образовни асистенти Archives - Република https://republika.mk/tema/obrazovni-asistenti/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 13:52:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png образовни асистенти Archives - Република https://republika.mk/tema/obrazovni-asistenti/ 32 32 Јаневска: МОН ја заврши својата работа, училиштата со ресурсни центри го распишуваат конкурсот за ангажирање на асистенти https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-mon-ja-zavrshi-svojata-rabota-uchilishtata-so-resursni-tsentri-go-raspishuvaat-konkursot-za-angazhirane-na-asistenti/ Thu, 05 Sep 2024 13:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=813574

Децата со попреченост имаат и ќе имаат асистенти. Веќе се обезбедени 815 асистенти, а за 200 асистенти чекавме ребаланс на буџетот за да ги обезбедиме средствата. Министерството за образование и наука (МОН) ја заврши својата работа, а училиштата со ресурсни центри го распишуваат конкурсот за нивно ангажирање, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

-Тие требаше да планираат кога да го распишат конкурсот, кога да ги објават конкурсите во весниците, зашто слушам дека велат оти МОН требало да им каже кога да ги објават конкурсите. Зошто поставуваме директори на училишта ако не си ги знаат своите основни обврски, рече Јаневска во одговор на прашање при денешната посета на скопската компанија „КАЗ груп“ каде се спроведува практична работа за дуално образование.

Денеска, како што кажа, се потпишуваат договорите со 815 асистенти, а конкурсот за 200-те асистенти е во тек.

-Апелирам до родителите, до раководствата на училиштата и до наставниците дека ниедно дете не смее да седи дома. Сите мора да бидат примени во училиштата. Има наставници, има инклузивни тимови, има психолози, педагози, дефектолози, некаде има и социолози – тие треба да се подготвени да ги примат децата. Асистенти ќе има и овој пат ќе бидат во поголем број од претходно. Наредната година ќе има уште поголем број ако има потреба, посочи Јаневска.

Состојбата со учебниците ја оцени како одлична.

-Директорите, наставниците и класните раководители се должни да побараат онолку учебници колку што им требаат. МОН и Бирото за развој на образованието објавија за кои предмети треба, а за кои не треба да има учебници. За изборните предмети, деловите од новата концепција кои ние како нова Влада ги прифаќаме, не треба да има учебници, туку учениците преку интерактивна работа меѓу себе и со наставникот ќе ги стекнуваат знаењата. Доколку директорите не порачале доволно учебници ќе им биде нагласено дека згрешиле, рече Јаневска.

Прецизира дека МОН отвора информациски систем во кој вели запишете колку учебници ви требаат, а директорите се должни за секое училиште да кажат колку учебници им требаат со точна бројка.

-Ние не сме им забраниле да искалкулираат 2 до 3 проценти повеќе, напротив одлучивме да се обезбеди двојно од бројката која тие ја побараа и тоа е правило и јас како министер и било кој од МОН не може да отстапи од тоа правило. Ако директорите не си ја завршиле работата не е одговорност на МОН, но ќе направиме напор ако некаде постои вишок на книги да обезбедиме учебник таму каде што нема, истакна Јаневска.

Истакна дека се што можеше да се направи во изминатите 70 дена од мандатот на новата Влада е направено, но не може да се реши се што беше оставено како проблем од претходната власт.

-Со буџетот за следната година се е предвидено и сите олеснувања за учениците и родителите зашто образованието, учениците и родителите ни се во фокусот, посочи Јаневска.

Прашана дали букварите што ги доделуваа министерот Меџити и градоначалникот на Тетово, Касами се одобрени од Бирото за развој на образованието, Јаневска рече дека Бирото го одобрило букварот како дидактички помошен материјал, а поранешниот министер Јетон Шаќири го потпишал.

-Сега ова е донација, а секој може да донира дидактички материјал. Тоа е поминато низ институциите на државата, но не е учебник. Со диплома и со сведителство во оваа држава може да се стекнат само тие што учат по наставна програма и план одобрени од Бирото за развој на образование на нашата држава, рече Јаневска и додаде дека дидактичките материјали одобрени од Бирото и поранешниот министер може да бидат во употреба.

The post Јаневска: МОН ја заврши својата работа, училиштата со ресурсни центри го распишуваат конкурсот за ангажирање на асистенти appeared first on Република.

]]>

Школската година почна без образовни и лични асистенти, родителите револтирани, министерката смирува https://republika.mk/vesti/makedonija/shkolskata-godina-pochna-bez-obrazovni-i-lichni-asistenti-roditelite-revoltirani-ministerkata-smiruva/ Mon, 02 Sep 2024 10:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=812216

Родителите на учениците на кои им се потребни образовни или лични асистенти во недоумица. Школската година започна, асистенти нема. Училиштето ги известува родителите дека нема услови детето без придружба да седи на часови. Од Министерството за образование пак велат децата мора да бидат во училиште.

-Моево дете е трето одделение. Денеска бев со него на училиште, но денеска беше лесно, само часиполовина беа во училиште. Од утре не знам што ќе правам. За да седам на часови со него треба да земам одмор, а денови немам. Не е за ден-два. Најавата е дека ќе немаат асистенти до 15 септември. Во училиштето немале кадар за да го покријат отсуството на асистентот. Ако не оди во училиште треба да седи дома со некого. Баба за чување немаме. Пак треба јас и сопругпт да бараме денови од работа. Навистина не знам што ќе правиме. Министерката не теши, а решение нема. Минатата година асистент имаше на 1 септември. Кога почна во прво одделение асистент дојде некаде околу 5 септември. Но годинава најавата е околу 15 септември - вели револтирано Билјана, мајка на дете на кое му се потребни личен и образовен асистент.

