НП Маврово Archives - Република https://republika.mk/tema/np-mavrovo/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 17:34:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НП Маврово Archives - Република https://republika.mk/tema/np-mavrovo/ 32 32 Убиството на заштитените кафеави мечки е последица на нефункционирањето и негрижата на НП Маврово и општината Маврово Ростуше https://republika.mk/vesti/makedonija/ubistvoto-na-zashtitenite-kafeavi-mechki-e-posleditsa-na-nefunktsioniraneto-i-negrizhata-na-np-mavrovo-i-opshtinata-mavrovo-rostushe/ Wed, 30 Aug 2023 17:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=677368

Убиството на заштитените со закон кафеави мечки е директна последица на нефункционирањето и негрижата на Националниот парк Маврово под раководството на партискиот кадар на власта Семир Адини и општината Маврово Ростуше Медат Куртовски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ubieni-se-mechka-i-dve-mali-mechina-vo-selo-zhirovnitsa/

Комуналното претпријатие на општината во континуитет, и покрај апелите на жителите на Мавровско Реканскиот крај не реагира на создавањето на бројните диви депонии кои меѓудругото привлекуваат диви животни. Од друга страна Националниот парк Маврово наместо кон заштита на животната средина е ориентирано кон правење на бизнис, прекумерна и криминална сеча на дрва, како и ловокрадство пред кое во континитет се замижува.

Секаде во светот кафеавите мечки се заштитуваат, само во Македонија тие се убиваат. Секаде во светот Националниот парк ја штити природата, само во Македоника се прави бизнис од нејзиното уништување. Националниот парк Маврово оваа влаат го направи бизнис машина за интересите на локални моќници. Јавна тајна е дивата сеча на дрва во најзелените краеви на Македонија. Сегашните власти треба да знаат дека ќе одговараат за сите сомнежи за криминал и незаконско работење. Нивната неспособност и криминогеност е на штета на сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат од институциите ОЈО, МВР и Инспекторатот за заштита на животна средина, да бидат превземени сите мерки за целосно расчистување на случајот, со цел да не ни се побторуваат вакви или слични ситуации!

The post Убиството на заштитените кафеави мечки е последица на нефункционирањето и негрижата на НП Маврово и општината Маврово Ростуше appeared first on Република.

]]>

Убиството на заштитените со закон кафеави мечки е директна последица на нефункционирањето и негрижата на Националниот парк Маврово под раководството на партискиот кадар на власта Семир Адини и општината Маврово Ростуше Медат Куртовски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ubieni-se-mechka-i-dve-mali-mechina-vo-selo-zhirovnitsa/
Комуналното претпријатие на општината во континуитет, и покрај апелите на жителите на Мавровско Реканскиот крај не реагира на создавањето на бројните диви депонии кои меѓудругото привлекуваат диви животни. Од друга страна Националниот парк Маврово наместо кон заштита на животната средина е ориентирано кон правење на бизнис, прекумерна и криминална сеча на дрва, како и ловокрадство пред кое во континитет се замижува. Секаде во светот кафеавите мечки се заштитуваат, само во Македонија тие се убиваат. Секаде во светот Националниот парк ја штити природата, само во Македоника се прави бизнис од нејзиното уништување. Националниот парк Маврово оваа влаат го направи бизнис машина за интересите на локални моќници. Јавна тајна е дивата сеча на дрва во најзелените краеви на Македонија. Сегашните власти треба да знаат дека ќе одговараат за сите сомнежи за криминал и незаконско работење. Нивната неспособност и криминогеност е на штета на сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат од институциите ОЈО, МВР и Инспекторатот за заштита на животна средина, да бидат превземени сите мерки за целосно расчистување на случајот, со цел да не ни се побторуваат вакви или слични ситуации!

The post Убиството на заштитените кафеави мечки е последица на нефункционирањето и негрижата на НП Маврово и општината Маврово Ростуше appeared first on Република.

]]>
Нов протест на жителите на Горна Река против сечата на шума во НП „Маврово“ https://republika.mk/vesti/makedonija/nov-protest-na-zhitelite-na-gorna-reka-protiv-sechata-na-shuma-vo-np-mavrovo/ Fri, 16 Jun 2023 18:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=652226

Со едночасовна блокада на регионалниот патен правец Гостивар-Маврово-Дебар, кај месноста Бунец, и истакнување на нови барања, жители на селата во регионот на Горна Река денеска одново протестираа против сечата на шума и управувањето со природата на територија на Националниот парк „Маврово“.

Протестот пот мотото „Не сечи, не убивај“ го организира здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“, чии членови се револтирани од, како што рекоа, деструктивните политики и еколошката катастрофа која се случува на планината Мелник. Тие минатата недела упатија апел до управата на НП „Маврово“, која, според нив,по состанокот не ги исполнила нивните барања и затоа ќе продолжат со протестите.

- Сечењето на дрвјата се врши во приватни имоти, со што се повредуваат имотните права на сопствениците на земјиштето, како и со флагрантно кршење на законот за прогласување на Националниот парк „Маврово“ за заштитено подрачје во категоријата национален парк, рече Егзон Усеини од здружението „Преродба на Горна Река“.

