нова влада Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-vlada/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 08:44:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нова влада Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-vlada/ 32 32 Вархеји го честиташе изборот на новата Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/varheji-go-chestitashe-izborot-na-novata-vlada/ Mon, 24 Jun 2024 06:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=790121

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски и Владата по повод нивниот избор.

Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија, наведе Вархеји во честитка објавена на Икс.

Честитки до премиерот Мицкоски и членови на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со вас за да го унапредиме европскиот пат на Македонија, наведе Вархеји во честитка об

Новата Влада на премиерот Мицкоски беше избрана синоќа со 77 гласа „за“ и 22 „против“. За неа гласаа пратениците од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и од Движењето ЗНАМ, а против гласаа СДСМ и Левица. Пратениците на Европскиот фронт, предводен од ДУИ, ја напуштија седницата пред гласањето.

The post Вархеји го честиташе изборот на новата Влада appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски и Владата по повод нивниот избор.
Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија, наведе Вархеји во честитка објавена на Икс.
Честитки до премиерот Мицкоски и членови на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со вас за да го унапредиме европскиот пат на Македонија, наведе Вархеји во честитка об Новата Влада на премиерот Мицкоски беше избрана синоќа со 77 гласа „за“ и 22 „против“. За неа гласаа пратениците од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и од Движењето ЗНАМ, а против гласаа СДСМ и Левица. Пратениците на Европскиот фронт, предводен од ДУИ, ја напуштија седницата пред гласањето.

The post Вархеји го честиташе изборот на новата Влада appeared first on Република.

]]>
Џафери во 10 часот му ја предава функцијата на новиот премиер Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-10-chasot-mu-ja-predava-funktsijata-na-noviot-premier-mitskoski/ Mon, 24 Jun 2024 06:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=790110

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска во 10 часот ќе му ја предаде функцијата на новиот премиер Христијан Мицкоски.

Синоќа со 77 гласа За беше избрана новата влада на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-nashata-tsel-e-da-sozdademe-politsija-koja-ke-raboti-iskluchivo-vo-sluzhba-na-graganite-i-vistinski-ke-se-bori-protiv-kriminalot/

The post Џафери во 10 часот му ја предава функцијата на новиот премиер Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска во 10 часот ќе му ја предаде функцијата на новиот премиер Христијан Мицкоски. Синоќа со 77 гласа За беше избрана новата влада на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди. https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-nashata-tsel-e-da-sozdademe-politsija-koja-ke-raboti-iskluchivo-vo-sluzhba-na-graganite-i-vistinski-ke-se-bori-protiv-kriminalot/

The post Џафери во 10 часот му ја предава функцијата на новиот премиер Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Прва фотографија на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/prva-fotografija-na-novata-vlada-na-vmro-dpmne/ Sun, 23 Jun 2024 20:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=790082

Собранието вечерва со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.

Министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуски, за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, заменик претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски, министер за локална самоуправа Златко Перински. Министерка во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е Сања Божиновска, во земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, министерка за образование и наука е Весна Јаневска, министер за култура и туризам е Зоран Љутков, а министер за спорт Борко Ристовски. Љупчо Димовски е вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. Министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата е Изет Меџити, министер без ресор и заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење е Арбен Фетаи, министер за здравство Арбен Таравари, Орхан Муртезани е избран за министер за европски прашања, додека за министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а министер за економија е Бесар Дурмиши.  Игор Филков е новиот министер за правда, а Горан Минчев за министер за јавна администрација.

Мицкоски и членовите на Владата во Собранието дадоа свечена изјава.

- Функцијата претседател на Владата ќе ја вршам совесно и одговорно и ќе го почитувам Уставот и законите на Република Македонија, кажа новиот премиер Мицкоски.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

На оваа седница свечена изјава даде и потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.