Денеска пак министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека нема потреба од вознемирување на родителите.

-815 образовни асистенти денеска потпишуваат договори и од денес може да почнат со работа. За оние 200 за кои немаше обезбедено средства, ние ги проектиравме дека ќе бидат потребни и ги обезбедивме со ребаланс на буџетот и денеска се објавуваат конкурсите кои траат пет дена. Потоа следуваат уште две недели обука и тие веќе после тој период може да влезат во училиштата. Јас деновиве постојано повторувам, родителите да не се вознемируваат. Вестите кои нашиот политички опунент се обидува да ги прошири се лажни. Училиштата се обврзни да ги имаат инклузивни тимови. Наставниците со обврзни да ги примаат сите ученици во одделението и да се погрижат за нивното образование. Немаме криза, се е во ред и ќе биде во ред. Доколку има потреба од дополнителен број асистенти, како одговорна влада со посебна емпатија за децата со посебни потреби ќе направиме напори да обезбедиме дополнителен број на образовни асистенти - изјави денеска Јаневска.

Министерката Јаневска смета дека децата на кои им се потребни асистенти не се дискриминирани. Со образовниот процес, вели таа, не се доцни. Овој процес бил секогаш таков, зашто бројот на деца на кои им е потребен асистент секоја година се менува.

-Ресурсните центри си ги проверија бројките на деца за кои се потребни асистенти, направија пресметки, ние ги проверивме, Финансии ги провери и се тече така како што треба да тече. Инклузијата не е само ообразовен асистент. Инклузијата е цел систем кој ги опфаќа училиштето, наставниците, инклузивниот тим, ресурсниот центар, кадрите во ресурсниот центар и образовните асистенти- додава министерката.

Таа е децидна дека асистентите нема да доцнат. Вели сите деца што досега имале образовен асистент од утре ќе го имаат, а дополнително ќе бидат обезбедени уште 200.

-Дополнително само да додадам дека еден образовен асистент може да се грижи за две до три деца затоа што на секое дете не му е потребен еден образовен асистент. Значи, во едно одделение еден образовен асистент за дете со помали попречености може да се грижи за двајца и тројца, сите се обезбедени, рече Јаневска.

Но во ресурсните центри пак велат дека нема теоретски шанси од утре асистентите да почнат со работа. Според нив не може за еден ден да се интервјуираат сите пријавени и да се потпишат договори. Причина е, како што коментираат, доцна распишаниот оглас.

Од друга страна пак молк за личните аистенти кои ги обезбедуваат општините. И таму конкуристе се во тек или пак завршиле во петокот минатата недела и нема шанси во брзо време личните асистенти да се придружат на дечињата.

Родителите на учениците на кои им е потребен асистент за денеска најавуваат протест поради дискриминацијата на нивните деца.

The post Школската година почна без образовни и лични асистенти, родителите револтирани, министерката смирува appeared first on Република.

]]>

Родителите на учениците на кои им се потребни образовни или лични асистенти во недоумица. Школската година започна, асистенти нема. Училиштето ги известува родителите дека нема услови детето без придружба да седи на часови. Од Министерството за образование пак велат децата мора да бидат во училиште.
-Моево дете е трето одделение. Денеска бев со него на училиште, но денеска беше лесно, само часиполовина беа во училиште. Од утре не знам што ќе правам. За да седам на часови со него треба да земам одмор, а денови немам. Не е за ден-два. Најавата е дека ќе немаат асистенти до 15 септември. Во училиштето немале кадар за да го покријат отсуството на асистентот. Ако не оди во училиште треба да седи дома со некого. Баба за чување немаме. Пак треба јас и сопругпт да бараме денови од работа. Навистина не знам што ќе правиме. Министерката не теши, а решение нема. Минатата година асистент имаше на 1 септември. Кога почна во прво одделение асистент дојде некаде околу 5 септември. Но годинава најавата е околу 15 септември - вели револтирано Билјана, мајка на дете на кое му се потребни личен и образовен асистент.
Денеска пак министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека нема потреба од вознемирување на родителите.
-815 образовни асистенти денеска потпишуваат договори и од денес може да почнат со работа. За оние 200 за кои немаше обезбедено средства, ние ги проектиравме дека ќе бидат потребни и ги обезбедивме со ребаланс на буџетот и денеска се објавуваат конкурсите кои траат пет дена. Потоа следуваат уште две недели обука и тие веќе после тој период може да влезат во училиштата. Јас деновиве постојано повторувам, родителите да не се вознемируваат. Вестите кои нашиот политички опунент се обидува да ги прошири се лажни. Училиштата се обврзни да ги имаат инклузивни тимови. Наставниците со обврзни да ги примаат сите ученици во одделението и да се погрижат за нивното образование. Немаме криза, се е во ред и ќе биде во ред. Доколку има потреба од дополнителен број асистенти, како одговорна влада со посебна емпатија за децата со посебни потреби ќе направиме напори да обезбедиме дополнителен број на образовни асистенти - изјави денеска Јаневска.
Министерката Јаневска смета дека децата на кои им се потребни асистенти не се дискриминирани. Со образовниот процес, вели таа, не се доцни. Овој процес бил секогаш таков, зашто бројот на деца на кои им е потребен асистент секоја година се менува.
-Ресурсните центри си ги проверија бројките на деца за кои се потребни асистенти, направија пресметки, ние ги проверивме, Финансии ги провери и се тече така како што треба да тече. Инклузијата не е само ообразовен асистент. Инклузијата е цел систем кој ги опфаќа училиштето, наставниците, инклузивниот тим, ресурсниот центар, кадрите во ресурсниот центар и образовните асистенти- додава министерката.
Таа е децидна дека асистентите нема да доцнат. Вели сите деца што досега имале образовен асистент од утре ќе го имаат, а дополнително ќе бидат обезбедени уште 200.
-Дополнително само да додадам дека еден образовен асистент може да се грижи за две до три деца затоа што на секое дете не му е потребен еден образовен асистент. Значи, во едно одделение еден образовен асистент за дете со помали попречености може да се грижи за двајца и тројца, сите се обезбедени, рече Јаневска.
Но во ресурсните центри пак велат дека нема теоретски шанси од утре асистентите да почнат со работа. Според нив не може за еден ден да се интервјуираат сите пријавени и да се потпишат договори. Причина е, како што коментираат, доцна распишаниот оглас. Од друга страна пак молк за личните аистенти кои ги обезбедуваат општините. И таму конкуристе се во тек или пак завршиле во петокот минатата недела и нема шанси во брзо време личните асистенти да се придружат на дечињата. Родителите на учениците на кои им е потребен асистент за денеска најавуваат протест поради дискриминацијата на нивните деца.

