новинар Archives - Република https://republika.mk/tema/novinar/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 12:48:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новинар Archives - Република https://republika.mk/tema/novinar/ 32 32 Почина долгогодишниот новинар и уредник на МРТ Петар Ѕалев https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-dolgogodishniot-novinar-i-urednik-na-mrt-petar-zalev/ Wed, 24 Jul 2024 12:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=799876

По кусо боледување денеска во Скопје почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија. Ѕалев e роден во Битола во 1959 година. Дипломирал новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а сиот работен век го поминува во Јавниот радиотелевизиски сервис.

Во неговиот богат авторски и новинарски опус, Ѕалев работи и уредува во стопанската редакција на тогашната Телевизија Скопје, а потоа и во Македонската телевизија.

Уредник е на Внатрешно-политичката редакција, а во 2009 година е назначен за одговорен уредник на Информативната редакција на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија.

Бил и советник на извршниот директор на Македонската радиотелевизија, позиција од која заминува во пензија во 2023 година.

Петар Ѕалев е сведок на многубројните промени во јавниот сервис од независноста на државата.

Ќе остане запаметен меѓу колегите по ведриот и колегијален дух, професионалноста со постојана подготвеност за објективно и навремено информирање на јавноста.

 

The post Почина долгогодишниот новинар и уредник на МРТ Петар Ѕалев appeared first on Република.

]]>

По кусо боледување денеска во Скопје почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија. Ѕалев e роден во Битола во 1959 година. Дипломирал новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а сиот работен век го поминува во Јавниот радиотелевизиски сервис. Во неговиот богат авторски и новинарски опус, Ѕалев работи и уредува во стопанската редакција на тогашната Телевизија Скопје, а потоа и во Македонската телевизија. Уредник е на Внатрешно-политичката редакција, а во 2009 година е назначен за одговорен уредник на Информативната редакција на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија. Бил и советник на извршниот директор на Македонската радиотелевизија, позиција од која заминува во пензија во 2023 година. Петар Ѕалев е сведок на многубројните промени во јавниот сервис од независноста на државата. Ќе остане запаметен меѓу колегите по ведриот и колегијален дух, професионалноста со постојана подготвеност за објективно и навремено информирање на јавноста.  

The post Почина долгогодишниот новинар и уредник на МРТ Петар Ѕалев appeared first on Република.

]]>
Нема траги од насилство на телото на новинарот од Би-би-си кој беше пронајден мртов на грчкиот остров Сими https://republika.mk/vesti/svet/nema-tragi-od-nasilstvo-na-teloto-na-novinarot-od-bi-bi-si-koj-beshe-pronajden-mrtov-na-grchkiot-ostrov-simi/ Mon, 10 Jun 2024 12:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=786251

Без траги на насилство или повреди кои упатуваат на кривично дело се првичните резултати од обдукцијата на телото на британскиот новинар и презентер на Би-Би-Си Мајкл Мосли, кое вчера беше пронајдено во карпеста област во близина на плажа на островот Сими, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според државната агенција АНА-МПА, претпладнево на островот Родос била завршена обдукцијата, а причината за смртта се смета за неутврдена, поради тоа што телото е во напреднa фаза на распаѓање.

Телевизијата ЕРТ објави дека ќе следат дополнителни анализи за утврдување на причината за смртта на 67-годишниот новинар, а според сценаријата во грчките медиуми веројатно му се слошило поради високите температури, во комбинација со карпестиот дел без дрва и ладовини.

Британскиот новинар и презентер на Би-Би-Си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, во средата исчезна на малиот грчки остров Сими, а вчера претпладне беше пронајден мртов.

Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, а во средата со чамец заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови, а не го носел мобилниот телефон.

Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

The post Нема траги од насилство на телото на новинарот од Би-би-си кој беше пронајден мртов на грчкиот остров Сими appeared first on Република.

]]>

Без траги на насилство или повреди кои упатуваат на кривично дело се првичните резултати од обдукцијата на телото на британскиот новинар и презентер на Би-Би-Си Мајкл Мосли, кое вчера беше пронајдено во карпеста област во близина на плажа на островот Сими, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната агенција АНА-МПА, претпладнево на островот Родос била завршена обдукцијата, а причината за смртта се смета за неутврдена, поради тоа што телото е во напреднa фаза на распаѓање. Телевизијата ЕРТ објави дека ќе следат дополнителни анализи за утврдување на причината за смртта на 67-годишниот новинар, а според сценаријата во грчките медиуми веројатно му се слошило поради високите температури, во комбинација со карпестиот дел без дрва и ладовини. Британскиот новинар и презентер на Би-Би-Си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, во средата исчезна на малиот грчки остров Сими, а вчера претпладне беше пронајден мртов. Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, а во средата со чамец заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови, а не го носел мобилниот телефон. Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

The post Нема траги од насилство на телото на новинарот од Би-би-си кој беше пронајден мртов на грчкиот остров Сими appeared first on Република.

]]>
Се сопнал и паднал на 10 метри од плажата каде имало 200 луѓе: Телото на познатиот водител пронајдено кај пештера во Грција https://republika.mk/vesti/svet/se-sopnal-i-padnal-na-10-metri-od-plazhata-kade-imalo-200-luge-teloto-na-poznatiot-voditel-pronajdeno-kaj-peshtera-vo-grtsija/ Sun, 09 Jun 2024 09:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=785867

Британскиот новинар и презентер на Би-би-си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, кој во средата исчезна на малиот грчки остров Сими, претпладнево беше пронајден мртов, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, телото на 68-годишниот Мосли било пронајдено во карпест дел во близина на плажа, а откриено со помош на видеоматеријали снимени од новинарските екипи.

Градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас, кој учествуваше во потрагата по новинарот, за телевизијата „Опен“ рече дека најверојатно паднал и починал.

-Бев во чамецот со кој отидовме да ја најдеме пештерата за која рекоа дека можно е да отишол. Камерите снимаа и камерата на ЕРТ сними предмет, покрај оградата, на десет метри од плажата. Човекот е мртов. Како е можно? Стигнал до неговата дестинација и на десет метри од плажата на која има 200 луѓе никој не го видел. Паднал и загинал, рече градоначалникот на Сими.

Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, во средата попладне му се изгуби трагата, по што и започна потрагата која со несмален интензитет траеше до претпладнево.

Во средата заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови, а не го носел мобилниот телефон.

Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

The post Се сопнал и паднал на 10 метри од плажата каде имало 200 луѓе: Телото на познатиот водител пронајдено кај пештера во Грција appeared first on Република.

]]>

Британскиот новинар и презентер на Би-би-си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, кој во средата исчезна на малиот грчки остров Сими, претпладнево беше пронајден мртов, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, телото на 68-годишниот Мосли било пронајдено во карпест дел во близина на плажа, а откриено со помош на видеоматеријали снимени од новинарските екипи. Градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас, кој учествуваше во потрагата по новинарот, за телевизијата „Опен“ рече дека најверојатно паднал и починал. -Бев во чамецот со кој отидовме да ја најдеме пештерата за која рекоа дека можно е да отишол. Камерите снимаа и камерата на ЕРТ сними предмет, покрај оградата, на десет метри од плажата. Човекот е мртов. Како е можно? Стигнал до неговата дестинација и на десет метри од плажата на која има 200 луѓе никој не го видел. Паднал и загинал, рече градоначалникот на Сими. Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, во средата попладне му се изгуби трагата, по што и започна потрагата која со несмален интензитет траеше до претпладнево. Во средата заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови, а не го носел мобилниот телефон. Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

The post Се сопнал и паднал на 10 метри од плажата каде имало 200 луѓе: Телото на познатиот водител пронајдено кај пештера во Грција appeared first on Република.

]]>
Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-novinar-gershkovich-ke-ostane-vo-pritvor/ Tue, 20 Feb 2024 14:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=746200

Рускиот суд соопшти дека американскиот новинар Еван Гершкович ќе остане во притвор до 30 март, пишува „Гласот на Америка“.

