одби Archives - Република https://republika.mk/tema/odbi/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 09:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одби Archives - Република https://republika.mk/tema/odbi/ 32 32 Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-odbi-da-ja-primi-protestnata-nota-od-mnr/ Mon, 16 Sep 2024 18:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=816893

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот.

Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.

На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна.

Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот.

Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.

Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.

 

The post Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот. Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.
Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.
На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна. Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот. Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков. Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.  

The post Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР appeared first on Република.

]]>
Бејби Лазања ја одби награда од 50.000 евра од Владата на Хрватска https://republika.mk/scena/muzika/bejbi-lazana-ja-odbi-nagrada-od-50-000-evra-od-vladata-na-hrvatska/ Thu, 16 May 2024 11:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=778796

Годинешниот претставник на Хрватска на „Евровизија“ - Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, денеска изјави дека не ја прифаќа владината парична награда од 50.000 евра, бидејќи има многу поединци и организации на кои им требаат тие пари повеќе.

Бејби Лазања во објава на Инстаграм ѝ се заблагодари на Владата на Хрватска за паричната награда и од техничкиот премиер Андреј Пленковиќ... Но, побара да донираат по 25.000 евра на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“ и Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација во Загреб.

Пленковиќ претходно на владината седница најави дека Владата ќе го награди хрватскиот претставник на „Евросонг“ со 50.000 евра, за „огромна промоција на Хрватска“ и за освоеното второ место.

The post Бејби Лазања ја одби награда од 50.000 евра од Владата на Хрватска appeared first on Република.

]]>

Годинешниот претставник на Хрватска на „Евровизија“ - Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, денеска изјави дека не ја прифаќа владината парична награда од 50.000 евра, бидејќи има многу поединци и организации на кои им требаат тие пари повеќе. Бејби Лазања во објава на Инстаграм ѝ се заблагодари на Владата на Хрватска за паричната награда и од техничкиот премиер Андреј Пленковиќ... Но, побара да донираат по 25.000 евра на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“ и Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација во Загреб. Пленковиќ претходно на владината седница најави дека Владата ќе го награди хрватскиот претставник на „Евросонг“ со 50.000 евра, за „огромна промоција на Хрватска“ и за освоеното второ место.

The post Бејби Лазања ја одби награда од 50.000 евра од Владата на Хрватска appeared first on Република.

]]>
Tаткото на Вања останува во притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-vana-ostanuva-vo-pritvor/ Mon, 22 Jan 2024 14:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=735518

Таткото на убиената Вања, останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор.

„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот
П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејствоот кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.

 

The post Tаткото на Вања останува во притвор appeared first on Република.

]]>

Таткото на убиената Вања, останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор. „Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет. Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејствоот кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.  

The post Tаткото на Вања останува во притвор appeared first on Република.

]]>