обид за самоубиство Archives - Република https://republika.mk/tema/obid-za-samoubistvo/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 22:42:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обид за самоубиство Archives - Република https://republika.mk/tema/obid-za-samoubistvo/ 32 32 Инцидент во Белград: Ученик се обидел да си ги исече вените во наставничка канцеларија https://republika.mk/vesti/balkan/intsident-vo-belgrad-uchenik-se-obidel-da-si-gi-iseche-venite-vo-nastavnichka-kantselarija/ Wed, 28 Dec 2022 22:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=591232

Во Средното занаетчиско училиште „Петар Лековиќ“ во Белград – 17-годишен ученик се обидел да си ги пресече вените. За среќа, во намерата го спречиле професорите, а момчето од превентивни причини, само со гребнатинки, било пренесено во болница.

Директорката на училиштето, откри што навистина се случило.

На часот по српски јазик и литература, наставничката слушнала двајца ученици, момче и девојче, како зборуваат за тоа како решение за сите нивни проблеми би било да си го одземат животот. Таа разговарала со нив и рече дека не треба така да размислуваат, дека проблемите може да се решаваат, полека, еден по еден и дека ќе им помогне во тоа. Часот продолжи нормално. Меѓутоа, на малиот одмор ученикот влегол во наставничката канцеларија и почнал да крши шолји и чаши за кафе со намера да ги пресече вените со чашата. За среќа, наставниците го фатиле за рака и ја спречиле трагедијата, изјаави директорката.

Училиштето „Петар Лековиќ“ е наменето за професионална рехабилитација на ученици со пречки во развојот и учењето.

Учениците се соочуваат со многу предизвици во развојот и учењето. Тешкотиите се многубројни – од интелектуална попреченост, церебрална парализа, инвалидитет, невролошки оштетувања, до нарушувања од спектарот на аутизам.

Училиштето е верификувано за многу професии. Посебно внимание се посветува на практичната настава која се одвива во училишните работилници и кај приватни работодавачи со кои училиштето има склучено договори и кои вработуваат ученици.

The post Инцидент во Белград: Ученик се обидел да си ги исече вените во наставничка канцеларија appeared first on Република.

]]>

Во Средното занаетчиско училиште „Петар Лековиќ“ во Белград – 17-годишен ученик се обидел да си ги пресече вените. За среќа, во намерата го спречиле професорите, а момчето од превентивни причини, само со гребнатинки, било пренесено во болница. Директорката на училиштето, откри што навистина се случило.
На часот по српски јазик и литература, наставничката слушнала двајца ученици, момче и девојче, како зборуваат за тоа како решение за сите нивни проблеми би било да си го одземат животот. Таа разговарала со нив и рече дека не треба така да размислуваат, дека проблемите може да се решаваат, полека, еден по еден и дека ќе им помогне во тоа. Часот продолжи нормално. Меѓутоа, на малиот одмор ученикот влегол во наставничката канцеларија и почнал да крши шолји и чаши за кафе со намера да ги пресече вените со чашата. За среќа, наставниците го фатиле за рака и ја спречиле трагедијата, изјаави директорката.
Училиштето „Петар Лековиќ“ е наменето за професионална рехабилитација на ученици со пречки во развојот и учењето. Учениците се соочуваат со многу предизвици во развојот и учењето. Тешкотиите се многубројни – од интелектуална попреченост, церебрална парализа, инвалидитет, невролошки оштетувања, до нарушувања од спектарот на аутизам. Училиштето е верификувано за многу професии. Посебно внимание се посветува на практичната настава која се одвива во училишните работилници и кај приватни работодавачи со кои училиштето има склучено договори и кои вработуваат ученици.

The post Инцидент во Белград: Ученик се обидел да си ги исече вените во наставничка канцеларија appeared first on Република.

]]>