Судот ја отфрли жалбата на претходната одлука за продолжување на притворот на новинарот на Волстрит журнал до тој датум додека тој се соочува со обвиненија за шпионажа.

32-годишниот Гершкович беше уапсен додека бил на патување за известување во рускиот град Екатеринбург во март 2023 година.

The post Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор appeared first on Република.

]]>

Рускиот суд соопшти дека американскиот новинар Еван Гершкович ќе остане во притвор до 30 март, пишува „Гласот на Америка“. Судот ја отфрли жалбата на претходната одлука за продолжување на притворот на новинарот на Волстрит журнал до тој датум додека тој се соочува со обвиненија за шпионажа. 32-годишниот Гершкович беше уапсен додека бил на патување за известување во рускиот град Екатеринбург во март 2023 година.

The post Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор appeared first on Република.

]]>
Познат тениски новинар почина на Австралија Опен https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/poznat-teniski-novinar-pochina-na-avstralija-open/ Fri, 19 Jan 2024 09:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=734436

Тажни вести доаѓаат од Мелбурн, каде што се одржува првиот сезонски Грен слем турнир, Австралија Опен. Познатиот тениски новинар, Мајк Диксон, починал за време на турнирот.

Станува збор за спортски новинар, кој е дел од англиски „Дејли Мејл“ од 1990 година. На стартот на кариерата тој главно работел крикет, меѓутоа потоа се специјализирал за тенисот.

За големината на Диксон и неговата добра работа во тенисот најдобро зборува и фактот дека проштални пораки за него испратија најголемите ѕвезди на овој спорт, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

The post Познат тениски новинар почина на Австралија Опен appeared first on Република.

]]>

Тажни вести доаѓаат од Мелбурн, каде што се одржува првиот сезонски Грен слем турнир, Австралија Опен. Познатиот тениски новинар, Мајк Диксон, починал за време на турнирот. Станува збор за спортски новинар, кој е дел од англиски „Дејли Мејл“ од 1990 година. На стартот на кариерата тој главно работел крикет, меѓутоа потоа се специјализирал за тенисот. За големината на Диксон и неговата добра работа во тенисот најдобро зборува и фактот дека проштални пораки за него испратија најголемите ѕвезди на овој спорт, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

The post Познат тениски новинар почина на Австралија Опен appeared first on Република.

]]>
Ин мемориам: Почина новинарот Симон Илиевски https://republika.mk/zivot/in-memoriam-pochina-novinarot-simon-ilievski/ Tue, 12 Dec 2023 11:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=722145

По кратко боледување, во 66-та година од животот почина познатиот новинар од Охрид Симон Илиевски. Беше еден од доајените на охридското новинарство, со плодна и бурна професионална кариера во која го красеше препознатлив стил на изразување. Како новинар и дописник од Охрид за повеќе редакции остави огромен број новинарски натписи, радио и тв прилози, документарни и и други емисии.

Со новинарство почнал да се занимава уште од средношколските денови пишувајќи во гимназискиот весник „Јужен бран“. По завршување на студиите по новинарство во Скопје, пишувал за „Студентски збор“, белградски „Студент“ загребски „Студентски лист“, словенечките „Трибуна“ и „Катедра“, како и за весникот Младост, а кратко соработува и со Македонската радио телевизија. Дописник бил на радио „Београд 202“, подоцна за „Студио Б“, а текстови објавувал и во познатите весници од времето на поранешна Југославија „Борба“, „Политика“ и „НИН“, а кратко соработувал и со државната агенција Танјуг.

Соработувал и со повеќе радија, а најголем печат остави во Радио Охрид, каде беше новинар долги години. По осамостојувањето на Македонија работеше во локалните телевизии АТВ од Струга, охридските ТВМ и НТВ, а беше дописник на „Утрински весник“ од основањето и на телевизијата Канал 5.

Симон Илиевски беше претседател на Регионалната канцеларија на Здружението на новинари Охрид – Струга до 2010 година кога целосно се повлече од новинарството и почна со работа во службата за односи со јавност во Општина Охрид.

Илиевски беше омилен лик помеѓу новинарите, секогаш духовит и ведар и исклучително почитуван од колегите, несебично пренесувајќи го своето богато искуство на помпадите.

По повод смртта на Симон Илиевски, Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид и Струга, во среда ќе организира комеморација во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 10:30 часот.

Посмртните останки на новинарот Симон Илиевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид во среда, 13 декември од 12 до 12:30 часот.

The post Ин мемориам: Почина новинарот Симон Илиевски appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување, во 66-та година од животот почина познатиот новинар од Охрид Симон Илиевски. Беше еден од доајените на охридското новинарство, со плодна и бурна професионална кариера во која го красеше препознатлив стил на изразување. Како новинар и дописник од Охрид за повеќе редакции остави огромен број новинарски натписи, радио и тв прилози, документарни и и други емисии. Со новинарство почнал да се занимава уште од средношколските денови пишувајќи во гимназискиот весник „Јужен бран“. По завршување на студиите по новинарство во Скопје, пишувал за „Студентски збор“, белградски „Студент“ загребски „Студентски лист“, словенечките „Трибуна“ и „Катедра“, како и за весникот Младост, а кратко соработува и со Македонската радио телевизија. Дописник бил на радио „Београд 202“, подоцна за „Студио Б“, а текстови објавувал и во познатите весници од времето на поранешна Југославија „Борба“, „Политика“ и „НИН“, а кратко соработувал и со државната агенција Танјуг.
Соработувал и со повеќе радија, а најголем печат остави во Радио Охрид, каде беше новинар долги години. По осамостојувањето на Македонија работеше во локалните телевизии АТВ од Струга, охридските ТВМ и НТВ, а беше дописник на „Утрински весник“ од основањето и на телевизијата Канал 5.
Симон Илиевски беше претседател на Регионалната канцеларија на Здружението на новинари Охрид – Струга до 2010 година кога целосно се повлече од новинарството и почна со работа во службата за односи со јавност во Општина Охрид. Илиевски беше омилен лик помеѓу новинарите, секогаш духовит и ведар и исклучително почитуван од колегите, несебично пренесувајќи го своето богато искуство на помпадите. По повод смртта на Симон Илиевски, Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид и Струга, во среда ќе организира комеморација во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 10:30 часот. Посмртните останки на новинарот Симон Илиевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид во среда, 13 декември од 12 до 12:30 часот.

The post Ин мемориам: Почина новинарот Симон Илиевски appeared first on Република.

]]>
Егзекуција пренесувана во живо: Двајца напаѓачи ладнокрвно застрелале новинар додека ја стримувал својата радио емисија https://republika.mk/vesti/svet/egzekutsija-prenesuvana-vo-zhivo-dvajtsa-napagachi-ladnokrvno-zastrelale-novinar-dodeka-ja-strimuval-svojata-radio-emisija/ Sun, 05 Nov 2023 11:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=698380

Познат радио новинар на Филипините бил застрелан додека вршел директен пренос на неговата емисија.

Националната унија на новинари на Филипините (НУЈП) во соопштение објави дека 57-годишниот радио радиодифузер Хуан Џумалон - професионално познат како диџеј Џони Вокер - бил убиен во Мисамис Оксидентал. Работел за радио станицата „Gold FM 94,7“ на Филипините.

Локалните медиуми соопштија дека нападот од неидентификувани вооружени лица бил фатен на преносот во живо на радио станицата на Фејсбук.

Националната унија на новинари на Филипините го нарече нападот врз Џумалон „дрско убиство“.

Нападот е уште повеќче за осуда бидејќи се случи во домот на Џумалон, кој служеше и како радио станица. Многу новинари од заедницата ни пријавија дека добиваат закани од политичарите и нивните поддржувачи по нивното покривање на изборите во Барангај и Сангујанг Кабатаан минатата година на 30 октомври“, изјави високиот член на НУЈП, Кет Кортез.

https://twitter.com/nujp/status/1721007805677895873?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1721007805677895873%7Ctwgr%5Efe0fe3456716d0465eff691e2ccc5db2b46d838a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fd-31305965803808863572.ampproject.net%2F2310201815000%2Fframe.html

Локлани медиуми објавија дека полициски извори соопштиле оти двајца вооружени напаѓачи пристигнале пешво радио станицата додека Џумалон ја емитувал својата програма. Еден маж, наводно, извадил пиштол од џебот непосредно пред да влезе во кабината каде што Џумалон бил на етерот. Тој испукал еден истрел кон новинарот. Другиот чувал сгража.

