новогодишна елка Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishna-elka/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jan 2024 18:23:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишна елка Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishna-elka/ 32 32 Новогодишна елка од 1.500 евра: Бака Прасе и Ања Бла луксузно го декорираа новиот стан вреден 2 милиони евра https://republika.mk/scena/estrada/novogodishna-elka-od-1-500-evra-baka-prase-i-ana-bla-luksuzno-go-dekoriraa-noviot-stan-vreden-2-milioni-evra/ Mon, 01 Jan 2024 20:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=728758

Девојката на најпознатиот српски јутјубер, Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе бна социјалните мрежи се пофали со раскошната новогодишна декорација на нивниот стан од 2 милиони евра.

Ања Благојевиќ, облечена во црвен фустан и со капа на Дедо Мраз, ја покажа џиновската елка, која самата ја декорирала.

Елката е со височина од три метри, а парот откри дека за неа издвоиле околу 1.500 евра.

Два дена ја китев оваа џиновска елка. Потрошивме нешто помалку од 1.500 евра за елката. Самото дрво чинеше околу 900 евра, а 500 евра потрошивме за украсите“, вели Ања.

View this post on Instagram

A post shared by Ања (@anjablaa)

The post Новогодишна елка од 1.500 евра: Бака Прасе и Ања Бла луксузно го декорираа новиот стан вреден 2 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Девојката на најпознатиот српски јутјубер, Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе бна социјалните мрежи се пофали со раскошната новогодишна декорација на нивниот стан од 2 милиони евра. Ања Благојевиќ, облечена во црвен фустан и со капа на Дедо Мраз, ја покажа џиновската елка, која самата ја декорирала. Елката е со височина од три метри, а парот откри дека за неа издвоиле околу 1.500 евра.
Два дена ја китев оваа џиновска елка. Потрошивме нешто помалку од 1.500 евра за елката. Самото дрво чинеше околу 900 евра, а 500 евра потрошивме за украсите“, вели Ања.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ања (@anjablaa)

The post Новогодишна елка од 1.500 евра: Бака Прасе и Ања Бла луксузно го декорираа новиот стан вреден 2 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Нов тренд во китењето новогодишни елки – без украси! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-trend-vo-kiteneto-novogodishni-elki-bez-ukrasi/ Sun, 31 Dec 2023 14:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=728304

Доколку сакате нешто поразлично и минималистичко за овие празници, ваквата декорација е идеален избор за вашиот дом…

TikTok често ни носи нови трендови и не информира за нив, а пред новогодишните и божиќните празници оваа социјална мрежа е преплавена со идеи за украсување на елката и домот.

Така е и годинава, а за украсување повеќе не ви се потребни класични украси, туку има нов тренд – машнички, пишува NY Post.

На TikTok клиповите за машни достигнаа повеќе од 10 милијарди прегледи, а многу дизајнери веднаш ги вградија во нивните украси.

The post Нов тренд во китењето новогодишни елки – без украси! appeared first on Република.

]]>

Доколку сакате нешто поразлично и минималистичко за овие празници, ваквата декорација е идеален избор за вашиот дом… TikTok често ни носи нови трендови и не информира за нив, а пред новогодишните и божиќните празници оваа социјална мрежа е преплавена со идеи за украсување на елката и домот. Така е и годинава, а за украсување повеќе не ви се потребни класични украси, туку има нов тренд – машнички, пишува NY Post. На TikTok клиповите за машни достигнаа повеќе од 10 милијарди прегледи, а многу дизајнери веднаш ги вградија во нивните украси.  