The post Школската година почна без образовни и лични асистенти, родителите револтирани, министерката смирува appeared first on Република.

]]>
Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата https://republika.mk/vesti/skopje/obrazovnite-asistenti-od-grad-skopje-baraat-da-im-se-isplati-zadotsnetata-plata/ Wed, 27 Mar 2024 12:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=759344

Образовните асистенти од Град Скопје бараат општината да им ги исплати заостанатите финансиски средства за кои подолг временски период, како што велат, им доцнат по месец или два.

Како што информира за МИА Илина Додева, денеска им било ветено дека средствата ќе им бидат исплатени.

Дури чекавме пред Град Скопје нѐ повикаа и ни ветија дека има можност денеска до 14 часот да пуштат плата, ако не биде денеска, најдоцна до 14 часот до утре, изјави Додева.

Претходно, преку соопштение тие информираа дека кога се решиле на штрајк поради заостанати неисплатени средства за јануари, биле повикани на состанок на кој им биле образложени причините за доцнењето.

- На тој состанок ни го објаснија проблемот, кој гласеше дека: Буџетот на Град Скопје за 2024 сѐ уште не е изгласан и за тоа се виновни партиските војници кои се препукуваат околу точките на секоја седница. Нѐ замолија да почекаме до 14ти Март (датумот на седницата), и дека таму ќе се изгласа буџетот и веднаш ќе бидат исплатени средствата за веќе двата заостанати месеци (јануари и февруари) на нас – образовните асистенти, појаснуваат образовните асистенти.

Велат дека по изгласувањето на буџетот, им кажале дека треба да се чекаат уште седум дена за одлуката да излезе во Службен весник и веднаш потоа ќе бидат исплатени парите.

Помина половина месец од тогаш. Сѐ уште немаме добиено нити денар од Град Скопје, велат образовните асистенти.

The post Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата appeared first on Република.

]]>

Образовните асистенти од Град Скопје бараат општината да им ги исплати заостанатите финансиски средства за кои подолг временски период, како што велат, им доцнат по месец или два. Како што информира за МИА Илина Додева, денеска им било ветено дека средствата ќе им бидат исплатени.
Дури чекавме пред Град Скопје нѐ повикаа и ни ветија дека има можност денеска до 14 часот да пуштат плата, ако не биде денеска, најдоцна до 14 часот до утре, изјави Додева.
Претходно, преку соопштение тие информираа дека кога се решиле на штрајк поради заостанати неисплатени средства за јануари, биле повикани на состанок на кој им биле образложени причините за доцнењето.
- На тој состанок ни го објаснија проблемот, кој гласеше дека: Буџетот на Град Скопје за 2024 сѐ уште не е изгласан и за тоа се виновни партиските војници кои се препукуваат околу точките на секоја седница. Нѐ замолија да почекаме до 14ти Март (датумот на седницата), и дека таму ќе се изгласа буџетот и веднаш ќе бидат исплатени средствата за веќе двата заостанати месеци (јануари и февруари) на нас – образовните асистенти, појаснуваат образовните асистенти.
Велат дека по изгласувањето на буџетот, им кажале дека треба да се чекаат уште седум дена за одлуката да излезе во Службен весник и веднаш потоа ќе бидат исплатени парите.
Помина половина месец од тогаш. Сѐ уште немаме добиено нити денар од Град Скопје, велат образовните асистенти.

The post Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата appeared first on Република.

]]>
Народeн правобранител: Недостиг од учебници, негрижа за менталното здравје на учениците, немање образовни асистенти https://republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-nedostig-od-uchebnici-negriza-za-mentalnoto-zdravje-na-uchenicite-nemanje-obrazovni-asistenti/ Fri, 30 Sep 2022 10:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=555935

Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијанието на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес во основните и средните училишта во земјава, која е доставена до Министерството за образование и наука.

