Нови бајки од Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-bajki-od-makedonija/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 15:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нови бајки од Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-bajki-od-makedonija/ 32 32 Промовирани „Нови бајки од Македонија“ во издание на „Арс Ламина“ и движењето „Браво сине!“ https://republika.mk/vesti/kultura/promovirani-novi-bajki-od-makedonija-vo-izdanie-na-ars-lamina/ Mon, 13 May 2024 14:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=777670

Вкупно 24 бајки од 23 македонски автори се содржани во книгата „Нови бајки од Македонија“ во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“ која беше промовирана денеска.

На денешната промоција на книгата во организација на „Арс Ламина“ и движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ - Браво сине!“ во „Дајмонд мол“, Ангелка Пеева Лауренчиќ од „Браво Сине“, информираше дека проектот е во чест на Иво Лауренчиќ, македонскиот и регионален маркетинг експерт, претседател и креативен директор на рекламната агенција „Идеја плус“.

Досега сме издале над 100 бајки од Македонија, дел од нив македонско национално творештво адаптирани на современ македонски јазик со модерни креации од млади илустратори. На конкурсот што го објавивме пред три години за современи бајки од Македонија добивме над 400 бајки од повеќе од над 300 автори, рече таа.

Меѓу авторите, како што дополни, има етаблирани автори, млади автори, дури и бајки кои се први објави на автори.

Бајките кои биле селектирани за најдобри влегле во потесниот избор на конкурсот „Нови бајки од Македонија“ од 2020 година и кои биле објавени изминатите години како посебни сликовници или биле дел од книгата „Детелинки-белинки“.

Главната уредничка на „Арс Ламина“, Бранка Бугариска, информираше дека бајките се преведени на осум јазици.

Илустратор на книгата е Орце Ниневски кој изјави дека тоа било голем предизвик за него, имајќи предвид дека, како што посочи, илустрациите за деца треба да се поедноставни.

The post Промовирани „Нови бајки од Македонија“ во издание на „Арс Ламина“ и движењето „Браво сине!“ appeared first on Република.

]]>

Вкупно 24 бајки од 23 македонски автори се содржани во книгата „Нови бајки од Македонија“ во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“ која беше промовирана денеска. На денешната промоција на книгата во организација на „Арс Ламина“ и движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ - Браво сине!“ во „Дајмонд мол“, Ангелка Пеева Лауренчиќ од „Браво Сине“, информираше дека проектот е во чест на Иво Лауренчиќ, македонскиот и регионален маркетинг експерт, претседател и креативен директор на рекламната агенција „Идеја плус“.
Досега сме издале над 100 бајки од Македонија, дел од нив македонско национално творештво адаптирани на современ македонски јазик со модерни креации од млади илустратори. На конкурсот што го објавивме пред три години за современи бајки од Македонија добивме над 400 бајки од повеќе од над 300 автори, рече таа.
Меѓу авторите, како што дополни, има етаблирани автори, млади автори, дури и бајки кои се први објави на автори. Бајките кои биле селектирани за најдобри влегле во потесниот избор на конкурсот „Нови бајки од Македонија“ од 2020 година и кои биле објавени изминатите години како посебни сликовници или биле дел од книгата „Детелинки-белинки“. Главната уредничка на „Арс Ламина“, Бранка Бугариска, информираше дека бајките се преведени на осум јазици. Илустратор на книгата е Орце Ниневски кој изјави дека тоа било голем предизвик за него, имајќи предвид дека, како што посочи, илустрациите за деца треба да се поедноставни.

The post Промовирани „Нови бајки од Македонија“ во издание на „Арс Ламина“ и движењето „Браво сине!“ appeared first on Република.

]]>
„Нови бајки од Македонија“ од „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“ https://republika.mk/vesti/kultura/novi-bajki-od-makedonija-od-bravo-sine-i-ars-lamina/ Fri, 13 May 2022 11:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=501908

Најмладите читатели, но и повозрасните љубители на волшебните светови имаат уште една причина за радост. Излезе од печат новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“, а се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Бајките што се дел од оваа едиција се напишани од современи млади автори кои имаа можност да ги пријават своите дела на отворениот конкурс што го распишаа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Веднаш по изборот на бајките, беше распишан и отворен повик за дизајнери-илустратори кои ги работеа визуелните прикази на бајките, давајќи им целосно свеж и оригинален печат.