Тие веднаш побегнале од местото на настанот. Еден од нив наводно го зел ланчето што го носел Џумалон. На видеото од пукањето, нашироко споделено на социјалните мрежи, се гледа како маж го извлекува ланчето од телото.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор го осуди убиството на новинарот и нареди истрага.

The post Егзекуција пренесувана во живо: Двајца напаѓачи ладнокрвно застрелале новинар додека ја стримувал својата радио емисија appeared first on Република.

]]>

Познат радио новинар на Филипините бил застрелан додека вршел директен пренос на неговата емисија. Националната унија на новинари на Филипините (НУЈП) во соопштение објави дека 57-годишниот радио радиодифузер Хуан Џумалон - професионално познат како диџеј Џони Вокер - бил убиен во Мисамис Оксидентал. Работел за радио станицата „Gold FM 94,7“ на Филипините. Локалните медиуми соопштија дека нападот од неидентификувани вооружени лица бил фатен на преносот во живо на радио станицата на Фејсбук. Националната унија на новинари на Филипините го нарече нападот врз Џумалон „дрско убиство“.
Нападот е уште повеќче за осуда бидејќи се случи во домот на Џумалон, кој служеше и како радио станица. Многу новинари од заедницата ни пријавија дека добиваат закани од политичарите и нивните поддржувачи по нивното покривање на изборите во Барангај и Сангујанг Кабатаан минатата година на 30 октомври“, изјави високиот член на НУЈП, Кет Кортез.
https://twitter.com/nujp/status/1721007805677895873?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1721007805677895873%7Ctwgr%5Efe0fe3456716d0465eff691e2ccc5db2b46d838a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fd-31305965803808863572.ampproject.net%2F2310201815000%2Fframe.html Локлани медиуми објавија дека полициски извори соопштиле оти двајца вооружени напаѓачи пристигнале пешво радио станицата додека Џумалон ја емитувал својата програма. Еден маж, наводно, извадил пиштол од џебот непосредно пред да влезе во кабината каде што Џумалон бил на етерот. Тој испукал еден истрел кон новинарот. Другиот чувал сгража. Тие веднаш побегнале од местото на настанот. Еден од нив наводно го зел ланчето што го носел Џумалон. На видеото од пукањето, нашироко споделено на социјалните мрежи, се гледа како маж го извлекува ланчето од телото. Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор го осуди убиството на новинарот и нареди истрага.

The post Егзекуција пренесувана во живо: Двајца напаѓачи ладнокрвно застрелале новинар додека ја стримувал својата радио емисија appeared first on Република.

]]>
Новинар на Би-Би-Си: Ова беше најтешката ноќ во последните 20 години известување од Газа https://republika.mk/vesti/svet/novinar-na-bi-bi-si-ova-beshe-najteshkata-nok-vo-poslednite-20-godini-izvestuvane-od-gaza/ Tue, 10 Oct 2023 08:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=689772

Дописникот на Би-Би-Си од Газа, Ружди Абу Алуф, рече дека оваа ноќ била најтешката во последните 20 години од неговото известување од крајбрежниот појас што се граничи со Израел.

Како што рече, во текот на ноќта имало масовни воздушни напади.

Бев во областа на градот Газа каде што беа уништени повеќето згради. Имаше застрашувачки звуци на експлозии, експлозии на небото и чад и пламен во текот на ноќта, вели Абу Алуф.

Живеам во станбена зграда со околу 20 семејства. Децата врескаа цела ноќ и никој не можеше да спие. За 20 години известување од оваа област, минатата ноќ беше најлошата на која сум бил сведок, додава тој.

Кога се разденило, успеал да излезе од зградата.

Успеав да излезам утрово. Возев насекаде низ урнатините. Згради се уриваат на улици, а цели населби се срамнети со земја. Уништени се владини и универзитетски згради, инфраструктура, џамии и полициски станици, раскажува тој.

Препознав некои од зградите. Но, некои не можете ни да ги препознаете поради обемот на уништувањето во овој дел на Газа, вели дописникот Абу Алуф.

The post Новинар на Би-Би-Си: Ова беше најтешката ноќ во последните 20 години известување од Газа appeared first on Република.

]]>

Дописникот на Би-Би-Си од Газа, Ружди Абу Алуф, рече дека оваа ноќ била најтешката во последните 20 години од неговото известување од крајбрежниот појас што се граничи со Израел. Како што рече, во текот на ноќта имало масовни воздушни напади. Бев во областа на градот Газа каде што беа уништени повеќето згради. Имаше застрашувачки звуци на експлозии, експлозии на небото и чад и пламен во текот на ноќта, вели Абу Алуф. Живеам во станбена зграда со околу 20 семејства. Децата врескаа цела ноќ и никој не можеше да спие. За 20 години известување од оваа област, минатата ноќ беше најлошата на која сум бил сведок, додава тој. Кога се разденило, успеал да излезе од зградата. Успеав да излезам утрово. Возев насекаде низ урнатините. Згради се уриваат на улици, а цели населби се срамнети со земја. Уништени се владини и универзитетски згради, инфраструктура, џамии и полициски станици, раскажува тој. Препознав некои од зградите. Но, некои не можете ни да ги препознаете поради обемот на уништувањето во овој дел на Газа, вели дописникот Абу Алуф.

The post Новинар на Би-Би-Си: Ова беше најтешката ноќ во последните 20 години известување од Газа appeared first on Република.

]]>
Убиен новинар во вкрстен оган при напад на полицијата во северно Мексико https://republika.mk/vesti/svet/ubien-novinar-vo-vkrsten-ogan-pri-napad-na-politsijata-vo-severno-meksiko/ Tue, 26 Sep 2023 06:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=685135

Мексиканскиот новинар Хесус Гиутиерез, кој раководел со локалната страница за вести Нотифајс (Notifice) на Фејсбук, е убиен вчера во северниот мексикански град Сан Луис Рио Колорадо, откако бил фатен во вкрстен оган за време на напад врз полицијата.

Нотифајс ја потврди неговата смрт, пишувајќи: „Мислиме дека го убија најдобриот новинар“.

Обвинителите во северната погранична држава Сонора изјавија дека Гутиерез разговарал со полицајци, кои му биле соседи, кога се случило пукањето.

Еден полицаец е убиен, а тројца други се ранети, додека смртта на Гутиерез е „колатерална штета“ од нападот врз полицијата, соопштија обвинителите.

Сан Луис Рио Колорадо, лоциран спроти Јума, Аризона, е пограничен град во кој Американците доаѓаат за евтини рецепти и стоматолошки интервенции.

Меѓутоа, градот се повеќе е цел на насилничкото однесување на мексиканските нарко картели.

Мексико стана едно од најсмртоносните места во светот за новинарите надвор од воените зони. Само во изминатите пет години, Комитетот за заштита на новинарите ги документира убиствата на најмалку 52 новинари во Мексико.

The post Убиен новинар во вкрстен оган при напад на полицијата во северно Мексико appeared first on Република.

]]>

Мексиканскиот новинар Хесус Гиутиерез, кој раководел со локалната страница за вести Нотифајс (Notifice) на Фејсбук, е убиен вчера во северниот мексикански град Сан Луис Рио Колорадо, откако бил фатен во вкрстен оган за време на напад врз полицијата. Нотифајс ја потврди неговата смрт, пишувајќи: „Мислиме дека го убија најдобриот новинар“. Обвинителите во северната погранична држава Сонора изјавија дека Гутиерез разговарал со полицајци, кои му биле соседи, кога се случило пукањето. Еден полицаец е убиен, а тројца други се ранети, додека смртта на Гутиерез е „колатерална штета“ од нападот врз полицијата, соопштија обвинителите. Сан Луис Рио Колорадо, лоциран спроти Јума, Аризона, е пограничен град во кој Американците доаѓаат за евтини рецепти и стоматолошки интервенции. Меѓутоа, градот се повеќе е цел на насилничкото однесување на мексиканските нарко картели. Мексико стана едно од најсмртоносните места во светот за новинарите надвор од воените зони. Само во изминатите пет години, Комитетот за заштита на новинарите ги документира убиствата на најмалку 52 новинари во Мексико.

