Новак Archives - Република https://republika.mk/tema/novak/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 14:46:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Новак Archives - Република https://republika.mk/tema/novak/ 32 32 Талат Џафери се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак https://republika.mk/vesti/makedonija/talat-dhaferi-se-sretna-so-pretsedatelkata-na-ungarija-katalin-novak/ Mon, 06 Feb 2023 14:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=605553

Претседателот на Собранието Талат Џафери, се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која е во официјална посета на Македонија.

Претседателот Џафери и посака добредојде на почитуваната Новак при што изрази благодарност и за поддршката што Унгарија ја дава во насока на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија. Во контекст на билатералните односи помеѓу двете земји, истакна дека тие се добри, но дека има простор за повеќе инвестиции и економска соработка. Во продолжение, ја информираше гостинката дека во Република Македонија актуелно се одвива процесот на скрининг, а наесен се очекува да се продолжи со процесот на пристапните преговори а во меѓувреме, треба да се пристапи кон уставните измени кои се неопходни за понатамошниот тек на процесот. Потврди дека и во Собранието се прават напори да се најде потребното мнозинство за тие измени.

 

Претседателката Новак од своја страна, ги пофали напорите на нашата земја за регионална соработка и интеграција на земјата во Европската Унија при што истакна дека Република Македонија секогаш може да смета на пријателската поддршка на Унгарија. Што се однесува на војната во Украина , таа истакна дека Унгарија ја осудува агресијата на Русија но, кога се зборува за санкциите, поради нејзината специфична ситуација, мора да ги земе предвид своите национални интереси. Затоа, Унгарија се залага за прекин на војната и решавање на конфликтот по пат на преговори.

Во врска со прашањето на емиграцијата, двајцата соговорници го потенцираа заедничкото залагање и борба против илегалната емиграција. Претседателот Џафери рече дека интеграцијата на нашата земја и целиот регион во Европската Унија, ќе придонесе во подигнување на животниот стандард и следствено, ќе го намали притисокот за иселување.

На крајот на средбата, двајцата соговорници се заложија за интензивирање на соработката а претседателот Џафери, и посака убав и успешен престој на претседателката Новак во Република Македонија.

The post Талат Џафери се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери, се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која е во официјална посета на Македонија. Претседателот Џафери и посака добредојде на почитуваната Новак при што изрази благодарност и за поддршката што Унгарија ја дава во насока на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија. Во контекст на билатералните односи помеѓу двете земји, истакна дека тие се добри, но дека има простор за повеќе инвестиции и економска соработка. Во продолжение, ја информираше гостинката дека во Република Македонија актуелно се одвива процесот на скрининг, а наесен се очекува да се продолжи со процесот на пристапните преговори а во меѓувреме, треба да се пристапи кон уставните измени кои се неопходни за понатамошниот тек на процесот. Потврди дека и во Собранието се прават напори да се најде потребното мнозинство за тие измени.   Претседателката Новак од своја страна, ги пофали напорите на нашата земја за регионална соработка и интеграција на земјата во Европската Унија при што истакна дека Република Македонија секогаш може да смета на пријателската поддршка на Унгарија. Што се однесува на војната во Украина , таа истакна дека Унгарија ја осудува агресијата на Русија но, кога се зборува за санкциите, поради нејзината специфична ситуација, мора да ги земе предвид своите национални интереси. Затоа, Унгарија се залага за прекин на војната и решавање на конфликтот по пат на преговори. Во врска со прашањето на емиграцијата, двајцата соговорници го потенцираа заедничкото залагање и борба против илегалната емиграција. Претседателот Џафери рече дека интеграцијата на нашата земја и целиот регион во Европската Унија, ќе придонесе во подигнување на животниот стандард и следствено, ќе го намали притисокот за иселување. На крајот на средбата, двајцата соговорници се заложија за интензивирање на соработката а претседателот Џафери, и посака убав и успешен престој на претседателката Новак во Република Македонија.

The post Талат Џафери се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Новак: На Европа ѝ е потребна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-novak-na-evropa-e-potrebna-severna-makedonija/ Mon, 06 Feb 2023 13:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=605506

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак.

