Одисеја Archives - Република https://republika.mk/tema/odiseja/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 08:16:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Одисеја Archives - Република https://republika.mk/tema/odiseja/ 32 32 Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона https://republika.mk/vesti/kultura/so-kontsertot-go-slavime-jubilejot-makedonska-filharmonija-vecherva-ja-otvora-rodendenskata-sezona/ Thu, 10 Oct 2024 08:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=825015

Со концерт насловен „Го славиме јубилејот“ вечерва, на 10 октомври, во 20 часот ќе биде отворена роденденската сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На концертот како солист ќе настапи сопранистката Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел.

На програмата е премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев.

Македонската филхармонија оваа година како најстар музички колектив одбележува 80 години постоење.

Нашата концертна сезона е наречена „Одисеја“ и претставува музичко патување исполнето со многу музички предизвивици, авантури и многу концерти, вели в.д, директорот на Филхармонија Александар Котевски.

Тој најави дека оваа концертна сезона ќе настапат многу македонски солисти и диригенти, како и врвни светски гости.

Внимателно беше правена програмата за да бидат застапени сите инструменти. Сигурен сум дека оваа концертна сезона ќе го задржи вниманието и фокусот на нашата драга публика. Подготовките се во тек и сигурен сум дека ќе имаме реализација на одличен концерт. Акцент се става на изведба на премиерни нови македонски композиции. Сигурен сум дека македонската публика ќе ужива во нашите неповторливи концертни реализации на осмислената програма, додаде Котевски.

Маестро Јерухам Шаровски вели дека има посебна поврзаност со овој оркестар, со кој работел од 2003 година.

Ние имавме успешна турнеја на Македонската филхармонија во Израел во 2019 година. Имам одлична соработка со професионалците од оркестарот на Филхармонија, имаме посебна искра и енергија. Испланиравме убава програма за во иднина, со в.д директорот на Фихармонија Александар Котевски, се знаеме долги години. Го знам како професионалец, односно виолончелист во оркестарот на Македонската филхармонија и можам да кажам дека тој е многу посветен и амбициозен, со посебна искра во работата, вели маестро Шаровски, за кого нашата сопранистката Ана Дурловски, е една од најголемите оперски гласови со кои работел во својата долгогодишна кариера.

Сопранистката Ана Дурловски рече дека и е драго што ќе соработува со маестро Јерухам Шаровски и најави една специфична и интимна програма со музиката на Корнголд, која ќе биде прикажана на концертот.

Овој оркестар е во моето срце. Имам прекрасна соработка со колегите веќе години наназад, тука се моите почетоци. Првиот мој настап со оркестар беше всушност со Македонска филхармонија. Драго ми е што соработуваме со маестро Шаровски и се надевам дека нема да биде последна соработка. Ве уверувам дека ќе уживате во концертот. Се работи за специфична и интимна програма со музиката на Корнголд. Можеби најубавиот момент фатен во музиката „На смрттна разделба“ е една од композициите која ќе се изведе и ова е моето омилено парче во оперската литература. Ќе бидат изведени „Шест едноставни песни“ од Корнголд, но заради повисоките штимови во оркестарот, ќе се изведат четири од тие шест. Ќе биде изведена и песната на Мариета од операта „Мртвиот град“, од Корнголд, вели  Дурловски за вечерашниот концерт.

Премиерно, на концертот вечерва ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation).

Во концертната сезона 2024/2025, во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.

The post Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона appeared first on Република.

]]>

Со концерт насловен „Го славиме јубилејот“ вечерва, на 10 октомври, во 20 часот ќе биде отворена роденденската сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На концертот како солист ќе настапи сопранистката Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. На програмата е премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев. Македонската филхармонија оваа година како најстар музички колектив одбележува 80 години постоење.
Нашата концертна сезона е наречена „Одисеја“ и претставува музичко патување исполнето со многу музички предизвивици, авантури и многу концерти, вели в.д, директорот на Филхармонија Александар Котевски.
Тој најави дека оваа концертна сезона ќе настапат многу македонски солисти и диригенти, како и врвни светски гости.
Внимателно беше правена програмата за да бидат застапени сите инструменти. Сигурен сум дека оваа концертна сезона ќе го задржи вниманието и фокусот на нашата драга публика. Подготовките се во тек и сигурен сум дека ќе имаме реализација на одличен концерт. Акцент се става на изведба на премиерни нови македонски композиции. Сигурен сум дека македонската публика ќе ужива во нашите неповторливи концертни реализации на осмислената програма, додаде Котевски.
Маестро Јерухам Шаровски вели дека има посебна поврзаност со овој оркестар, со кој работел од 2003 година.
Ние имавме успешна турнеја на Македонската филхармонија во Израел во 2019 година. Имам одлична соработка со професионалците од оркестарот на Филхармонија, имаме посебна искра и енергија. Испланиравме убава програма за во иднина, со в.д директорот на Фихармонија Александар Котевски, се знаеме долги години. Го знам како професионалец, односно виолончелист во оркестарот на Македонската филхармонија и можам да кажам дека тој е многу посветен и амбициозен, со посебна искра во работата, вели маестро Шаровски, за кого нашата сопранистката Ана Дурловски, е една од најголемите оперски гласови со кои работел во својата долгогодишна кариера.
Сопранистката Ана Дурловски рече дека и е драго што ќе соработува со маестро Јерухам Шаровски и најави една специфична и интимна програма со музиката на Корнголд, која ќе биде прикажана на концертот.
Овој оркестар е во моето срце. Имам прекрасна соработка со колегите веќе години наназад, тука се моите почетоци. Првиот мој настап со оркестар беше всушност со Македонска филхармонија. Драго ми е што соработуваме со маестро Шаровски и се надевам дека нема да биде последна соработка. Ве уверувам дека ќе уживате во концертот. Се работи за специфична и интимна програма со музиката на Корнголд. Можеби најубавиот момент фатен во музиката „На смрттна разделба“ е една од композициите која ќе се изведе и ова е моето омилено парче во оперската литература. Ќе бидат изведени „Шест едноставни песни“ од Корнголд, но заради повисоките штимови во оркестарот, ќе се изведат четири од тие шест. Ќе биде изведена и песната на Мариета од операта „Мртвиот град“, од Корнголд, вели  Дурловски за вечерашниот концерт.
Премиерно, на концертот вечерва ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation). Во концертната сезона 2024/2025, во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.  