Исклучително сме горди на овој проект, бидејќи тој е значаен од повеќе аспекти. Прво, ги поттикнуваме младите автори и дизајнери-илустратори да творат и да создадат уникатна, свежа уметност што се надеваме дека ќе ја разбуди фантазијата на многу детски срца. Второ и многу значајно, создаваме жива македонска култура, која еден ден ќе биде важно културно наследство за нашите идни поколенија. Трето и не помалку важно, во ерата на дигитализација создадовме пишани дела што се интересни и барани од децата и возрасните кои сакаат да читаат. На крајот, би сакала да потенцирам дека големиот интерес на двата отворени повика е само потврда дека нашата земја располага со огромен креативен потенцијал што ја чека својата шанса. Ние и понатаму ќе поттикнуваме создавање на културно творештво, поттикнувајќи ја креативноста кај младите, бидејќи веруваме дека талентот треба да добие шанса, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“

На јавниот повик за автори и илустратори за бајките имаше огромен интерес, пристигнаа 442 дела на 316 автори од земјава, а на повикот за дизајнери и илустратори пристигнаа 96 апликации од 61 автор. Вкупниот фонд за награди за авторите на бајките изнесуваше 100.000 денари или 25.000 денари поединечно, додека вкупниот фонд за илустраторите изнесуваше 140.000 денари или по 35.000 денари поединечно за секое креативно решение.

Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајкова. Елизабета Баковска е автор на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрацијата е на Катерина Соколова. Бајката за „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова, а илустрацијата е на Орце Нинески и „Осаменото дрво“ е од авторката Нина Максимова, а илустрацијата ја изработи Иван Коминовски.

Главна цел на нашата издавачка куќа е да објавиме и да пласираме нови модерни изданија што ќе бидат атрактивни за модерниот читател. Покрај тоа, ние со голема посветеност работиме и на поттикнување на креативниот потенцијал кај домашните автори, особено кај младите да создаваат нови автентични содржини. На наше огромно задоволство можам да кажам дека успеавме да донесеме на пазарот навистина прекрасни дела што ја збогатија македонската современа култура. ’Нови бајки од Македонија‘ е еден таков проект што е уникатен по многу нешта. Навистина сме горди што оваа идеја денес е реалност, изјави директорот на издаваштво во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бранка Бугариска.

Ова не е прв заеднички проект на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“. Во изминатиот период, преку заедничката соработка, беа реализирани проектите „Бајки од Македонија за цела година“ и „Басни од Македонија“, кои постигнаа голем успех. Дел од нив се преведени на седум јазици, на Брајовото писмо, наградувани во светот и дома и се едни од најпродаваните книги за деца кај нас.

The post „Нови бајки од Македонија“ од „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“ appeared first on Република.

]]>

Најмладите читатели, но и повозрасните љубители на волшебните светови имаат уште една причина за радост. Излезе од печат новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“, а се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Бајките што се дел од оваа едиција се напишани од современи млади автори кои имаа можност да ги пријават своите дела на отворениот конкурс што го распишаа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Веднаш по изборот на бајките, беше распишан и отворен повик за дизајнери-илустратори кои ги работеа визуелните прикази на бајките, давајќи им целосно свеж и оригинален печат.
Исклучително сме горди на овој проект, бидејќи тој е значаен од повеќе аспекти. Прво, ги поттикнуваме младите автори и дизајнери-илустратори да творат и да создадат уникатна, свежа уметност што се надеваме дека ќе ја разбуди фантазијата на многу детски срца. Второ и многу значајно, создаваме жива македонска култура, која еден ден ќе биде важно културно наследство за нашите идни поколенија. Трето и не помалку важно, во ерата на дигитализација создадовме пишани дела што се интересни и барани од децата и возрасните кои сакаат да читаат. На крајот, би сакала да потенцирам дека големиот интерес на двата отворени повика е само потврда дека нашата земја располага со огромен креативен потенцијал што ја чека својата шанса. Ние и понатаму ќе поттикнуваме создавање на културно творештво, поттикнувајќи ја креативноста кај младите, бидејќи веруваме дека талентот треба да добие шанса, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“
На јавниот повик за автори и илустратори за бајките имаше огромен интерес, пристигнаа 442 дела на 316 автори од земјава, а на повикот за дизајнери и илустратори пристигнаа 96 апликации од 61 автор. Вкупниот фонд за награди за авторите на бајките изнесуваше 100.000 денари или 25.000 денари поединечно, додека вкупниот фонд за илустраторите изнесуваше 140.000 денари или по 35.000 денари поединечно за секое креативно решение. Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајкова. Елизабета Баковска е автор на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрацијата е на Катерина Соколова. Бајката за „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова, а илустрацијата е на Орце Нинески и „Осаменото дрво“ е од авторката Нина Максимова, а илустрацијата ја изработи Иван Коминовски.