The post Нов тренд во китењето новогодишни елки – без украси! appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад https://republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-otkri-shto-e-najdobrata-rabota-so-elkata-na-ploshtad/ Thu, 21 Dec 2023 08:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=725099

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“.

https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.
Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“. https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>
Специјална новогодишна елка поставена на централниот плоштад во Брисел https://republika.mk/vesti/svet/spetsijalna-novogodishna-elka-postavena-na-tsentralniot-ploshtad-vo-brisel/ Sat, 18 Nov 2023 10:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=702823

Традиционалната новогодишна елка е поставена на централниот плоштад Гран Плас во Брисел, каде ќе стои за време на божиќните и новогодишни празници до 7 јануари.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, 22 метри високата елка е од типот „Нордман“ и е стара околу 50 години. Таа растела во дворот на 87-годишната Марија и нејзиниот покоен сопруг Јозеф во местото Лиер кај Антверпен.

Елката стоеше во дворот на станбена куќа во шармантниот град Лиер во провинцијата Антверпен. Беа потребни пет децении за да порасне во џин каков што е денес. Донирајќи и ја на градот Брисел, сопствениците сега и даваат место кое што и доликува на нејзиниот моќен изглед: да стои на најубавиот плоштад во светот, каде што ќе и се восхитуваат стотици илјади посетители, соопштија бриселските локални власти.

Елката ја „открил“ Пјер Демесмакер од расадникот „Интер Арбо“, кој за весникот „Газет Ван Антверпен“ вели дека по празниците елката ќе биде исечена и расади од неа ќе бидат посадени во расадникот.

Таа ќе се прошири на младите елки во нашиот расадник и на тој начин ќе и се врати на природата, истакна Демесмакер.

До понеделник, елката ќе биде украсена со 140 орнаменти изработени од претставници на 11-те домородни народи на канадската покраина Квебек, кои се почесни гости на божиќниот базар „Зимски чуда“. Меѓу украсите што ќе се најдат на елката ќе бидат осмокраката Ѕвезда на народот Микмак, која е симбол за неговото единство, но и на Сонцето, потоа симболот за човекот на северноамериканските домородни народи „Инукшук“, традиционалните „чевли за одење по снег“, „Ловецот на соништата“ украсен со 50 бели светилки, како и два километри долга низа од ЛЕД светилки.

Свеченоста на палење на светилките ќе се одржи в петок со што официјално ќе почне базарот „Зимски чуда“, со настап на танцови групи на канадските домородни народи. Покрај на Гран Плас во рамки на базарот ќе се организираат манифестации и на други плоштади во Брисел, а ќе бидат поставени и штандови за храна, пијалаци и подароци. Базарот ќе биде отворен секој ден од 12 до 22 часот во периодот од 24 ноември до 31 декември. „Зимски чуда“ минатата година беше прогласен за најдобар божиќен пазар во светот.

Дополнително, како дел од празничната атмосфера, со светилки и украси ќе бидат накитени уште 168 бриселски улици.

The post Специјална новогодишна елка поставена на централниот плоштад во Брисел appeared first on Република.

