новинарски марш Archives - Република https://republika.mk/tema/novinarski-marsh/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Feb 2023 11:23:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новинарски марш Archives - Република https://republika.mk/tema/novinarski-marsh/ 32 32 Владата создаде најголема редакција во земјата: Не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР-памфлет https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-sozdade-najgolema-redaktsija-vo-zemjata-ne-e-transparentnost-koga-so-denovi-chekate-odgovor-a-dobivate-pr-pamflet/ Fri, 17 Feb 2023 11:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=610125

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку марш од Владата до Собранието, денеска упатија барања за изнаоѓање системски решенија за квалитет на новинарските содржини, достоинствени плати, обезбедување услови за квалитетни и професионални новинарски продукти за традиционалните, но и за новите медиуми.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски од пред Владата образложувајќи ги барањата посочи оти е потребна имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера за обезбедување и независно функционално работење на јавниот сервис и на регулаторот.

ЗНМ и ССНМ побараа брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите, како и поддршка за колегите од внатрешноста.

За сите овие барања ЗНМ и ССНМ доставија до Владата акциски план со точки, потточки и рокови за реализација.

Стоп на негативниот тренд на понижувачки говор од страна на министри, директори и политичари. Стоп за агресивниот државен ПР, што ја зема работата на новинарите. Државниот ПР ја зема работата на новинарите, снимателите и фоторепортерите. Владата создаде најголема редакција во земјата, а државните институции и нивните директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување. Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое треба да биде, истакна Чадиковски.

Ова, како што нагласи, е најважната работа да обезбедиме демократски амбиент во кој ќе ја цементираме слободата на говорот како најсилен императив за добро функционирање на државата.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека сведоци сме дека работничките права дури и оние најосновните на медиумските работници не се почитуваат се заобиколуваат.

Мораме заедно сплотени како што сме на овој марш да продолжиме да ги бараме и да се бориме за она што ни следува според законот. Овие состојби може да се подобрат пред се само со потпишување на колективни договори со што далеку попрецизно ќе се утврдат условите за работа, како и обврските и задолженијата на двете страни. За да успееме да потпишеме колективни договори со кои еднаш за секогаш ќе кажеме стоп за анархијата, потребен дијалог, дијалог од сите и победа за сите, рече Беловски.

Тој посочи дека постои една атмосфера во јавниот дискурс во која новинарите и медиумските работници се повеќе се напаѓани, навредувани, тепани, газени, малтретирани, а тој наратив потекнува од повеќе извори, па дури и високи политички функционери си дозволуваат да навредуваат и омаловажуваат.

Сметаме дека оваа ситуација мора да сопре. Нападите врз новинарите и медиумските работници се напад врз јавноста, односно врз правото на граѓаните да бидат информирани, рече Беловски.

Претседателот на ССНМ посочи дека една од причините за овој марш е да се даде поддршка и да се крене свеста во каква состојба се наоѓаат новинарите од внатрешноста и во какви услови работат.

Марш или протест, потреби или барања или критика. Како и да си ги поставиме прашањата, одговорите ни се јасни на сите. Задолжени надлежни за ништо, задолжени за се. Не молчевме, сте зборувале кога проникнуваше новинарството во оваа млада Република. Не замолчевме ниту кога не тепаа, малтретираа, кога не затвораа, кога ги губевме нашите работни места. Тој џин е етичкиот професионалец, тој џин е трудбеникот односно тоа сме ние денеска. Се одѕиваме под називот медиумски работници од првиот кадар, па преку острото перо па се до копчето до реализација. Поединецот кој стои зад вистината слободната мисла и јавниот интерес, додаде Беловски.

The post Владата создаде најголема редакција во земјата: Не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР-памфлет appeared first on Република.

]]>

„Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните“, им порачаа новинарите на функционерите во Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/navredata-kon-novinarite-e-pottsenuvane-na-graganite-im-porachaa-novinarite-na-funktsionerite-vo-vladata/ Fri, 17 Feb 2023 09:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=610067

Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните, Стоп за агресивниот државен пи-ар, Новинарството на удар, ние сме обединети се пораките што новинарите им ги упатија точно во 10.30 на министрите и функционерите во Владата.

На новинарскиот марш што го организираат ЗНМ и ССНМ новинарите и медиумските работници ќе го изразат незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција и небезбедните услови во кои работат новинарите.

Во дел од тие барања, прво тоа што го говориме, стоп за негативен тренд за понижувачки говор од страна политичарите, стоп за агресивен државен ПР, ние мораме да ги отвориме институциите за да им помогнеме да се подобрат. Важна е и поддршка за колегите од внатрешноста, треба да најдеме системско решение што ќе помогне да се подобри квалитетот на новинарската рабата, не само во локалните медиуми, мора да се најде начин за да обезбеди системски пристап за подобри продукти, изјави претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски утрово пред почетокот на Маршот.