The post Убиен новинар во вкрстен оган при напад на полицијата во северно Мексико appeared first on Република.

]]>
Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување https://republika.mk/vesti/kultura/odamna-sfativ-deka-sum-osakaten-za-se-drugo-osven-za-pishuvane/ Thu, 14 Sep 2023 08:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=681755

Одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување, вели во интервју за „Република“ хрватскиот писател Ренато Баретиќ (60) кој годинава е еден од гостите на 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој ќе се одржи во Скопје од 17 до 19 септември.

Баретиќ веќе 40 години живее исклучиво од пишување. Повремено работи како филмски и телевизиски косценарист и составувач на прашања за најпознатите тв-квизови како „Квискотека“ и „Кој сака да биде милионер“. Во новинарство го минал целиот развоен пат, од почетник во градска рубрика, преку репортер, телевизиски критичар и политички колумнист во поголем број хрватски весници „Вечерњи лист“, „Недељна Далмација“, „Слободна далмација“, „Ферал трибјун“, „Глобус“, „Национал“... Коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели.

Во 2003 година го објави романот „Осмиот повереник“ за кој ги доби престижните книжевни награди „Владимир Назор“, „Иван Горан Ковачиќ“, „Август Шеноа“, „Ксавер Шандор Гјалски“ „Киклоп“ - награда на Саемот на книга во Пула. „Осмиот повереник“ ја објави „Култура“ на македонски јазик, а подоцна беше снимен и филм кој беше хрватски кандидат за „Оскар“. Потоа следеа романите „Зборувај ми за неа“ (2006), „Хотел Гранд“ (2008) и „Последна рака“ (2021). Објавувал и збирки поезија и избор од ТВ-колумни.

Кај нас, во Македонија, е многу тешко, па скоро и невозможно, еден писател да живее исклучиво од пишување. Како Вам ви успева сиве овие години?  

БАРЕТИЌ: Во Хрватска тоа не е тешко, туку е невозможно. Нема писател или писателка, кои не работат некоја друга, 'главна’ работа. Некој од нас е новинар, некој е професор во училиште или на факултет. Секој од нас пред сè е нешто друго, а потоа поет или белетрист. Јас одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување. Токму овие денови, на 13 септември, се навршуваат 40 години, откако почнав да работам како новинар и оттогаш живеам исклучиво од пишување. Се обидов да работам и некои други професии, но се покажа дека само во пишувањето може да бидам доволно способен и со тоа да ги плаќам сметките, да имам пари за храна, школување на децата...

Кога последен пат бевте во Скопје? Што обично правите кога ќе дојдете кај нас?

БАРЕТИЌ: Последен пат бев многу одамна, во 2017 година. Но тогаш бев цел јуни, четири недели. Дојдов како стипендист на Меѓународната фондација „Традуки“ и бев гостин на „Блесок“. Тогаш, за жал, имав многу работа во Хрватска, која морав да ја завршам и не успеав да стекнам никаков приватен скопски ритуал.
Претходно, бев четири пати, главно само на три дена. Тогаш научив дека најдобро е однапред да им се најавам на моите скопски пријатели и да им дозволам да ме прошетаат таму каде што мислат дека мене би ми одговарало. Но, најтешко ми е што сите, секојпат се разочарани кога ќе видат колку малку може да изедам.

Вашиот последен роман, „Последна рака“, поставува прашања за темелите на книжевноста и на светот, за моралните избори кои ги правиме. Каква е состојбата денес во хрватското општество?

БАРЕТИЌ: Прецизен одговор на ова прашање може да се добие во најмалку двесте редови. Јас ќе се обидам да одговорам со еден збор, а тоа е апатија. Главниот јунак во „Последна рака“ (иако тој е новинар и писател, но романот не е автобиографски) е апатичен до коска, а единствен излез од таа состојба гледа во симболично, професионално самоубиство и да се продаде на капитализмот. Или навистина да се убие, бидејќи трета можност едноставно не постои, нема. Но, на патот до изборот (да не ја уплашам потенцијална пубика), му се случуваат многу бизарни, па и забавни работи.

Каков е вашиот однос кон книжевноста и литературата?

БАРЕТИЌ: На децата им се гади читањето (да ги тргнеме на страна мобилните телефони, интернетот и останата технологија) затоа што и ден-денес во школските лектири ги гњават со книги стари повеќе од 150 години, кои се пишувани на јазик на кој и јас, пред половина век не можев целосно да го разберам.
Министерството за култура се обидува да создаде атмосфера во која сака да прикаже дека многу се грижи за современата книжевност, но тоа е само привидно. Јас пишувам што ми се пишува и кога ми се пишува, но како набљудувач од страна гледам дека на таа сцена постојат премногу конкурентски фракции, картели и други интересни групи.
И за ова прашање би ми требало многу простор за да можам вистински да одговорам, но бидејќи со сета сила се држам до мојата аутсајдерска позиција, ќе кажам дека имам свој уредник, своја лекторка и две издавачки куќи. Тоа се моите луѓе од доверба на кои им верувам и на кои сум им верен, а за сè друго баш и не ми е многу гајле.

[caption id="attachment_681762" align="alignnone" width="1365"] фото: Тоне Стојко[/caption]

Каков е статусот на литературното и на новинарското пишување?

БАРЕТИЌ: Сè ми се чини дека искрено, слободно и во склад со сопствените убедувања единствно уште пишуваат само идеалистичните диносауруси од мојата генерација. Иако, мора да признаам, има уште некои помлади колеги кои успеавме да ги заразиме со нашиот вирус, ние, диносаурусите. Им посакувам среќа, иако знам дека нема да ја доживеат.

Може ли денешното одговорно новинарство да го преживее притисокот на кликовите на порталите? Дали денес има публика за такво новинарство?

БАРЕТИЌ: Од мојата матична редакција, хрватскиот „Тпортал“, каде што одамна пишувам коментари, пред неколку години, многу внимателно прашаа дали смеат, место мене, тие да ставаат наслови на моите колумни. Текстовите се одлични, велат, но насловите се или прекратки или премногу 'каламбурни' за денешната публика. А јас, насловите ги ставав така како што учев со години додека работев во „Слободна Далмација“, „Ферал Трибјун“ и другите весници за коишто пишував. Океј, им реков, ајде да видиме што ќе биде со вашите наслови на моите колумни.
Оттогаш ретко во целост се согласувам со секој наслов (и поднаслов и меѓунаслов) кој тие ќе го стават, но читаноста на моите колумни нагло порасна. Читаноста толку многу скокна што јас и безмалку трема ќе побарам и одма ќе добијам зголемување на хонорарот.
А текстовите се исти како и претходно што сум ги пишувал, пишувани се од истата глава, со исти ставови. Очигледно, на читачката публика денес и е потребен некој поинаков магнет, импулс кој е поинаков од оној од пред 20 или 30 години. И кога сме веќе кај публиката: Своевремено бев меѓу најгласните кој бараше читателите слободно да оставаат коментари под текстовите. За две години прв барав таа опција да се укине. Сфатив, во меѓувреме, дека премногу идиоти живеат меѓу нас, премногу будали, а сите имаат право на глас.

Вие предавате и креативно пишува. Дали има телентирани луѓе? Дали се сериозни во намерата да станат писатели и да живеат од пишување или пак тоа го сфаќаат како хоби?

