Новоматик Archives - Република https://republika.mk/tema/novomatik/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 09:26:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Новоматик Archives - Република https://republika.mk/tema/novomatik/ 32 32 Австриската компанија „Новоматик“ ќе биде новиот газда на Вардар! https://republika.mk/sport/fudbal/avstriskata-kompanija-novomatik-ke-bide-noviot-gazda-na-vardar/ Fri, 28 Jun 2024 06:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=791428

Австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ ќе биде новиот сопственик на Вардар, објави „Спорт1“.

Информациите на „Спорт1“ велат дека преговорите се во завршна фаза, се очекува прецизирање уште на неколку детали по што зделката и официјално ќе биде објавена.

Ова значи крај на голготата на вардаровите навивачи кои кинеа живци во изминатите години по крајот на ерата на Сергеј Самсоненко.

Според најавите, клубот во наредните години треба да има милионски буџет.

„Новоматик“ е австриска компанија која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави Голем дел од нив се преку брендот „Адмирал“, кој е присутен и во Македонија од 2009 година. Оваа компанија на светско ниво има преку 20.000 вработени и вкупен годишен приход од 1,8 милијарди евра.

 

The post Австриската компанија „Новоматик“ ќе биде новиот газда на Вардар! appeared first on Република.

]]>

Австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ ќе биде новиот сопственик на Вардар, објави „Спорт1“. Информациите на „Спорт1“ велат дека преговорите се во завршна фаза, се очекува прецизирање уште на неколку детали по што зделката и официјално ќе биде објавена. Ова значи крај на голготата на вардаровите навивачи кои кинеа живци во изминатите години по крајот на ерата на Сергеј Самсоненко. Според најавите, клубот во наредните години треба да има милионски буџет. „Новоматик“ е австриска компанија која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави Голем дел од нив се преку брендот „Адмирал“, кој е присутен и во Македонија од 2009 година. Оваа компанија на светско ниво има преку 20.000 вработени и вкупен годишен приход од 1,8 милијарди евра.  

The post Австриската компанија „Новоматик“ ќе биде новиот газда на Вардар! appeared first on Република.

]]>
Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на странскиот газда https://republika.mk/vesti/makedonija/novata-drzhavna-video-lotarija-mu-dala-tender-od-3-7-milioni-evra-na-stranskiot-gazda/ Mon, 18 Dec 2023 17:19:03 +0000 https://republika.mk/?p=724360

Новата Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ за скоро 228 милиони денари, односно за 3,7 милиони евра ќе набавува коцкарски апарати, односно ВЛТ-терминали. Тендерот го доби фирмата ХТЛ Македонија, во сопственост на австриската Новоматик, објави Телма.

Тие треба да испорачаат 462 апарати по цена од над 8 илјади евра за апарат од австрискиот производител Новоматик АГ.

Фирмата НОВО ВЛТ беше формирана во април годинава. Сопственици се Државната лотарија на Македонија и фирмата ХТЛ Македонија. Тоа значи дека НОВО ВЛТ му го дала тендерот од 3,7 милиони евра на својот косопственик – странскиот ортак на државната лотарија.

Новинарите од Телма во Државната лотарија ги упатиле за одговор на Новата државна видео лотарија, но до објавувањето на овој текст оттаму не добиле одговор дали во овој тендер гледаат конфликт на интереси.

Во Комисијата за заштита на конкуренцијата испративме прашања дали е дозволено да се спроведе ваква јавна набавка, но и од нив досега нема одговор. Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на сопствениот газда ХТЛ Македонија во сопственост на австриски Новоматик

Австриската компанија Новоматик, преку својата македонска фирма ХТЛ Македонија, ги поседува МА Гаминг и Мастербет, кои имаат лиценци за автомат клубови во земјата. Едната ги поседува коцкарниците Астра, а другата Адмирал.

Преку македонската фирма Макотен, австриски Новоматик ги поседува лиценците за казината во скопскиот хотел Мериот и во хотелот Фламинго во Гевгелија.

Од 1997 до 2003 година, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан беше член на извршниот одбор, а потоа и директор на Новоматик.

Извор: Телма

The post Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на странскиот газда appeared first on Република.

]]>

Новата Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ за скоро 228 милиони денари, односно за 3,7 милиони евра ќе набавува коцкарски апарати, односно ВЛТ-терминали. Тендерот го доби фирмата ХТЛ Македонија, во сопственост на австриската Новоматик, објави Телма. Тие треба да испорачаат 462 апарати по цена од над 8 илјади евра за апарат од австрискиот производител Новоматик АГ. Фирмата НОВО ВЛТ беше формирана во април годинава. Сопственици се Државната лотарија на Македонија и фирмата ХТЛ Македонија. Тоа значи дека НОВО ВЛТ му го дала тендерот од 3,7 милиони евра на својот косопственик – странскиот ортак на државната лотарија. Новинарите од Телма во Државната лотарија ги упатиле за одговор на Новата државна видео лотарија, но до објавувањето на овој текст оттаму не добиле одговор дали во овој тендер гледаат конфликт на интереси. Во Комисијата за заштита на конкуренцијата испративме прашања дали е дозволено да се спроведе ваква јавна набавка, но и од нив досега нема одговор. Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на сопствениот газда ХТЛ Македонија во сопственост на австриски Новоматик Австриската компанија Новоматик, преку својата македонска фирма ХТЛ Македонија, ги поседува МА Гаминг и Мастербет, кои имаат лиценци за автомат клубови во земјата. Едната ги поседува коцкарниците Астра, а другата Адмирал. Преку македонската фирма Макотен, австриски Новоматик ги поседува лиценците за казината во скопскиот хотел Мериот и во хотелот Фламинго во Гевгелија. Од 1997 до 2003 година, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан беше член на извршниот одбор, а потоа и директор на Новоматик. Извор: Телма

The post Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на странскиот газда appeared first on Република.

]]>
Aртан Груби ќе ја контролира и новата лотарија? https://republika.mk/vesti/ekonomija/artan-grubi-ke-ja-kontrolira-i-novata-lotarija/ Fri, 07 Apr 2023 10:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=628258

На Артан Груби му се брза да има контрола врз новата видеолотарија.АД Државна лотарија на Република Македонија вчера регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ, дознава „Фактор“.мк.

„ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.

Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје и според името може да се заклучи дека дејноста ќе се концентрира на ВЛТ апарати.

Во моментов не е познато како се распоредени уделите, бидејќи станува збор за друштво со ограничена одговорност, а според регистрацијата може да се види дека вкупната основна главнина е 10 милиони евра и дека друштвото е регистрирано на адресата на седиштето на ХТЛ Македонија.

Повеќе на „Фактор.мк“

The post Aртан Груби ќе ја контролира и новата лотарија? appeared first on Република.

]]>

На Артан Груби му се брза да има контрола врз новата видеолотарија.АД Државна лотарија на Република Македонија вчера регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ, дознава „Фактор“.мк. „ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен. Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје и според името може да се заклучи дека дејноста ќе се концентрира на ВЛТ апарати. Во моментов не е познато како се распоредени уделите, бидејќи станува збор за друштво со ограничена одговорност, а според регистрацијата може да се види дека вкупната основна главнина е 10 милиони евра и дека друштвото е регистрирано на адресата на седиштето на ХТЛ Македонија. Повеќе на „Фактор.мк“

The post Aртан Груби ќе ја контролира и новата лотарија? appeared first on Република.

]]>