Изминатиов период новинарите се изложени на силни притисоци од високи функционери. Навредите стигнуваат од лидерот на ДУИ, премиерот Димитар Ковачевски, министерот Крешник Бектеши, а кулминираа на 4 февруари кога владините служби не им дозволија на новинарите да работат и да известуваат од одбележувањето на раѓањеро на Гоце Делчев.

На многу новинарски екипи, меѓу кои и екипата на Република, без образложение не им беше дозволено воопшто и да присуствуваат на настанот.

The post „Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните“, им порачаа новинарите на функционерите во Владата appeared first on Република.

]]>

Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните, Стоп за агресивниот државен пи-ар, Новинарството на удар, ние сме обединети се пораките што новинарите им ги упатија точно во 10.30 на министрите и функционерите во Владата. На новинарскиот марш што го организираат ЗНМ и ССНМ новинарите и медиумските работници ќе го изразат незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција и небезбедните услови во кои работат новинарите.  
Во дел од тие барања, прво тоа што го говориме, стоп за негативен тренд за понижувачки говор од страна политичарите, стоп за агресивен државен ПР, ние мораме да ги отвориме институциите за да им помогнеме да се подобрат. Важна е и поддршка за колегите од внатрешноста, треба да најдеме системско решение што ќе помогне да се подобри квалитетот на новинарската рабата, не само во локалните медиуми, мора да се најде начин за да обезбеди системски пристап за подобри продукти, изјави претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски утрово пред почетокот на Маршот.
  Изминатиов период новинарите се изложени на силни притисоци од високи функционери. Навредите стигнуваат од лидерот на ДУИ, премиерот Димитар Ковачевски, министерот Крешник Бектеши, а кулминираа на 4 февруари кога владините служби не им дозволија на новинарите да работат и да известуваат од одбележувањето на раѓањеро на Гоце Делчев. На многу новинарски екипи, меѓу кои и екипата на Република, без образложение не им беше дозволено воопшто и да присуствуваат на настанот.

The post „Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните“, им порачаа новинарите на функционерите во Владата appeared first on Република.

]]>
Безбедни новинари го поддржува Mакедонскиот марш за одбрана на достоинството на новинарите https://republika.mk/vesti/makedonija/bezbedni-novinari-go-poddrzhuva-makedonskiot-marsh-za-odbrana-na-dostoinstvoto-na-novinarite/ Fri, 17 Feb 2023 09:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=610056

Поддршка на ЗНМ за маршот за одбрана на новинарското достоинство упати мрежата Безбедни новинари (SafeJournalists), која претставува повеќе од 8 200 медиумски професионалци во Западен Балкан. Во заедничко соопштение поддршка за маршот и честитки за 77 годишнинатата до ЗНМ кое е членка на оваа мрежа изразија здруженијата на новинари на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, како и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Ние стоиме рамо до рамо со нашите македонски колеги во нивните напори да го кренат гласот за: итно донесување и спроведување на законите кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивното доследно спроведување, ставање крај на државниот ПР што може да го наруши јавниот интерес, почитувајќи ги работничките права и безбедноста на медиумските работници при вршењето на нивните професионални должности на национално и локално ниво во Република Македонија. 

Ќе останеме посветени на почитувањето на состојбата на правата на новинарите и состојбата на слободата на медиумите во оваа земја. Воедно, сакаме да ја честитаме 77-годишнината на ЗНМ и ги поздравуваме нивните посветени напорите за одбрана на новинарското достоинство на македонските новинари и медиумски работници, стои во нивното соопштение.

The post Безбедни новинари го поддржува Mакедонскиот марш за одбрана на достоинството на новинарите appeared first on Република.

Новинарите на марш: Новинарството е јавно добро, условите за работа мора да бидат достоинствени https://republika.mk/vesti/makedonija/novinarite-na-marsh-novinarstvoto-e-javno-dobro-uslovite-za-rabota-mora-da-bidat-dostoinstveni/ Fri, 17 Feb 2023 07:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=609956

Чувствуваме дека работите тапкаат во место, дури и се влошуваат, а законите важни за медиумите не се спроведуваат. Јавните функционери и денес имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Излегуваме за да кажеме дека новинарството е јавно добро и дека условите во
кои работат новинарите мора да бидат достоинствени, потенцира во изјава за МИА претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, по повод денешниот марш за одбрана на новинарското достоинство, што ЗНМ го организира со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Според Чадиковски, самиот факт што денес излегуваат на протестен марш говори дека треба уште многу да се направи за да имаме достоинствено новинарство. Маршот ќе започне од пред зградата на Владата, а медиумските работници ќе се движат до Собранието на РС Македонија.

