оброк Archives - Република https://republika.mk/tema/obrok/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jan 2024 09:46:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оброк Archives - Република https://republika.mk/tema/obrok/ 32 32 Колку чини оброк во евтин ресторан ширум светот: Швајцарија е најскапа, а во Македонија е поскапо од БиХ https://republika.mk/zivot/patuvanja/kolku-chini-obrok-vo-evtin-restoran-shirum-svetot-shvajtsarija-e-najskapa-a-vo-makedonija-e-poskapo-od-bih/ Fri, 19 Jan 2024 10:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=734602

На страницата „World of Statistics“ е објавен преглед на цените на оброците во евтините ресторани по разни земји во светот.

Податоците покажуваат дека најскап оброк има во Швајцарија со просечни 28,99 долари. На другиот крај на листата е Нигерија, каде што просечната цена на оброк во евтин ресторан чини 1,48 долари.

Меѓу најскапите се Данска, САД, Луксембург, Белгија, Норвешка и Велика Британија, каде што ќе треба да издвоите 18 долари и повеќе за просечен оброк во евтин ресторан.

Кога зборуваме за Македонија - таа е на дното на листата, а според објавените податоци, просечната цена на оброк во евтин ресторан во Македонија чини 5,29 долари.

БиХ е со просек од 5,01 долар, Хрватска е со просек од 10,84 долари, а Србија со 7,42 долари.

Кога станува збор за земјите со најниски просечни цени се Пакистан, Бангладеш, Непал, Индонезија, Виетнам, Алжир, Малезија, Шри Ланка, Тајланд и Боливија, каде што просечната цена на оброк во евтин ресторан не надминува 3 долари.

https://twitter.com/stats_feed/status/1747595159435649125?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1747595159435649125%7Ctwgr%5E097ae019985f5e83a7e74a09bdc0ac1255233396%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Flifestyle%2Fgastro%2Fkoliko-u-svijetu-kosta-obrok-u-jeftinim-restoranima-svicarska-najskuplja-evo-koliko-je-u-bih%2F240117106

The post Колку чини оброк во евтин ресторан ширум светот: Швајцарија е најскапа, а во Македонија е поскапо од БиХ appeared first on Република.

]]>

На страницата „World of Statistics“ е објавен преглед на цените на оброците во евтините ресторани по разни земји во светот. Податоците покажуваат дека најскап оброк има во Швајцарија со просечни 28,99 долари. На другиот крај на листата е Нигерија, каде што просечната цена на оброк во евтин ресторан чини 1,48 долари. Меѓу најскапите се Данска, САД, Луксембург, Белгија, Норвешка и Велика Британија, каде што ќе треба да издвоите 18 долари и повеќе за просечен оброк во евтин ресторан. Кога зборуваме за Македонија - таа е на дното на листата, а според објавените податоци, просечната цена на оброк во евтин ресторан во Македонија чини 5,29 долари. БиХ е со просек од 5,01 долар, Хрватска е со просек од 10,84 долари, а Србија со 7,42 долари. Кога станува збор за земјите со најниски просечни цени се Пакистан, Бангладеш, Непал, Индонезија, Виетнам, Алжир, Малезија, Шри Ланка, Тајланд и Боливија, каде што просечната цена на оброк во евтин ресторан не надминува 3 долари. https://twitter.com/stats_feed/status/1747595159435649125?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1747595159435649125%7Ctwgr%5E097ae019985f5e83a7e74a09bdc0ac1255233396%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Flifestyle%2Fgastro%2Fkoliko-u-svijetu-kosta-obrok-u-jeftinim-restoranima-svicarska-najskuplja-evo-koliko-je-u-bih%2F240117106

The post Колку чини оброк во евтин ресторан ширум светот: Швајцарија е најскапа, а во Македонија е поскапо од БиХ appeared first on Република.

]]>
Отец Оливер Петровски: Околу 700.000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца https://republika.mk/vesti/otets-oliver-petrovski-okolu-700-000-luge-imaat-samo-eden-obrok-vo-tekot-na-denot-polovina-se-detsa/ Mon, 16 Oct 2023 12:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=691727

Во моментот има фрапантни 700 000 до 800 000 гладни луѓе во нашата држава, тоа се луѓе кои имаат само еден оброк во текот на денот што е жално и срамно, информира Отец Оливер Петровски во изјава за МИА на одбележувањето на Светскиот ден на гладот - 16 октомври.