Иако е почната учебната 2022/2023 година, се наведува во Информацијата, не запираат реакциите во јавноста за недостиг од учебници за учениците од основните и средните училишта. Родителите и учениците реагираат поради немањето печатени учебници за сите наставни предмети, а се жалат и поради дотраеност на достапните учебници.

-Учениците кои посетуваат настава во прво, второ, четврто и петто одделение информираат дека немаат добиено комплети печатени учебници за сите наставни предмети согласно наставниот план и програма, што укажува дека учениците од овие одделенија ја започнаа учебната година со материјали за учење во печатена форма, во кои се обединети содржини од неколку наставни предмети. Народниот правобранител го нотираше и немањето учебници по наставниот предмет Англиски јазик и оваа учебна година, па наместо користење учебник, според наводите, наставниците и учениците се служат со извадоци од постари учебници и други извори на материјали согласно наставната програма. Сознанијата на Народниот правобранител се дека години наназад нема официјално одобрени учебници по Англиски јазик, се наведува во Информацијата.

Учениците се жалат дека дополнителен проблем им претставува тоа што најголем дел од добиените учебници се сериозно оштетени, до степен на неупотребливост, поради што родителите се изложуваат на трошок да ги печатат електронските верзии на учебниците. Преку медиумите за ова реагираа и од Сојузот на средношколци наведувајќи дека учениците добиле или многу оштетени учебници од кои не се учи, или дел од нив воопшто не добиле учебници. Овој проблем е присутен во повеќе средни училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Делчево и во други градови. Според нив, недостигот од учебници особено е карактеристичен за стручните предмети во средните стручни училишта.

Народниот правобранител укажува на актуелниот Закон за учебници за основно и средно образование според кој учебникот може да биде во употреба пет учебни години, освен учебниците во кои има содржини кои ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење, како и учебниците за прво, второ и трето одделение.

-Земајќи предвид дека новата учебна година почна со реализирање на наставата со физичко присуство, без исклучок за сите ученици, до нашата институција доставени се претставки од родители кои изразија загриженост за ваквата одлука, посочувајќи дека овој начин на реализирање на настава претставува предизвик за хронично болните деца и родители, како и другите членови на потесното семејство, особено имајќи предвид дека пандемијата е се уште актуелна, како и мерките за заштита од Ковид-19, и во таа насока заради непречено образование без да се доведе под прашање здравјето на хронично болните деца, но и здравјето на хронично болните лица во семејствата на учениците како лица во ризик, побараа интервенција со цел да се даде можност и оваа учебна година да продолжи настава со учење од далечина за овие деца, се наведува во Информацијата на Народниот правобранител.

Со оглед дека учебната година е во тек, пандемијата со Ковид-19 е се уште присутна, Народниот правобранител му препорачува на Министерството да побара стручно мислење од Комисијата за заразни болести во однос на начинот на следење на настава на хронично болни деца ученици и на ученици кои имаат хронично болни лица во нивните семејства. Притоа потсетува дека сите инволвирани во наставниот процес треба да се грижат и да придонесат за безбедно и непречено одвивање на образовниот процес на децата.

Извештајот се осврнува и на трагичниот настан во гимназијата „Р.аде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, за кој вели дека сериозно ја потресе јавноста и отвори многу прашања кои бараат сериозна анализа, меѓу кои и прашањето за грижата за менталното здравје на учениците и колку е тоа предмет на анализа и работа на наставниот и стручниот кадар од училишните стручни служби. Народниот правобранител констатира дека мал број ученици имале поддршка од страна на педагошко-психолошката служба, и во мал број на училишта се одржале предавања на тема подобрување на психолошката добросостојба.

-Имајќи го предвид наведеното, како и неодамнешниот настан, во кој средношколец си го одзеде животот, Народниот правобранител укажува дека училиштата, покрај воспитно-образовната дејност, даваат клучен придонес во емотивниот и конгнитивниот развој на децата и имаат значајна улога во општествениот развој и промените. Следствено, вработените во училиштата, наставниот кадар и стручните тимови, со оглед на значајната улога во процесот на заштита на децата, на потребите и грижите на децата потребно е да им пристапуваат чувствително грижејќи се за нивните права, приватност и достоинство, се наведува во Извештајот.

Народниот правобранител е на мислење дека Министерството за образование и наука, во соработка со другите ресорни министерства (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика), и во координација и соработка со училиштата, институциите за заштита на децата, како и локалните самоуправи континуирано треба да преземат активности и мерки за заштита на менталното здравје, како и безбедност на учениците во училиштето и надвор од него.

Исто така, стручните соработници во училиштата, потребно е да бидат едуцирани и обучени за рано откривање на проблеми во менталното здравје на децата, да ги препознаат знаците од нарушено ментално здравје, со цел превенција, спречување и минимизирање на немили настани кои го загрозуваат здравјето, добросостојбата, и животот на учениците, со почитување на правата на децата и нивниот најдобар интерес.

Констатира и недостиг од образовни и лични асистенти за учениците со попреченост вклучени во редовните училишта и дека тоа претставува сериозна бариера за непречено остварување на правото на образование на секое дете.