Како што објаснува претседателот на ЗНМ, целта е да упатат порака дека бараат почит кон новинарската професија и промени на подобро.

Ќе бидеме гласни, видливи и што е најважно обединети. Очекувам колегите да бидат присутни, затоа што овие прашања што ги истакнуваме не се важни само за ЗНМ или за ССНМ, важни се за сите нас, новинарите, снимателите и останатите медиумски работници, важни се за граѓаните, за да не ги изневеруваме нивните очекувања, додава тој.

Според Чадиковски, јавните функционери и денес знаат да имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, агресивниот државен пи-ар ја зема работата на новинарите, локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, а безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде.

Новинарскиот марш се организира кога Здружението одбележува 77 години постоење. Чадиковски потенцира дека е факт оти ова треба да биде заеднички труд на сите чинители, со цел да се креира амбиент за поквалитена работа на медиумските работници, но пред се носителите на јавни функции и политичарите треба да сфатат дека не смеат да не игнорираат или потценуваат. Не заради нас, туку заради граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски.

Новинарството денес не е имуно на општествените трендови. Новите дигитални медиуми стануваат се попопуларни во однос на традиционалните. Според претседателот на ЗНМ, новинарството минува низ сериозни трансформации во поседниве години кои ги диктираат новите технологии.

Нашата задача како новинари е професионалните стандарди на професијата да ги пресликаме и во новинарството кое се менува. Како здружение на новинари заедно со СЕММ го направивме „Промедиа“, регистарот на професионални он лајн медиуми, со цел фелата сама да почне да ги решава проблемите кои постојат во „онлајн“ просторот. Тие се на добар пат, и очекуваме во наредниот период саморегулацијата да заземе уште позначајно место во медиумската сфера, додава Чадиковски за МИА.

Тој е дециден дека последните избори на ЗНМ, кои се сметаат за најмасовни досега, покажуваат оти новинарството како професија има капацитет да ја подигне солидарноста меѓу новинарите на многу повисоко ниво, и постојат прашања за кои можат да се согласат. Особено, како што вели, прашањата за кои мора да постои консензус.

Со новинарството никој, најмалку политичарите, не смеат да си играат и што е уште поважно мора да се однесуваат со почит кон нас, во спротивно, ги навредуваат граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски.

Поддршка на ЗНМ за маршот за одбрана на новинарското достоинство упати SafeJournalists мрежата, која претставува повеќе од 8 200 медиумски професионалци во Западен Балкан. Во заедничко соопштение поддршка за маршот и честитки за 77 годишнинатата до ЗНМ кое е членка на оваа мрежа изразија здруженијата на новинари на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, како и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.(МИА)

The post Новинарите на марш: Новинарството е јавно добро, условите за работа мора да бидат достоинствени appeared first on Република.

]]>

Чувствуваме дека работите тапкаат во место, дури и се влошуваат, а законите важни за медиумите не се спроведуваат. Јавните функционери и денес имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Излегуваме за да кажеме дека новинарството е јавно добро и дека условите во кои работат новинарите мора да бидат достоинствени, потенцира во изјава за МИА претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, по повод денешниот марш за одбрана на новинарското достоинство, што ЗНМ го организира со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Според Чадиковски, самиот факт што денес излегуваат на протестен марш говори дека треба уште многу да се направи за да имаме достоинствено новинарство. Маршот ќе започне од пред зградата на Владата, а медиумските работници ќе се движат до Собранието на РС Македонија. Како што објаснува претседателот на ЗНМ, целта е да упатат порака дека бараат почит кон новинарската професија и промени на подобро.
Ќе бидеме гласни, видливи и што е најважно обединети. Очекувам колегите да бидат присутни, затоа што овие прашања што ги истакнуваме не се важни само за ЗНМ или за ССНМ, важни се за сите нас, новинарите, снимателите и останатите медиумски работници, важни се за граѓаните, за да не ги изневеруваме нивните очекувања, додава тој.
Според Чадиковски, јавните функционери и денес знаат да имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, агресивниот државен пи-ар ја зема работата на новинарите, локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, а безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде. Новинарскиот марш се организира кога Здружението одбележува 77 години постоење. Чадиковски потенцира дека е факт оти ова треба да биде заеднички труд на сите чинители, со цел да се креира амбиент за поквалитена работа на медиумските работници, но пред се носителите на јавни функции и политичарите треба да сфатат дека не смеат да не игнорираат или потценуваат. Не заради нас, туку заради граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски. Новинарството денес не е имуно на општествените трендови. Новите дигитални медиуми стануваат се попопуларни во однос на традиционалните. Според претседателот на ЗНМ, новинарството минува низ сериозни трансформации во поседниве години кои ги диктираат новите технологии.