Тие реагираат и затоа што надлежните институции не постапуваат по последните штети од невремето и како што рекоа, не ги земаат предвид барањата на народот за решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Тие обвинуваат дека природата се деградира и се врши масовна експлоатација на дрвјата за комерцијални цели на сметка на приватни имоти.

- Бараме да се престане со масовното сечење дрвја и отворање на планински патишта, како и да се преземат активности за капитални инвестиции. Секое игнорирање на нашите барања уште повеќе нè мотивира и охрабрува да продолжиме до нивно остварување, рече Усени.

Од управата на НП „Маврово“, во соопштение поврзано со протестот наведуваат дека сите активности што се преземаат на подрачјето на Паркот се во согласност со Законот за заштита на природата и Законот за шуми и планските документи од областа изработени од компетентни институции и одобрени од надлежното Министерство и државните инспекторати.

- Управата на Паркот повторно се обраќа до жителите на Горна Река со цел решавање на проблемите кои што реално се констатирани на терен настанати од невремето, кое што се случи на ова подрачје и предизвика сериозни оштетувања на патиштата и мостовите. Затоа повторно ги повикуваме на средба и заеднички да изнајдеме решение за настаната состојба. Ние сме отворена институција и подготвени за конструктивен дијалог и решавање на реалните проблеми, се наведува во соопштението потпишано од директорот на НП „Маврово“, Самир Ајдини.

The post Нов протест на жителите на Горна Река против сечата на шума во НП „Маврово“ appeared first on Република.

]]>

Со едночасовна блокада на регионалниот патен правец Гостивар-Маврово-Дебар, кај месноста Бунец, и истакнување на нови барања, жители на селата во регионот на Горна Река денеска одново протестираа против сечата на шума и управувањето со природата на територија на Националниот парк „Маврово“. Протестот пот мотото „Не сечи, не убивај“ го организира здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“, чии членови се револтирани од, како што рекоа, деструктивните политики и еколошката катастрофа која се случува на планината Мелник. Тие минатата недела упатија апел до управата на НП „Маврово“, која, според нив,по состанокот не ги исполнила нивните барања и затоа ќе продолжат со протестите. - Сечењето на дрвјата се врши во приватни имоти, со што се повредуваат имотните права на сопствениците на земјиштето, како и со флагрантно кршење на законот за прогласување на Националниот парк „Маврово“ за заштитено подрачје во категоријата национален парк, рече Егзон Усеини од здружението „Преродба на Горна Река“. Тие реагираат и затоа што надлежните институции не постапуваат по последните штети од невремето и како што рекоа, не ги земаат предвид барањата на народот за решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Тие обвинуваат дека природата се деградира и се врши масовна експлоатација на дрвјата за комерцијални цели на сметка на приватни имоти. - Бараме да се престане со масовното сечење дрвја и отворање на планински патишта, како и да се преземат активности за капитални инвестиции. Секое игнорирање на нашите барања уште повеќе нè мотивира и охрабрува да продолжиме до нивно остварување, рече Усени. Од управата на НП „Маврово“, во соопштение поврзано со протестот наведуваат дека сите активности што се преземаат на подрачјето на Паркот се во согласност со Законот за заштита на природата и Законот за шуми и планските документи од областа изработени од компетентни институции и одобрени од надлежното Министерство и државните инспекторати. - Управата на Паркот повторно се обраќа до жителите на Горна Река со цел решавање на проблемите кои што реално се констатирани на терен настанати од невремето, кое што се случи на ова подрачје и предизвика сериозни оштетувања на патиштата и мостовите. Затоа повторно ги повикуваме на средба и заеднички да изнајдеме решение за настаната состојба. Ние сме отворена институција и подготвени за конструктивен дијалог и решавање на реалните проблеми, се наведува во соопштението потпишано од директорот на НП „Маврово“, Самир Ајдини.

The post Нов протест на жителите на Горна Река против сечата на шума во НП „Маврово“ appeared first on Република.

]]>
Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово https://republika.mk/vesti/makedonija/otvoreno-pismo-do-pendarovski-i-kovachevski-za-raskinuvane-na-kontsesiite-vo-natsionalniot-park-mavrovo/ Wed, 08 Feb 2023 13:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=606527

Граѓанските организации со барање до Претседателот, Пендаровски и Премиерот Ковачевски за откажување на хидроецентралите во Националниот парк Маврово, согласно Одлуката на Комитет на Бернската Конвенција.

Група домашни и меѓународни граѓански организации испрати писмо до Владата и Претседателот на Р. Македонија, со кое побара од овие институции кои се законски одговорни за извршувањето на меѓународните договори, да се спроведе Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција и да се раскинат концесиите за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк Маврово (Жировница 5 и 6 и Рибничка 7).

Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во 2015 година ја усвои Препораката бр. 184 за отворениот случај „2013/1 – Развој на хидроенергија на територијата на Националниот парк Маврово“ со која побара од Република Македонија да: „Го суспендира спроведувањето на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти и инфраструктура, на територија на Националниот парк Маврово, сè додека не се подготви Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС), која посебен акцент ќе стави на кумулативните ефекти на сите планирани развојни активности на територија на паркот“.

