нуклеарна бомба Archives - Република https://republika.mk/tema/nuklearna-bomba/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 10:41:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна бомба Archives - Република https://republika.mk/tema/nuklearna-bomba/ 32 32 Израелски министер предложи да се фрли нуклеарна бомба врз Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraelski-minister-predlozhi-da-se-frli-nuklearna-bomba-vrz-pojasot-gaza/ Sun, 05 Nov 2023 10:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=698370

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го суспендира министерот за наследство Амихаи Елијаху од владините состаноци на неодредено време, соопшти Владата.

Елијаху од ултрадесничарската партија „Еврејска сила“ во интервју за јавниот сервис Кан изјави дека една од опциите во војната во Појасот Газа е да се фрли нуклеарна бомба на енклавата.

Елијаху потоа на платформата Икс објави дека неговата изјава за нуклеарната бомба била метафорична, додавајќи дека одговорот на тероризмот мора да биде силен и несразмерен.

Нетанјаху истакна дека изјавата на министерот Елијаху „нема врска со реалноста“.

Израел и ИДФ дејствуваат во согласност со највисоките стандарди на меѓународното право за да спречат штета на луѓето кои не се вклучени, и ние ќе продолжиме да го правиме тоа сè до победата, наведе Нетанјаху.

Елијаху, министерот задолжен за наследство, не е дел од безбедносниот кабинет, кој носи одлуки во војната, што почна на 7 октомври, ниту има влијание врз воениот кабинет кој го насочува конфликтот.

Тој во интервјуто изјави и дека е против достава на хуманитарна помош во Појасот Газа.

Нема да им дадеме хуманитарна помош на нацистите, посочи Елијаху.

Тој ја поддржува повторната окупација на Појасот Газа, од каде што израелската армија се повлече во 2005 година, како и обновувањето на тамошните еврејски населби.

Тие може да одат во Ирска или во пустините, чудовиштата во Газа треба да најдат решение за себе, наведе Елијаху, додавајќи дека северниот дел на Газа нема право да постои и дека секој што вее знаме на Хамас не треба да живее.

The post Израелски министер предложи да се фрли нуклеарна бомба врз Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го суспендира министерот за наследство Амихаи Елијаху од владините состаноци на неодредено време, соопшти Владата. Елијаху од ултрадесничарската партија „Еврејска сила“ во интервју за јавниот сервис Кан изјави дека една од опциите во војната во Појасот Газа е да се фрли нуклеарна бомба на енклавата. Елијаху потоа на платформата Икс објави дека неговата изјава за нуклеарната бомба била метафорична, додавајќи дека одговорот на тероризмот мора да биде силен и несразмерен. Нетанјаху истакна дека изјавата на министерот Елијаху „нема врска со реалноста“.
Израел и ИДФ дејствуваат во согласност со највисоките стандарди на меѓународното право за да спречат штета на луѓето кои не се вклучени, и ние ќе продолжиме да го правиме тоа сè до победата, наведе Нетанјаху.
Елијаху, министерот задолжен за наследство, не е дел од безбедносниот кабинет, кој носи одлуки во војната, што почна на 7 октомври, ниту има влијание врз воениот кабинет кој го насочува конфликтот. Тој во интервјуто изјави и дека е против достава на хуманитарна помош во Појасот Газа.
Нема да им дадеме хуманитарна помош на нацистите, посочи Елијаху.
Тој ја поддржува повторната окупација на Појасот Газа, од каде што израелската армија се повлече во 2005 година, како и обновувањето на тамошните еврејски населби.
Тие може да одат во Ирска или во пустините, чудовиштата во Газа треба да најдат решение за себе, наведе Елијаху, додавајќи дека северниот дел на Газа нема право да постои и дека секој што вее знаме на Хамас не треба да живее.

The post Израелски министер предложи да се фрли нуклеарна бомба врз Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Не гледајте во блесокот, не јадете, не пијте: Украина со инструкции што да се прави во случај на нуклеарен напад https://republika.mk/vesti/svet/ne-gledajte-vo-blesokot-ne-jadete-ne-pijte-ukraina-so-instrukcii-shto-da-se-pravi-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/ Tue, 04 Oct 2022 12:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=557235

„Ако ве фати нуклеарна експлозија во стан, внимавајте воздухот од надвор да не навлезе во просториите на куќата. Затворете ги сите прозорци, врати, отвори за вентилација, исклучете ја климата и греењето. Доколку е можно, преместете се во просторија без прозорци“, јави Н1.

Вака се наведува во препораките во случај на нуклеарна експлозија кои ги објави Украинскиот центар за стратешка комуникација и информациска безбедност. Украина им препорачува на граѓаните да останат во скривниците 24 часа, освен ако не е поинаку препорачано од надлежните.

