нови правила Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-pravila/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Jan 2022 10:44:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови правила Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-pravila/ 32 32 Од утре нови правила за патување во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/od-utre-novi-pravila-za-patuvanje-vo-eu/ Mon, 31 Jan 2022 10:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=451880

Пред една недела, Европскиот Совет усвои препорака за координиран пристап за олеснување на безбедното и слободно движење за време на пандемијата со Ковид-19.

Притоа предвид се зема значителното зголемување на стапката на вакцинација и брзото воведување на ковид сертификати, па се заменува досегашната важечка препорака. Препораката ќе стапи на сила на 1 февруари 2022 година, истиот ден како и актот за изменување на регулативата за ковид сертификатите, со која се предвидува рок за прифаќање на потврдата за вакцинација од 270 дена (неограничено во случај на примена бустер доза).

Клучна одредница треба да биде статусот на патниците во однос на Ковид-19, односно дали лицето е вакцинирано, тестирано или опоравено од болеста, за што сведочи дигиталниот сертификат на ЕУ, а не регионот од кој доаѓа.

Патниците со важечки дигитален сертификат на ЕУ не би требало да подлежат на дополнителни ограничувања на слободното движење.

Валиден дигитален ковид сертификат на ЕУ вклучува:

– Сертификат за вакцинација со вакцина одобрена на европско ниво, ако од примањето на последната доза поминале најмалку 14, но не повеќе од 270 дена. Земјите-членки може да прифатат и сертификати за вакцинација со вакцини одобрени од националните власти или Светската здравствена организација;

– Негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа пред патувањето или негативен резултат од брз антигенски тест не постар од 24 часа пред патувањето;

– Потврда за прележана болест на која е видливо дека не поминале повеќе од 180 дена од датумот на првиот позитивен тест;

– Од лицата кои немаат дигитален сертификат на ЕУ може да се бара да направат тестирање пред пристигнувањето или најдоцна 24 часа по пристигнувањето. Патниците кои патуваат поради нужност, прекуграничните работници и децата под 12-годишна возраст би требало да бидат исклучени од ова барање.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) треба да продолжи да објавува мапа на регионите на земјите-членки во која преку употреба на боите на семафорот (зелена, портокалова, црвена, темноцрвена) ќе се означува потенцијалното ниво на ризик од инфекција. Картата треба да се заснова на 14-дневната стапка на пријавени случаи, стапката на вакцинација и стапката на тестирање.

Новата препорака го зајакнува и т.н. механизам за итно сопирање за да одговори на појавата на нови варијанти на вирусот што предизвикува загриженост. Доколку земја-членка наметне ограничувања како одговор на појавата на нова варијанта, Советот треба да ја разгледа ситуацијата, во тесна соработка со Комисијата и со поддршка на ECDC.

The post Од утре нови правила за патување во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Пред една недела, Европскиот Совет усвои препорака за координиран пристап за олеснување на безбедното и слободно движење за време на пандемијата со Ковид-19. Притоа предвид се зема значителното зголемување на стапката на вакцинација и брзото воведување на ковид сертификати, па се заменува досегашната важечка препорака. Препораката ќе стапи на сила на 1 февруари 2022 година, истиот ден како и актот за изменување на регулативата за ковид сертификатите, со која се предвидува рок за прифаќање на потврдата за вакцинација од 270 дена (неограничено во случај на примена бустер доза). Клучна одредница треба да биде статусот на патниците во однос на Ковид-19, односно дали лицето е вакцинирано, тестирано или опоравено од болеста, за што сведочи дигиталниот сертификат на ЕУ, а не регионот од кој доаѓа. Патниците со важечки дигитален сертификат на ЕУ не би требало да подлежат на дополнителни ограничувања на слободното движење. Валиден дигитален ковид сертификат на ЕУ вклучува: – Сертификат за вакцинација со вакцина одобрена на европско ниво, ако од примањето на последната доза поминале најмалку 14, но не повеќе од 270 дена. Земјите-членки може да прифатат и сертификати за вакцинација со вакцини одобрени од националните власти или Светската здравствена организација; – Негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа пред патувањето или негативен резултат од брз антигенски тест не постар од 24 часа пред патувањето; – Потврда за прележана болест на која е видливо дека не поминале повеќе од 180 дена од датумот на првиот позитивен тест; – Од лицата кои немаат дигитален сертификат на ЕУ може да се бара да направат тестирање пред пристигнувањето или најдоцна 24 часа по пристигнувањето. Патниците кои патуваат поради нужност, прекуграничните работници и децата под 12-годишна возраст би требало да бидат исклучени од ова барање. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) треба да продолжи да објавува мапа на регионите на земјите-членки во која преку употреба на боите на семафорот (зелена, портокалова, црвена, темноцрвена) ќе се означува потенцијалното ниво на ризик од инфекција. Картата треба да се заснова на 14-дневната стапка на пријавени случаи, стапката на вакцинација и стапката на тестирање. Новата препорака го зајакнува и т.н. механизам за итно сопирање за да одговори на појавата на нови варијанти на вирусот што предизвикува загриженост. Доколку земја-членка наметне ограничувања како одговор на појавата на нова варијанта, Советот треба да ја разгледа ситуацијата, во тесна соработка со Комисијата и со поддршка на ECDC.

