ново обвинение Archives - Република https://republika.mk/tema/novo-obvinenie/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Sep 2023 10:00:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ново обвинение Archives - Република https://republika.mk/tema/novo-obvinenie/ 32 32 Семејствата на луѓето кои изгореа во модуларната болница во Тетово најавија протест – бараат ново обвинение https://republika.mk/vesti/makedonija/semejstvata-na-lugeto-koi-izgorea-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-najavija-protest-baraat-novo-obvinenie/ Tue, 05 Sep 2023 10:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=678931

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение.

Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение.

-Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница.

-Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.

The post Семејствата на луѓето кои изгореа во модуларната болница во Тетово најавија протест – бараат ново обвинение appeared first on Република.

]]>

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение. -Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката. Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница. -Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.

The post Семејствата на луѓето кои изгореа во модуларната болница во Тетово најавија протест – бараат ново обвинение appeared first on Република.

]]>
Морал, а не носел очила, возел 74,2 км/ч – ќе се смени обвинението со потешко за прилепчанецот кој усмрти велосипедистка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/moral-a-ne-nosel-ochila-vozel-74-2-km-ch-ke-se-smeni-obvinenieto-so-poteshko-za-prilepchanetsot-koj-usmrti-velosipedistka/ Fri, 16 Jun 2023 14:24:28 +0000 https://republika.mk/?p=652184

Основното јавно Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела - Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и - Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавноот обвинителство, во врска со сообраќајна несреќа која се случи на 9 јуни на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, против осомничениот 26-годишник досега се водеше постапка за предизвикување сообраќајна несреќа од полесен квалификаторен облик и по предлог на обвинителството му беше определена мерка куќен притвор во траење од 8 дена. Но, во текот на предистражната постапка се прибавија докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој сторил потешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, па надлежниот јавен обвинител отвори истрага и достави предлог да му биде определена мерка притвор.

Согласно доказите, на критичниот ден, тој управувал патничко моторно возило Фолксваген голф со прилепски регистарски ознаки, иако не ја поседувал потребната здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило – без очно помагало поради намалена видна функција за 50% (бинокуларно гледање). Спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движел со брзина од 74,2 км/ч на место каде максимално дозволена брзина на движење изнесува 50 км/ч. Возилото не го држел што поблиску до десниот раб на коловозот, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Кога пристигнал наспроти фабриката „Металец“ во Прилеп со тркалата од десната страна на возилото излегол надвор од површината од десниот раб на коловозот, односно на земјеното проширување, па со предниот десен дел од возилото удрил во задното тркало од велосипед марка „Ендуро“ управуван од оштетената – сега почината велосипедистка. Во моментот на ударот таа стоела со велосипедот на земјеното проширување покрај десниот раб од коловозот, а како последица од ударот била отфрлена на тревната површина од десната страна од коловозот. При ударот оштетената добила тешки телесни повреди кои резултирале со смртна последица, а возачот на автомобилот ја оставил без помош и веднаш го напуштил местото на несреќата.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.

Претходно од Обвинителството објавија и дека неговиот татко се обидел да ја преземе вината врз себе и се пријавил во полиција. Повеќе тука:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-mladiot-prilepchanets-koj-usmrti-velosipedistka-po-shto-tatko-mu-lazheshe-deka-toj-vozel/

The post Морал, а не носел очила, возел 74,2 км/ч – ќе се смени обвинението со потешко за прилепчанецот кој усмрти велосипедистка appeared first on Република.

]]>

Основното јавно Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела - Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и - Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавноот обвинителство, во врска со сообраќајна несреќа која се случи на 9 јуни на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, против осомничениот 26-годишник досега се водеше постапка за предизвикување сообраќајна несреќа од полесен квалификаторен облик и по предлог на обвинителството му беше определена мерка куќен притвор во траење од 8 дена. Но, во текот на предистражната постапка се прибавија докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој сторил потешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, па надлежниот јавен обвинител отвори истрага и достави предлог да му биде определена мерка притвор. Согласно доказите, на критичниот ден, тој управувал патничко моторно возило Фолксваген голф со прилепски регистарски ознаки, иако не ја поседувал потребната здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило – без очно помагало поради намалена видна функција за 50% (бинокуларно гледање). Спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движел со брзина од 74,2 км/ч на место каде максимално дозволена брзина на движење изнесува 50 км/ч. Возилото не го држел што поблиску до десниот раб на коловозот, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Кога пристигнал наспроти фабриката „Металец“ во Прилеп со тркалата од десната страна на возилото излегол надвор од површината од десниот раб на коловозот, односно на земјеното проширување, па со предниот десен дел од возилото удрил во задното тркало од велосипед марка „Ендуро“ управуван од оштетената – сега почината велосипедистка. Во моментот на ударот таа стоела со велосипедот на земјеното проширување покрај десниот раб од коловозот, а како последица од ударот била отфрлена на тревната површина од десната страна од коловозот. При ударот оштетената добила тешки телесни повреди кои резултирале со смртна последица, а возачот на автомобилот ја оставил без помош и веднаш го напуштил местото на несреќата. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена. Претходно од Обвинителството објавија и дека неговиот татко се обидел да ја преземе вината врз себе и се пријавил во полиција. Повеќе тука: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-mladiot-prilepchanets-koj-usmrti-velosipedistka-po-shto-tatko-mu-lazheshe-deka-toj-vozel/

The post Морал, а не носел очила, возел 74,2 км/ч – ќе се смени обвинението со потешко за прилепчанецот кој усмрти велосипедистка appeared first on Република.

]]>