„Не јадете и не допирајте ништо што може да биде радиоактивно контаминирано“, се додава.

Исто така, не се препорачува да се пие вода од чешмата додека граѓаните не бидат известени дека тоа е безбедно.

Еден дел од упатството се однесува на спречување на непријатни мириси, кое се спроведува само по официјално известување за потребата и се оправдува само кога зрачењето е предизвикано од радиојод.

Од Центарот наведуваат дека во случај на користење на т.н. валкани бомби, забрането е земање препарати на база на јод бидејќи тие можат да предизвикаат непоправлива штета на организмот.

Валкана бомба или уред за растурање на радиолошко оружје е оружје што комбинира радиоактивен материјал со конвенционални експлозиви.

Центарот наведува и како да се консумираат таблети со јод во случај на напад: се препорачува доза од 16 mg за бебиња до еден месец, доза од 32 mg за деца од една до три години и доза од 62,5 mg за оние. до 12 години. Се препорачува тинејџери, трудници, доилки и возрасни луѓе до 40 години да земаат 125 mg.

Доколку граѓаните се на отворено во моментот на нападот, може да забележат блесок на небото и им се советува да не гледаат во таа насока бидејќи тоа може да предизвика изгореници на рожницата, слепило и изгореници на очите.

„Запрете го автомобилот на безбедно место на страната на патот, затворете ги вратите и прозорците, блокирајте го влезот на воздух. Ако е можно, заштитете ги ушите со слушалки – ова е заштита од баротраума. Покријте ги устата и носот со маска или крпа и дишете низ неа додека не стигнете во скривницата“, се советува.

Се препорачува граѓаните да побараат засолниште во случај експлозијата да ги најде на отворено.

Детални упатства се објавени на украински јазик на веб-страницата на Центарот. Пред неколку дена и британски Телеграф направи детално видео со инструкции што да правите во случај на нуклеарен напад на вашиот град.

Украинскиот центар за стратешка комуникација и информациска безбедност е формиран под Министерството за култура и информатичка политика на Украина како еден од механизмите за спротивставување на дезинформациите, особено оние кои доаѓаат од Русија.

The post Не гледајте во блесокот, не јадете, не пијте: Украина со инструкции што да се прави во случај на нуклеарен напад appeared first on Република.

]]>

„Ако ве фати нуклеарна експлозија во стан, внимавајте воздухот од надвор да не навлезе во просториите на куќата. Затворете ги сите прозорци, врати, отвори за вентилација, исклучете ја климата и греењето. Доколку е можно, преместете се во просторија без прозорци“, јави Н1. Вака се наведува во препораките во случај на нуклеарна експлозија кои ги објави Украинскиот центар за стратешка комуникација и информациска безбедност. Украина им препорачува на граѓаните да останат во скривниците 24 часа, освен ако не е поинаку препорачано од надлежните. „Не јадете и не допирајте ништо што може да биде радиоактивно контаминирано“, се додава. Исто така, не се препорачува да се пие вода од чешмата додека граѓаните не бидат известени дека тоа е безбедно. Еден дел од упатството се однесува на спречување на непријатни мириси, кое се спроведува само по официјално известување за потребата и се оправдува само кога зрачењето е предизвикано од радиојод. Од Центарот наведуваат дека во случај на користење на т.н. валкани бомби, забрането е земање препарати на база на јод бидејќи тие можат да предизвикаат непоправлива штета на организмот. Валкана бомба или уред за растурање на радиолошко оружје е оружје што комбинира радиоактивен материјал со конвенционални експлозиви. Центарот наведува и како да се консумираат таблети со јод во случај на напад: се препорачува доза од 16 mg за бебиња до еден месец, доза од 32 mg за деца од една до три години и доза од 62,5 mg за оние. до 12 години. Се препорачува тинејџери, трудници, доилки и возрасни луѓе до 40 години да земаат 125 mg. Доколку граѓаните се на отворено во моментот на нападот, може да забележат блесок на небото и им се советува да не гледаат во таа насока бидејќи тоа може да предизвика изгореници на рожницата, слепило и изгореници на очите. „Запрете го автомобилот на безбедно место на страната на патот, затворете ги вратите и прозорците, блокирајте го влезот на воздух. Ако е можно, заштитете ги ушите со слушалки – ова е заштита од баротраума. Покријте ги устата и носот со маска или крпа и дишете низ неа додека не стигнете во скривницата“, се советува. Се препорачува граѓаните да побараат засолниште во случај експлозијата да ги најде на отворено. Детални упатства се објавени на украински јазик на веб-страницата на Центарот. Пред неколку дена и британски Телеграф направи детално видео со инструкции што да правите во случај на нуклеарен напад на вашиот град. Украинскиот центар за стратешка комуникација и информациска безбедност е формиран под Министерството за култура и информатичка политика на Украина како еден од механизмите за спротивставување на дезинформациите, особено оние кои доаѓаат од Русија.