Претседателот на Собранието Африм Гаши информираше дека до Државната изборна комисија ќе биде испратено известување колкумина пратеници станале дел од Влада за на нивно место да бидат делегирани други од соодветните листи за пратеници

The post Прва фотографија на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Собранието вечерва со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. Министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуски, за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, заменик претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски, министер за локална самоуправа Златко Перински. Министерка во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е Сања Божиновска, во земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, министерка за образование и наука е Весна Јаневска, министер за култура и туризам е Зоран Љутков, а министер за спорт Борко Ристовски. Љупчо Димовски е вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. Министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата е Изет Меџити, министер без ресор и заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење е Арбен Фетаи, министер за здравство Арбен Таравари, Орхан Муртезани е избран за министер за европски прашања, додека за министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а министер за економија е Бесар Дурмиши.  Игор Филков е новиот министер за правда, а Горан Минчев за министер за јавна администрација. Мицкоски и членовите на Владата во Собранието дадоа свечена изјава. - Функцијата претседател на Владата ќе ја вршам совесно и одговорно и ќе го почитувам Уставот и законите на Република Македонија, кажа новиот премиер Мицкоски. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. На оваа седница свечена изјава даде и потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски. Претседателот на Собранието Африм Гаши информираше дека до Државната изборна комисија ќе биде испратено известување колкумина пратеници станале дел од Влада за на нивно место да бидат делегирани други од соодветните листи за пратеници

The post Прва фотографија на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Составот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам предводена од Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/sostavot-na-novata-vlada-na-vmro-dpmne-vredi-i-znam-predvodena-od-mitskoski/ Sun, 23 Jun 2024 20:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=790067

Собранието вечерва со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.

Во новата влада има вкупно 20 министерства, а Владата брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.


Министрите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

Владо Мисајловски, министер за одбрана
Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер
Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер
Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии
Сања Божиновска, министер за енергетика
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
Весна Јаневска, министер за образование и наука
Златко Перински, министер за локална самоуправа
Зоран Лутков, министер за култура и туризам
Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
Борко Ристовски, министер за спорт
Лупчо Димовски, вицепремиер за политички систем
Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите

Министрите на коалицијата „Влен“

Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија
Арбен Таравари, министер за здравство
Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади
Фатмир Лимани, министер за економија и труд.
Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење
Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции

Министрите на „Знам“

Игор Филков, министер за правда
Горан Минчев, министер за администрација.

Со изгласувањето на новиот владин состав во Собранието, Христијан Мицкоски стана 13-тиот премиер, кој ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата.

Владината седница започна вчера, а за збор беа пријавени шеесетина пратеници

The post Составот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам предводена од Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Собранието вечерва со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. Во новата влада има вкупно 20 министерства, а Владата брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. Министрите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Владо Мисајловски, министер за одбрана Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија Панче Тошковски, министер за внатрешни работи Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии Сања Божиновска, министер за енергетика Цветан Трипуновски, министер за земјоделство Весна Јаневска, министер за образование и наука Златко Перински, министер за локална самоуправа Зоран Лутков, министер за култура и туризам Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација Борко Ристовски, министер за спорт Лупчо Димовски, вицепремиер за политички систем Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите Министрите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија Арбен Таравари, министер за здравство Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министер за економија и труд. Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции Министрите на „Знам“ Игор Филков, министер за правда Горан Минчев, министер за администрација. Со изгласувањето на новиот владин состав во Собранието, Христијан Мицкоски стана 13-тиот премиер, кој ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата. Владината седница започна вчера, а за збор беа пријавени шеесетина пратеници

The post Составот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам предводена од Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Изгласана новата влада: Мицкоски премиер на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/izglasana-novata-vlada-mitskoski-premier-na-makedonija/ Sun, 23 Jun 2024 20:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=790054

Со 77 гласа за  и 22 против е изгласана новата влада на Република Македонија. Со ова Христијан Мицкоски е избран за нов премиер.

Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.

Во новата влада има вкупно 20 министерства, а Владата брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

The post Изгласана новата влада: Мицкоски премиер на Македонија appeared first on Република.

