одлив на мозоци Archives - Република https://republika.mk/tema/odliv-na-mozotsi/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 13:03:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одлив на мозоци Archives - Република https://republika.mk/tema/odliv-na-mozotsi/ 32 32 МОФ со јавен апел до државните институтции по информациите дека државата е на петто место по одлив на мозоци https://republika.mk/zivot/kariera/mof-so-javen-apel-do-drzhavnite-instituttsii-po-informatsiite-deka-drzhavata-e-na-petto-mesto-po-odliv-na-mozotsi/ Thu, 04 Jul 2024 13:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=793455

Младински образовен форум (МОФ) изразува јавен апел до државните институтции по добиените бројки дека државата се наоѓа на петтото место за одлив на мозоци.

Истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажува дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава и дека државата не поседува целисходни документи и стратегии за спречување на одливот или истите не ги спроведува доследно. 

Податоците се поистоветуваат и со наодите од истражувањата на граѓанскиот сектор за желбата на младите да заминат од државата, односно бројките говорат дека 6 од 10 млади би заминале од државата. Од друга страна според предвидувањата на Обединетите нации, до 2050 година во македонското општество, младите ќе бидат претставени со 12% во општествената структура.

Како главни причини зошто младите сакаат да заминат од државата се наведени недостатокот од соодветни работни места и услови за работа, но и целокупната корупција која владее во државата и влијае на нефункционалниот образовен, здравствен и судски систем. 

Од друга страна младите во кои државата инвестирала да ги зголемат своите знаења и капацитети преку државните стипендии за студирање во странство остануваат заборавени. Имено, државата во 2012 година ја лансира програмата за стипендирање на македонски студенти на првите 100 Универзитети според Шангајска листа и нуди можности за студентите да се образоваат во странство, а за возврат програмата ги обврзува студентите да се вратат во државата и да го инвестираат своето знаење во македонскиот државен и приватен сектор. За жал, оваа програма иако дизајнирана да ги поттикне младите да се вработуваат во македонското општество истата е нефункционална. Последното истражување на МОФ, „Неискористен студентски потенцијал” покажува дека државата од 2012 до денес, стипендирала 389 студенти да студираат на првите 100 универзитети на Шангајската листа, но речиси ниту еден студент не бил исконтактиран од државните институции.

Наодите од истражувањето дополнително ги истакнуваат значајните пропусти во имплементирањето на стипендијата. Имено, споделените податоци од Министерството за образование и наука и искуствата на поранешните корисници на стипендијата посочуваат пропусти во недоволната и несоодветна евиденција што се води за стипендистите, недоволниот мониторинг во процесот на студирање, како и слабите напори да се обезбедат соодветни работни места што одговараат на квалификациите стекнати од страна на студентите. Во бројки, тоа државниот буџет го чини 40 илјади евра по студент на годишно ниво. Овие бројки се праволиниски со истражувањето на Државниот завод за ревизија според кое, отселувањето на младите ја чини државата 44,7 милијарди денари. Тоа е загуба од 8,34% во македонскиот БДП.

Оттука, би сакале да потенцираме дека моменталните мерки или не вродуваат со никаков плод или се директен стимул за отеселувањето на младите. Затоа е потребно итно спроведување и ревидирање на веќе постоечките мерки кои се насочени кон подобрување на условите за образование, нудење на повеќе можности и мерки за вработување и директно инвестирање во младинскиот капитал. Промени во политиките со цел да се спречи младинскиот егзодус се потребни и во судството, здравството и целокупната државна инфракструктура. Младите не треба да се гледаат како изолирана хомогена таргет група, напротив истите треба да бидат дел од сите политики кои ги носи државата бидејќи се рефлектираат на нив.

Финално, ја посочуваме потребата од итни реформи во сите сектори во државата како и вклучување на младите во нивно креирање и доследно спроведување.

The post МОФ со јавен апел до државните институтции по информациите дека државата е на петто место по одлив на мозоци appeared first on Република.

]]>

Младински образовен форум (МОФ) изразува јавен апел до државните институтции по добиените бројки дека државата се наоѓа на петтото место за одлив на мозоци.

Истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажува дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава и дека државата не поседува целисходни документи и стратегии за спречување на одливот или истите не ги спроведува доследно. 

Податоците се поистоветуваат и со наодите од истражувањата на граѓанскиот сектор за желбата на младите да заминат од државата, односно бројките говорат дека 6 од 10 млади би заминале од државата. Од друга страна според предвидувањата на Обединетите нации, до 2050 година во македонското општество, младите ќе бидат претставени со 12% во општествената структура.

Како главни причини зошто младите сакаат да заминат од државата се наведени недостатокот од соодветни работни места и услови за работа, но и целокупната корупција која владее во државата и влијае на нефункционалниот образовен, здравствен и судски систем. 

Од друга страна младите во кои државата инвестирала да ги зголемат своите знаења и капацитети преку државните стипендии за студирање во странство остануваат заборавени. Имено, државата во 2012 година ја лансира програмата за стипендирање на македонски студенти на првите 100 Универзитети според Шангајска листа и нуди можности за студентите да се образоваат во странство, а за возврат програмата ги обврзува студентите да се вратат во државата и да го инвестираат своето знаење во македонскиот државен и приватен сектор. За жал, оваа програма иако дизајнирана да ги поттикне младите да се вработуваат во македонското општество истата е нефункционална. Последното истражување на МОФ, „Неискористен студентски потенцијал” покажува дека државата од 2012 до денес, стипендирала 389 студенти да студираат на првите 100 универзитети на Шангајската листа, но речиси ниту еден студент не бил исконтактиран од државните институции. Наодите од истражувањето дополнително ги истакнуваат значајните пропусти во имплементирањето на стипендијата. Имено, споделените податоци од Министерството за образование и наука и искуствата на поранешните корисници на стипендијата посочуваат пропусти во недоволната и несоодветна евиденција што се води за стипендистите, недоволниот мониторинг во процесот на студирање, како и слабите напори да се обезбедат соодветни работни места што одговараат на квалификациите стекнати од страна на студентите. Во бројки, тоа државниот буџет го чини 40 илјади евра по студент на годишно ниво. Овие бројки се праволиниски со истражувањето на Државниот завод за ревизија според кое, отселувањето на младите ја чини државата 44,7 милијарди денари. Тоа е загуба од 8,34% во македонскиот БДП. Оттука, би сакале да потенцираме дека моменталните мерки или не вродуваат со никаков плод или се директен стимул за отеселувањето на младите. Затоа е потребно итно спроведување и ревидирање на веќе постоечките мерки кои се насочени кон подобрување на условите за образование, нудење на повеќе можности и мерки за вработување и директно инвестирање во младинскиот капитал. Промени во политиките со цел да се спречи младинскиот егзодус се потребни и во судството, здравството и целокупната државна инфракструктура. Младите не треба да се гледаат како изолирана хомогена таргет група, напротив истите треба да бидат дел од сите политики кои ги носи државата бидејќи се рефлектираат на нив. Финално, ја посочуваме потребата од итни реформи во сите сектори во државата како и вклучување на младите во нивно креирање и доследно спроведување.

The post МОФ со јавен апел до државните институтции по информациите дека државата е на петто место по одлив на мозоци appeared first on Република.

]]>