новогодишна прослава Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishna-proslava/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Jan 2023 12:26:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишна прослава Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishna-proslava/ 32 32 Пејачите, сепак, биле платени, но не од Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/pejachite-sepak-bile-plateni-no-ne-od-grad-skopje/ Tue, 03 Jan 2023 12:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=593098

Задоволни сме од тоа како помина дочекот на Новата 2023 година на плоштад во Скопје, снимките од веселата атмосфера доволно кажуваат за расположението на присутните. Ваква убава енергија одамна не сме почувствувале, велат за „Фокус” дел од музичарите кои на 31-ви декември настапија на плоштадот, во склоп на забавната празнична програма. Настапуваа Ферус, Благица Павловска, Елена Ристеска, „Дупер“, „Мерак меана“, Ристо Самарџиев...

Иако градоначалничката најавуваше, таа не излезе ни на прес-конференција, ниту пак Градот преку соопштение не информираше за имињата на настапувачите, ниту пак детали околу тоа колку изнесува организацијата, во која спаѓаат хонорари на настапувачите, бина, осветлување и озвучување.

Горјан Стојановски, претседател на Здружение на естрадни уметници на Македонија, но и учесник во програмата, како дел од музичарите од „Мерак меана“, вели дека нивните настапи сепак биле платени.

Како што се информирав, во изминатите години никогаш градот не ја плаќа програмата за прославата, туку се финансира преку приватни компании, така е и оваа година, рече тој.

 

 

The post Пејачите, сепак, биле платени, но не од Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Задоволни сме од тоа како помина дочекот на Новата 2023 година на плоштад во Скопје, снимките од веселата атмосфера доволно кажуваат за расположението на присутните. Ваква убава енергија одамна не сме почувствувале, велат за „Фокус” дел од музичарите кои на 31-ви декември настапија на плоштадот, во склоп на забавната празнична програма. Настапуваа Ферус, Благица Павловска, Елена Ристеска, „Дупер“, „Мерак меана“, Ристо Самарџиев... Иако градоначалничката најавуваше, таа не излезе ни на прес-конференција, ниту пак Градот преку соопштение не информираше за имињата на настапувачите, ниту пак детали околу тоа колку изнесува организацијата, во која спаѓаат хонорари на настапувачите, бина, осветлување и озвучување. Горјан Стојановски, претседател на Здружение на естрадни уметници на Македонија, но и учесник во програмата, како дел од музичарите од „Мерак меана“, вели дека нивните настапи сепак биле платени.
Како што се информирав, во изминатите години никогаш градот не ја плаќа програмата за прославата, туку се финансира преку приватни компании, така е и оваа година, рече тој.
   

The post Пејачите, сепак, биле платени, но не од Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Како да го ставиме Скопје на туристичката мапа, кога на 22 декември не знаеме ни дали ќе има прослава https://republika.mk/vesti/skopje/kako-da-go-stavime-skopje-na-turistichkata-mapa-koga-na-22-dekemvri-ne-znaeme-ni-dali-kje-ima-proslava/ Thu, 22 Dec 2022 20:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=588857

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, туку како бизнис центар кој треба да функционира во текот на 12 месеци. Има и недостаток на манифестации и на јасна програма за пречек на Новата година и кои ѕвезди ќе настапат. Поради тоа нашите туроператори беа оневозможени да го промовираат и да го стават Скопје во нашата програма за пречек на 2023 година, рече Јаневски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Нагласи дека доколку се направи компарација со Ниш може да се согледа дека Ниш уште во ноември знаеше кој ќе биде на плоштадот за Нова година, која е програмата и, како што посочи, уште на крајот на ноември беа распродадени комплетните сместувачки капацитети.

Голем број на домашни туристи ќе останеа во главниот град и во другите наши туристички центри доколку ги имавме програмите за пречек на 2023 година. На ваков начин ќе имаме одлив на домашни туристи и многу помал број на странски туристи за пречекот на Новата година, потенцира Јаневски.

Укажа дека Охрид има посолидна програма за пречекот на Новата 2023 година затоа што е веќе објавена на нивниот сајт и туристите можат да видат што и како ги очекува за новогодишната ноќ.

Во иднина очекувам многу порано да ги знаеме ѕвездите кои ќе настапуваат, многу појасно да бидат третирани, а туристичките сектори во локалниот економски развој да имаат презентации пред туроператорите што нуди градот за новогодишните празници. Ги охрабрувам се повеќе и повеќе да создаваат манифестации кои ќе третираат регионални и европски сегменти на туристичка понуда. Ако Скопје го има Скопскиот маратон треба да имаме ефект од тоа во туристичката индустрија и секоја година да расте и да стане брендирана манифестација. Тоа исто треба да се случува и со останатите спортски манифестации и настани од културен карактер, потенцира Јаневски.

The post Како да го ставиме Скопје на туристичката мапа, кога на 22 декември не знаеме ни дали ќе има прослава appeared first on Република.