]]>

Со 77 гласа за  и 22 против е изгласана новата влада на Република Македонија. Со ова Христијан Мицкоски е избран за нов премиер. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. Во новата влада има вкупно 20 министерства, а Владата брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

The post Изгласана новата влада: Мицкоски премиер на Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-gi-povika-turskite-partii-da-bidat-del-od-vladata-na-vmro-dpmne/ Sun, 23 Jun 2024 11:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=789925

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска, во рамки на собраниската седница за избор на новата влада, ги повика колегите од турските партии да му се приклучат на владејачкото мнозинство за, како што рече, сите заедно да работат на подобрување на состојбите во државата.

Ова „фрлање ракавица“, како што истакна Мицевски, следуваше откако претходно, Бејџан Илјаз од коалицијата Европски фронт изрази загриженост дека во новиот владин состав нема ниту еден претставник од труската заедница.

Според Мицевски, моментно владата на ВМРО-ДПМНЕ на турските партии може да им понуди едно заменичко министерско место.

Ве поканувам да влезете во владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во ова парламнетрано мнозинство, за сите заедно да можеме да работиме на подобрување на состојбите во државата. Во моментот можеме да понудиме едно заменичко министерско место. Повелете, влезете во владата и заедно да работиме на предизвиците за кои зборувавте сега, истакна Мицевски, додавајќи дека Демократската партија на Турците сама избрала да биде дел од Европскиот фронт.

Илјаз се заблагодари за поканата и повтори дека одлуката да бидат дел од Европскиот фронт е партиска.

Добро знаете дека предизборно имавме разговори со сите партии и притоа се водевме од принципите и дадените укажаувања на нашите партиски органи. Затоа сме дел од Европскиот фронт. Загриженоста е што не само во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, туку и во поранешните влади, особено изминатите осум години, немавме претставник во владата, потенцира Илјаз.

Тој порача дека во време кога се стремиме кон подобра иднина и кога не очекуваат важни одлуки, општеството треба повеќе да води грижа и за немнозинските заедници.

Најавите за промена на Уставот каде немнозинските заедници ќе бидат третирани како малцинства, е против духот на Рамковниот договор и може сериозно да ги наруши соживото и граѓанската рамноправост. Место овие најави, очекувам што поскоро на агендата да се стават уставните измени за да се отвори патот кон нашата европска иднина, напомена Илјаз.

Пред него зборуваше Сали Мурат од Европскиот фронт, кој оцени дека владината програма на ВМРО-ДПМНЕ не е целосно во согласност со Уставот и Рамковниот договор.

Во секоја глава има одредени недоречености, необјективности и нереални заложби. Мандатарот се поставува во улога на давател на некои права, задирате во еднаквоста на граѓаните, особено во однос на турската заедница. Ако се резимира програмата, многу малку посветувате внимание на одржување на меѓутничките односи, на толеранцијата и почитувањето на Ракобвниот договор кој е компромис и афирмација на слободите и правата на неинтегрираните и маргинализираните групи, а меѓу нив е токму турската заедница, подвлече Мурат.

Халил Снопче од Вреди ги потсети Мурат и Илјаз дека во претходниот мандат, како Албанец, побарал официјализација и на турскиот и на ромскиот јазик.

Ние сме мултинационална држава, идната влада ќе мора многу да инвестира во општата еманципација за да ги елиминира сите несогласувања, не треба да сме идентични за да сме еднакви, мора да инвестира во овој дел, луѓето да ја сфатат еднаквоста меѓу различните работи, нагласи Снопче.

