од седмо до деветто одделение Archives - Република https://republika.mk/tema/od-sedmo-do-devetto-oddelenie/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 14:24:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png од седмо до деветто одделение Archives - Република https://republika.mk/tema/od-sedmo-do-devetto-oddelenie/ 32 32 Учениците од седмо до деветто одделение ќе мораат да учестуваат во општествено корисни активности https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-od-sedmo-do-devetto-oddelenie-ke-moraat-da-uchestuvaat-vo-opshtestveno-korisni-aktivnosti/ Fri, 15 Nov 2024 14:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=838182

Министерството и Бирото за развој на образованието првпат годинава изработија програма за учениците од седмо до деветто одделение, според која секој ученик е обврзан да учествува во општествено корисни активности со вкупно 30 саати годишно. Овие активности имаат за цел да ја развијат свеста за заедницата, одговорноста кон општеството и емпатијата кај учениците.

Оваа новина ја соопшти министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната Национална конференција за соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, во организација на Цивика Мобилитас со поддршка од Швајцарската амбасада.

Програмата вклучува волонтерство и соработка со граѓански организации, а преку ваквиот ангажман учениците ќе учат како да придонесуваат за доброто на заедницата, што е важно за нивниот личен развој и граѓанска одговорност, рече Јаневска додавајќи дека од следната година, програма за општествено корисни активности ќе се изработи и за учениците од гимназиите, со оглед на тоа што гимназиското образование е во процес на реформирање.

Одговарајќи на прашање како МОН планира да ги вклучи граѓанските организации во развојот, спроведувањето и следењето на новата Национална стратегија за образование за 2026 година, министерката рече дека граѓанските здруженија се веќе вклучени во процес кој претходи на пишувањето на Националната стратегија.

Досега се сретнав со 50тина граѓански здруженија и со сите дискутираме за предизвиците кои ги засегаат оние кои тие ги застапуваат како организации. За секој предизвик оформуваме одговори во вид на мерки, проекти, активности, законски измени и слично. Дел од нив се веднаш спроведливи, дел пак, ќе бидат интегрирани во стратешки документи како што е Националната стратегија. Комуникацијата со здруженијата ни е особено важна, додаде Јаневска.

Посочи дека сите општествени чинители имаат подеднаква одговорност во градењето квалитетен образовен систем и затоа се заложува за уште поинтензивна соработка со граѓанскиот сектор.

The post Учениците од седмо до деветто одделение ќе мораат да учестуваат во општествено корисни активности appeared first on Република.

]]>

Министерството и Бирото за развој на образованието првпат годинава изработија програма за учениците од седмо до деветто одделение, според која секој ученик е обврзан да учествува во општествено корисни активности со вкупно 30 саати годишно. Овие активности имаат за цел да ја развијат свеста за заедницата, одговорноста кон општеството и емпатијата кај учениците. Оваа новина ја соопшти министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната Национална конференција за соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, во организација на Цивика Мобилитас со поддршка од Швајцарската амбасада.