]]>

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.
Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, туку како бизнис центар кој треба да функционира во текот на 12 месеци. Има и недостаток на манифестации и на јасна програма за пречек на Новата година и кои ѕвезди ќе настапат. Поради тоа нашите туроператори беа оневозможени да го промовираат и да го стават Скопје во нашата програма за пречек на 2023 година, рече Јаневски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Нагласи дека доколку се направи компарација со Ниш може да се согледа дека Ниш уште во ноември знаеше кој ќе биде на плоштадот за Нова година, која е програмата и, како што посочи, уште на крајот на ноември беа распродадени комплетните сместувачки капацитети.
Голем број на домашни туристи ќе останеа во главниот град и во другите наши туристички центри доколку ги имавме програмите за пречек на 2023 година. На ваков начин ќе имаме одлив на домашни туристи и многу помал број на странски туристи за пречекот на Новата година, потенцира Јаневски.
Укажа дека Охрид има посолидна програма за пречекот на Новата 2023 година затоа што е веќе објавена на нивниот сајт и туристите можат да видат што и како ги очекува за новогодишната ноќ.
Во иднина очекувам многу порано да ги знаеме ѕвездите кои ќе настапуваат, многу појасно да бидат третирани, а туристичките сектори во локалниот економски развој да имаат презентации пред туроператорите што нуди градот за новогодишните празници. Ги охрабрувам се повеќе и повеќе да создаваат манифестации кои ќе третираат регионални и европски сегменти на туристичка понуда. Ако Скопје го има Скопскиот маратон треба да имаме ефект од тоа во туристичката индустрија и секоја година да расте и да стане брендирана манифестација. Тоа исто треба да се случува и со останатите спортски манифестации и настани од културен карактер, потенцира Јаневски.

The post Како да го ставиме Скопје на туристичката мапа, кога на 22 декември не знаеме ни дали ќе има прослава appeared first on Република.

]]>
Музика, претстави, перформанси на повеќе места низ Битола, в сабота почнува „Зимската приказна“ https://republika.mk/vesti/kultura/muzika-pretstavi-performansi-na-povekje-mesta-niz-bitola-v-sabota-pochnuva-zimskata-prikazna/ Thu, 22 Dec 2022 08:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=588613

Во Битола и годинава со шарена културна програма ќе бидат исполнети деновите до Новата година, како дел од „Зимска приказна“. Како што соопштуваат од Општината, oд оваа сабота почнува програмата во која се предвидени 62 проекти и 300 часови активна програма: музика од сите жанрови, различни театарски претстави за деца, улични перформанси, пратечка ДЏ програма низ битолските кафулиња, новогодишен базар ќе има во официјалната програма која годинава ќе се случува на две локации, на празничиот плоштад пред Офицерски дом и на пешачката улица со калдрма кај Старата битолска чаршија. ОФФ програмата ќе има улични музички перформанси на Широк Сокак и пратечка ДЏ програма низ битолските кафулиња.

Програма:

24.12.2022 сабота 

Офицерски дом ▪️▪️▪️
11:00 КУД Стив Наумов
12:00 Ѕвездите на ,, ТРА ЛА ЛА ”
13:00 Детска театарска претстава ,, НОВИОТ ЕЛФ “ – Театар Дел Арте

Широк Сокак ▪️▪️▪️
Улична променада 12.00-14:00 настап на ученици од Државно музичко училиште на Широк Сокак пред Кино Манаки и пред Веро

Офицерски дом ▪️▪️▪️
20:00 – 20:30 EXPOSE Dance Studio
20:30 – 22:00 ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР на Битола
22:00 – 00:00 Група ГРОМ

25.12.2022 недела

Офицерски дом ▪️▪️▪️
11:00 - Детска театарска претстава ,, НОВОГОДИШНА ЗАБАВА “ – Интимен театар
12:00 - Детски хор на градинката Мајски Цвет
12:30 - Детска театарска претстава ,, НОВОГОДИШНА БРКАНИЦА “
13:00 - Детска театарска претстава ,, ДВЕ НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ ‘’ – Театар Солза и смеа
14:00 - Детска театарска претстава ,, ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА ‘’ – Балада Арт

Широк Сокак ▪️▪️▪️
Улична променада 12.00-14:00 настап на ученици од Државно музичко училиште на Широк Сокак пред Кино Манаки и пред Веро

Офицерски дом ▪️▪️▪️
19:00 – 20:00 – SOUND WAVES
20:00 – 21:00 – ВИКТОР АПОСТОЛОВСКИ
21:00 – 22:30 - ПАРКЕТИ
22:30 – 00:00 - КОД 369

26.12.2022 понеделник

Офицерски дом ▪️▪️▪️
19:00 – 20:00 – ТРИО ЏЕНТЛМЕН
20:00 – 21:00 – SYNTHETIC SAX
21:00 : 22:30 - Група ДЕСПИНА & АЛЕКСЕЈ ИВАНОВСКИ
22:30 – 00:00 - ИКС БЕНД

27.12.2022 вторник

Стара битолска чаршија ▪️▪️▪️
11:00 – 12: 30 – Група БИТОЛСКИ ЧАЛГИИ
12:30 – 14:00 – Група МИЛЕНИУМ
14:00 – 16:00 – Група БОЕМИ

Офицерски дом ▪️▪️▪️
19:00 – 20:00 – БОРЧЕ НАУМОВСКИ
20:00 – 21:00 – ЕЛИКСИР бенд
21:00 – 22:30 - ,, ПАТУВАЊЕ “ - Група ФОНТАНА со специјалните гости ЏАМБО АГУШЕВ, ДАНИЦА КРСТИЌ– вокал и АНГЕЛ ДЕМИРЕВ - гитара
22:30 – 00:00 – НАЛА бенд

28.12.2022 среда

Стара битолска чаршија ▪️▪️▪️
11:00 – 11:30 – Група ПРЕРОДБА
11:30 - 12:30 ДЕЈАНИЕ & САРА
12:30 – 14:00 – Група МАЕСТРАЛ
14:00 – 16:00 - АДУТИ Бенд