The post Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска, во рамки на собраниската седница за избор на новата влада, ги повика колегите од турските партии да му се приклучат на владејачкото мнозинство за, како што рече, сите заедно да работат на подобрување на состојбите во државата. Ова „фрлање ракавица“, како што истакна Мицевски, следуваше откако претходно, Бејџан Илјаз од коалицијата Европски фронт изрази загриженост дека во новиот владин состав нема ниту еден претставник од труската заедница. Според Мицевски, моментно владата на ВМРО-ДПМНЕ на турските партии може да им понуди едно заменичко министерско место.
Ве поканувам да влезете во владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во ова парламнетрано мнозинство, за сите заедно да можеме да работиме на подобрување на состојбите во државата. Во моментот можеме да понудиме едно заменичко министерско место. Повелете, влезете во владата и заедно да работиме на предизвиците за кои зборувавте сега, истакна Мицевски, додавајќи дека Демократската партија на Турците сама избрала да биде дел од Европскиот фронт.
Илјаз се заблагодари за поканата и повтори дека одлуката да бидат дел од Европскиот фронт е партиска.
Добро знаете дека предизборно имавме разговори со сите партии и притоа се водевме од принципите и дадените укажаувања на нашите партиски органи. Затоа сме дел од Европскиот фронт. Загриженоста е што не само во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, туку и во поранешните влади, особено изминатите осум години, немавме претставник во владата, потенцира Илјаз.
Тој порача дека во време кога се стремиме кон подобра иднина и кога не очекуваат важни одлуки, општеството треба повеќе да води грижа и за немнозинските заедници.
Најавите за промена на Уставот каде немнозинските заедници ќе бидат третирани како малцинства, е против духот на Рамковниот договор и може сериозно да ги наруши соживото и граѓанската рамноправост. Место овие најави, очекувам што поскоро на агендата да се стават уставните измени за да се отвори патот кон нашата европска иднина, напомена Илјаз.
Пред него зборуваше Сали Мурат од Европскиот фронт, кој оцени дека владината програма на ВМРО-ДПМНЕ не е целосно во согласност со Уставот и Рамковниот договор.
Во секоја глава има одредени недоречености, необјективности и нереални заложби. Мандатарот се поставува во улога на давател на некои права, задирате во еднаквоста на граѓаните, особено во однос на турската заедница. Ако се резимира програмата, многу малку посветувате внимание на одржување на меѓутничките односи, на толеранцијата и почитувањето на Ракобвниот договор кој е компромис и афирмација на слободите и правата на неинтегрираните и маргинализираните групи, а меѓу нив е токму турската заедница, подвлече Мурат.
Халил Снопче од Вреди ги потсети Мурат и Илјаз дека во претходниот мандат, како Албанец, побарал официјализација и на турскиот и на ромскиот јазик.
Ние сме мултинационална држава, идната влада ќе мора многу да инвестира во општата еманципација за да ги елиминира сите несогласувања, не треба да сме идентични за да сме еднакви, мора да инвестира во овој дел, луѓето да ја сфатат еднаквоста меѓу различните работи, нагласи Снопче.

The post Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Собраниската седница за избор на новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-sobraniskata-sednitsa-za-izbor-na-novata-vlada/ Sun, 23 Jun 2024 09:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=789895

Во Собранието претпладнево продолжи седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ.

Владата ќе биде избрана ако за неа гласа мнозинството од вкупниот број пратеници.

https://www.youtube.com/live/cKNVWUL8gVA?si=5FPPQf3U46bKIsDF

Седницата почна вчера со експозе на Мицкоски, а ја следеа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на дипломатскиот кор. Мицкоски ги образложи програмата и предлогот за состав на владата. Најави враќање на довербата во институциите, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, економско заживување, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, градење добри односи со соседите, негување на меѓуетничките односи и посветеност на европските интеграции. На опозицијата и порача дека има подадена рака и дека е подготвен да разговара за сите отворени и важни прашања. Опозицијата, пак, оцени дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања и дека не може да се предвиди дека ќе го реализира она што го ветува.

Меѓу говорниците беше и лидерот на СДСМ, поранешен премиер и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски, според кој, програмата има неконзистентни делови и ставови. Најавите за економијата, оцени Ковачевски, се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата, додека во однос на персоналниот состав на владата, истакна дека „дојде време сегашното владино мнозинство да гласа за оние што до вчера ги напаѓаше“, посочувајќи го како пример Арбен Таравари кој е предложен за министер за здравство.