Шест години подоцна, во 2021 година, Постојниот Комитет повторно препорача (Препораката бр.211) Владата на Македонија да: „Ги суспендира и откаже одобрените концесии и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во националните паркови.

Од усвојувањето на овие препораки, до сега, ништо не е преземено во однос на планираните мали хидроенергетски проекти во рамките на Националниот парк Маврово, заради што во декември 2022 година Комитетот донесе Одлука во која посочи дека е потребен побрз напредок во однос на Националниот парк Маврово и побара од Владата откажување на останатите три концесии во НП Маврово (Жировница 5 и 6 и МХЕ Рибничка).

Издадените концесии за малите хидроцентрали во НП Маврово го кочат процесот на репрогласување на паркот уште од 2016 година. Секое понатамошно одложување значи само продолжување на моменталните практики на неодржливото управување со паркот, со што се нанесува неповртна штета врз биодиверзитетот, но и врз животот на локалното население. Затоа е потребно итно раскинување на концесиите со што ќе се овозможи успешно спроведување на процесот на репрогласување и ќе се воведе активна заштита на вредности на паркот“, изјави Ѓорѓи Митревски од Еко-свест.

Член 118 од Уставот на Р.С.М. предвидува дека ратификуваните меѓународни договори се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, затоа Бернската Конвенција, како и одлуките и препораките на Постојниот Комитет се законски обврзувачки. Членот 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори специфицира дека Владата и Претседателот на Р. Македонија се одговорни за извршувањето на меѓународните договори, како што е Бернската Конвенција.

Барањето до Претседателот Пендаровски и до Владата е всушност барање за постапување како што налага националното законодавство – извршување на меѓународните договори, конкретно спроведување на Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција од декември 2022 година. Сметаме дека е крајно време државата да почне да ги спроведува обврските од националното и меѓународното законодавство заради обезбедување ефикасна заштита на НП Маврово“, изјави Ања Јованова од Фронт 21/47.

The post Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово appeared first on Република.

]]>

Граѓанските организации со барање до Претседателот, Пендаровски и Премиерот Ковачевски за откажување на хидроецентралите во Националниот парк Маврово, согласно Одлуката на Комитет на Бернската Конвенција. Група домашни и меѓународни граѓански организации испрати писмо до Владата и Претседателот на Р. Македонија, со кое побара од овие институции кои се законски одговорни за извршувањето на меѓународните договори, да се спроведе Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција и да се раскинат концесиите за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк Маврово (Жировница 5 и 6 и Рибничка 7). Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во 2015 година ја усвои Препораката бр. 184 за отворениот случај „2013/1 – Развој на хидроенергија на територијата на Националниот парк Маврово“ со која побара од Република Македонија да: „Го суспендира спроведувањето на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти и инфраструктура, на територија на Националниот парк Маврово, сè додека не се подготви Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС), која посебен акцент ќе стави на кумулативните ефекти на сите планирани развојни активности на територија на паркот“. Шест години подоцна, во 2021 година, Постојниот Комитет повторно препорача (Препораката бр.211) Владата на Македонија да: „Ги суспендира и откаже одобрените концесии и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во националните паркови. Од усвојувањето на овие препораки, до сега, ништо не е преземено во однос на планираните мали хидроенергетски проекти во рамките на Националниот парк Маврово, заради што во декември 2022 година Комитетот донесе Одлука во која посочи дека е потребен побрз напредок во однос на Националниот парк Маврово и побара од Владата откажување на останатите три концесии во НП Маврово (Жировница 5 и 6 и МХЕ Рибничка).
Издадените концесии за малите хидроцентрали во НП Маврово го кочат процесот на репрогласување на паркот уште од 2016 година. Секое понатамошно одложување значи само продолжување на моменталните практики на неодржливото управување со паркот, со што се нанесува неповртна штета врз биодиверзитетот, но и врз животот на локалното население. Затоа е потребно итно раскинување на концесиите со што ќе се овозможи успешно спроведување на процесот на репрогласување и ќе се воведе активна заштита на вредности на паркот“, изјави Ѓорѓи Митревски од Еко-свест.
Член 118 од Уставот на Р.С.М. предвидува дека ратификуваните меѓународни договори се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, затоа Бернската Конвенција, како и одлуките и препораките на Постојниот Комитет се законски обврзувачки. Членот 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори специфицира дека Владата и Претседателот на Р. Македонија се одговорни за извршувањето на меѓународните договори, како што е Бернската Конвенција.
Барањето до Претседателот Пендаровски и до Владата е всушност барање за постапување како што налага националното законодавство – извршување на меѓународните договори, конкретно спроведување на Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција од декември 2022 година. Сметаме дека е крајно време државата да почне да ги спроведува обврските од националното и меѓународното законодавство заради обезбедување ефикасна заштита на НП Маврово“, изјави Ања Јованова од Фронт 21/47.

The post Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово appeared first on Република.

]]>