Офицерски дом ▪️▪️▪️
17:00 - 18:30 - ,, СВЕТОТ НА БИБИ “
20:00 – 21:30 – КАМЕРЕН ОРКЕСТАР – JAMES BOND SYMPHONY
21:30 – 22:30 – ПОП РОК ХОР
22:30 – 00:00 – НИЕ ЗАПИРКА ДРУГАРИТЕ

29.12.2022 четврток

Стара битолска чаршија ▪️▪️▪️
11:00 – 11:30 – ЕНИС Бенд
11:30 – 12:30 – ДУО ЛАТИНО бенд
12:30 – 14:00 – Група ФАВОРИТИ
14:00 – 16:00 – Група БОНУС

Офицерски дом ▪️▪️▪️
19:00: 20:00 – Детска театарска претстава ,, ЗИМСКА ПРИКАЗНА“
20:00 – 21:00 – CORROSION
21:00 – 22:30 – ФОЛТИН
22:30 – 00:00 – GROOVE

30.12.2022 петок

Стара битолска чаршија ▪️▪️▪️
11:00 – 12:30 – Група ЃЕРДАН
12:30 – 14:00 – Група ЗА МЕРАК
14:00 – 16.00 – Група ОСКАР

Офицерски дом ▪️▪️▪️
19.00-20:00 – Детска театарска претстава ,, ЗИМСКА ПРИКАЗНА“
20:00 – 21:00 – ПАТУВАЊЕ НИЗ МАГИЧНИОТ СВЕТ ,, ВОЛТ ДИЗНИ “
21:00 – 22:00 – ГРУПА КАЛАБАЛАК
22:00 – 23:00 – БИТОЛСКИ ТАМБУРАШИ
23:00 – 00:00 – E-MOTION

31.12.2022 сабота

Офицерски дом ▪️▪️▪️
11:00 – Ѕвездите на ,, СИ ДО “
12:00 – Детска театарска претстава ,, НОВОГОДИШНА ЗБРКА “
13:00 – Песни и рецитали на Влашки јазик
14:00 – Детска театарска претстава ,, НОВОГОДИШНИ СВЕТУЛКИ “
19:00 – 20:00 – Детска театарска претстава ,,ЗИМСКА ПРИКАЗНА ”
20:30 – 22:00 – LUCENT
22:00 – 00:00 – ЉУБОЈНА
00:00 – 02:00 - НИКОЛА ЗАЦЕСКИ & ГРУПА МЕЛЕМ

The post Музика, претстави, перформанси на повеќе места низ Битола, в сабота почнува „Зимската приказна“ appeared first on Република.

]]>

Во Битола и годинава со шарена културна програма ќе бидат исполнети деновите до Новата година, како дел од „Зимска приказна“. Како што соопштуваат од Општината, oд оваа сабота почнува програмата во која се предвидени 62 проекти и 300 часови активна програма: музика од сите жанрови, различни театарски претстави за деца, улични перформанси, пратечка ДЏ програма низ битолските кафулиња, новогодишен базар ќе има во официјалната програма која годинава ќе се случува на две локации, на празничиот плоштад пред Офицерски дом и на пешачката улица со калдрма кај Старата битолска чаршија. ОФФ програмата ќе има улични музички перформанси на Широк Сокак и пратечка ДЏ програма низ битолските кафулиња.

Програма:

24.12.2022 сабота  Офицерски дом ▪️▪️▪️ 11:00 КУД Стив Наумов 12:00 Ѕвездите на ,, ТРА ЛА ЛА ” 13:00 Детска театарска претстава ,, НОВИОТ ЕЛФ “ – Театар Дел Арте Широк Сокак ▪️▪️▪️ Улична променада 12.00-14:00 настап на ученици од Државно музичко училиште на Широк Сокак пред Кино Манаки и пред Веро Офицерски дом ▪️▪️▪️ 20:00 – 20:30 EXPOSE Dance Studio 20:30 – 22:00 ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР на Битола 22:00 – 00:00 Група ГРОМ 25.12.2022 недела Офицерски дом ▪️▪️▪️ 11:00 - Детска театарска претстава ,, НОВОГОДИШНА ЗАБАВА “ – Интимен театар 12:00 - Детски хор на градинката Мајски Цвет 12:30 - Детска театарска претстава ,, НОВОГОДИШНА БРКАНИЦА “ 13:00 - Детска театарска претстава ,, ДВЕ НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ ‘’ – Театар Солза и смеа 14:00 - Детска театарска претстава ,, ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА ‘’ – Балада Арт Широк Сокак ▪️▪️▪️ Улична променада 12.00-14:00 настап на ученици од Државно музичко училиште на Широк Сокак пред Кино Манаки и пред Веро Офицерски дом ▪️▪️▪️ 19:00 – 20:00 – SOUND WAVES 20:00 – 21:00 – ВИКТОР АПОСТОЛОВСКИ 21:00 – 22:30 - ПАРКЕТИ 22:30 – 00:00 - КОД 369 26.12.2022 понеделник Офицерски дом ▪️▪️▪️ 19:00 – 20:00 – ТРИО ЏЕНТЛМЕН 20:00 – 21:00 – SYNTHETIC SAX 21:00 : 22:30 - Група ДЕСПИНА & АЛЕКСЕЈ ИВАНОВСКИ 22:30 – 00:00 - ИКС БЕНД 27.12.2022 вторник Стара битолска чаршија ▪️▪️▪️ 11:00 – 12: 30 – Група БИТОЛСКИ ЧАЛГИИ 12:30 – 14:00 – Група МИЛЕНИУМ 14:00 – 16:00 – Група БОЕМИ Офицерски дом ▪️▪️▪️ 19:00 – 20:00 – БОРЧЕ НАУМОВСКИ 20:00 – 21:00 – ЕЛИКСИР бенд 21:00 – 22:30 - ,, ПАТУВАЊЕ “ - Група ФОНТАНА со специјалните гости ЏАМБО АГУШЕВ, ДАНИЦА КРСТИЌ– вокал и АНГЕЛ ДЕМИРЕВ - гитара 22:30 – 00:00 – НАЛА бенд 28.12.2022 среда Стара битолска чаршија ▪️▪️▪️ 11:00 – 11:30 – Група ПРЕРОДБА 11:30 - 12:30 ДЕЈАНИЕ & САРА 12:30 – 14:00 – Група МАЕСТРАЛ 14:00 – 16:00 - АДУТИ Бенд Офицерски дом ▪️▪️▪️ 17:00 - 18:30 - ,, СВЕТОТ НА БИБИ “ 20:00 – 21:30 – КАМЕРЕН ОРКЕСТАР – JAMES BOND SYMPHONY 21:30 – 22:30 – ПОП РОК ХОР 22:30 – 00:00 – НИЕ ЗАПИРКА ДРУГАРИТЕ 29.12.2022 четврток Стара битолска чаршија ▪️▪️▪️ 11:00 – 11:30 – ЕНИС Бенд 11:30 – 12:30 – ДУО ЛАТИНО бенд 12:30 – 14:00 – Група ФАВОРИТИ 14:00 – 16:00 – Група БОНУС Офицерски дом ▪️▪️▪️ 19:00: 20:00 – Детска театарска претстава ,, ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ 20:00 – 21:00 – CORROSION 21:00 – 22:30 – ФОЛТИН 22:30 – 00:00 – GROOVE 30.12.2022 петок Стара битолска чаршија ▪️▪️▪️ 11:00 – 12:30 – Група ЃЕРДАН 12:30 – 14:00 – Група ЗА МЕРАК 14:00 – 16.00 – Група ОСКАР Офицерски дом ▪️▪️▪️ 19.00-20:00 – Детска театарска претстава ,, ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ 20:00 – 21:00 – ПАТУВАЊЕ НИЗ МАГИЧНИОТ СВЕТ ,, ВОЛТ ДИЗНИ “ 21:00 – 22:00 – ГРУПА КАЛАБАЛАК 22:00 – 23:00 – БИТОЛСКИ ТАМБУРАШИ 23:00 – 00:00 – E-MOTION 31.12.2022 сабота Офицерски дом ▪️▪️▪️ 11:00 – Ѕвездите на ,, СИ ДО “ 12:00 – Детска театарска претстава ,, НОВОГОДИШНА ЗБРКА “ 13:00 – Песни и рецитали на Влашки јазик 14:00 – Детска театарска претстава ,, НОВОГОДИШНИ СВЕТУЛКИ “ 19:00 – 20:00 – Детска театарска претстава ,,ЗИМСКА ПРИКАЗНА ” 20:30 – 22:00 – LUCENT 22:00 – 00:00 – ЉУБОЈНА 00:00 – 02:00 - НИКОЛА ЗАЦЕСКИ & ГРУПА МЕЛЕМ

The post Музика, претстави, перформанси на повеќе места низ Битола, в сабота почнува „Зимската приказна“ appeared first on Република.

]]>
Кои се па граѓаните да знаат кој ќе пее на плоштад (или дали воопшто ќе се пее)? https://republika.mk/vesti/skopje/koi-se-pa-gragjanite-da-znaat-koj-kje-pee-na-ploshtad-ili-dali-voopshto-kje-se-pee/ Mon, 19 Dec 2022 21:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=587820

Новогодишна елка и мизерно луна паркче осамнаа на плоштадот Македонија во Скопје. Наредени и спремни се дрвените куќички, но од нив уште нема знаци на живот.

Ова е сè што засега и новинарите и граѓаните знаат за празничната атмосфера и програма оваа зима.

Прес-конференцијата во врска со Нова година, која градоначалничката Данела Арсовска уште кон крајот на ноември рече дека ќе ја одржи, уште ја нема.

Во меѓувреме на една од телевизиите градоначалничката кажа дека поради кризата украсувањето ќе биде скромно и дека градот не успеал да купи сопствени украси, како што планираше градоначалничката минатата година.

Не се знае дали ќе има дочек и ако има кој ќе пее, дали годинава за разлика од лани ќе дојде Дедо Мраз и ќе има новогодишна програма за деца. Арсовска спомена и дека ќе има домашни изведувачи, но дека дополнително ќе информира за тоа.

Верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни, рече Арсовска.

Денешната анкета на ИРИ, пак, покажа колку се тие задоволни од овој арогантен однос.

 

The post Кои се па граѓаните да знаат кој ќе пее на плоштад (или дали воопшто ќе се пее)? appeared first on Република.

]]>

Новогодишна елка и мизерно луна паркче осамнаа на плоштадот Македонија во Скопје. Наредени и спремни се дрвените куќички, но од нив уште нема знаци на живот. Ова е сè што засега и новинарите и граѓаните знаат за празничната атмосфера и програма оваа зима. Прес-конференцијата во врска со Нова година, која градоначалничката Данела Арсовска уште кон крајот на ноември рече дека ќе ја одржи, уште ја нема. Во меѓувреме на една од телевизиите градоначалничката кажа дека поради кризата украсувањето ќе биде скромно и дека градот не успеал да купи сопствени украси, како што планираше градоначалничката минатата година. Не се знае дали ќе има дочек и ако има кој ќе пее, дали годинава за разлика од лани ќе дојде Дедо Мраз и ќе има новогодишна програма за деца. Арсовска спомена и дека ќе има домашни изведувачи, но дека дополнително ќе информира за тоа.
Верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни, рече Арсовска.
Денешната анкета на ИРИ, пак, покажа колку се тие задоволни од овој арогантен однос.  