]]>

Традиционалната новогодишна елка е поставена на централниот плоштад Гран Плас во Брисел, каде ќе стои за време на божиќните и новогодишни празници до 7 јануари. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, 22 метри високата елка е од типот „Нордман“ и е стара околу 50 години. Таа растела во дворот на 87-годишната Марија и нејзиниот покоен сопруг Јозеф во местото Лиер кај Антверпен.
Елката стоеше во дворот на станбена куќа во шармантниот град Лиер во провинцијата Антверпен. Беа потребни пет децении за да порасне во џин каков што е денес. Донирајќи и ја на градот Брисел, сопствениците сега и даваат место кое што и доликува на нејзиниот моќен изглед: да стои на најубавиот плоштад во светот, каде што ќе и се восхитуваат стотици илјади посетители, соопштија бриселските локални власти.
Елката ја „открил“ Пјер Демесмакер од расадникот „Интер Арбо“, кој за весникот „Газет Ван Антверпен“ вели дека по празниците елката ќе биде исечена и расади од неа ќе бидат посадени во расадникот.
Таа ќе се прошири на младите елки во нашиот расадник и на тој начин ќе и се врати на природата, истакна Демесмакер.
До понеделник, елката ќе биде украсена со 140 орнаменти изработени од претставници на 11-те домородни народи на канадската покраина Квебек, кои се почесни гости на божиќниот базар „Зимски чуда“. Меѓу украсите што ќе се најдат на елката ќе бидат осмокраката Ѕвезда на народот Микмак, која е симбол за неговото единство, но и на Сонцето, потоа симболот за човекот на северноамериканските домородни народи „Инукшук“, традиционалните „чевли за одење по снег“, „Ловецот на соништата“ украсен со 50 бели светилки, како и два километри долга низа од ЛЕД светилки. Свеченоста на палење на светилките ќе се одржи в петок со што официјално ќе почне базарот „Зимски чуда“, со настап на танцови групи на канадските домородни народи. Покрај на Гран Плас во рамки на базарот ќе се организираат манифестации и на други плоштади во Брисел, а ќе бидат поставени и штандови за храна, пијалаци и подароци. Базарот ќе биде отворен секој ден од 12 до 22 часот во периодот од 24 ноември до 31 декември. „Зимски чуда“ минатата година беше прогласен за најдобар божиќен пазар во светот. Дополнително, како дел од празничната атмосфера, со светилки и украси ќе бидат накитени уште 168 бриселски улици.

The post Специјална новогодишна елка поставена на централниот плоштад во Брисел appeared first on Република.

]]>
Преку ноќ ја снема новогодишната елка во Радовиш https://republika.mk/vesti/makedonija/preku-nok-ja-snema-novogodishnata-elka-vo-radovish/ Mon, 26 Dec 2022 13:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=590126

Радовишани заспаа со накитена елка, се разбудија со празен плоштад. Тие на социјалните мрежи прво се шегуваа дека некој им го украл Божик, за потоа да се рашират муабетите дека фирмата која го украсила градот не била платена, па решиле да го раскитат.

Градоначалникот Ацо Ристов за ММС потврди дека фирмата била таа која ја отстранила елката, но само затоа што ја поставиле без градот да им побара или без било каков договор.

Нема да дозволиме некој да нè уценува и рекетира, вели Ристов објаснувајќи дека фирмата, која што не сакаше да ја именува, со години наназат поставувала елка и го украсувала градот, така направила и оваа година, меѓутоа тоа го направила без пред тоа да склучи било каков договор со општината. Откако било направено украсувањето, фирмата од општината побарала 7.000 евра за елката и украсите, со тоа што тие не стануваат во трајна сопственост, туку само се изнајмуваат.

Почна и притисоците и уцените од фирмата дека доколку не се плати, ќе си ја соберат елката. Јас не сакам никој да ме уценува за нешто што не сме го побарале. Едноставно не сакав да продолжи оваа коруптивна шема, што била разработена во годините наназад. Реков дека нема да платиме и тие во саботата си ја собраа елката, додаде Ристов за ММС и вети дека радовишани ќе добијат и нова елка и нови украси и целосна новогодишна програма.

The post Преку ноќ ја снема новогодишната елка во Радовиш appeared first on Република.

]]>

Радовишани заспаа со накитена елка, се разбудија со празен плоштад. Тие на социјалните мрежи прво се шегуваа дека некој им го украл Божик, за потоа да се рашират муабетите дека фирмата која го украсила градот не била платена, па решиле да го раскитат. Градоначалникот Ацо Ристов за ММС потврди дека фирмата била таа која ја отстранила елката, но само затоа што ја поставиле без градот да им побара или без било каков договор. Нема да дозволиме некој да нè уценува и рекетира, вели Ристов објаснувајќи дека фирмата, која што не сакаше да ја именува, со години наназат поставувала елка и го украсувала градот, така направила и оваа година, меѓутоа тоа го направила без пред тоа да склучи било каков договор со општината. Откако било направено украсувањето, фирмата од општината побарала 7.000 евра за елката и украсите, со тоа што тие не стануваат во трајна сопственост, туку само се изнајмуваат.