обесштетување Archives - Република https://republika.mk/tema/obesshtetuvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 09:49:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обесштетување Archives - Република https://republika.mk/tema/obesshtetuvanje/ 32 32 Општина Тетово до петок ќе прима барања за обесштетување од невремето https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-tetovo-do-petok-ke-prima-barana-za-obesshtetuvane-od-nevremeto/ Wed, 03 Jul 2024 09:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=793013

Општина Тетово информира дека времето за поднесување барање за обесштетување од невремето на 23 јуни ќе биде до петок (5 јули 2024 година). Сите граѓани кои имаат штети во домаќинства и на земјоделските површини можат да поднесат барање за процена на штета до Општина Тетово. Барањето треба да го подигнат и пополнето да го достават во архивата на општината заедно со имотен лист/доказ за сопственост, фотографии од оштетениот објект, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка.

Досега до Општина Тетово има пристигнато околу 160 барања за обесштетување од невремето во тетовско минатата недела. Најголем дел од барањата се за земјоделско земјиште. Десетина барања има за штети врз приватен имот, односно домови, и пет за автомобили. Инаку, штетите на возилата не ги покрива Општина Тетово, туку осигурувањето на возилото. Во однос на штетите на земјоделското земјиште, обесштетување можат да добијат оние земјоделци кои имаат имотен лист за земјиштето, но тука е проблем со оние кои користат и обработуваат земјоделско земјиште под наем, тогаш за да добијат обесштетување тие мора да приложат доказ, односно документ, преку нотар, дека земјиштето им е земено под наем, информираше Милена Вучевска, портпарол на Општина Тетово.

По разгледување на барањата и извршената процена на комисијата, истите ќе бидат доставени на одобрување во Советот на Општина Тетово.

The post Општина Тетово до петок ќе прима барања за обесштетување од невремето appeared first on Република.

]]>

Општина Тетово информира дека времето за поднесување барање за обесштетување од невремето на 23 јуни ќе биде до петок (5 јули 2024 година). Сите граѓани кои имаат штети во домаќинства и на земјоделските површини можат да поднесат барање за процена на штета до Општина Тетово. Барањето треба да го подигнат и пополнето да го достават во архивата на општината заедно со имотен лист/доказ за сопственост, фотографии од оштетениот објект, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Досега до Општина Тетово има пристигнато околу 160 барања за обесштетување од невремето во тетовско минатата недела. Најголем дел од барањата се за земјоделско земјиште. Десетина барања има за штети врз приватен имот, односно домови, и пет за автомобили. Инаку, штетите на возилата не ги покрива Општина Тетово, туку осигурувањето на возилото. Во однос на штетите на земјоделското земјиште, обесштетување можат да добијат оние земјоделци кои имаат имотен лист за земјиштето, но тука е проблем со оние кои користат и обработуваат земјоделско земјиште под наем, тогаш за да добијат обесштетување тие мора да приложат доказ, односно документ, преку нотар, дека земјиштето им е земено под наем, информираше Милена Вучевска, портпарол на Општина Тетово. По разгледување на барањата и извршената процена на комисијата, истите ќе бидат доставени на одобрување во Советот на Општина Тетово.

The post Општина Тетово до петок ќе прима барања за обесштетување од невремето appeared first on Република.

]]>
Повредените патници и семејствата на загинатите во автобусот на „Беса Транс“ ќе добијат обесштетување https://republika.mk/vesti/makedonija/povredenite-patnici-i-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobusot-na-besa-trans-kje-dobijat-obesshtetuvanje/ Fri, 11 Feb 2022 21:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=457383

Штетата за сообраќајната несреќа со автобусот на „Беса Транс“ ја понесува осигурителната компанија, која ја има издадено полисата за осигурување, вели Трајче Латиновски, генерален директор на Бирото за национално осигурување.

Според него, во полисата е вклучен и зелениот картон кој е продолжение на полисата за автомобилска одговорност.

Тука нема дилема дека жртвите ќе бидат обесштетени, односно роднините на загинатите. Се надевам дека нема да има проблеми со тоа, рече Латиновски, информирајќи дека станува збор за осигурителната компанија „Граве“.

Латиновски додава дека обештетување ќе добијат и повредените патници.

Во моментов не можеме да кажеме колкава ќе биде сумата на обесштетување, зависи колку луѓе ќе се пријават за надомест на штета, рече директорот во гостувањето на емисијата „Трилинг“, објаснувајќи дека се додека не се добие финалниот извештај од истрагата, не може да започне процесот на обесштетување.

На 23 ноември минатата година автобус полн со патници со регистарски таблички на Македонија се запали на автопат во Бугарија. Загинаа 45 лица, а 7 патници успеаа да преживеат.

Бугарските истражители ја завршија истрагата за несреќата и според бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

The post Повредените патници и семејствата на загинатите во автобусот на „Беса Транс“ ќе добијат обесштетување appeared first on Република.

]]>

Штетата за сообраќајната несреќа со автобусот на „Беса Транс“ ја понесува осигурителната компанија, која ја има издадено полисата за осигурување, вели Трајче Латиновски, генерален директор на Бирото за национално осигурување. Според него, во полисата е вклучен и зелениот картон кој е продолжение на полисата за автомобилска одговорност.
Тука нема дилема дека жртвите ќе бидат обесштетени, односно роднините на загинатите. Се надевам дека нема да има проблеми со тоа, рече Латиновски, информирајќи дека станува збор за осигурителната компанија „Граве“.
Латиновски додава дека обештетување ќе добијат и повредените патници.
Во моментов не можеме да кажеме колкава ќе биде сумата на обесштетување, зависи колку луѓе ќе се пријават за надомест на штета, рече директорот во гостувањето на емисијата „Трилинг“, објаснувајќи дека се додека не се добие финалниот извештај од истрагата, не може да започне процесот на обесштетување.
На 23 ноември минатата година автобус полн со патници со регистарски таблички на Македонија се запали на автопат во Бугарија. Загинаа 45 лица, а 7 патници успеаа да преживеат. Бугарските истражители ја завршија истрагата за несреќата и според бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

The post Повредените патници и семејствата на загинатите во автобусот на „Беса Транс“ ќе добијат обесштетување appeared first on Република.

]]>