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

The post ВО ЖИВО: Собраниската седница за избор на новата влада appeared first on Република.

]]>

Во Собранието претпладнево продолжи седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласа мнозинството од вкупниот број пратеници. https://www.youtube.com/live/cKNVWUL8gVA?si=5FPPQf3U46bKIsDF Седницата почна вчера со експозе на Мицкоски, а ја следеа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на дипломатскиот кор. Мицкоски ги образложи програмата и предлогот за состав на владата. Најави враќање на довербата во институциите, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, економско заживување, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, градење добри односи со соседите, негување на меѓуетничките односи и посветеност на европските интеграции. На опозицијата и порача дека има подадена рака и дека е подготвен да разговара за сите отворени и важни прашања. Опозицијата, пак, оцени дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања и дека не може да се предвиди дека ќе го реализира она што го ветува. Меѓу говорниците беше и лидерот на СДСМ, поранешен премиер и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски, според кој, програмата има неконзистентни делови и ставови. Најавите за економијата, оцени Ковачевски, се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата, додека во однос на персоналниот состав на владата, истакна дека „дојде време сегашното владино мнозинство да гласа за оние што до вчера ги напаѓаше“, посочувајќи го како пример Арбен Таравари кој е предложен за министер за здравство. Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ. Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

The post ВО ЖИВО: Собраниската седница за избор на новата влада appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада нуди концепт на работа, посветеност и резултати https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-nashata-vlada-nudi-kontsept-na-rabota-posvetenost-i-rezultati/ Sun, 23 Jun 2024 07:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=789873

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада да направи нешто за народот. Сега е време на големи чекори напред.

Oва во денешното соопштение го велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека идната влада ќе се соочи со девастиран систем, со распад на институциите и катастрофална состојба во економска смисла и дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи уште поголеми услилби од самиот почеток да покаже дека ќе работи посветено, чесно и одговорно за да се одговори на потребите и барањата на граѓаните.

Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата со претходната власт на СДС и ДУи уште веднаш. Наместо неуспеси и порази, ќе понуди концепт на економски развој и ресетирање на државата. Следи нова инвестиција од 400 милиони евра, потоа многу капитални инвестиции, инвестиции во информатичката технологија, конкурентен и силен приватен сектор кој ќе работи во поволна и предвидлива економска клима, нови работни места, стабилен економски раст, инфраструктурни проекти во висина од над 2 милијарди евра во време на мандатот, 1 милијарда евра поддршка за општините, проекти во образованието, здравството и земјоделието. Сите тие дела ќе бидат производ на многу работа и посветеност. Како држава мора да имаме силни и брзи резултати, за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности. Ќе следи бескрупулозна битка со криминалот и корупцијата и никој од тоа нема да биде поштеден. Македонија мора да се менува на подобро, за да стане земја на просперитет, правда и надеж за сите. Македонија ќе биде повторно горда и за секој еден од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада нуди концепт на работа, посветеност и резултати appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада да направи нешто за народот. Сега е време на големи чекори напред. Oва во денешното соопштение го велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека идната влада ќе се соочи со девастиран систем, со распад на институциите и катастрофална состојба во економска смисла и дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи уште поголеми услилби од самиот почеток да покаже дека ќе работи посветено, чесно и одговорно за да се одговори на потребите и барањата на граѓаните.
Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата со претходната власт на СДС и ДУи уште веднаш. Наместо неуспеси и порази, ќе понуди концепт на економски развој и ресетирање на државата. Следи нова инвестиција од 400 милиони евра, потоа многу капитални инвестиции, инвестиции во информатичката технологија, конкурентен и силен приватен сектор кој ќе работи во поволна и предвидлива економска клима, нови работни места, стабилен економски раст, инфраструктурни проекти во висина од над 2 милијарди евра во време на мандатот, 1 милијарда евра поддршка за општините, проекти во образованието, здравството и земјоделието. Сите тие дела ќе бидат производ на многу работа и посветеност. Како држава мора да имаме силни и брзи резултати, за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности. Ќе следи бескрупулозна битка со криминалот и корупцијата и никој од тоа нема да биде поштеден. Македонија мора да се менува на подобро, за да стане земја на просперитет, правда и надеж за сите. Македонија ќе биде повторно горда и за секој еден од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада нуди концепт на работа, посветеност и резултати appeared first on Република.