The post Кои се па граѓаните да знаат кој ќе пее на плоштад (или дали воопшто ќе се пее)? appeared first on Република.

]]>
Почна декември, а ни Скопје ни другите градови имаат програма за Нова Година https://republika.mk/vesti/skopje/pochna-dekemvri-a-ni-skopje-ni-drugite-gradovi-imaat-programa-za-nova-godina/ Thu, 01 Dec 2022 09:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=580412

Нашите туристички дестинации можеби нема да бидат добро пополнети во последниот квартал од 2022-ра, зашто бевме повеќе фокусирани на скапата струја, отколку на тоа какви аранжмани да направиме за Нова година, смета директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Во разговор за МИА, Јаневски забележува дека декември почна, а градовите се уште не излегле со понуда за пречек или некаква прослава, ниту се знае дали ќе бидат украсени.

Се случува еден феномен. Почна декември, а немаме ниту една програма за Нова Година, ниту знаеме дали градовите ќе бидат украсени. Тогаш како да очекуваме туристи?, нагласува директорот.

Јаневски се осврнува и на актуелните понуди за дочек. Вели дека на ова поле треба веднаш нешто да се направи.

Според него, најатрактивен за Нова година ќе биде Охрид, а новогодишните празници, генерално, ќе бидат во знакот на домашните туристи кои ќе престојуваат главно во домашните капацитети.

Дали во овој момент имаме некаква понуда, дали некаде се рекламира Нова година од страна на нашите тур-оператори за домашните центри? Да, но се работи за регионот, за дочек во ски-центри, за Нова година во другите главни градови од регионот. На тоа поле треба многу брзо нешто да направиме. Во однос на претстојните празници, мислам дека, сепак, ќе предничи Охрид, градот познат по туризмот и евентуално Скопје зашто има многу поврзувања со другите градови. Но, очекувам и многу домашни туристи низ другите градови во државата. Всушност, дочекот на Нова година ќе го одбележат домашните туристи во домашните кашацитети, нагласува Јаневски во разговорот за МИА.

The post Почна декември, а ни Скопје ни другите градови имаат програма за Нова Година appeared first on Република.

]]>

Нашите туристички дестинации можеби нема да бидат добро пополнети во последниот квартал од 2022-ра, зашто бевме повеќе фокусирани на скапата струја, отколку на тоа какви аранжмани да направиме за Нова година, смета директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Во разговор за МИА, Јаневски забележува дека декември почна, а градовите се уште не излегле со понуда за пречек или некаква прослава, ниту се знае дали ќе бидат украсени.
Се случува еден феномен. Почна декември, а немаме ниту една програма за Нова Година, ниту знаеме дали градовите ќе бидат украсени. Тогаш како да очекуваме туристи?, нагласува директорот.
Јаневски се осврнува и на актуелните понуди за дочек. Вели дека на ова поле треба веднаш нешто да се направи. Според него, најатрактивен за Нова година ќе биде Охрид, а новогодишните празници, генерално, ќе бидат во знакот на домашните туристи кои ќе престојуваат главно во домашните капацитети.
Дали во овој момент имаме некаква понуда, дали некаде се рекламира Нова година од страна на нашите тур-оператори за домашните центри? Да, но се работи за регионот, за дочек во ски-центри, за Нова година во другите главни градови од регионот. На тоа поле треба многу брзо нешто да направиме. Во однос на претстојните празници, мислам дека, сепак, ќе предничи Охрид, градот познат по туризмот и евентуално Скопје зашто има многу поврзувања со другите градови. Но, очекувам и многу домашни туристи низ другите градови во државата. Всушност, дочекот на Нова година ќе го одбележат домашните туристи во домашните кашацитети, нагласува Јаневски во разговорот за МИА.

The post Почна декември, а ни Скопје ни другите градови имаат програма за Нова Година appeared first on Република.

]]>
Град Скопје: Изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не беа ангажирани од наша страна https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-izveduvachite-ozvuchuvanjeto-i-osvetluvanjeto-ne-bea-angazirani-od-nasha-strana/ Tue, 04 Jan 2022 07:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=440235

Концептот на прослава на Нова година со македонски изведувачи се покажа како успешен. Овој концепт ќе биде дел од следните новогодишни прослави, со целодневна програма и со значително помалку средства од што досега биле користени од градскиот буџет за оваа намена, се вели во реакцијата на Град Скопје во врска со организацијата за прослава на новогодишната ноќ на плоштадот во главниот град.

Од СДСМ претходно обвинија дека фирма на Петар Георгиевски Камиказа го обезбедила озвучувањето за новогодишната прослава, а од Град Скопје реагираа да престанат ваквите напади, за како што велат, „настани кои немаат никакви финансиски импликации на работата на градот“.

Од Град Скопје велат и дека буџетот бил лошо воден од претходното раководство, а изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.

Оваа година токму поради потрошениот буџет од претходното раководство и лошото планирање, Градот Скопје беше ставен пред голем предизвик дали воопшто ќе може да се организира прослава за новогодишната ноќ. Прославата беше овозможена поради активирањето на неколку општествено одговорни компании што се понудија да ја организираат манифестацијата. Средствата за дочекот се директно платени на изведувачите и Градот Скопје нема никакви финансиски импликации од новогодишната прослава на градскиот плоштад - се вели во реакцијата.

