новогодишни Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishni/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 10:06:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишни Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishni/ 32 32 Распродадени се двата новогодишни концерти на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/rasprodadeni-se-dvata-novogodishni-kontserti-na-filharmonija/ Thu, 21 Dec 2023 10:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=725189

Македонската филхармонија годината ќе ја заокружи со двата новогодишни концерти кои се распродадени уште пред неколку недели. В сабота со почеток во 12 часот премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска.

Годината ќе ја испратиме со прекрасната музика од славните класични композитори и со сосема нова новогодишна бајка за деца – која е инспирирана од познатата бајка „Девојчето со кибритчиња“ од Ханс Кристијан Андерсен. Ова е приказна која не потсетува на среќата, на убавината и добрината, но и на тагата и на несреќата. Всушност, зборува за сите оние работи за кои треба да бидеме свесни, а особено за хуманоста – да помагаме, да бидеме благородни и доблесни. Пораката која овој новогодишен концерт ќе ја испрати до најмладите е дека во светот има деца и семејства кои се сиромашни, има деца коишто се гладни и боси, а на кои, секој од нас, колку што може и умее, треба да најде начин да им помогне, велат од Филхармонија.

Во четврток (28 декември) со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи и традиционалниот новогодишен концерт „Одбројуваме“ кој годинава ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија, а како солистка ќе настапи сопранистката Наде Талевска. На програмата се дела од Чајковски, Хименез, Пучини, Моцарт, Сен-Санс и безвременскиот Штраус.

The post Распродадени се двата новогодишни концерти на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Според фенг шуи, до 18 јануари треба да ги тргнете новогодишните украси од домот https://republika.mk/zivot/semejstvo/spored-feng-shui-do-18-januari-treba-da-gi-trgnete-novogodishnite-ukrasi-od-domot/ Mon, 09 Jan 2023 12:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=594942

Иако во многу куќи новогодишни украси и новогодишни елки се раскитуваат дури во февруари, според принципите на фенг шуи тоа не е добро, а има и практични причини.

Имено, некои ја украсуваат елката на крајот на ноември или почетокот на декември, а така ја оставаат речиси два месеци, што е сосема доволно време да се акумулира многу прашина на украсите, што не е лесно да се исчисти.

Според непишаното правило 12 дена по Божиќ, односно до 18-ти јануари треба да се отстранат сите новогодишни украси.

Според фенг шуи, сè што ја „завршило“ својата работа треба да се отстрани од куќата. Таков е случајот со новогодишното украсување. Припаѓа на новогодишните празници, кои сега одамна завршија.

Ако не ги отстраните, ментално останувате во минатото. Треба да размислувате за иднината, за времето што доаѓа, а тоа е пролетта.

The post Според фенг шуи, до 18 јануари треба да ги тргнете новогодишните украси од домот appeared first on Република.

]]>

Иако во многу куќи новогодишни украси и новогодишни елки се раскитуваат дури во февруари, според принципите на фенг шуи тоа не е добро, а има и практични причини. Имено, некои ја украсуваат елката на крајот на ноември или почетокот на декември, а така ја оставаат речиси два месеци, што е сосема доволно време да се акумулира многу прашина на украсите, што не е лесно да се исчисти. Според непишаното правило 12 дена по Божиќ, односно до 18-ти јануари треба да се отстранат сите новогодишни украси. Според фенг шуи, сè што ја „завршило“ својата работа треба да се отстрани од куќата. Таков е случајот со новогодишното украсување. Припаѓа на новогодишните празници, кои сега одамна завршија. Ако не ги отстраните, ментално останувате во минатото. Треба да размислувате за иднината, за времето што доаѓа, а тоа е пролетта.  

The post Според фенг шуи, до 18 јануари треба да ги тргнете новогодишните украси од домот appeared first on Република.

]]>