The post Од утре нови правила за патување во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Нови правила за патување во ЕУ во услови на ковид https://republika.mk/zivot/zdravje/novi-pravila-za-patuvanje-vo-eu-vo-uslovi-na-kovid/ Mon, 24 Jan 2022 11:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=448704

Европската унија подготвува нов модел за управување со пандемијата на коронавирус за патување, што би значело напуштање на пристапот „географска област на потекло на патниците“ и надминување на системот на мапи за зараза што би останале „само за информации“, објави италијанската агенција АНСА, цитирајќи извори во италијанската Влада, пренесе Н1.

Ограничувањата повеќе нема да се однесуваат на областа од каде доаѓаат патниците, туку на нивниот епидемиолошки статус – потврда за вакцинација, прележување ковид 19 или негативни тестови.

Важноста на ПЦР тестовите останува максимум 72 часа, а за брзите антигенски тестови од 24 до 48 часа.

Новиот модел за управување со пандемијата би ја земал предвид деветмесечната важност на пропусницата за ковид, но по истекот на важноста за целосно вакцинираните и оние кои ја примиле третата доза, одлуките ќе се носат „врз основа на проценки“.

Важноста на пропусницата ќе се скрати од девет на шест месеци од 1 февруари, а тој рок може да биде проблем за оние кои поминале шест месеци од третата, засилувачка доза, бидејќи се уште нема официјални опции за четвртата доза.

The post Нови правила за патување во ЕУ во услови на ковид appeared first on Република.

]]>

Европската унија подготвува нов модел за управување со пандемијата на коронавирус за патување, што би значело напуштање на пристапот „географска област на потекло на патниците“ и надминување на системот на мапи за зараза што би останале „само за информации“, објави италијанската агенција АНСА, цитирајќи извори во италијанската Влада, пренесе Н1. Ограничувањата повеќе нема да се однесуваат на областа од каде доаѓаат патниците, туку на нивниот епидемиолошки статус – потврда за вакцинација, прележување ковид 19 или негативни тестови. Важноста на ПЦР тестовите останува максимум 72 часа, а за брзите антигенски тестови од 24 до 48 часа. Новиот модел за управување со пандемијата би ја земал предвид деветмесечната важност на пропусницата за ковид, но по истекот на важноста за целосно вакцинираните и оние кои ја примиле третата доза, одлуките ќе се носат „врз основа на проценки“. Важноста на пропусницата ќе се скрати од девет на шест месеци од 1 февруари, а тој рок може да биде проблем за оние кои поминале шест месеци од третата, засилувачка доза, бидејќи се уште нема официјални опции за четвртата доза.

The post Нови правила за патување во ЕУ во услови на ковид appeared first on Република.

]]>
Во Словенија нови правила за карантинот https://republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-novi-pravila-za-karantinot/ Tue, 18 Jan 2022 13:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=446391

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени повеќе од 8.500 новозаразени со коронавирусот, што е нов рекорд во дневните инфекции од почетокот на епидемијата на Covid-19, а владата повторно ги промени правилата за карантинот, за да ја ублажи ситуацијата во главните дејности во коишто е поголем бројот на изолациите поради ризичните контакти.

Новите правила стапуваат на сила од среда, а важат за секторите здравство, образование и социјалните институции. Училишните класови така ќе одат во карантин дури откако во период од 14 дена заразата ќе биде детектирана кај 30 отсто ученици, додека оние кои биле во ризичен конатакт ќе мора во текот на седум дена секојдневено да се тестираат на коронавирус.