The post Град Скопје: Изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не беа ангажирани од наша страна appeared first on Република.

]]>

Концептот на прослава на Нова година со македонски изведувачи се покажа како успешен. Овој концепт ќе биде дел од следните новогодишни прослави, со целодневна програма и со значително помалку средства од што досега биле користени од градскиот буџет за оваа намена, се вели во реакцијата на Град Скопје во врска со организацијата за прослава на новогодишната ноќ на плоштадот во главниот град. Од СДСМ претходно обвинија дека фирма на Петар Георгиевски Камиказа го обезбедила озвучувањето за новогодишната прослава, а од Град Скопје реагираа да престанат ваквите напади, за како што велат, „настани кои немаат никакви финансиски импликации на работата на градот“. Од Град Скопје велат и дека буџетот бил лошо воден од претходното раководство, а изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.
Оваа година токму поради потрошениот буџет од претходното раководство и лошото планирање, Градот Скопје беше ставен пред голем предизвик дали воопшто ќе може да се организира прослава за новогодишната ноќ. Прославата беше овозможена поради активирањето на неколку општествено одговорни компании што се понудија да ја организираат манифестацијата. Средствата за дочекот се директно платени на изведувачите и Градот Скопје нема никакви финансиски импликации од новогодишната прослава на градскиот плоштад - се вели во реакцијата.

The post Град Скопје: Изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не беа ангажирани од наша страна appeared first on Република.

]]>
Во прекрасна атмосфера и расположение и со многу туристи Охрид ја пречека Новата година https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-prekrasna-atmosfera-i-raspolozenie-i-so-mnogu-turisti-ohrid-ja-precheka-novata-godina/ Sat, 01 Jan 2022 11:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=439273

Неколку илјади граѓани на Охрид како и гости кои решија новогодишните празници да ги минат во нашето најпознато туристичко место, синоќа со забава на Градскиот плоштад ја испратија старата 2021 и ја дочекаа Новата 2022 година.

За нивното добро расположение на невоообичаено топло време овојпат се погрижија локални естрадни уметници и групи, најавен е настапот на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта беше Верица Ристеска, а свој перформанс имаа и диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Топлото време ги наполна дури и терасите на кафулињата на Плоштадот што не е вообичаено за овој период од годината особено во ноќните часови.

[caption id="attachment_439278" align="aligncenter" width="640"] Фото: Охрид24[/caption]

Весело беше и во угостителските објекти, кои беа солидно посетени со традиционална забава до раните утрински часови. Сепак, се уште тоа е далеку од времето пред ковид-епидемијата кога градот вриеше од туристи. Оваа година најбројни беа гостите од соседните држави, најмногу од Србија и Црна Гора кои не го криеа задоволството од амбиентот, гостопримството, храната...

[caption id="attachment_439276" align="aligncenter" width="640"] Фото: Охрид24[/caption]

Охриѓани и гостите овојпат исклучително дисциплинирани, новогодишната ноќ мина спокојно и мирно, и дури со зачудувачки мошне мал број фрлени петарди. Како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во текот на новогодишната ноќ не е регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир, без ниту една сообраќајна незгода. Единствено пет возачи се исклучени од сообраќај поради седнување зад волан во алкохолизирана состојба.

Територијалната противпожарна единица ноќта ја мина како да не се празници со поголем број гости во градот, без ниту една интервенција на терен.

[caption id="attachment_439279" align="aligncenter" width="640"] Фото: Охрид24[/caption]

Во Службата за итна мединцинска помош задоволни од тоа како мина новогодишната ноќ, Споредбено со други години, овојпат за дочекот дежурните медицински екипи немале ништо повеќе работа отколку во обичните денови. Кога се работи за повреди и интервенции на алкохолизирани лица, ноќта била доста мирна, со тоа што медицинска помош побарале мал број алкохолизирани, за жал малолетни лица. Она што е посочено се зголемениот број повици за интервенции кај пациенти со покачена температура и симптоми на вирусни заболувања. Екипата на Итната медицинска служба распоредена на Градскиот плоштад за дочекот не пријавила ниту една интервенција.

The post Во прекрасна атмосфера и расположение и со многу туристи Охрид ја пречека Новата година appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади граѓани на Охрид како и гости кои решија новогодишните празници да ги минат во нашето најпознато туристичко место, синоќа со забава на Градскиот плоштад ја испратија старата 2021 и ја дочекаа Новата 2022 година. За нивното добро расположение на невоообичаено топло време овојпат се погрижија локални естрадни уметници и групи, најавен е настапот на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта беше Верица Ристеска, а свој перформанс имаа и диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Топлото време ги наполна дури и терасите на кафулињата на Плоштадот што не е вообичаено за овој период од годината особено во ноќните часови. [caption id="attachment_439278" align="aligncenter" width="640"] Фото: Охрид24[/caption] Весело беше и во угостителските објекти, кои беа солидно посетени со традиционална забава до раните утрински часови. Сепак, се уште тоа е далеку од времето пред ковид-епидемијата кога градот вриеше од туристи. Оваа година најбројни беа гостите од соседните држави, најмногу од Србија и Црна Гора кои не го криеа задоволството од амбиентот, гостопримството, храната... [caption id="attachment_439276" align="aligncenter" width="640"] Фото: Охрид24[/caption] Охриѓани и гостите овојпат исклучително дисциплинирани, новогодишната ноќ мина спокојно и мирно, и дури со зачудувачки мошне мал број фрлени петарди. Како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во текот на новогодишната ноќ не е регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир, без ниту една сообраќајна незгода. Единствено пет возачи се исклучени од сообраќај поради седнување зад волан во алкохолизирана состојба. Територијалната противпожарна единица ноќта ја мина како да не се празници со поголем број гости во градот, без ниту една интервенција на терен. [caption id="attachment_439279" align="aligncenter" width="640"] Фото: Охрид24[/caption] Во Службата за итна мединцинска помош задоволни од тоа како мина новогодишната ноќ, Споредбено со други години, овојпат за дочекот дежурните медицински екипи немале ништо повеќе работа отколку во обичните денови. Кога се работи за повреди и интервенции на алкохолизирани лица, ноќта била доста мирна, со тоа што медицинска помош побарале мал број алкохолизирани, за жал малолетни лица. Она што е посочено се зголемениот број повици за интервенции кај пациенти со покачена температура и симптоми на вирусни заболувања. Екипата на Итната медицинска служба распоредена на Градскиот плоштад за дочекот не пријавила ниту една интервенција.