Отецот на еден од отворените пунктови во рамки на денешната хуманитарната акција за собирање храна и хигиенски средства наречена „Зедно против гладот“ која се одржува на повеќе локации во Скопје истакна дека половина од вкупниот број на гладни луѓе за жал се деца.

-Институциите најверојатно ќе излезат со бројка од 500 000 што не е точна, според нашите информации и хуманитарни акции на терен, бројката на оние луѓе кои немаат оброк или имаат само еден оброк во текот на денот е некаде околу 700 000, за жал половината од нив се деца, тоа се оние дечиња кои секојдневно ги поминуваме и се трудиме да не ги погледнеме во очи затоа што нели тогаш моежби би се виделе самите ние во нив, значи да не го тргаме погледот да им помогнеме без разлика на вера на нација затоа што детето е дете не знае ни за вера, ни за нација, а за жал знае за глад, порача отецот.

Тој посочи дека кризите, односно зголемените цени на основните продукти влијаело и врз намалување на донациите за гладните.

- Мислам дека секојдневно се зголемува свеста кај луѓето за нефрлањето на храна, но треба уште многу да се работи на тоа. Е сега околу донирањето на храна, тука треба да сфатиме дека живееме во многу тешки времиња кога цените постојано растат така што луѓето колку и да сакаат да донирата се плашат дали ќе имаат потоа и за самите нив. Токму поради тоа мислам дека малце е намалено донирањето во последно време, но се надевам дека ќе успее народот да ја врати онаа финансиска или економска стабилност за да можат да помагаат на сите останати, изјави тој.

Оцени дека државата оваа група на граѓани воопшто не ја интересира.

-Државата треба да се вклучи во креирањето на фнкционален механизам за храната која се фрла да оди кај гладните, која за жал морам да кажам дека воопшто не ја интересира, па и воопшто околу социјалната категорија на граѓани. Мислам дека не ја интересира, еве јас намерно ги тагирав сите политичари на социјалните мрежи, баш ме интересира кој од нив ќе донира храна ако знаеме дека си ја зголемија енормно платата така што би апелирал до политичарите до Владата да се освестат, бидејќи народот ги бира и ако не работат за народот многу брзо можат да бидат сменети, така што или нека почнат да работат за народот како што треба или нека пуштат некој друг, подвлече Отецот.

Според него кризите ќе придонесат за зголемување на гладта и порача дека во овие времиња е најпотребна сплотеноста.

Информира дека денешната хуманитарна акцијата која е во организација на „Свети Спас“ трае само денеска, но не ја исклучи можноста во иднина да има уште една ваква акција.

-Порано во склоп со акцијата „Сите сити“ организирано од Ајде Македонијо се правеше двапати во текот на годината изминатите пет години, ова е вторпат како ние самостојно ја правиме со тоа што сега отворивме 10 пункта, наместо три како што имавме претходно, рече тој.

Во текот на денот пунктови за донирање ќе можат да се најдат пред Супертинекс –првомајска и тоа во периодот од 12 до 20 часот, Веро Џамбо од 12 до 20 часот, Веро во населба Аеродром од 12 до 20 часот, потоа Зур маркет во населба Драчево од 08:30 часот до 20 часот, Стокомак во Драчево во периодот од 14 до 20 часот, кај Стокомак во населба Автокоманда, Веро во населба Тафталиџе, Зур маркет во Ѓорче Петроб од 12 до 20 часот, Дим маркет село Стајковци од 12 до 20 часот, Стокомак во Илинден и Бутел од 12 до 20 часот и  Магацинот на организацијата од 10 до 20 часот.

The post Отец Оливер Петровски: Околу 700.000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца appeared first on Република.