]]>
До полноќ ќе имаме нова влада https://republika.mk/vesti/makedonija/do-polnok-ke-imame-nova-vlada/ Sun, 23 Jun 2024 07:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=789864

Седницата на Собранието за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски ќе продолжи денеска, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ.

Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-vlada-najmladiot-minister-ke-ima-33-godini-mitskoski-e-13-ti-premier/

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од мандаторот Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни.

Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места.

Мицкоски вчера на пленарна седница во своето експозе најави инвестиции, економско зајакнување на државата, намалување на невработеноста, раст на БДП.

Пратениците, пак, од опозицијата упатија критики за програмата и го прашаа Мицкоски дали ги лажел граѓаните дека нема да ја користи придавката „северна“ и ќе ги поништи договорите со Бугарија и Грција.

The post До полноќ ќе имаме нова влада appeared first on Република.

]]>

Седницата на Собранието за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски ќе продолжи денеска, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-vlada-najmladiot-minister-ke-ima-33-godini-mitskoski-e-13-ti-premier/ Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ. Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од мандаторот Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни. Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места. Мицкоски вчера на пленарна седница во своето експозе најави инвестиции, економско зајакнување на државата, намалување на невработеноста, раст на БДП. Пратениците, пак, од опозицијата упатија критики за програмата и го прашаа Мицкоски дали ги лажел граѓаните дека нема да ја користи придавката „северна“ и ќе ги поништи договорите со Бугарија и Грција.

The post До полноќ ќе имаме нова влада appeared first on Република.

]]>
Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата, владеење на правото, економски прогрес – приоритети на новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/vrakane-na-doverbata-vo-institutsiite-eliminirane-na-koruptsijata-vladeene-na-pravoto-ekonomski-progres-prioriteti-na-novata-vlada/ Sun, 23 Jun 2024 07:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=789855

Седницата на Собранието за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да продолжи денеска, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници. Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ. 

Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од мандаторот Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни. Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места.

Првиот столб - квалитетен животен стандард и нов циклус на економски раст, става акцент на стабилни јавни финансии, поддршка за конкурентен приватен сектор, поддршка за иновациите и ИКТ секторот, најавува продуктивни и високоплатени работни места, како и национален план за демографија. Се залага за развиено земјоделство и развиена и функционална инфраструктура и енергетски сектор во служба на државата.

-   Наша цел е да создадеме продуктивни и добро платени работни места, да ја намалиме невработеноста и да поттикнеме средина каде што бизнисите можат да цветаат. Преку стратешки инвестиции во инфраструктурата и енергетиката ќе го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани и ќе обезбедиме одржлив развој, се вели во Програмата на Владата.

Целта на Владата е до 2028 година да се намали стапката на невработеност до 7,5% и во следните четири години да се креираат 55 илјади нови работни места, задржување на рамниот данок и данок на личен доход од 10 проценти.

Доколку не се случат непредвидени политички и економски нарушувања на глобално и регионално ниво, во Програмата, се оценува дека постојат услови започнувајќи од 2025 година, растот на БДП да се движи од 3 до 5 проценти. Се планира постепено намалување на буџетскиот дефицит на ниво под 3% од БДП и се очекува во периодот 2025-2028 година просечната стапка на инфлација да изнесува меѓу 2% и 2,5% годишно.

-  Владата ќе ја почитува независноста на Народната банка, со очекување дека истата преку навремени мерки и активности ќе одржува ниска инфлација, стабилност на девизниот курс и ќе се грижи за ефикасен финансиски сектор, се вели во програмата.