-Согледувајќи го недостигот од образовани асистенти во минатата учебна година, позитивно за истакнување е дека оваа учебна година учениците со попреченост кои следат настава во општинските основни училишта ќе бидат поддржани од вкупно 720 образовни асистенти обезбедени преку Министерството за образование и наука, што е значајно зголемување на бројот на ангажирани асистенти во споредба со минатата година. Народниот правобранител ја поздравува одлуката на Министерството за зголемување на бројот на образовни асистенти, воедно укажува континуирано да се следи состојбата, со цел правично и навремено доделување на образовните асистенти за децата од основното образование за кои овој тип на поддршка во учењето е потребна за непречено образование. Во овој контекст, Народниот правобранител укажува на потребата од неопходноста за континуирана соработка на МОН со надлежните тела за функционална проценка со цел редовно согледување на реалната потреба, а со тоа навремено обезбедување на дополнително потребни образовни асистенти, како сите ученици за кои овој тип на поддршка им е потребен да можат да го остварат своето право, стои во Извештајот на Омбудсманот.

Во врска со наведеното, проблем кој е нотиран и оваа учебна година е тоа што за учениците со попреченост кои следат настава во средните училишта не се обезбедени образовни асистенти како системско и трајно решение.

-Загрижува тоа што за учениците со попреченост во средните училишта образовни асистенти ќе се обезбедуваат со поддршка на УНДП преку вклучување на евидентираните невработени лица од Агенцијата за вработување на РСМ во програмата за Општинско-корисна работа, а според сознанијата на Народниот правобранител само неколку општини во државата во август објавија јавни повици за ангажирање на образовни асистенти, пришто ангажманот е во времетраење од девет месеци за што ќе добиваат паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари, поради што постои голема незаинтересираност од страна на потенцијалните кандидати. Според сознанијата, потенцијалните кандидати кои ќе ја испорачуваат оваа услуга воопшто и не се проценуваат врз основ на нивните професионални квалификации и компетенции, а ќе даваат поддршка во учењето на деца со попреченост што секако претставува одговорна задача која треба максимално посветено и профеионално да се работи, укажува Народниот правобранител.

Исто така, проблем на кој посочиле подносители на претставки кај Народниот правобранител е тоа што за учениците со попреченост од државните средни училишта кои се под ингеренции на Министерство за образование и наука, воопшто не е можно добивање образовна асистенција, па тие и во текот на оваа учебна година остануваат без потребната поддршка, со што се повредува правото на квалитетно образование, а воедно се доведуваат во нееднаков третман со другите ученици, што е спротивно на Конвенцијата за права на детето и Конвенцијата за права на лицата со попреченост, и истото не смее да се дозволи.

Народниот правобранител препорачува интензивирање на активностите од страна на Министерството за образование и наука со цел донесување нов Закон за средно образование и негово усогласување со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, и во таа насока поддршката за учениците со попреченост во средното образование (образовна асистенција) да биде утврдена како системско решение.

-Дотогаш, со оглед дека учебната година е во тек, Народниот правобранител препорачува Министерството согласно надлежностите да ги преземе сите мерки заради овозможување непречено образование и поддршка од образовен асистент за секое дете со попреченост кое следи настава во државните средни училишта кои се под ингеренција на Министерството, додека, пак, во соработка со локалната самоуправа да се изнајде решение за учениците со попреченост вклучени во општинксите средни училишта, наведува Народниот правобранител.

Во однос на актуелната енергетска криза во државата, се наведува во Извештајот, од аспект на почитување и непречено остварување на правото на образование на децата/учениците, имајќи ги предвид надлежностите на ова Министерство, кое преку блок-дотации до општините го финансира греењето, а менаџирањето на средствата е во надлежност на локалната самоуправа, укажува дека е потребно Министерството за образование и наука, во соработка со локалната власт, директорите на училиштата на локално и централно ниво, преку спроведување сеопфатна анализа, да ја согледа моменталната состојба за подготвеноста на училиштата за грејната сезона, се со цел непречено реализирање на воспитно-образованиот процес за децата во зимски услови.

– Според Народниот правобранител, потребно е да се преземат сите мерки заради непречено одвивање на наставниот процес во училиштата, при што со особено внимание да се следат ефектите на мерките во услови на енергетска криза и секако влијанието на истите врз правата на детето, потсетувајќи дека донесувањето на која било мерка која ги засега децата да биде претходно разгледана и од аспект на најдобриот интерес на детето, со цел непречено и квалитетно образование на секое дете, стои во Извештајот за согледаните состојби во образованието, која Народниот правобранител му ја достави на Министерството за образование и наука.

The post Народeн правобранител: Недостиг од учебници, негрижа за менталното здравје на учениците, немање образовни асистенти appeared first on Република.