]]>

Во моментот има фрапантни 700 000 до 800 000 гладни луѓе во нашата држава, тоа се луѓе кои имаат само еден оброк во текот на денот што е жално и срамно, информира Отец Оливер Петровски во изјава за МИА на одбележувањето на Светскиот ден на гладот - 16 октомври. Отецот на еден од отворените пунктови во рамки на денешната хуманитарната акција за собирање храна и хигиенски средства наречена „Зедно против гладот“ која се одржува на повеќе локации во Скопје истакна дека половина од вкупниот број на гладни луѓе за жал се деца. -Институциите најверојатно ќе излезат со бројка од 500 000 што не е точна, според нашите информации и хуманитарни акции на терен, бројката на оние луѓе кои немаат оброк или имаат само еден оброк во текот на денот е некаде околу 700 000, за жал половината од нив се деца, тоа се оние дечиња кои секојдневно ги поминуваме и се трудиме да не ги погледнеме во очи затоа што нели тогаш моежби би се виделе самите ние во нив, значи да не го тргаме погледот да им помогнеме без разлика на вера на нација затоа што детето е дете не знае ни за вера, ни за нација, а за жал знае за глад, порача отецот. Тој посочи дека кризите, односно зголемените цени на основните продукти влијаело и врз намалување на донациите за гладните. - Мислам дека секојдневно се зголемува свеста кај луѓето за нефрлањето на храна, но треба уште многу да се работи на тоа. Е сега околу донирањето на храна, тука треба да сфатиме дека живееме во многу тешки времиња кога цените постојано растат така што луѓето колку и да сакаат да донирата се плашат дали ќе имаат потоа и за самите нив. Токму поради тоа мислам дека малце е намалено донирањето во последно време, но се надевам дека ќе успее народот да ја врати онаа финансиска или економска стабилност за да можат да помагаат на сите останати, изјави тој. Оцени дека државата оваа група на граѓани воопшто не ја интересира. -Државата треба да се вклучи во креирањето на фнкционален механизам за храната која се фрла да оди кај гладните, која за жал морам да кажам дека воопшто не ја интересира, па и воопшто околу социјалната категорија на граѓани. Мислам дека не ја интересира, еве јас намерно ги тагирав сите политичари на социјалните мрежи, баш ме интересира кој од нив ќе донира храна ако знаеме дека си ја зголемија енормно платата така што би апелирал до политичарите до Владата да се освестат, бидејќи народот ги бира и ако не работат за народот многу брзо можат да бидат сменети, така што или нека почнат да работат за народот како што треба или нека пуштат некој друг, подвлече Отецот. Според него кризите ќе придонесат за зголемување на гладта и порача дека во овие времиња е најпотребна сплотеноста. Информира дека денешната хуманитарна акцијата која е во организација на „Свети Спас“ трае само денеска, но не ја исклучи можноста во иднина да има уште една ваква акција. -Порано во склоп со акцијата „Сите сити“ организирано од Ајде Македонијо се правеше двапати во текот на годината изминатите пет години, ова е вторпат како ние самостојно ја правиме со тоа што сега отворивме 10 пункта, наместо три како што имавме претходно, рече тој. Во текот на денот пунктови за донирање ќе можат да се најдат пред Супертинекс –првомајска и тоа во периодот од 12 до 20 часот, Веро Џамбо од 12 до 20 часот, Веро во населба Аеродром од 12 до 20 часот, потоа Зур маркет во населба Драчево од 08:30 часот до 20 часот, Стокомак во Драчево во периодот од 14 до 20 часот, кај Стокомак во населба Автокоманда, Веро во населба Тафталиџе, Зур маркет во Ѓорче Петроб од 12 до 20 часот, Дим маркет село Стајковци од 12 до 20 часот, Стокомак во Илинден и Бутел од 12 до 20 часот и  Магацинот на организацијата од 10 до 20 часот.

The post Отец Оливер Петровски: Околу 700.000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца appeared first on Република.

]]>
МОН: Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк https://republika.mk/vesti/mon-isplateni-se-sredstvata-za-uchenichki-i-studentski-stipendii-i-za-subventsioniran-studentski-obrok/ Wed, 15 Mar 2023 11:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=619844

Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец, додаваат од Министерството.

Потсетуваме дека на иницијатива на министерството, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти. За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот (во три примероци) за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од следниот линк.