The post Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона appeared first on Република.

]]>
Награда за безвременски хит на „Охрид фест“ за Лео Мартин : „Одисеја“ е песна на мојот живот https://republika.mk/scena/nagrada-za-bezvremenski-hit-na-ohrid-fest-za-leo-martin-odiseja-e-pesna-na-mojot-zhivot/ Mon, 08 Jul 2024 08:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=794472

Еден од најпознатите изведувачи од екс-Ју простори, автентичен и со гласот и во појавноста, Лео Мартин, годинава на „Охрид фест“ ја добива наградата за безвременски хит. Имено, композицијата „Одисеја“ евидентно стана евергрин добивајќи уште едно признание, а „Охрид фест“ останува доследен на својата цел да ги испочитува големите имиња од минатото, сите оние што оставиле трага во музиката.

Како сте Лео, каде ве наоѓам? За почеток, како најчесто ве ословуваат, со името од личната карта -Милош, или со вашето уметничко име?

Сите ме викаат Лео, а сопругата и нејзиното семејство ми велат- Мартин. Единствено мојот покоен пријател, композиторот и диригентот Војкан Борисављевиќ ме ословуваше со моето вистинско име- Милош.

Имате ли спомени врзани за Македонија, дали досега сте биле во Охрид?

Да, ја сакам вашата земја, бев многупати а таму живее и мојот син со семејството. Учествував на Скопски фестивал, и тоа со забележителен успех, се сеќавам на песните „Да нема разделби“, „Билјана“... Во Охрид бев во рамките на турнеја на Практична жена и тоа траеше една недела. Охрид е прекрасен, се радувам што ќе го видам повторно.

Вашата најголема популарност се случи во 70тите и 80тите години на минатиот век. Тогаш се роди хитот „Одисеја“, со кој не отидовте на Евровизија, но оваа песна стана вистински евергрин. Годинава на „Охрид фест“ е прогласена за безвременски хит. Како реагиравте на тоа дека „Одисеја“ сеуште се помни?

„Одисеја“ е вонвременска песна, ја пеат и стари ама и млади, на разни натпревари. Тоа е добро бидејќи и даваат надеж на добрата музика која се слуша. За жал, денес музиката повеќе се гледа одошто се слуша и тука престанува музиката. Што се однесува до фестивалското признание, се разбира дека бев почестен што „Одисеја“ е прогласна за безвременски хит. Навистина ми е голема чест.

Вашата биографија ја краси интернационалната кариера и големи хитови како што се „Лаку ноќ драги...“, „Ја те волим“, „Збогом“... На што од вашата богата кариера најрадо се сеќавате?

Првите плочи почнав да ги снимам во странство во 1968 за CBS, „Let Me Stay“ и други песни кои по лиценца пристигнуваа во Југославија. Домашната кариера ја започнав со песната „Волите се људи“ од Корнелије Ковач, потоа „Барбара“ од Вељко Вујичиќ, а потоа започна најуспешен дел од мојата кариера, соработката со Војкан Борисављевиќ- „Одисеја“, „Ја те волим“, „Збогом Кристина“, „Лаку ноќ драги“, „Добро вече мој животе“, „Песмо моја“ и др. Тоа е периодот на кој најрадо се сеќавам. После толку многу песни, турнеи, концерти..., искуство.

Кој е советот што би им го дале на оние кои допрва ја почнуваат кариерата?

Совет?! Ако мислат да се занимаваат со музиката цел живот и да остават некаква трага, тогаш таа работа треба многу серизно да ја сфатат. Да се музички и секако образовани, точни и талентирани. А треба многу да се работи, да се вежба, да се слуша. Во спротивно, се е со кус здив и губење на време.

The post Награда за безвременски хит на „Охрид фест“ за Лео Мартин : „Одисеја“ е песна на мојот живот appeared first on Република.

]]>

Еден од најпознатите изведувачи од екс-Ју простори, автентичен и со гласот и во појавноста, Лео Мартин, годинава на „Охрид фест“ ја добива наградата за безвременски хит. Имено, композицијата „Одисеја“ евидентно стана евергрин добивајќи уште едно признание, а „Охрид фест“ останува доследен на својата цел да ги испочитува големите имиња од минатото, сите оние што оставиле трага во музиката. Како сте Лео, каде ве наоѓам? За почеток, како најчесто ве ословуваат, со името од личната карта -Милош, или со вашето уметничко име?