]]>

Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијанието на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес во основните и средните училишта во земјава, која е доставена до Министерството за образование и наука. Иако е почната учебната 2022/2023 година, се наведува во Информацијата, не запираат реакциите во јавноста за недостиг од учебници за учениците од основните и средните училишта. Родителите и учениците реагираат поради немањето печатени учебници за сите наставни предмети, а се жалат и поради дотраеност на достапните учебници.
-Учениците кои посетуваат настава во прво, второ, четврто и петто одделение информираат дека немаат добиено комплети печатени учебници за сите наставни предмети согласно наставниот план и програма, што укажува дека учениците од овие одделенија ја започнаа учебната година со материјали за учење во печатена форма, во кои се обединети содржини од неколку наставни предмети. Народниот правобранител го нотираше и немањето учебници по наставниот предмет Англиски јазик и оваа учебна година, па наместо користење учебник, според наводите, наставниците и учениците се служат со извадоци од постари учебници и други извори на материјали согласно наставната програма. Сознанијата на Народниот правобранител се дека години наназад нема официјално одобрени учебници по Англиски јазик, се наведува во Информацијата.
Учениците се жалат дека дополнителен проблем им претставува тоа што најголем дел од добиените учебници се сериозно оштетени, до степен на неупотребливост, поради што родителите се изложуваат на трошок да ги печатат електронските верзии на учебниците. Преку медиумите за ова реагираа и од Сојузот на средношколци наведувајќи дека учениците добиле или многу оштетени учебници од кои не се учи, или дел од нив воопшто не добиле учебници. Овој проблем е присутен во повеќе средни училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Делчево и во други градови. Според нив, недостигот од учебници особено е карактеристичен за стручните предмети во средните стручни училишта. Народниот правобранител укажува на актуелниот Закон за учебници за основно и средно образование според кој учебникот може да биде во употреба пет учебни години, освен учебниците во кои има содржини кои ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење, како и учебниците за прво, второ и трето одделение.
-Земајќи предвид дека новата учебна година почна со реализирање на наставата со физичко присуство, без исклучок за сите ученици, до нашата институција доставени се претставки од родители кои изразија загриженост за ваквата одлука, посочувајќи дека овој начин на реализирање на настава претставува предизвик за хронично болните деца и родители, како и другите членови на потесното семејство, особено имајќи предвид дека пандемијата е се уште актуелна, како и мерките за заштита од Ковид-19, и во таа насока заради непречено образование без да се доведе под прашање здравјето на хронично болните деца, но и здравјето на хронично болните лица во семејствата на учениците како лица во ризик, побараа интервенција со цел да се даде можност и оваа учебна година да продолжи настава со учење од далечина за овие деца, се наведува во Информацијата на Народниот правобранител.
Со оглед дека учебната година е во тек, пандемијата со Ковид-19 е се уште присутна, Народниот правобранител му препорачува на Министерството да побара стручно мислење од Комисијата за заразни болести во однос на начинот на следење на настава на хронично болни деца ученици и на ученици кои имаат хронично болни лица во нивните семејства. Притоа потсетува дека сите инволвирани во наставниот процес треба да се грижат и да придонесат за безбедно и непречено одвивање на образовниот процес на децата. Извештајот се осврнува и на трагичниот настан во гимназијата „Р.аде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, за кој вели дека сериозно ја потресе јавноста и отвори многу прашања кои бараат сериозна анализа, меѓу кои и прашањето за грижата за менталното здравје на учениците и колку е тоа предмет на анализа и работа на наставниот и стручниот кадар од училишните стручни служби. Народниот правобранител констатира дека мал број ученици имале поддршка од страна на педагошко-психолошката служба, и во мал број на училишта се одржале предавања на тема подобрување на психолошката добросостојба.
-Имајќи го предвид наведеното, како и неодамнешниот настан, во кој средношколец си го одзеде животот, Народниот правобранител укажува дека училиштата, покрај воспитно-образовната дејност, даваат клучен придонес во емотивниот и конгнитивниот развој на децата и имаат значајна улога во општествениот развој и промените. Следствено, вработените во училиштата, наставниот кадар и стручните тимови, со оглед на значајната улога во процесот на заштита на децата, на потребите и грижите на децата потребно е да им пристапуваат чувствително грижејќи се за нивните права, приватност и достоинство, се наведува во Извештајот.
Народниот правобранител е на мислење дека Министерството за образование и наука, во соработка со другите ресорни министерства (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика), и во координација и соработка со училиштата, институциите за заштита на децата, како и локалните самоуправи континуирано треба да преземат активности и мерки за заштита на менталното здравје, како и безбедност на учениците во училиштето и надвор од него. Исто така, стручните соработници во училиштата, потребно е да бидат едуцирани и обучени за рано откривање на проблеми во менталното здравје на децата, да ги препознаат знаците од нарушено ментално здравје, со цел превенција, спречување и минимизирање на немили настани кои го загрозуваат здравјето, добросостојбата, и животот на учениците, со почитување на правата на децата и нивниот најдобар интерес. Констатира и недостиг од образовни и лични асистенти за учениците со попреченост вклучени во редовните училишта и дека тоа претставува сериозна бариера за непречено остварување на правото на образование на секое дете.
-Согледувајќи го недостигот од образовани асистенти во минатата учебна година, позитивно за истакнување е дека оваа учебна година учениците со попреченост кои следат настава во општинските основни училишта ќе бидат поддржани од вкупно 720 образовни асистенти обезбедени преку Министерството за образование и наука, што е значајно зголемување на бројот на ангажирани асистенти во споредба со минатата година. Народниот правобранител ја поздравува одлуката на Министерството за зголемување на бројот на образовни асистенти, воедно укажува континуирано да се следи состојбата, со цел правично и навремено доделување на образовните асистенти за децата од основното образование за кои овој тип на поддршка во учењето е потребна за непречено образование. Во овој контекст, Народниот правобранител укажува на потребата од неопходноста за континуирана соработка на МОН со надлежните тела за функционална проценка со цел редовно согледување на реалната потреба, а со тоа навремено обезбедување на дополнително потребни образовни асистенти, како сите ученици за кои овој тип на поддршка им е потребен да можат да го остварат своето право, стои во Извештајот на Омбудсманот.
Во врска со наведеното, проблем кој е нотиран и оваа учебна година е тоа што за учениците со попреченост кои следат настава во средните училишта не се обезбедени образовни асистенти како системско и трајно решение.
-Загрижува тоа што за учениците со попреченост во средните училишта образовни асистенти ќе се обезбедуваат со поддршка на УНДП преку вклучување на евидентираните невработени лица од Агенцијата за вработување на РСМ во програмата за Општинско-корисна работа, а според сознанијата на Народниот правобранител само неколку општини во државата во август објавија јавни повици за ангажирање на образовни асистенти, пришто ангажманот е во времетраење од девет месеци за што ќе добиваат паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари, поради што постои голема незаинтересираност од страна на потенцијалните кандидати. Според сознанијата, потенцијалните кандидати кои ќе ја испорачуваат оваа услуга воопшто и не се проценуваат врз основ на нивните професионални квалификации и компетенции, а ќе даваат поддршка во учењето на деца со попреченост што секако претставува одговорна задача која треба максимално посветено и профеионално да се работи, укажува Народниот правобранител.
Исто така, проблем на кој посочиле подносители на претставки кај Народниот правобранител е тоа што за учениците со попреченост од државните средни училишта кои се под ингеренции на Министерство за образование и наука, воопшто не е можно добивање образовна асистенција, па тие и во текот на оваа учебна година остануваат без потребната поддршка, со што се повредува правото на квалитетно образование, а воедно се доведуваат во нееднаков третман со другите ученици, што е спротивно на Конвенцијата за права на детето и Конвенцијата за права на лицата со попреченост, и истото не смее да се дозволи. Народниот правобранител препорачува интензивирање на активностите од страна на Министерството за образование и наука со цел донесување нов Закон за средно образование и негово усогласување со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, и во таа насока поддршката за учениците со попреченост во средното образование (образовна асистенција) да биде утврдена како системско решение.
-Дотогаш, со оглед дека учебната година е во тек, Народниот правобранител препорачува Министерството согласно надлежностите да ги преземе сите мерки заради овозможување непречено образование и поддршка од образовен асистент за секое дете со попреченост кое следи настава во државните средни училишта кои се под ингеренција на Министерството, додека, пак, во соработка со локалната самоуправа да се изнајде решение за учениците со попреченост вклучени во општинксите средни училишта, наведува Народниот правобранител.
Во однос на актуелната енергетска криза во државата, се наведува во Извештајот, од аспект на почитување и непречено остварување на правото на образование на децата/учениците, имајќи ги предвид надлежностите на ова Министерство, кое преку блок-дотации до општините го финансира греењето, а менаџирањето на средствата е во надлежност на локалната самоуправа, укажува дека е потребно Министерството за образование и наука, во соработка со локалната власт, директорите на училиштата на локално и централно ниво, преку спроведување сеопфатна анализа, да ја согледа моменталната состојба за подготвеноста на училиштата за грејната сезона, се со цел непречено реализирање на воспитно-образованиот процес за децата во зимски услови.
– Според Народниот правобранител, потребно е да се преземат сите мерки заради непречено одвивање на наставниот процес во училиштата, при што со особено внимание да се следат ефектите на мерките во услови на енергетска криза и секако влијанието на истите врз правата на детето, потсетувајќи дека донесувањето на која било мерка која ги засега децата да биде претходно разгледана и од аспект на најдобриот интерес на детето, со цел непречено и квалитетно образование на секое дете, стои во Извештајот за согледаните состојби во образованието, која Народниот правобранител му ја достави на Министерството за образование и наука.