БАРЕТИЌ: Кога беше формирана сплитската „Куќа на креативно пишување“ им реков дека ќе им се придружам, само ако бидам портир, оној кој работи на приземје и контролира кој може да влезе. Оттогаш до денес, еве скоро десет години, работам исклучуво во тоа „приземје“. Се обидувам да им објаснам не луѓето што сè може да се постигне со зборови, со користење на некои синоними, падежи, глаголи, со поинаков распоред на зборовите...Им отоврам огромна кутија со алат за кој дотогаш не биле свесни, а го носеле со себе цел живот. Најголем комплимент кој сум го добил, а сум го чул двапати од различни луѓе, поранешни посетители на школата е: Знаете, јас и понатаму пишувам онака како што вам не ви се допаѓа, но ЧИТАМ на сосема друг начин. Па зарем има ли подобар комплимент од тоа за еден учител?
Меѓу посетителите на моите курсеви „Дисциплина на фантазијата“ има многу телентирани луѓе. Поголемиот дел, се разбира се просечни и без талент. Некои од нив подоцна ќе објават и книги, па веднаш ќе сфатат дека нема леб во пишувањето и одат на курс по едрење на пример, или керамика, готвење...

Вие сте роден загрепчанин, а живеете во Сплит. Како ви се погоди Сплит?

БАРЕТИЌ: Оваа година имам многу јубилеи. Освен 40 години новинарство, тука е и 35 години од излегување на првата збирка поезија, 20 години од првиот роман и 15 години од третиот, а одбележувам и 30 години од преселбата од Загреб во Сплит. Тоа е пола живот. Догодина значи повеќе ќе бидам сплиќанец од загрепчанец, отколку загрепчанец во Сплит.
Ако не ми беше убаво овде, веројатно одамна ќе се вратев или ќе заминев на друго место. Има работи на кои во Сплит уште не успеав да се навикнам и веројатно никогаш и нема, но такви работи има и во Загреб. Одамна, во Сплит ме најде една девојка, создадовме прекрасно семејство, имаме свој стан и во него имам мала работна соба од која дословно, како што пее Оливер Драгојевиќ „С понистре се види Шолта“, така што јас немам друго што да барам. Загреб и понатаму е во моето срце, кое е точно на средина поделено меѓу овие два града. И тоа секогаш ќе биде така, без разлика на годините 'стаж'.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување appeared first on Република.

]]>

Одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување, вели во интервју за „Република“ хрватскиот писател Ренато Баретиќ (60) кој годинава е еден од гостите на 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој ќе се одржи во Скопје од 17 до 19 септември. Баретиќ веќе 40 години живее исклучиво од пишување. Повремено работи како филмски и телевизиски косценарист и составувач на прашања за најпознатите тв-квизови како „Квискотека“ и „Кој сака да биде милионер“. Во новинарство го минал целиот развоен пат, од почетник во градска рубрика, преку репортер, телевизиски критичар и политички колумнист во поголем број хрватски весници „Вечерњи лист“, „Недељна Далмација“, „Слободна далмација“, „Ферал трибјун“, „Глобус“, „Национал“... Коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели. Во 2003 година го објави романот „Осмиот повереник“ за кој ги доби престижните книжевни награди „Владимир Назор“, „Иван Горан Ковачиќ“, „Август Шеноа“, „Ксавер Шандор Гјалски“ „Киклоп“ - награда на Саемот на книга во Пула. „Осмиот повереник“ ја објави „Култура“ на македонски јазик, а подоцна беше снимен и филм кој беше хрватски кандидат за „Оскар“. Потоа следеа романите „Зборувај ми за неа“ (2006), „Хотел Гранд“ (2008) и „Последна рака“ (2021). Објавувал и збирки поезија и избор од ТВ-колумни. Кај нас, во Македонија, е многу тешко, па скоро и невозможно, еден писател да живее исклучиво од пишување. Како Вам ви успева сиве овие години?   БАРЕТИЌ: Во Хрватска тоа не е тешко, туку е невозможно. Нема писател или писателка, кои не работат некоја друга, 'главна’ работа. Некој од нас е новинар, некој е професор во училиште или на факултет. Секој од нас пред сè е нешто друго, а потоа поет или белетрист. Јас одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување. Токму овие денови, на 13 септември, се навршуваат 40 години, откако почнав да работам како новинар и оттогаш живеам исклучиво од пишување. Се обидов да работам и некои други професии, но се покажа дека само во пишувањето може да бидам доволно способен и со тоа да ги плаќам сметките, да имам пари за храна, школување на децата... Кога последен пат бевте во Скопје? Што обично правите кога ќе дојдете кај нас? БАРЕТИЌ: Последен пат бев многу одамна, во 2017 година. Но тогаш бев цел јуни, четири недели. Дојдов како стипендист на Меѓународната фондација „Традуки“ и бев гостин на „Блесок“. Тогаш, за жал, имав многу работа во Хрватска, која морав да ја завршам и не успеав да стекнам никаков приватен скопски ритуал. Претходно, бев четири пати, главно само на три дена. Тогаш научив дека најдобро е однапред да им се најавам на моите скопски пријатели и да им дозволам да ме прошетаат таму каде што мислат дека мене би ми одговарало. Но, најтешко ми е што сите, секојпат се разочарани кога ќе видат колку малку може да изедам. Вашиот последен роман, „Последна рака“, поставува прашања за темелите на книжевноста и на светот, за моралните избори кои ги правиме. Каква е состојбата денес во хрватското општество? БАРЕТИЌ: Прецизен одговор на ова прашање може да се добие во најмалку двесте редови. Јас ќе се обидам да одговорам со еден збор, а тоа е апатија. Главниот јунак во „Последна рака“ (иако тој е новинар и писател, но романот не е автобиографски) е апатичен до коска, а единствен излез од таа состојба гледа во симболично, професионално самоубиство и да се продаде на капитализмот. Или навистина да се убие, бидејќи трета можност едноставно не постои, нема. Но, на патот до изборот (да не ја уплашам потенцијална пубика), му се случуваат многу бизарни, па и забавни работи. Каков е вашиот однос кон книжевноста и литературата? БАРЕТИЌ: На децата им се гади читањето (да ги тргнеме на страна мобилните телефони, интернетот и останата технологија) затоа што и ден-денес во школските лектири ги гњават со книги стари повеќе од 150 години, кои се пишувани на јазик на кој и јас, пред половина век не можев целосно да го разберам. Министерството за култура се обидува да создаде атмосфера во која сака да прикаже дека многу се грижи за современата книжевност, но тоа е само привидно. Јас пишувам што ми се пишува и кога ми се пишува, но како набљудувач од страна гледам дека на таа сцена постојат премногу конкурентски фракции, картели и други интересни групи. И за ова прашање би ми требало многу простор за да можам вистински да одговорам, но бидејќи со сета сила се држам до мојата аутсајдерска позиција, ќе кажам дека имам свој уредник, своја лекторка и две издавачки куќи. Тоа се моите луѓе од доверба на кои им верувам и на кои сум им верен, а за сè друго баш и не ми е многу гајле. [caption id="attachment_681762" align="alignnone" width="1365"] фото: Тоне Стојко[/caption] Каков е статусот на литературното и на новинарското пишување? БАРЕТИЌ: Сè ми се чини дека искрено, слободно и во склад со сопствените убедувања единствно уште пишуваат само идеалистичните диносауруси од мојата генерација. Иако, мора да признаам, има уште некои помлади колеги кои успеавме да ги заразиме со нашиот вирус, ние, диносаурусите. Им посакувам среќа, иако знам дека нема да ја доживеат. Може ли денешното одговорно новинарство да го преживее притисокот на кликовите на порталите? Дали денес има публика за такво новинарство? БАРЕТИЌ: Од мојата матична редакција, хрватскиот „Тпортал“, каде што одамна пишувам коментари, пред неколку години, многу внимателно прашаа дали смеат, место мене, тие да ставаат наслови на моите колумни. Текстовите се одлични, велат, но насловите се или прекратки или премногу 'каламбурни' за денешната публика. А јас, насловите ги ставав така како што учев со години додека работев во „Слободна Далмација“, „Ферал Трибјун“ и другите весници за коишто пишував. Океј, им реков, ајде да видиме што ќе биде со вашите наслови на моите колумни. Оттогаш ретко во целост се согласувам со секој наслов (и поднаслов и меѓунаслов) кој тие ќе го стават, но читаноста на моите колумни нагло порасна. Читаноста толку многу скокна што јас и безмалку трема ќе побарам и одма ќе добијам зголемување на хонорарот. А текстовите се исти како и претходно што сум ги пишувал, пишувани се од истата глава, со исти ставови. Очигледно, на читачката публика денес и е потребен некој поинаков магнет, импулс кој е поинаков од оној од пред 20 или 30 години. И кога сме веќе кај публиката: Своевремено бев меѓу најгласните кој бараше читателите слободно да оставаат коментари под текстовите. За две години прв барав таа опција да се укине. Сфатив, во меѓувреме, дека премногу идиоти живеат меѓу нас, премногу будали, а сите имаат право на глас. Вие предавате и креативно пишува. Дали има телентирани луѓе? Дали се сериозни во намерата да станат писатели и да живеат од пишување или пак тоа го сфаќаат како хоби? БАРЕТИЌ: Кога беше формирана сплитската „Куќа на креативно пишување“ им реков дека ќе им се придружам, само ако бидам портир, оној кој работи на приземје и контролира кој може да влезе. Оттогаш до денес, еве скоро десет години, работам исклучуво во тоа „приземје“. Се обидувам да им објаснам не луѓето што сè може да се постигне со зборови, со користење на некои синоними, падежи, глаголи, со поинаков распоред на зборовите...Им отоврам огромна кутија со алат за кој дотогаш не биле свесни, а го носеле со себе цел живот. Најголем комплимент кој сум го добил, а сум го чул двапати од различни луѓе, поранешни посетители на школата е: Знаете, јас и понатаму пишувам онака како што вам не ви се допаѓа, но ЧИТАМ на сосема друг начин. Па зарем има ли подобар комплимент од тоа за еден учител? Меѓу посетителите на моите курсеви „Дисциплина на фантазијата“ има многу телентирани луѓе. Поголемиот дел, се разбира се просечни и без талент. Некои од нив подоцна ќе објават и книги, па веднаш ќе сфатат дека нема леб во пишувањето и одат на курс по едрење на пример, или керамика, готвење... Вие сте роден загрепчанин, а живеете во Сплит. Како ви се погоди Сплит? БАРЕТИЌ: Оваа година имам многу јубилеи. Освен 40 години новинарство, тука е и 35 години од излегување на првата збирка поезија, 20 години од првиот роман и 15 години од третиот, а одбележувам и 30 години од преселбата од Загреб во Сплит. Тоа е пола живот. Догодина значи повеќе ќе бидам сплиќанец од загрепчанец, отколку загрепчанец во Сплит. Ако не ми беше убаво овде, веројатно одамна ќе се вратев или ќе заминев на друго место. Има работи на кои во Сплит уште не успеав да се навикнам и веројатно никогаш и нема, но такви работи има и во Загреб. Одамна, во Сплит ме најде една девојка, создадовме прекрасно семејство, имаме свој стан и во него имам мала работна соба од која дословно, како што пее Оливер Драгојевиќ „С понистре се види Шолта“, така што јас немам друго што да барам. Загреб и понатаму е во моето срце, кое е точно на средина поделено меѓу овие два града. И тоа секогаш ќе биде така, без разлика на годините 'стаж'. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување appeared first on Република.