Во програмата се најавува обновување на брендирањето на Македонија како поволна инвестициска дестинација и светска промоција, како и формирање на единствена Агенција за странски инвестиции и извоз, преку спојување и рационализација на постоечките агенции и обезбедување one-stop-shop услуга за инвеститорите.

Владата, исто така, се обврзува да го стави демографскиот развој во прв план и предвидува зголемување на мерките и поддршката за родителите, но и системска и сеопфатна програма за поддршка на лицата кои ќе се вратат од стрнаство. Исто така, се предвидува и отворање на научен институт за демографски истражувања, миграциска и популациска политика.

-  Предвидуваме програма за грантови и поволни кредити за 150 илјади домаќинства за еден мандат за поставување на нови енергетски фасади, прозорци и врати, како и субвенции за граѓаните до 50% за набавка и инсталација на сончеви колектори, топлински пумпи и фотоволтаични електрични централи за производство на струја за сопствени потреби. Домаќинствата ќе имаат можност да го продаваат вишокот на произведена електрична енергија, по подобри услови, со промена на постојната регулатива, се предвидува во програмата на Владата.

Во делот на постигнување енергетска одржливост и независност владината програма предвидува модернизација и продолжување на работниот век на ТЕЦ „Осломеј“, гасификација на ТЕЦ „Неготино“, енергетска транзиција на РЕК Битола и финансирање на Рударско-енергетски комплекс во Источна Македонија, како и активно работење на диверзификација на изворите за производство на електрична енергија.

Владата, исто така, во програмата се обврзува на завршување со изградба на автопатите Кичево – Охрид, Скопје – Блаце и Кичево - Букојчани, како и продолжување со договорените делници од Коридорите 8 и 10Д.

Вториот столб - фронт против корупцијата, предвидува реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата.

-  Законите ќе се применуваат еднакво за сите граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, полова и друга припадност. Владата ќе понуди нови системски решенија за трансформација на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти кои се темел за едно нормално демократско општество. Ќе се посвети на ослободување на судството од стегите на извршната власт и спроведување политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизација и кронизам, се вели во програмата на Владата.

Предвидува распуштање и законска реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во преоден период, Владата ќе иницира законски измени со кои ќе утврди строги и објективно мерливи критериуми кои треба да ги исполнат новите членови, избрани на предлог на Собранието и на Претседателот на државата, преку транспарентна и јавна постапка што ќе го гарантира интегритетот и квалитетот на избраните кандидати. Владата ќе иницира процес на промена на Уставот во делот на уредување на составот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Владата, исто така, ќе иницира донесување на целосно нов Кривичен законик по примерот на неколку нам сродни правосудни системи, Закон за јавно обвинителство, Закон за судови, Закон за Судски совет, Закон за кривична постапка, Закон за Совет на јавни обвинители и други неопходни закони.

-  Ќе биде поведена постапка за ревизија и испитување на законитоста на целокупното работење на Специјалното јавно обвинителство, при што посебно внимание ќе се посвети на загрозувањето на човековите права направени во постапките, прекршување на процесните закони при постапувањето, расчистување на утврдените злоупотреби на исплатата на финансиските средства кон обвинителите, истражителите и советниците и нивно враќање во буџетот, како и испитување на непотизмот, партизацијата и кронизмот при вработувањата во СЈО, се вели во програмата на Владата.

Третиот столб – владеење на право во институциите, предвидува реформи во политичкиот систем и јавната администрација, достапни јавни услуги – Смарт Македонија, како и развиени локални самоуправи и рамномерен регионален развој.

-  Владата ќе промовира политика на разбирање и соработка во процесот на демократска реформа, залагајќи се за принципот „национален консензус“. Ќе настојуваме во водењето на политиката да се постигнува што е можно посеопфатен политички консензус при креирањето и реализацијата на проектите и политиките со долгорочно значење и вредноста за државата, се вели во програмата на Владата.

