„Нулорог“ Archives - Република https://republika.mk/tema/nulorog/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Apr 2022 06:58:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Нулорог“ Archives - Република https://republika.mk/tema/nulorog/ 32 32 „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Нулорог“ https://republika.mk/vesti/kultura/slavika-libris-od-skopje-ja-objavi-knigata-nulorog/ Tue, 12 Apr 2022 06:57:44 +0000 https://republika.mk/?p=487085

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Нулорог“ од чешкиот автор Петр Станчик, а во превод на Донка Роус.

Инспекторот Либор Лавабо решава навидум лесен случај на дванаесет изгорени носорожици. Но, во потрагата постепено се вплеткува и тајниот дневник на Ј. В. Гете, борбата меѓу заговорничките организации „Нептунија“ и „Плутонија“ за тоа која ќе владее со светот, како и лудата натпоручничка Марханова. Пораката скриена во серијата слики од Црното Езеро на Јан Прајслер ќе го доведе Лавабо сè до внатрешноста на изгаснатиот вулкан Коморна Гора. И, токму тука се крие неочекуваното решение на целата загатка.

Насловот „Нулорог“ се однесува не само на роговите што на женките-носорози им ги отсекуваат ловокрадците, но и на „нула-суштината“ на времето во кое веќе нема место за слободната имагинација. Да се владее со маса која под влијание на консумеризмот и на масовните медиуми е затапена е многу полесно, отколку да се завладее со заедницата на „уникатни еднорози“.

Номиниран за престижната награда „Магнезија литера“ за Книга на годината за 2019 година, „Нулорог“ на Петр Станчик е истовремено историски и авантуристички роман со детективски мотиви испреплетен со многу хумор и сатира.

Петр Одило Страдички - Станчик од Стрдице (со вистинско име Петр Станчик) е поет, романсиер, драматург и есеист, роден на 9 јуни 1968 година во Р. Чешка. Mатурирал во Храдец Кралове, а студирал на Педагошкиот факултет, како и режија на ДАМУ во Прага, каде што студиите предвреме ги напуштил. До 1989 година работел тешки физички работи, а потоа како учител, телевизиски режисер и текстописец за реклами, а од 2016 сосема ѝ се посветува на книжевноста – како слободен писател. Живее во Прага.

Автор е на повеќе романи, како и добитник на престижната книжевна награда „Магнезија литера“ за романот „Мелница на мумии“ (2014), додека романот „Ангелско јајце“ (2017) е избран за книга на годината во анкетата на „Лидове новини“. Автор е и на четири стихозбирки, седум книги за деца, како и на неколку радиодрами изведени на Чешкото радио.

The post „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Нулорог“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Нулорог“ од чешкиот автор Петр Станчик, а во превод на Донка Роус. Инспекторот Либор Лавабо решава навидум лесен случај на дванаесет изгорени носорожици. Но, во потрагата постепено се вплеткува и тајниот дневник на Ј. В. Гете, борбата меѓу заговорничките организации „Нептунија“ и „Плутонија“ за тоа која ќе владее со светот, како и лудата натпоручничка Марханова. Пораката скриена во серијата слики од Црното Езеро на Јан Прајслер ќе го доведе Лавабо сè до внатрешноста на изгаснатиот вулкан Коморна Гора. И, токму тука се крие неочекуваното решение на целата загатка. Насловот „Нулорог“ се однесува не само на роговите што на женките-носорози им ги отсекуваат ловокрадците, но и на „нула-суштината“ на времето во кое веќе нема место за слободната имагинација. Да се владее со маса која под влијание на консумеризмот и на масовните медиуми е затапена е многу полесно, отколку да се завладее со заедницата на „уникатни еднорози“. Номиниран за престижната награда „Магнезија литера“ за Книга на годината за 2019 година, „Нулорог“ на Петр Станчик е истовремено историски и авантуристички роман со детективски мотиви испреплетен со многу хумор и сатира. Петр Одило Страдички - Станчик од Стрдице (со вистинско име Петр Станчик) е поет, романсиер, драматург и есеист, роден на 9 јуни 1968 година во Р. Чешка. Mатурирал во Храдец Кралове, а студирал на Педагошкиот факултет, како и режија на ДАМУ во Прага, каде што студиите предвреме ги напуштил. До 1989 година работел тешки физички работи, а потоа како учител, телевизиски режисер и текстописец за реклами, а од 2016 сосема ѝ се посветува на книжевноста – како слободен писател. Живее во Прага. Автор е на повеќе романи, како и добитник на престижната книжевна награда „Магнезија литера“ за романот „Мелница на мумии“ (2014), додека романот „Ангелско јајце“ (2017) е избран за книга на годината во анкетата на „Лидове новини“. Автор е и на четири стихозбирки, седум книги за деца, како и на неколку радиодрами изведени на Чешкото радио.

The post „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Нулорог“ appeared first on Република.

]]>