]]>
ЗНМ со претставка до МВР, полицајци биле непрофесионални со новинар од Порталб.мк https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-so-pretstavka-do-mvr-politsajtsi-bile-neprofesionalni-so-novinar-od-portalb-mk/ Mon, 10 Jul 2023 16:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=659820

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ќе поднесе претставка до МВР за попречување на новинар при вршење на професионална работа од страна на полициски службеник.

Имено, во текот на вчерашната ноќ при протест на вработените на ЈП Комунална Хигиена Скопје, новинарот Суад Бајрами од Порталб.мк не бил во можност да ја извршува својата работна задача односно да снима во моментот кога интервенирала специјалната единица.

Според пријавата до ЗНМ од страна на колегата Бајрами, тој вчера вечер бил присутен на јавен простор во кругот на ЈП Комунална хигиена да известува за актуелна тема, но не можел да го стори тоа, бидејќи полициските претставници се однесувале непрофесионално кон него, односно му попречиле да ја врши работата.

„Полициските службеници ме тргнаа на страна под оправдување дека таму бил периметарот на безбедност, иако јас им укажав неколкупати дека на местото каде што ми наредија да одам не можам да имам добар кадар за снимање” укажа Бајрами, велат од Здружението.

ЗНМ смета дека со оваа постапка полициските службеници не се однесувале професионално и го прекршиле правото на новинарот да известува од јавен простор за теми кои се од интерес на граѓаните.

ЗНМ како еснафска организација која ги штити правата и интересите на новинарите и медиумските работници во земјава дава целосна поддршка на колегата Бајрами и во консултација со адвокатскиот тим ќе биде поднесена претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

 

The post ЗНМ со претставка до МВР, полицајци биле непрофесионални со новинар од Порталб.мк appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ќе поднесе претставка до МВР за попречување на новинар при вршење на професионална работа од страна на полициски службеник. Имено, во текот на вчерашната ноќ при протест на вработените на ЈП Комунална Хигиена Скопје, новинарот Суад Бајрами од Порталб.мк не бил во можност да ја извршува својата работна задача односно да снима во моментот кога интервенирала специјалната единица. Според пријавата до ЗНМ од страна на колегата Бајрами, тој вчера вечер бил присутен на јавен простор во кругот на ЈП Комунална хигиена да известува за актуелна тема, но не можел да го стори тоа, бидејќи полициските претставници се однесувале непрофесионално кон него, односно му попречиле да ја врши работата. „Полициските службеници ме тргнаа на страна под оправдување дека таму бил периметарот на безбедност, иако јас им укажав неколкупати дека на местото каде што ми наредија да одам не можам да имам добар кадар за снимање” укажа Бајрами, велат од Здружението. ЗНМ смета дека со оваа постапка полициските службеници не се однесувале професионално и го прекршиле правото на новинарот да известува од јавен простор за теми кои се од интерес на граѓаните. ЗНМ како еснафска организација која ги штити правата и интересите на новинарите и медиумските работници во земјава дава целосна поддршка на колегата Бајрами и во консултација со адвокатскиот тим ќе биде поднесена претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.  

The post ЗНМ со претставка до МВР, полицајци биле непрофесионални со новинар од Порталб.мк appeared first on Република.

]]>
Новинарот кој протестираше со маица со виножито ненадејно починал на натпреварот Аргентина – Холандија https://republika.mk/sport/fudbal/novinarot-koj-protestirashe-so-maica-so-vinozito-nenadejno-pochinal-na-natprevarot-argentina-holandija/ Sat, 10 Dec 2022 07:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=583905

Американскиот новинар Грант Вол (48) ненадејно колабирал, по што починал за време на четвртфиналето на Светското првенство во Катар додека известуваше од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија за време на изведувањето пенали.

Неговиот агент Тим ​​Сканал за „Њујорк тајмс“ изјави дека за време на натпреварите Вал доживеал голем стрес и починал.

Според соопштението на Фудбалската асоцијација на САД, Грант известувал од четвртфиналниот натпревар, а причината за смртта не е позната.

Целото семејство на американски фудбал е скршено кога дозна дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант за неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра. Неговото пишување и приказните што ги раскажува ќе живеат!, се вели во соопштението.

Неговиот брат на социјалните мрежи ги сподели своите сомнежи околу неговата смрт, бидејќи според него Вал бил сосема здрав.

На почетокот на првенството новинарот крена бука откако на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан  бил приведен поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство.

https://republika.mk/sport/fudbal/soblechi-ja-ili-odi-si-ne-go-pushtile-na-stadion-poradi-negovata-maica/

The post Новинарот кој протестираше со маица со виножито ненадејно починал на натпреварот Аргентина – Холандија appeared first on Република.

