нови напади Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-napadi/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Sep 2022 11:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови напади Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-napadi/ 32 32 Русите извршија нови напади во Украина https://republika.mk/vesti/svet/rusite-izvrshija-novi-napadi-vo-ukraina/ Sat, 24 Sep 2022 11:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=553769

Руските сили денеска извршија нови напади врз украински градови додека продолжува гласањето на „референдумите“ организирани од Русија во украинските области под нејзина контрола за да го отвори патот за нивна анексија кон Москва.

Гувернерот на Запорожје, Олександр Старук изјави дека Русите извршиле напади врз инфраструктурни објекти во градот Дњепропетровск, дека била погодена станбена зграда и едно лице загинало, а неколку други се повредени.

Руските сили погодиле и други области во Украина каде биле оштетени станбени згради и цивилна инфраструктура.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија е насочена кон браната Печенихи на реката Северски Доњец во североисточна Украина, по претходните напади на браната во близина на градот Кривји Рих, кои предизвикаа поплави на реката Инхулец.

Британците соопштија дека Украинците напредуваат низводно и оти Русите најверојатно се обидувале да ги погодат браните за да ги поплават местата каде што поминувала украинската војска.

 

The post Русите извршија нови напади во Украина appeared first on Република.

]]>

Руските сили денеска извршија нови напади врз украински градови додека продолжува гласањето на „референдумите“ организирани од Русија во украинските области под нејзина контрола за да го отвори патот за нивна анексија кон Москва. Гувернерот на Запорожје, Олександр Старук изјави дека Русите извршиле напади врз инфраструктурни објекти во градот Дњепропетровск, дека била погодена станбена зграда и едно лице загинало, а неколку други се повредени. Руските сили погодиле и други области во Украина каде биле оштетени станбени згради и цивилна инфраструктура. Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија е насочена кон браната Печенихи на реката Северски Доњец во североисточна Украина, по претходните напади на браната во близина на градот Кривји Рих, кои предизвикаа поплави на реката Инхулец. Британците соопштија дека Украинците напредуваат низводно и оти Русите најверојатно се обидувале да ги погодат браните за да ги поплават местата каде што поминувала украинската војска.  

The post Русите извршија нови напади во Украина appeared first on Република.

]]>