одбележување на ослободувањето Archives - Република https://republika.mk/tema/odbelezhuvane-na-osloboduvaneto/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 08:40:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одбележување на ослободувањето Archives - Република https://republika.mk/tema/odbelezhuvane-na-osloboduvaneto/ 32 32 Скопје одбележува 80 години од ослободувањето https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-odbelezhuva-80-godini-od-osloboduvaneto/ Wed, 13 Nov 2024 08:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=837020

По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.

Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот, пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.

Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија. 

Во пресрет на обележувањето на 80-годишнината од ослободувањето, синоќа премиерот Христијан Мицкоски говореше на настан во организација на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, насловен „Скопје се буди“. 

Како што е најавено, претседателот на Владата денеска ќе се обрати и на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност.

Меѓународниот научен собир е организиран по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. Настанот е во организација на Институтот за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметноститe (МАНУ).

На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација за време на Втората светска војна.

The post Скопје одбележува 80 години од ослободувањето appeared first on Република.

]]>