]]>

Американскиот новинар Грант Вол (48) ненадејно колабирал, по што починал за време на четвртфиналето на Светското првенство во Катар додека известуваше од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија за време на изведувањето пенали. Неговиот агент Тим ​​Сканал за „Њујорк тајмс“ изјави дека за време на натпреварите Вал доживеал голем стрес и починал. Според соопштението на Фудбалската асоцијација на САД, Грант известувал од четвртфиналниот натпревар, а причината за смртта не е позната.
Целото семејство на американски фудбал е скршено кога дозна дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант за неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра. Неговото пишување и приказните што ги раскажува ќе живеат!, се вели во соопштението.
Неговиот брат на социјалните мрежи ги сподели своите сомнежи околу неговата смрт, бидејќи според него Вал бил сосема здрав. На почетокот на првенството новинарот крена бука откако на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан  бил приведен поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство. https://republika.mk/sport/fudbal/soblechi-ja-ili-odi-si-ne-go-pushtile-na-stadion-poradi-negovata-maica/

The post Новинарот кој протестираше со маица со виножито ненадејно починал на натпреварот Аргентина – Холандија appeared first on Република.

]]>
Кои професии имаат најмногу секс: Здраствените работници водат пред новинарите и банкарите https://republika.mk/intima/koi-profesii-imaat-najmnogu-seks-zdrastvenite-rabotnici-vodat-pred-novinarite-i-bankarite/ Sun, 27 Nov 2022 20:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=578712

Студија спроведена во Обединетото Кралство покажа дека некои љубовници имаат многу поголема веројатност да доживеат оргазам за време на секс од другите и оти тоа е поврзано со професијата.

Оние кои работат во здравството имаат најмногу секс секоја недела (3,6 пати неделно), медиумските и маркетинг професионалците и новинарите имаат најмалку секс (2,7 пати неделно). Интересно е што уметниците и дизајнерите имаат најмногу секс (4,1).

Професиите со најмногу секс секоја недела се:

Здравствените работници, на пр. лекар, стоматолог, медицинска сестра (3,7 пати), Финансии (3,6 пати),Човечки ресурси/регрутирање (3,5 пати),ИТ (3,4 пати), Работници на мало (3,3 пати)

The post Кои професии имаат најмногу секс: Здраствените работници водат пред новинарите и банкарите appeared first on Република.

]]>

Студија спроведена во Обединетото Кралство покажа дека некои љубовници имаат многу поголема веројатност да доживеат оргазам за време на секс од другите и оти тоа е поврзано со професијата. Оние кои работат во здравството имаат најмногу секс секоја недела (3,6 пати неделно), медиумските и маркетинг професионалците и новинарите имаат најмалку секс (2,7 пати неделно). Интересно е што уметниците и дизајнерите имаат најмногу секс (4,1). Професиите со најмногу секс секоја недела се: Здравствените работници, на пр. лекар, стоматолог, медицинска сестра (3,7 пати), Финансии (3,6 пати),Човечки ресурси/регрутирање (3,5 пати),ИТ (3,4 пати), Работници на мало (3,3 пати)

The post Кои професии имаат најмногу секс: Здраствените работници водат пред новинарите и банкарите appeared first on Република.

]]>
Во Најроби убиен познат пакистански новинар https://republika.mk/vesti/svet/vo-najrobi-ubien-poznat-pakistanski-novinar/ Mon, 24 Oct 2022 15:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=565035

Познатиот пакистански новинар Аршад Шариф е застрелан во Најроби кога полицијата во рација по крадци на автомобили отвори оган врз возилото во кое се наоѓал, соопшти денеска кениската полиција.

Началникот на кениската полиција изјави дека го истражува инцидентот, кој се случил вчера во 22 часот по локално време во предградието на главниот град.

Околностите за смртта на Шариф предизвикаа големо незадоволство во Пакистан и повици за истрага. Шариф долги години работеше како телевизиски водител, а неодамна избега од земјата повикувајќи се на закани по неговиот живот.

Во полицискиот извештај се вели дека роднина на Шариф управувал со автомобилот и дека полицијата поставила блокада на патот, но автомобилот поминал без да застане, дури и откако полицајците отвориле оган.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф на Твитер објави дека телефонски разговарал со кенискиот претседател Вилијам Руто за инцидентот.

Смртта на Шариф предизвика реакција од официјални лица, новинари и други на социјалните мрежи во Пакистан. Поранешниот премиер Имран Кан го осуди инцидентот и рече дека Шариф е убиен поради неговата новинарска работа.

The post Во Најроби убиен познат пакистански новинар appeared first on Република.

]]>

Познатиот пакистански новинар Аршад Шариф е застрелан во Најроби кога полицијата во рација по крадци на автомобили отвори оган врз возилото во кое се наоѓал, соопшти денеска кениската полиција. Началникот на кениската полиција изјави дека го истражува инцидентот, кој се случил вчера во 22 часот по локално време во предградието на главниот град. Околностите за смртта на Шариф предизвикаа големо незадоволство во Пакистан и повици за истрага. Шариф долги години работеше како телевизиски водител, а неодамна избега од земјата повикувајќи се на закани по неговиот живот. Во полицискиот извештај се вели дека роднина на Шариф управувал со автомобилот и дека полицијата поставила блокада на патот, но автомобилот поминал без да застане, дури и откако полицајците отвориле оган. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф на Твитер објави дека телефонски разговарал со кенискиот претседател Вилијам Руто за инцидентот. Смртта на Шариф предизвика реакција од официјални лица, новинари и други на социјалните мрежи во Пакистан. Поранешниот премиер Имран Кан го осуди инцидентот и рече дека Шариф е убиен поради неговата новинарска работа.

The post Во Најроби убиен познат пакистански новинар appeared first on Република.

]]>
Почина новинарот Венко Кричевски https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-novinarot-venko-krichevski/ Tue, 27 Sep 2022 19:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=554979

По кратко и тешко боледување почина долгогодишниот новинар и уредник Венко Кричевски, роден 1957 година.

Најголем дел од кариерата помина во дневниот весник „Вечер“, а има работено и за повеќе други весници и списанија.

Погребот ќе биде извршен утре во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

The post Почина новинарот Венко Кричевски appeared first on Република.

]]>

По кратко и тешко боледување почина долгогодишниот новинар и уредник Венко Кричевски, роден 1957 година. Најголем дел од кариерата помина во дневниот весник „Вечер“, а има работено и за повеќе други весници и списанија. Погребот ќе биде извршен утре во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

The post Почина новинарот Венко Кричевски appeared first on Република.

]]>
Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико https://republika.mk/vesti/svet/teloto-na-ushte-eden-ubien-novinar-e-pronajdeno-vo-meksiko/ Wed, 17 Aug 2022 09:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=541257

Независен новинар е пронајден мртов на северот на Мексико, како нова жртва во серијата од 13 убиства на новинари и медиумски работници годинава, соопшти денеска државното обвинителство.

Обвинителството во северната погранична држава Сонора објави дека тетоважите на телото, пронајдени во пограничниот град Сан Луис, одговараат на тетоважите што ги имал и новинарот Хуан Арјона Лопез, но се уште не е официјално потврдено дека тој е жртвата.

Сан Луис беше долго познат по медицинските и стоматолошките ординации каде доаѓаа Американците, се додека во последните неколку години овој дел од Мексико не стана сцена на насилни конфликти меѓу нарко-картелите.

Во март, доброволци пронајдоа 11 тела во тајни гробници во пустината во близина на Сан Луис, во близина на локална депонија за ѓубре.

 

The post Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико appeared first on Република.

]]>

Независен новинар е пронајден мртов на северот на Мексико, како нова жртва во серијата од 13 убиства на новинари и медиумски работници годинава, соопшти денеска државното обвинителство. Обвинителството во северната погранична држава Сонора објави дека тетоважите на телото, пронајдени во пограничниот град Сан Луис, одговараат на тетоважите што ги имал и новинарот Хуан Арјона Лопез, но се уште не е официјално потврдено дека тој е жртвата. Сан Луис беше долго познат по медицинските и стоматолошките ординации каде доаѓаа Американците, се додека во последните неколку години овој дел од Мексико не стана сцена на насилни конфликти меѓу нарко-картелите. Во март, доброволци пронајдоа 11 тела во тајни гробници во пустината во близина на Сан Луис, во близина на локална депонија за ѓубре.  