Во каранти по ризичните контакти нема да мора да одат врботените во здравството, социјалната нега и образувањето и воспитувањето, туку место тоа ќе мора седум дена со ред да се тестираат, а препорачанмо им е и користење на поефикасните заштитни маски од типот FFP2.

Ниедно решение не е идеално, а ова е компромис и се надеваме дека ова решени ќе дејствува, изјави за словенечките медиуми епидемиологот Матеја Логар, коај го води владиниот стручен совет за Covid-19, откако не беше прифатен претходниот предлог карантинот да се скуси на пет дена.

Според сѐ уште официјално непотврдените податоци кои ги пренесуваат медиумите, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 8.588 коронаинфекции, додека пред седум дена беа 5.174 зарази. Ова е нов рекорд на бројот на новозаразените во еден ден од почетокот на епидемијата, а процентот на позитивните е околу 60 отсто. Се смета дека следните денови бројот на дневните зарази би можел да надмине и 10.000.

The post Во Словенија нови правила за карантинот appeared first on Република.

]]>

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени повеќе од 8.500 новозаразени со коронавирусот, што е нов рекорд во дневните инфекции од почетокот на епидемијата на Covid-19, а владата повторно ги промени правилата за карантинот, за да ја ублажи ситуацијата во главните дејности во коишто е поголем бројот на изолациите поради ризичните контакти. Новите правила стапуваат на сила од среда, а важат за секторите здравство, образование и социјалните институции. Училишните класови така ќе одат во карантин дури откако во период од 14 дена заразата ќе биде детектирана кај 30 отсто ученици, додека оние кои биле во ризичен конатакт ќе мора во текот на седум дена секојдневено да се тестираат на коронавирус. Во каранти по ризичните контакти нема да мора да одат врботените во здравството, социјалната нега и образувањето и воспитувањето, туку место тоа ќе мора седум дена со ред да се тестираат, а препорачанмо им е и користење на поефикасните заштитни маски од типот FFP2.
Ниедно решение не е идеално, а ова е компромис и се надеваме дека ова решени ќе дејствува, изјави за словенечките медиуми епидемиологот Матеја Логар, коај го води владиниот стручен совет за Covid-19, откако не беше прифатен претходниот предлог карантинот да се скуси на пет дена.
Според сѐ уште официјално непотврдените податоци кои ги пренесуваат медиумите, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 8.588 коронаинфекции, додека пред седум дена беа 5.174 зарази. Ова е нов рекорд на бројот на новозаразените во еден ден од почетокот на епидемијата, а процентот на позитивните е околу 60 отсто. Се смета дека следните денови бројот на дневните зарази би можел да надмине и 10.000.

The post Во Словенија нови правила за карантинот appeared first on Република.

]]>
Од денеска важат нови правила за влез во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-vazat-novi-pravila-za-vlez-vo-slovenija/ Mon, 10 Jan 2022 08:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=442452

Во Словенија денеска стапија на сила неколку измени на Уредбата за мерки за спречување на ширење на коронавирусот, со кои, меѓу другото, се скрати времетраењето на карантинот и важноста на тестовите, но и се намали бројот на патници во јавниот превоз.

Според новите правила, за да се избегне карантин при влез во Словенија, патниците кои се вакцинирани или се заразиле со вирусот ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или брз тест не постар од 24 часа, пишува Танјуг. .

Исто така, карантинот утврден на граница може да биде прекинат со негативни ПЦР тестови најмалку пет дена по пристигнувањето.

The post Од денеска важат нови правила за влез во Словенија appeared first on Република.

]]>

Во Словенија денеска стапија на сила неколку измени на Уредбата за мерки за спречување на ширење на коронавирусот, со кои, меѓу другото, се скрати времетраењето на карантинот и важноста на тестовите, но и се намали бројот на патници во јавниот превоз. Според новите правила, за да се избегне карантин при влез во Словенија, патниците кои се вакцинирани или се заразиле со вирусот ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или брз тест не постар од 24 часа, пишува Танјуг. . Исто така, карантинот утврден на граница може да биде прекинат со негативни ПЦР тестови најмалку пет дена по пристигнувањето.

The post Од денеска важат нови правила за влез во Словенија appeared first on Република.

]]>