The post Народeн правобранител: Недостиг од учебници, негрижа за менталното здравје на учениците, немање образовни асистенти appeared first on Република.

]]>
Државата нема регистер за децата со атипичен развој, нема ниту доволно асистенти https://republika.mk/vesti/makedonija/drzavata-nema-register-za-decata-so-atipichen-razvoj-nema-nitu-dovolno-asistenti/ Sat, 24 Sep 2022 15:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=553847

Во земјава нема национален регистар за деца со атипичен развој, не се знае колку деца има има во Македонија, а нема ниту доволно асистенти се жалат родителите. Бојан Шишевски е родител и воедно изработувач на документ за јавни политики кој се фокусира на реформите и предизвиците на инклузивното образование. Шишевски вели потребно е да се создаде нов систем на образовна асистенција. Проценките на МОН покажале дека се потребни 500 образовни асистенти со што се покажало дека се недоволни, а за оваа година се предвидени 750 но службите низ целата држава се уште не се формирани.

Шишевски додава дека локалната самоуправа, пристапноста на училиштата мора да ја стави на високо ниво. Училиштата и морално и законски не смеат да не ги примат децата со попречен развој, под изговор дека немаат капацитет и не можат да го примат детето и тоа е дискриминација. Ако на родителите им е тешко и научиле како да се справуваат и што да прават со тоа дете и сите останати ќе научат, истакнува Шишевски.

Утре по повод, зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, ќе се одржи настан „Играме заедно“ на Школка во Градскиот парк со почеток во 11 часот во организација на Аутизам и Колектив „Ветерница“. Трет по ред,овојпат ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница.

Димитрова пак, од Колектив „Ветерница“, вели дека за да се постигне здрав личен развој треба да се земат в предвид уметностите, да се зголемат можностите за работа. Преку играта се пренесува културата, културата на почитување и прифаќање на другите.