The post Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико appeared first on Република.

]]>
Британски новинар од Доњецк: Западот треба да биде свесен дека оружјето што го испорачуваат во Украина доведува до смрт на цивили во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/britanski-novinar-od-donjeck-zapadot-treba-da-bide-svesen-deka-oruzjeto-shto-go-isporachuvaat-vo-ukraina-doveduva-do-smrt-na-civili-vo-donbas/ Tue, 19 Jul 2022 12:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=531039

Британскиот новинар, Џон Милер, во јавување во живо од Доњецк, порача дека Западот треба да знае дека оружјето со којашто западните земји и НАТО ја снабдуваат Украина доведува до смрт на цивили и деца во Донбас.

Стојам пред тоа што е или некогаш беше училиште. Се наоѓа само зад аголот од станот каде што престојувам овде во Доњецк и тоа беше гранатирано од украинската армија, веројатно со оружје што доаѓа од НАТО. Тоа е само едно од многуте училишта што беа гранатирани од украинската армија во обид да го заплашат локалното население - изјави Милер.

 

The post Британски новинар од Доњецк: Западот треба да биде свесен дека оружјето што го испорачуваат во Украина доведува до смрт на цивили во Донбас appeared first on Република.

]]>

Британскиот новинар, Џон Милер, во јавување во живо од Доњецк, порача дека Западот треба да знае дека оружјето со којашто западните земји и НАТО ја снабдуваат Украина доведува до смрт на цивили и деца во Донбас.
Стојам пред тоа што е или некогаш беше училиште. Се наоѓа само зад аголот од станот каде што престојувам овде во Доњецк и тоа беше гранатирано од украинската армија, веројатно со оружје што доаѓа од НАТО. Тоа е само едно од многуте училишта што беа гранатирани од украинската армија во обид да го заплашат локалното население - изјави Милер.
 

The post Британски новинар од Доњецк: Западот треба да биде свесен дека оружјето што го испорачуваат во Украина доведува до смрт на цивили во Донбас appeared first on Република.

]]>
Париз бара брза и транспарентна истрага за смртта на францускиот новинар во Украина https://republika.mk/vesti/svet/pariz-bara-brza-i-transparentna-istraga-za-smrtta-na-francuskiot-novinar-vo-ukraina/ Mon, 30 May 2022 17:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=508879

Новата шефица на француската диполоматија, Катрин Колона, денеска побара истрага за смртта на француски новинар во Украина.

-Франција бара истрагата да се спроведе што е можно поскоро и транспарентно да се соопштат околностите на оваа драма“, рече Колона.

Регионалниот гувернер на Луганс, Сергеј Гајдаи, претходно денеска соопшти дека напорите за евакуација на цивилите од регионот во источна Украина се прекинати откако француски новинар загина во оклопно возило погодено од шрапнели од руска граната.

Гајдаи на Телеграм објави дека шрапнелите го пробиле оклопот на возилото и го убиле францускиот новинар кој бил во него.

The post Париз бара брза и транспарентна истрага за смртта на францускиот новинар во Украина appeared first on Република.

]]>

Новата шефица на француската диполоматија, Катрин Колона, денеска побара истрага за смртта на француски новинар во Украина. -Франција бара истрагата да се спроведе што е можно поскоро и транспарентно да се соопштат околностите на оваа драма“, рече Колона. Регионалниот гувернер на Луганс, Сергеј Гајдаи, претходно денеска соопшти дека напорите за евакуација на цивилите од регионот во источна Украина се прекинати откако француски новинар загина во оклопно возило погодено од шрапнели од руска граната. Гајдаи на Телеграм објави дека шрапнелите го пробиле оклопот на возилото и го убиле францускиот новинар кој бил во него.

The post Париз бара брза и транспарентна истрага за смртта на францускиот новинар во Украина appeared first on Република.

]]>
Почина новинарот Киро Герасимов https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-novinarot-kiro-gerasimov/ Wed, 18 May 2022 07:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=503657

Почина новинарот, поет, есеист и хроничар на Кочани, Киро Герасимов синоќа, во 72-рата година од животот.

Повеќе од три децении Герасимов беше дописник на Македонската радио-телевизија и зад себе остави бројни записи за локалните и за регионалните општествено-политички случувања. Подготви бројни репортажи и документарни емисии посветени на луѓе и настани од Кочанско.

Автор е на седумдесетина дела, од кои голем дел се посветени на културниот живот на Кочани. Има издадено и неколку поетски збирки, меѓу кои и препеви од словенечки јазик, а последните години работеше на едицијата „Богатство запишано во времето“.

Добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ, на Седмосептемвриската награда на Кочани и на други награди и признанија.

Посмртните останки ќе бидат погребани в четврток, на 19 мај 2022 година, на Градските гробишта во Кочани.

 

The post Почина новинарот Киро Герасимов appeared first on Република.

]]>

Почина новинарот, поет, есеист и хроничар на Кочани, Киро Герасимов синоќа, во 72-рата година од животот. Повеќе од три децении Герасимов беше дописник на Македонската радио-телевизија и зад себе остави бројни записи за локалните и за регионалните општествено-политички случувања. Подготви бројни репортажи и документарни емисии посветени на луѓе и настани од Кочанско. Автор е на седумдесетина дела, од кои голем дел се посветени на културниот живот на Кочани. Има издадено и неколку поетски збирки, меѓу кои и препеви од словенечки јазик, а последните години работеше на едицијата „Богатство запишано во времето“. Добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ, на Седмосептемвриската награда на Кочани и на други награди и признанија. Посмртните останки ќе бидат погребани в четврток, на 19 мај 2022 година, на Градските гробишта во Кочани.  

The post Почина новинарот Киро Герасимов appeared first on Република.

]]>
Почина новинарот Марко Илковски https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-novinarot-marko-ilkovski/ Tue, 17 May 2022 11:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=503329

Во 75-тата година од животот почина Марко Илковски, долгогодишен новинар во Македонското радио.

Илковски целиот работен век го помина пред микрофонот на Радиото, на кое му го посвети секој миг од раните утрински до ноќните часови. Остави траен белег во Радиото со многу документарни емисии и програми посветени на нашите иселеници, Македонската Православна Црква и на сите драматични настани во историјата на македонската држава, информираат од Македонското радио.

Посмртните останки на Марко Илковски се изложени денеска во капелата на Градските гробишта Бутел.

Како што објавија неговите роднини на „Фејсбук“, Марко Илкоски беше доајен на новинарството и целиот животен век го помина како новинар во Македонското Радио.

Со телото во Скопје, со срцето во Битуше, со децении пишуваше книга и родослов за нашата фамилија до Дедо Илко од Солун од пред 300 години стигна, така ми кажа, напиша водителот и новинар Јанко Илковски на „Фејсбук“.

 

The post Почина новинарот Марко Илковски appeared first on Република.

]]>

Во 75-тата година од животот почина Марко Илковски, долгогодишен новинар во Македонското радио.
Илковски целиот работен век го помина пред микрофонот на Радиото, на кое му го посвети секој миг од раните утрински до ноќните часови. Остави траен белег во Радиото со многу документарни емисии и програми посветени на нашите иселеници, Македонската Православна Црква и на сите драматични настани во историјата на македонската држава, информираат од Македонското радио.
Посмртните останки на Марко Илковски се изложени денеска во капелата на Градските гробишта Бутел. Како што објавија неговите роднини на „Фејсбук“, Марко Илкоски беше доајен на новинарството и целиот животен век го помина како новинар во Македонското Радио.
Со телото во Скопје, со срцето во Битуше, со децении пишуваше книга и родослов за нашата фамилија до Дедо Илко од Солун од пред 300 години стигна, така ми кажа, напиша водителот и новинар Јанко Илковски на „Фејсбук“.
 

The post Почина новинарот Марко Илковски appeared first on Република.

]]>