The post Не гледајте во блесокот, не јадете, не пијте: Украина со инструкции што да се прави во случај на нуклеарен напад appeared first on Република.

]]>
„Куклата на Путин“: Требаше да фрлиме нуклеарна бомба во Лондон, сите важни луѓе беа таму https://republika.mk/vesti/svet/kuklata-na-putin-trebashe-da-frlime-nuklearna-bomba-vo-london-site-vazni-lugje-bea-tamu/ Tue, 20 Sep 2022 18:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=552696

Русија требало да го искористи погребот на кралицата Елизабета и да фрли нуклеарна бомба во Лондон, бидејќи „сите најважни луѓе биле таму“, смета руската ТВ-водителка Олга Скабеева, позната и како „Куклата на Путин“. Нејзиниот одговор доаѓа како коментар на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој го предупреди својот руски колега да не помисли на користење нуклеарно оружје.

Видеото од емисијата се прошета по социјалните мрежи.

Андреј Гуруљов, застапник на руската Дума, рекол дека Бајден „зборува глупости“.

Требаше тоа да го направиме тоа денеска, кога е погребот на кралицата. Сите најважни луѓе се таму – одговорила водителката на емисијата, Олга Скабеева.

Во текот на емисијата Скабеева и гостите се согласиле и дека „Велика Британија е причина за целото зло“.

Бог нека ми прости, но кога Велика Британија ќе ја претвориме во пустина како Марс, дали таа пустина ќе биде одбранета од НАТО сојузот? Ништо нема да остане од неа. Како ја нарекуваат – неостварлив остров? Сите ќе потклекнат. Велика Британија исто е нуклеарна сила и има многу нуклеарно оружје, но нивните 245 нуклеарни боеви глави веднаш би биле уништени и во таа смисла сме многу помоќни – во еден момент воскликнал Гуруљов.

 

The post „Куклата на Путин“: Требаше да фрлиме нуклеарна бомба во Лондон, сите важни луѓе беа таму appeared first on Република.

]]>

Русија требало да го искористи погребот на кралицата Елизабета и да фрли нуклеарна бомба во Лондон, бидејќи „сите најважни луѓе биле таму“, смета руската ТВ-водителка Олга Скабеева, позната и како „Куклата на Путин“. Нејзиниот одговор доаѓа како коментар на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој го предупреди својот руски колега да не помисли на користење нуклеарно оружје. Видеото од емисијата се прошета по социјалните мрежи. Андреј Гуруљов, застапник на руската Дума, рекол дека Бајден „зборува глупости“.
Требаше тоа да го направиме тоа денеска, кога е погребот на кралицата. Сите најважни луѓе се таму – одговорила водителката на емисијата, Олга Скабеева.
Во текот на емисијата Скабеева и гостите се согласиле и дека „Велика Британија е причина за целото зло“.
Бог нека ми прости, но кога Велика Британија ќе ја претвориме во пустина како Марс, дали таа пустина ќе биде одбранета од НАТО сојузот? Ништо нема да остане од неа. Како ја нарекуваат – неостварлив остров? Сите ќе потклекнат. Велика Британија исто е нуклеарна сила и има многу нуклеарно оружје, но нивните 245 нуклеарни боеви глави веднаш би биле уништени и во таа смисла сме многу помоќни – во еден момент воскликнал Гуруљов.
 

The post „Куклата на Путин“: Требаше да фрлиме нуклеарна бомба во Лондон, сите важни луѓе беа таму appeared first on Република.

]]>
Хирошима одбележува 77 години од фрлената нуклеарна бомба https://republika.mk/vesti/svet/hiroshima-odbelezuva-77-godini-od-frlenata-nuklearna-bomba/ Sat, 06 Aug 2022 08:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=537330

Во Хирошима денеска е одбележана 77-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз градот, а на церемонијата беа испратени предупредувачки пораки за повторното трупање нуклеарно оружје и изразен страв од уште еден таков напад во екот на војната во Украина.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, учествуваше во молитвата во Паркот на мирот во Хирошима и оттаму кажа дека по три четвртини век мора да се запрашаме што сме научиле од денот кога нуклеарниот облак надвисна над овој град, во 1945 година.

Нуклеарното оружје е глупаво. Тоа не гарантира никаква безбедност, само смрт и уништување, рече Гутереш.

На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, уништувајќи го градот и убивајќи 140.000 луѓе.