МОН и Владата воведуваат нови финансиски права, стимулации и образовни можности кои во минатото не биле достапни. Ученичкиот и студентскиот стандард постојано растат, а младите се активни учесници во креирањето на политиките кои ги засегаат. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите, велат од МОН.

The post МОН: Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).
Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец, додаваат од Министерството.
Потсетуваме дека на иницијатива на министерството, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти. За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот (во три примероци) за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од следниот линк.
МОН и Владата воведуваат нови финансиски права, стимулации и образовни можности кои во минатото не биле достапни. Ученичкиот и студентскиот стандард постојано растат, а младите се активни учесници во креирањето на политиките кои ги засегаат. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите, велат од МОН.

The post МОН: Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Студентите бараат одговор кога ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк https://republika.mk/vesti/makedonija/studentite-baraat-odgovor-koga-kje-im-bidat-isplateni-sredstvata-za-subvencioniran-studentski-obrok/ Thu, 15 Dec 2022 13:23:28 +0000 https://republika.mk/?p=585993

Движењето Студентски отпор за правда на студентите реагира на тоа што на студентите се уште не им се исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк и најавуваат дека доколку не добијат информации кога тоа ќе се случи ќе организираат протести.

Според законското решение кое беше донесено пред само неколку месеци беше предвидена исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година. Конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат добиено повратна информација од МОН и не знаат кога ќе им бидат исплатени средствата. Ние предупредувавме уште кога се носеше ова конфузно законско решение дека нема да ги даде посакуваните резултати и дека ќе биде на штета на студентите, велат од Студентски отпор за правда на студентите.

Тие упатуваат повик до оние кои преговарале во име на студентите да се изјаснат по однос на новонастанатата ситуација, а од МОН и министерот за образование и наука бараат одговор кога студентите ќе ги добијат финансиските средства што законски им следуваат. Доколку не добиеме одговор, велат оттаму, ќе пристапат кон организирање масовни студентски демонстрации.

The post Студентите бараат одговор кога ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Движењето Студентски отпор за правда на студентите реагира на тоа што на студентите се уште не им се исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк и најавуваат дека доколку не добијат информации кога тоа ќе се случи ќе организираат протести. Според законското решение кое беше донесено пред само неколку месеци беше предвидена исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година. Конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат добиено повратна информација од МОН и не знаат кога ќе им бидат исплатени средствата. Ние предупредувавме уште кога се носеше ова конфузно законско решение дека нема да ги даде посакуваните резултати и дека ќе биде на штета на студентите, велат од Студентски отпор за правда на студентите. Тие упатуваат повик до оние кои преговарале во име на студентите да се изјаснат по однос на новонастанатата ситуација, а од МОН и министерот за образование и наука бараат одговор кога студентите ќе ги добијат финансиските средства што законски им следуваат. Доколку не добиеме одговор, велат оттаму, ќе пристапат кон организирање масовни студентски демонстрации.

The post Студентите бараат одговор кога ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>
„Без паника, не јадеме колку Маричиќ“: Студентите им оставија оброк на пратениците https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-panika-ne-jademe-kolku-marichikj-studentite-im-ostavija-obrok-na-pratenicite/ Mon, 14 Nov 2022 16:27:37 +0000 https://republika.mk/?p=573784

Пред Собранието на Република Македонија се одржа протест на студентите, кои на крајот решија да им го остават студентскиот оброк на пратениците и така да им испратат јасна порака.

Студентите се борат за подигнување на студентскиот стандард во Македонија, а исто така испратија и различни пораки до пратениците.

Во продолжение следат фотографиите од студентскиот оброк.

The post „Без паника, не јадеме колку Маричиќ“: Студентите им оставија оброк на пратениците appeared first on Република.

]]>

Пред Собранието на Република Македонија се одржа протест на студентите, кои на крајот решија да им го остават студентскиот оброк на пратениците и така да им испратат јасна порака. Студентите се борат за подигнување на студентскиот стандард во Македонија, а исто така испратија и различни пораки до пратениците. Во продолжение следат фотографиите од студентскиот оброк.

The post „Без паника, не јадеме колку Маричиќ“: Студентите им оставија оброк на пратениците appeared first on Република.

]]>