На состанокот е изразено очекување дека оваа посета ќе даде поттик за интензивирање на билатералните односи помеѓу двете држави, посебно што ова е прва посета на унгарски претседател на Македонија во последниве 20 години.

Пренесена е јасна порака дека нашата држава може да смета на натамошната поддршка од Унгарија во европските интеграции.

Оценето е дека Република Македонија ѝ е потребна на Европската Унија, во делот на безбедноста и стабилноста, и како држава којашто практикува европски вредности, и чијашто култура е посебна и европска и ќе го збогати европското семејство на народи, држави и култури.

Заеднички е оценето дека европските интеграции на Македонија во Европската Унија се од национално и од стратешко значење, за нашата држава, но и за целиот Западен Балкан и на Европа и затоа е потребен фокус на сите политички субјекти во државата, кон реализацијата на оваа цел.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за гласната поддршка на Унгарија за европските перспективи на Република Македонија, како и за поддршката на проширувањето на ЕУ, како најважна стратешка политика на Европската Унија.

Премиерот Ковачевски нагласи дека за Македонија, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешно-политички приоритети на земјата и дека Владата е цврсто посветена на дијалогот како механизам за решавање на какви било отворени прашања. Тој посочи и на определеноста на Владата кон спроведување на реформите, што се одвива паралелно со тековното справување со предизвиците од глобалната економско-енергетска криза.

Во однос на претседавањето со ОБСЕ, премиерот Ковачевски изрази уверување дека Македонија ќе придонесе во стабилноста и безбедноста на Европа, во контекст на актуелните случувања поради војната во Украина, при што државата е поставена стопроцентно на линија на надворешните политики на ЕУ.

На средбата е оценето дека Македонија и Унгарија имаат добра соработка како НАТО членки, дека се бележи економската соработка со нагорен тренд, како и дека се гледаат можности за натамошен развој на трговските односи, инвестициите, енергетиката, образованието.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност до унгарската претседателка Новак, за донациите и за споделената хуманитарна помош од Унгарија за време на пандемијата.

The post Ковачевски – Новак: На Европа ѝ е потребна Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак. На состанокот е изразено очекување дека оваа посета ќе даде поттик за интензивирање на билатералните односи помеѓу двете држави, посебно што ова е прва посета на унгарски претседател на Македонија во последниве 20 години. Пренесена е јасна порака дека нашата држава може да смета на натамошната поддршка од Унгарија во европските интеграции. Оценето е дека Република Македонија ѝ е потребна на Европската Унија, во делот на безбедноста и стабилноста, и како држава којашто практикува европски вредности, и чијашто култура е посебна и европска и ќе го збогати европското семејство на народи, држави и култури. Заеднички е оценето дека европските интеграции на Македонија во Европската Унија се од национално и од стратешко значење, за нашата држава, но и за целиот Западен Балкан и на Европа и затоа е потребен фокус на сите политички субјекти во државата, кон реализацијата на оваа цел. Премиерот Ковачевски се заблагодари за гласната поддршка на Унгарија за европските перспективи на Република Македонија, како и за поддршката на проширувањето на ЕУ, како најважна стратешка политика на Европската Унија. Премиерот Ковачевски нагласи дека за Македонија, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешно-политички приоритети на земјата и дека Владата е цврсто посветена на дијалогот како механизам за решавање на какви било отворени прашања. Тој посочи и на определеноста на Владата кон спроведување на реформите, што се одвива паралелно со тековното справување со предизвиците од глобалната економско-енергетска криза. Во однос на претседавањето со ОБСЕ, премиерот Ковачевски изрази уверување дека Македонија ќе придонесе во стабилноста и безбедноста на Европа, во контекст на актуелните случувања поради војната во Украина, при што државата е поставена стопроцентно на линија на надворешните политики на ЕУ. На средбата е оценето дека Македонија и Унгарија имаат добра соработка како НАТО членки, дека се бележи економската соработка со нагорен тренд, како и дека се гледаат можности за натамошен развој на трговските односи, инвестициите, енергетиката, образованието. Премиерот Ковачевски изрази благодарност до унгарската претседателка Новак, за донациите и за споделената хуманитарна помош од Унгарија за време на пандемијата.

The post Ковачевски – Новак: На Европа ѝ е потребна Македонија appeared first on Република.

]]>