The post Во прекрасна атмосфера и расположение и со многу туристи Охрид ја пречека Новата година appeared first on Република.

]]>
Светот втора година по ред ја дочека Новата година со ковид мерки и огномети https://republika.mk/vesti/svet/svetot-vtora-godina-po-red-ja-docheka-novata-godina-so-kovid-merki-i-ognometi/ Sat, 01 Jan 2022 11:22:26 +0000 https://republika.mk/?p=439265

Втора година по ред светот влезе во Новата година со ограничени или откажани прослави поради пандемијата на корона вирусот, но со надеж дека 2022 година ќе биде подобра.

Во Европа, каде што речиси милион луѓе починаа од Ковид-19 во текот на изминатата година, традиционалните забави на отворено со концерти и огномет се откажани во повеќето поголеми градови, како Лондон и Париз или беа ограничени како во Мадрид.

Немаше голем огномет на Бранденбуршката порта во Берлин, ниту организиран дочек со илјадници луѓе, а пред полноќ берлинската полиција ги повика луѓето да не се движат кон обележјето.

https://republika.mk/vesti/svet/pirotehnika-na-zabava-vo-berlin-prati-12-lugje-vo-bolnica/

Луѓето што, сепак, беа собрани во областа пред полноќ почнаа да се разотидува во раните утрински часови.

Во Рим, полицијата затвори некои области во центарот на градот, откако пиротехнички средства беа фрлени врз минувачите во близина на метро станицата Колосеум, објави новинската агенција АНСА, додавајќи дека нема извештаи за повредени.

Франција ја дочека 2022 година со строги мерки против Ковид-19. Во многу француски градови маските се задолжителни на отворено. Традиционалниот новогодишен огномет на Триумфалната капија во Париз е откажан, а не се дозволени здравици со шампањ на Елисејските полиња.

И покрај тоа, толпа луѓе се собраа на Елисејските полиња. Париското небо беше осветлено со само неколку огномети бидејќи продажбата на пиротехнички средства беше забранета речиси насекаде во Франција пред Нова година.

Ајфеловата кула беше обоена во сина боја со ѕвездите на Европската Унија, што го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ.

Иако бројот на новозаразени рапидно расте во Шпанија, најтрадиционалната масовна новогодишна забава се одржа во Мадрид, откако таа беше откажана минатата година.

Околу 7.000 луѓе во Мадрид ја дочекаа Новата година на плоштадот Пуерта дел Сол, а бројот на дозволени учесници беше намален за околу 60 отсто.

Луѓето ширум земјата ги јадеа традиционалните 12 зрна грозје за среќа секој пат кога часовникот на Пуерта дел Сол ќе отчука полноќ.

И покрај големиот дневен број на заразени, Британците се радуваа и наздравија за Нова година. Во Англија можеше да се оди на забави со пропусници за Ковид. Во Шкотска и Велс, каде клубовите се затворени, прославата беше многу поскромна.

Милиони луѓе во Москва ја прославија Новата година два часа пред градовите кои се во средноевропската временска зона на ниски температури со снег и голем огномет на 62 локации и без поголеми ограничувања поради коронавирусот.

Илјадници луѓе се собраа на познатиот Црвен плоштад во Москва. Руската престолнина традиционално организира огномет на неколку локации, кои најдобро се гледаат од областа на облакодерите Москва-Сити или од Спароу Хилс.

https://www.youtube.com/watch?v=WfxZvu8M2xI&feature=emb_title

Жителите на Истанбул заедно со туристите од повеќе земји ја дочекаа 2022 година на плоштадот Таксим, како и на други познати локации во градот, а публиката ја забавуваа диџеи. Собраните ги одбројаа последните секунди од 2021 година и со огномет влегоа во Новата година, јави Анадолија.

Новата година, не толку спектакуларна како во годините пред пандемијата, беше дочекана и во другите турски градови, јавува Анадолија.

Новата година први ја дочекаа жителите на јужниот пацифички остров Самоа и Кирибати, кои влегоа во 11 часот во 2022-та година и Нов Зеланд каде пристигна еден час подоцна.

https://republika.mk/vesti/svet/samoa-tonga-i-kiribati-ja-dochekaa-novata-2022-godina/

Оваа година во Самоа беше дозволен огномет, за разлика од минатата година кога беше на забрането.

