нуклеарни електрани Archives - Република https://republika.mk/tema/nuklearni-elektrani/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Mar 2022 16:58:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарни електрани Archives - Република https://republika.mk/tema/nuklearni-elektrani/ 32 32 Maкрон разговарал со Путин, успеал да го убеди за обезбедувањето на нуклеарните постројки https://republika.mk/vesti/svet/makron-razgovaral-so-putin-uspeal-da-go-ubedi-za-obezbeduvanjeto-na-nuklearnite-postrojki/ Sun, 06 Mar 2022 17:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=468592

За време на денешниот телефонски разговор, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за потребата од вклучување на МААЕ за да се осигура безбедност на нуклеарните постројки во Украина, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

„Претседателот на Франција ја изрази пред претседателот Путин својата длабока загриженост за безбедносните ризици на нуклеарните постројки“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека рускиот лидер се согласи дека работата за осигурување на безбедноста на нуклеарните постројки „треба веднаш да започне со МААЕ“.

The post Maкрон разговарал со Путин, успеал да го убеди за обезбедувањето на нуклеарните постројки appeared first on Република.

]]>

За време на денешниот телефонски разговор, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за потребата од вклучување на МААЕ за да се осигура безбедност на нуклеарните постројки во Украина, се наведува во соопштението од Елисејската палата. „Претседателот на Франција ја изрази пред претседателот Путин својата длабока загриженост за безбедносните ризици на нуклеарните постројки“, се вели во соопштението. Во него се додава дека рускиот лидер се согласи дека работата за осигурување на безбедноста на нуклеарните постројки „треба веднаш да започне со МААЕ“.

The post Maкрон разговарал со Путин, успеал да го убеди за обезбедувањето на нуклеарните постројки appeared first on Република.

]]>
За ЕУ нуклеарките ќе бидат „зелена енергија“: До 2050 година ќе инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи https://republika.mk/vesti/svet/za-eu-nuklearkite-kje-bidat-zelena-energija-do-2050-godina-kje-investira-500-milijardi-evra-vo-nuklearni-centrali/ Mon, 10 Jan 2022 08:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=442412

Комесарот за внатрешниот пазар на Унијата, Тиери Бретон, изјави дека Европската Унија од сега, па до 2050 година ќе треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од следната генерација.

Само на постојните нуклеарни централи до 2030 година ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции. А, на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди - изјави Бретон во интервју за „Журнал ду Диманш“.

Бретон, исто така, тврди дека планот на ЕУ за енергијата од нуклеарките и природниот гас да се означи како „зелен“ извор е важен чекор кон привлекување капитал.

ЕУ се консултира со своите земји-членки за овој предлог, при што има внатрешни несогласувања околу тоа дали овие извори на енергија навистина можат да се квалификуваат како одржливи опции.

Франција ја предводи одбраната на нуклеарната енергија, што е нејзин главен извор на енергија, и покрај силното противење од Австрија и скептицизмот на Германија, која е во процес на затворање на сите свои нуклеарни електрани.

Во предлогот се наведува дека Европската комисија „верува дека природниот гас и нуклеарната енергија можат да играат улога во олеснувањето на патот кон иднината, кој главно се заснова на обновливи извори на енергија“.

Во моментов, блокот добива 26 отсто од својата енергија од нуклеарни електрани, но Бретон проценува дека до 2050 година тоа ќе се намали на околу 15 отсто.

Во предлогот се наведува и дека за нуклеарната енергија треба да се воведат соодветни мерки за управување и отстранување на радиоактивниот отпад. Се бара изградбата на нови нуклеарни централи да биде условена со издадени дозволи до 2045 година, додека работата за проширување на работата на постоечките електрани треба да биде одобрена до 2040 година.

The post За ЕУ нуклеарките ќе бидат „зелена енергија“: До 2050 година ќе инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>

Комесарот за внатрешниот пазар на Унијата, Тиери Бретон, изјави дека Европската Унија од сега, па до 2050 година ќе треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од следната генерација.
Само на постојните нуклеарни централи до 2030 година ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции. А, на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди - изјави Бретон во интервју за „Журнал ду Диманш“.
Бретон, исто така, тврди дека планот на ЕУ за енергијата од нуклеарките и природниот гас да се означи како „зелен“ извор е важен чекор кон привлекување капитал. ЕУ се консултира со своите земји-членки за овој предлог, при што има внатрешни несогласувања околу тоа дали овие извори на енергија навистина можат да се квалификуваат како одржливи опции. Франција ја предводи одбраната на нуклеарната енергија, што е нејзин главен извор на енергија, и покрај силното противење од Австрија и скептицизмот на Германија, која е во процес на затворање на сите свои нуклеарни електрани. Во предлогот се наведува дека Европската комисија „верува дека природниот гас и нуклеарната енергија можат да играат улога во олеснувањето на патот кон иднината, кој главно се заснова на обновливи извори на енергија“. Во моментов, блокот добива 26 отсто од својата енергија од нуклеарни електрани, но Бретон проценува дека до 2050 година тоа ќе се намали на околу 15 отсто. Во предлогот се наведува и дека за нуклеарната енергија треба да се воведат соодветни мерки за управување и отстранување на радиоактивниот отпад. Се бара изградбата на нови нуклеарни централи да биде условена со издадени дозволи до 2045 година, додека работата за проширување на работата на постоечките електрани треба да биде одобрена до 2040 година.

The post За ЕУ нуклеарките ќе бидат „зелена енергија“: До 2050 година ќе инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>