Најважно од се` - е дека овие деца сакаат да бидат заедно со останатите деца. Сакаат да растат заедно. Но за да е возможно сето ова, пред се' овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се. По овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество, велат организаторите, велат организаторите.

The post Државата нема регистер за децата со атипичен развој, нема ниту доволно асистенти appeared first on Република.

]]>

Во земјава нема национален регистар за деца со атипичен развој, не се знае колку деца има има во Македонија, а нема ниту доволно асистенти се жалат родителите. Бојан Шишевски е родител и воедно изработувач на документ за јавни политики кој се фокусира на реформите и предизвиците на инклузивното образование. Шишевски вели потребно е да се создаде нов систем на образовна асистенција. Проценките на МОН покажале дека се потребни 500 образовни асистенти со што се покажало дека се недоволни, а за оваа година се предвидени 750 но службите низ целата држава се уште не се формирани.
Шишевски додава дека локалната самоуправа, пристапноста на училиштата мора да ја стави на високо ниво. Училиштата и морално и законски не смеат да не ги примат децата со попречен развој, под изговор дека немаат капацитет и не можат да го примат детето и тоа е дискриминација. Ако на родителите им е тешко и научиле како да се справуваат и што да прават со тоа дете и сите останати ќе научат, истакнува Шишевски.
Утре по повод, зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, ќе се одржи настан „Играме заедно“ на Школка во Градскиот парк со почеток во 11 часот во организација на Аутизам и Колектив „Ветерница“. Трет по ред,овојпат ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница. Димитрова пак, од Колектив „Ветерница“, вели дека за да се постигне здрав личен развој треба да се земат в предвид уметностите, да се зголемат можностите за работа. Преку играта се пренесува културата, културата на почитување и прифаќање на другите.
Најважно од се` - е дека овие деца сакаат да бидат заедно со останатите деца. Сакаат да растат заедно. Но за да е возможно сето ова, пред се' овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се. По овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество, велат организаторите, велат организаторите.

The post Државата нема регистер за децата со атипичен развој, нема ниту доволно асистенти appeared first on Република.

]]>
Огласи за вработување над 520 образовни асистенти за работа со ученици со попречености https://republika.mk/vesti/makedonija/oglasi-za-vrabotuvanje-nad-520-obrazovni-asistenti-za-rabota-so-uchenici-so-poprechenosti/ Wed, 10 Aug 2022 11:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=538714

Министерството за образование и наука објави огласи за вработување образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини.

Двесте асистенти во огласот за ОУРЦ „Златан Сремец“-Скопје ќе бидат ангажирани во основни училишта во општините: Јегуновце, Тетово, Теарце, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште и Студеничани.

Од нив, за македонски јазик се предвидени 110 за одделенска и 30 за предметна настава. На албански наставен јазик отворени се работни места за 45 образовни асистенти во одделенска настава и 15 во предметна.

Во огласот за ОУРЦ „Иднина“-Скопје е предвидено вработување на 226 образовни асистенти кои ќе им помагаат на ученици со попречености во основните училишта во општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево.

На македонски наставен јазик може да се вработат 95 во одделенска, 16 во предметна настава и пет образовни асистенти во комбинирана паралелка, а на албански наставен јазик – 85 во одделенска, 20 во предметна и пет во комбинирана паралелка.

Огласот на основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева-Овчарова“-Велес овозможува вработување на 95 образовни асистенти кои ќе работат со ученици со атипичен развој во основните училишта во Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип и Карбинци.

Во огласите што денеска ги објави МОН се наведени условите за вработување со потребните работни компетенции на кандидатите, распоредот на работното време на образовните асистенти и  документите и рокот за аплицирање.

Минатата учебна година првпат од буџетот на Министерството за образование и наука беа ангажирани 500 образовни асистенти за работа со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава.

The post Огласи за вработување над 520 образовни асистенти за работа со ученици со попречености appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука објави огласи за вработување образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини. Двесте асистенти во огласот за ОУРЦ „Златан Сремец“-Скопје ќе бидат ангажирани во основни училишта во општините: Јегуновце, Тетово, Теарце, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште и Студеничани. Од нив, за македонски јазик се предвидени 110 за одделенска и 30 за предметна настава. На албански наставен јазик отворени се работни места за 45 образовни асистенти во одделенска настава и 15 во предметна. Во огласот за ОУРЦ „Иднина“-Скопје е предвидено вработување на 226 образовни асистенти кои ќе им помагаат на ученици со попречености во основните училишта во општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево. На македонски наставен јазик може да се вработат 95 во одделенска, 16 во предметна настава и пет образовни асистенти во комбинирана паралелка, а на албански наставен јазик – 85 во одделенска, 20 во предметна и пет во комбинирана паралелка. Огласот на основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева-Овчарова“-Велес овозможува вработување на 95 образовни асистенти кои ќе работат со ученици со атипичен развој во основните училишта во Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип и Карбинци. Во огласите што денеска ги објави МОН се наведени условите за вработување со потребните работни компетенции на кандидатите, распоредот на работното време на образовните асистенти и  документите и рокот за аплицирање. Минатата учебна година првпат од буџетот на Министерството за образование и наука беа ангажирани 500 образовни асистенти за работа со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава.