митрев е спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини, информираат од Основен кривичен суд - Скопје. - Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 349/23 поврзан со ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ насрочена за 04.09.2023 година, ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да до судот е доставен поднесок со прилог медицинска документација дека обвинетиот Ж.М. е објективно спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини, стои во соопштението од Кривичен суд. Како што дополнуваат, расправата ќе продолжи на следниот, веќе насрочен термин, на 2 октомври 2023 година во 12 часот. Судењето требаше да продолжи со испитување на сведоци на предлог на обвинителството. Предметот е оформен по допрен глас, откако минатата година се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје. Како што информираа од ОЈО - Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

The post Одложено судењето за Жан Митрев поради здравствени причини appeared first on Република.

]]>
УЕФА ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб поради трагичниот инцидент во кој загина едно лице https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-gi-odlozhi-natprevarite-megu-aek-i-dinamo-zagreb-poradi-tragichniot-intsident-vo-koj-zagina-edno-litse/ Tue, 08 Aug 2023 14:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=670074

УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени.

Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека грчкиот тим на 15 август во Загреб, како што е и предвидено, додека дуелот кој вечерва требаше да се одигра во Атина е одложен за 18 или 19 август во зависност од датумот за кој двата клуба ќе се договорат.

УЕФА најостро ги осудува ужасните инциденти кои се случија синоќа во Атина и кои резултираат со загуба на живот. Изразуваме наше најдлабоко сочувство до семејството на жртвата, атинскиот фудбалски клуб АЕК и нивните навивачи. Сакаме да повториме дека насилството нема место во нашиот спорт и очекуваме одговорните за овој ужасен чин да бидат уапсени и предадени на правдата во најкус можен рок, соопшти УЕФА.

Раководното тело на европскиот фудбал претходно донесе одлука натпреварите во Атина и Загреб меѓу АЕК и Динамо да се одиграат без присуство на гостински навивачи, но и покрај забраната, вчера во Атина, според извештаите на локалните медиуми, пристигнале околу 200 навивачи на хрватскиот шампион.

 

The post УЕФА ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб поради трагичниот инцидент во кој загина едно лице appeared first on Република.

]]>

УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени. Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека грчкиот тим на 15 август во Загреб, како што е и предвидено, додека дуелот кој вечерва требаше да се одигра во Атина е одложен за 18 или 19 август во зависност од датумот за кој двата клуба ќе се договорат.
УЕФА најостро ги осудува ужасните инциденти кои се случија синоќа во Атина и кои резултираат со загуба на живот. Изразуваме наше најдлабоко сочувство до семејството на жртвата, атинскиот фудбалски клуб АЕК и нивните навивачи. Сакаме да повториме дека насилството нема место во нашиот спорт и очекуваме одговорните за овој ужасен чин да бидат уапсени и предадени на правдата во најкус можен рок, соопшти УЕФА.
Раководното тело на европскиот фудбал претходно донесе одлука натпреварите во Атина и Загреб меѓу АЕК и Динамо да се одиграат без присуство на гостински навивачи, но и покрај забраната, вчера во Атина, според извештаите на локалните медиуми, пристигнале околу 200 навивачи на хрватскиот шампион.  

The post УЕФА ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб поради трагичниот инцидент во кој загина едно лице appeared first on Република.

]]>
Судењето на Жан Митрев одложено за 13 јуни https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudeneto-na-zhan-mitrev-odlozheno-za-13-juni/ Fri, 12 May 2023 11:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=640138

Одбраната на Жан Митрев на денешното рочиште побара одложување на судењето поради тоа што не им биле доставени сите докази од листата докази од јавното обвинителство и побара дополнителен рок од 20 работни денови за да извршат увид во доказите и 10 работни денови за подготвување на одбраната.

Одбраната мора да ги добие сите докази што се наоѓаат на листата на Јавното обвинителство, во иста форма како што ги доставил јавниот обвинител, побара еден од бранителите, дополнувајќи дека одбраната бара да ѝ се овозможи, како што рече, „елементарното право за подготовка на одбраната со одложување на ова рочиште“.

По долга дискусија, јавниот обвинител не го оспори барањето, а судот го прифати барањето и следното рочиште го насрочи за 13 јуни.

The post Судењето на Жан Митрев одложено за 13 јуни appeared first on Република.

]]>

Одбраната на Жан Митрев на денешното рочиште побара одложување на судењето поради тоа што не им биле доставени сите докази од листата докази од јавното обвинителство и побара дополнителен рок од 20 работни денови за да извршат увид во доказите и 10 работни денови за подготвување на одбраната. Одбраната мора да ги добие сите докази што се наоѓаат на листата на Јавното обвинителство, во иста форма како што ги доставил јавниот обвинител, побара еден од бранителите, дополнувајќи дека одбраната бара да ѝ се овозможи, како што рече, „елементарното право за подготовка на одбраната со одложување на ова рочиште“. По долга дискусија, јавниот обвинител не го оспори барањето, а судот го прифати барањето и следното рочиште го насрочи за 13 јуни.

The post Судењето на Жан Митрев одложено за 13 јуни appeared first on Република.

]]>