Сиднеј ја почна 2022 година со 6 тони пиротехнички средства и огномет во пристаништето. Австралијците ја дочекаа 2022 година вчера, охрабрени од надежта дека следната ќе биде подобра поради добрите вести од Јужна Африка, првата земја што изјави дека го надминала бранот од сојот омикрон на корона вирусот.

https://republika.mk/vesti/svet/novogodishen-ognomet-vo-sidnej/

Во највисоката зграда на светот во Дубаи, висок 828 метри, Бурџ Калифа, се одржа огномет комплетно со светлосно и ласерско шоу. За време на 12-минутниот спектакл, стотици пиротехнички средства го осветлиле небото на три километри над Арапското Море.

https://www.youtube.com/watch?v=-19c316LqVo

Ќе бидат потребни 26 часа, до 13 часот денеска по средноевропско време, за целиот свет да ја дочека Новата година.

The post Светот втора година по ред ја дочека Новата година со ковид мерки и огномети appeared first on Република.

]]>

Втора година по ред светот влезе во Новата година со ограничени или откажани прослави поради пандемијата на корона вирусот, но со надеж дека 2022 година ќе биде подобра. Во Европа, каде што речиси милион луѓе починаа од Ковид-19 во текот на изминатата година, традиционалните забави на отворено со концерти и огномет се откажани во повеќето поголеми градови, како Лондон и Париз или беа ограничени како во Мадрид. Немаше голем огномет на Бранденбуршката порта во Берлин, ниту организиран дочек со илјадници луѓе, а пред полноќ берлинската полиција ги повика луѓето да не се движат кон обележјето. https://republika.mk/vesti/svet/pirotehnika-na-zabava-vo-berlin-prati-12-lugje-vo-bolnica/ Луѓето што, сепак, беа собрани во областа пред полноќ почнаа да се разотидува во раните утрински часови. Во Рим, полицијата затвори некои области во центарот на градот, откако пиротехнички средства беа фрлени врз минувачите во близина на метро станицата Колосеум, објави новинската агенција АНСА, додавајќи дека нема извештаи за повредени. Франција ја дочека 2022 година со строги мерки против Ковид-19. Во многу француски градови маските се задолжителни на отворено. Традиционалниот новогодишен огномет на Триумфалната капија во Париз е откажан, а не се дозволени здравици со шампањ на Елисејските полиња. И покрај тоа, толпа луѓе се собраа на Елисејските полиња. Париското небо беше осветлено со само неколку огномети бидејќи продажбата на пиротехнички средства беше забранета речиси насекаде во Франција пред Нова година. Ајфеловата кула беше обоена во сина боја со ѕвездите на Европската Унија, што го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ. Иако бројот на новозаразени рапидно расте во Шпанија, најтрадиционалната масовна новогодишна забава се одржа во Мадрид, откако таа беше откажана минатата година. Околу 7.000 луѓе во Мадрид ја дочекаа Новата година на плоштадот Пуерта дел Сол, а бројот на дозволени учесници беше намален за околу 60 отсто. Луѓето ширум земјата ги јадеа традиционалните 12 зрна грозје за среќа секој пат кога часовникот на Пуерта дел Сол ќе отчука полноќ. И покрај големиот дневен број на заразени, Британците се радуваа и наздравија за Нова година. Во Англија можеше да се оди на забави со пропусници за Ковид. Во Шкотска и Велс, каде клубовите се затворени, прославата беше многу поскромна. Милиони луѓе во Москва ја прославија Новата година два часа пред градовите кои се во средноевропската временска зона на ниски температури со снег и голем огномет на 62 локации и без поголеми ограничувања поради коронавирусот. Илјадници луѓе се собраа на познатиот Црвен плоштад во Москва. Руската престолнина традиционално организира огномет на неколку локации, кои најдобро се гледаат од областа на облакодерите Москва-Сити или од Спароу Хилс. https://www.youtube.com/watch?v=WfxZvu8M2xI&feature=emb_title Жителите на Истанбул заедно со туристите од повеќе земји ја дочекаа 2022 година на плоштадот Таксим, како и на други познати локации во градот, а публиката ја забавуваа диџеи. Собраните ги одбројаа последните секунди од 2021 година и со огномет влегоа во Новата година, јави Анадолија. Новата година, не толку спектакуларна како во годините пред пандемијата, беше дочекана и во другите турски градови, јавува Анадолија. Новата година први ја дочекаа жителите на јужниот пацифички остров Самоа и Кирибати, кои влегоа во 11 часот во 2022-та година и Нов Зеланд каде пристигна еден час подоцна. https://republika.mk/vesti/svet/samoa-tonga-i-kiribati-ja-dochekaa-novata-2022-godina/ Оваа година во Самоа беше дозволен огномет, за разлика од минатата година кога беше на забрането. Сиднеј ја почна 2022 година со 6 тони пиротехнички средства и огномет во пристаништето. Австралијците ја дочекаа 2022 година вчера, охрабрени од надежта дека следната ќе биде подобра поради добрите вести од Јужна Африка, првата земја што изјави дека го надминала бранот од сојот омикрон на корона вирусот. https://republika.mk/vesti/svet/novogodishen-ognomet-vo-sidnej/ Во највисоката зграда на светот во Дубаи, висок 828 метри, Бурџ Калифа, се одржа огномет комплетно со светлосно и ласерско шоу. За време на 12-минутниот спектакл, стотици пиротехнички средства го осветлиле небото на три километри над Арапското Море. https://www.youtube.com/watch?v=-19c316LqVo Ќе бидат потребни 26 часа, до 13 часот денеска по средноевропско време, за целиот свет да ја дочека Новата година.

The post Светот втора година по ред ја дочека Новата година со ковид мерки и огномети appeared first on Република.

]]>