новоророденче Archives - Република https://republika.mk/tema/novororodenche/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jan 2024 18:55:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новоророденче Archives - Република https://republika.mk/tema/novororodenche/ 32 32 Вучиќ за првородено дете ќе дава 4300 евра https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-prvorodeno-dete-ke-dava-4300-evra/ Sat, 20 Jan 2024 18:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=735025

Родителскиот додаток за првороденото дете во Србија ќе се зголеми од 378.000 на 500.000 динари (4.300 евра), во согласност со политиката на државата за зголемување на бројот на раѓања.

„Кога ќе се роди првото дете ќе добиваат од државата - и не зборувам за дополнителни бенефиции од локалните самоуправи - 500.000 динари, а за второто нема да добијат веќе 460.000 динари, туку 600.000 динари. За третото и четврто дете, тие мерки ќе бидат посериозни и ќе добијат повеќе пари“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Белград на презентацијата на проектот „Скок во иднината 2027“.

Тој посочи дека мајките со уште повеќе деца ќе добијат дополнителни, посебни награди „да знаат дека се гордост на општеството и да не бидат предмет на потсмев и критика“.

„Ја подигнавме вкупната стапка на фертилитет, од 1,46, што е на работ да исчезне Србија, на 1,63, што е лошо, но најмалку лошо во целиот регион. Нашата цел е таа стапка на фертилитет да се подигне на 1,75 до крајот на 2027 година“, рече претседателот на Србија.

The post Вучиќ за првородено дете ќе дава 4300 евра appeared first on Република.

]]>

Родителскиот додаток за првороденото дете во Србија ќе се зголеми од 378.000 на 500.000 динари (4.300 евра), во согласност со политиката на државата за зголемување на бројот на раѓања.
„Кога ќе се роди првото дете ќе добиваат од државата - и не зборувам за дополнителни бенефиции од локалните самоуправи - 500.000 динари, а за второто нема да добијат веќе 460.000 динари, туку 600.000 динари. За третото и четврто дете, тие мерки ќе бидат посериозни и ќе добијат повеќе пари“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Белград на презентацијата на проектот „Скок во иднината 2027“.
Тој посочи дека мајките со уште повеќе деца ќе добијат дополнителни, посебни награди „да знаат дека се гордост на општеството и да не бидат предмет на потсмев и критика“. „Ја подигнавме вкупната стапка на фертилитет, од 1,46, што е на работ да исчезне Србија, на 1,63, што е лошо, но најмалку лошо во целиот регион. Нашата цел е таа стапка на фертилитет да се подигне на 1,75 до крајот на 2027 година“, рече претседателот на Србија.

The post Вучиќ за првородено дете ќе дава 4300 евра appeared first on Република.

]]>
За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од Општина Центар https://republika.mk/vesti/skopje/za-pomosh-za-novorodenche-otsega-dovolno-e-samo-eden-roditel-da-bide-od-opshtina-tsentar/ Tue, 17 Jan 2023 12:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=597869

Наместо двајцата родители, како што беше досега, отсега за остварување на правото на парична помош за новороденчиња, доволно е само едниот родител да има лична карта со постојано живеалиште во Општина Центар.

Оваа одлука за измена на Правилникот за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во висина од 7.000 денари, која беше усвоена на последната 18-та седница на Советот на Општина Центар, значително ќе ја олесни процедурата за добивање на парична помош на родителите.

Во измените се додава и правото за остварување на парична помош за новороденче и за самохраните родители. Услов за остварување на паричната помош е самохраниот родител да е со постојана адреса на живеење на територијата на Општина Центар.

Со оваа активност, Општина Центар уште еднаш покажува дека се грижи за најмладите жители, давајќи им поддршка на нивните родители. На овој начин не само што се помагаат семејствата со принова, туку општината добива и евиденција за новородените деца на нејзина територија.

 

The post За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од Општина Центар appeared first on Република.

]]>

Наместо двајцата родители, како што беше досега, отсега за остварување на правото на парична помош за новороденчиња, доволно е само едниот родител да има лична карта со постојано живеалиште во Општина Центар. Оваа одлука за измена на Правилникот за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во висина од 7.000 денари, која беше усвоена на последната 18-та седница на Советот на Општина Центар, значително ќе ја олесни процедурата за добивање на парична помош на родителите. Во измените се додава и правото за остварување на парична помош за новороденче и за самохраните родители. Услов за остварување на паричната помош е самохраниот родител да е со постојана адреса на живеење на територијата на Општина Центар. Со оваа активност, Општина Центар уште еднаш покажува дека се грижи за најмладите жители, давајќи им поддршка на нивните родители. На овој начин не само што се помагаат семејствата со принова, туку општината добива и евиденција за новородените деца на нејзина територија.  

The post За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од Општина Центар appeared first on Република.

]]>