Три дена подоцна, САД фрлија и втора бомба врз Нагасаки, убивајќи уште 70.000 лица.

The post Хирошима одбележува 77 години од фрлената нуклеарна бомба appeared first on Република.

]]>

Во Хирошима денеска е одбележана 77-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз градот, а на церемонијата беа испратени предупредувачки пораки за повторното трупање нуклеарно оружје и изразен страв од уште еден таков напад во екот на војната во Украина. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, учествуваше во молитвата во Паркот на мирот во Хирошима и оттаму кажа дека по три четвртини век мора да се запрашаме што сме научиле од денот кога нуклеарниот облак надвисна над овој град, во 1945 година.
Нуклеарното оружје е глупаво. Тоа не гарантира никаква безбедност, само смрт и уништување, рече Гутереш.
На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, уништувајќи го градот и убивајќи 140.000 луѓе. Три дена подоцна, САД фрлија и втора бомба врз Нагасаки, убивајќи уште 70.000 лица.

The post Хирошима одбележува 77 години од фрлената нуклеарна бомба appeared first on Република.

]]>
Иран потврди: Уште утре можеме да направиме нуклеарна бомба https://republika.mk/vesti/svet/iran-potvrdi-ushte-utre-mozeme-da-napravime-nuklearna-bomba/ Mon, 01 Aug 2022 12:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=535721

Шефот на иранската агенција за атомска енергија, Мохамед Еслами, порача дека Иран поседува технички капацитети да создаде атомска бомба, но дека нема намера да направи такво нешто.

Како што пренесе новинската агенција Фарс, Еслами всушност ја повторил неодамнешната изјава на Камал Харзаи, висок советник на врховниот лидер Али Хамнеи.

Иран веќе збогатува 60 отсто чист ураниум, што е далеку над поставената граница од 3,67 отсто, предвидена со Иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година со светските сили – вели тој.

За производство на атомска бомба потребно е ураниумот да е збогатен до 90 отсто.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го напушти нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, со кој беше предвидено Техеран да сопре со збогатувањето на ураниумот, во замена за укинување на економските санкции.

Официјалните претставници на Иран повеќе пати посочија дека се залагаат за постигнување на нов договор околу нуклеарната програма на земјата.

The post Иран потврди: Уште утре можеме да направиме нуклеарна бомба appeared first on Република.

]]>

Шефот на иранската агенција за атомска енергија, Мохамед Еслами, порача дека Иран поседува технички капацитети да создаде атомска бомба, но дека нема намера да направи такво нешто. Како што пренесе новинската агенција Фарс, Еслами всушност ја повторил неодамнешната изјава на Камал Харзаи, висок советник на врховниот лидер Али Хамнеи.
Иран веќе збогатува 60 отсто чист ураниум, што е далеку над поставената граница од 3,67 отсто, предвидена со Иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година со светските сили – вели тој.
За производство на атомска бомба потребно е ураниумот да е збогатен до 90 отсто. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го напушти нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, со кој беше предвидено Техеран да сопре со збогатувањето на ураниумот, во замена за укинување на економските санкции. Официјалните претставници на Иран повеќе пати посочија дека се залагаат за постигнување на нов договор околу нуклеарната програма на земјата.

The post Иран потврди: Уште утре можеме да направиме нуклеарна бомба appeared first on Република.

]]>
Јодот не е меѓу нив: ФЕМА објави листа на сѐ е што е потребно при евентуален нуклеарен напад https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/jodot-ne-e-megju-niv-fema-objavi-lista-na-s-e-shto-e-potrebno-pri-eventualen-nuklearen-napad/ Wed, 09 Mar 2022 09:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=469924

Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште…

Списокот се состои од:

– Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена;

– Тридневна набавка на нерасиплива храна;

– Напојување со батерии – следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност;

– Светилка;

– Прва помош;

– Свирче;

– Маска за прав ќе помогне во дишењето контаминиран воздух;

– Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето;

– Клуч / алат за исклучување на струјата и водата;

– Отворачи за конзерви со храна;

– Мапи од околината.

The post Јодот не е меѓу нив: ФЕМА објави листа на сѐ е што е потребно при евентуален нуклеарен напад appeared first on Република.

]]>

Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште…

Списокот се состои од:

– Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена; – Тридневна набавка на нерасиплива храна; – Напојување со батерии – следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност; – Светилка; – Прва помош; – Свирче; – Маска за прав ќе помогне во дишењето контаминиран воздух; – Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето; – Клуч / алат за исклучување на струјата и водата; – Отворачи за конзерви со храна; – Мапи од околината.

The post Јодот не е меѓу нив: ФЕМА објави листа на сѐ е што е потребно при евентуален нуклеарен напад appeared first on Република.

]]>