Во таа насока, Владата ќе ги поддржи сеопфатните дискусии во Собранието за: измени на Уставот со кои ќе се овозможи Собрание од 90 пратеници, како и системски и законски реформи за воведување на една изборна единица за избор на пратениците, укинување на изборниот цензус за Претседател, укинување на концептот на т.н. Техничка влада, реформа на Уставниот суд и воспоставување на можност за разрешување на градоначалник.

Четвртиот столб – функционален институционален систем, става акцент на квалитетен здравствен систем и образование за иднината, чиста животна средина, социјална грижа и посветена грижа за пензионерите.

-   Образованието и здравството се во срцето на нашата агенда. Ќе спроведеме реформи за подобрување на квалитетот и достапноста на образованието, подготвувајќи ги граѓаните за предизвиците на современиот свет. Нашиот здравствен систем ќе се зајакне за да обезбеди сигурна и висококвалитетна грижа за секој граѓанин.  Ќе се фокусираме на социјалната кохезија, поддршката на семејствата, промовирањето на еднакви можности и заштитата на правата и слободите на сите поединци, се вели во владината програма.

За пензионерите ќе обезбедиме по 5 000 денари повеќе за пензии во првата година од мандатот.

Петтиот столб – национални приоритети, ги исцртува приоритетите во надворешната политика, безбедноста и одбраната, културата како столб на државата, како и развиен туризам и спортот како национална гордост.

- Нашата посветеност на европските интеграции останува цврста. Ќе работиме ангажирано на усогласување на нашите политики со европските стандарди, унапредувајќи ја нашата цел за полноправно членство во Европската унија. Овој пристап ќе донесе стабилност, економски раст и засилена меѓународна соработка, обезбедувајќи подобра иднина за граѓаните, стои во програмата на Владата за периодот 2024-2028.

Шестиот столб – права и слободи, ги става жената во центарот на македонското општество и младите во фокусот, слободни и независни медиуми, како и поддршка на граѓанскиот сектор и владина транспарентност и отчетност.

- Културата и туризмот се од витално значење за македонскиот национален идентитет и економски просперитет. Ќе инвестираме во развој на културната инфраструктура, ќе ја поддржиме уметноста и ќе го промовираме богатото наследство на домашен и на меѓународен план. Со подобрување на нашите туристички понуди и подобрување на искуството на посетителите, ќе привлечеме повеќе туристи, ќе ги зајакнеме локалните економии и ќе ги прикажеме убавината и различноста на нашата земја. Развојот на спортот е клучен за поттикнување на националната гордост  и промовирање на здрав живот. Спортот ќе биде клучен елемент во градењето на духот на заедницата и обезбедување можности за нашите млади, се вели во програмата на Владата.

 

The post Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата, владеење на правото, економски прогрес – приоритети на новата влада appeared first on Република.

]]>

Седницата на Собранието за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да продолжи денеска, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници. Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.  Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од мандаторот Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни. Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места. Првиот столб - квалитетен животен стандард и нов циклус на економски раст, става акцент на стабилни јавни финансии, поддршка за конкурентен приватен сектор, поддршка за иновациите и ИКТ секторот, најавува продуктивни и високоплатени работни места, како и национален план за демографија. Се залага за развиено земјоделство и развиена и функционална инфраструктура и енергетски сектор во служба на државата. -   Наша цел е да создадеме продуктивни и добро платени работни места, да ја намалиме невработеноста и да поттикнеме средина каде што бизнисите можат да цветаат. Преку стратешки инвестиции во инфраструктурата и енергетиката ќе го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани и ќе обезбедиме одржлив развој, се вели во Програмата на Владата. Целта на Владата е до 2028 година да се намали стапката на невработеност до 7,5% и во следните четири години да се креираат 55 илјади нови работни места, задржување на рамниот данок и данок на личен доход од 10 проценти. Доколку не се случат непредвидени политички и економски нарушувања на глобално и регионално ниво, во Програмата, се оценува дека постојат услови започнувајќи од 2025 година, растот на БДП да се движи од 3 до 5 проценти. Се планира постепено намалување на буџетскиот дефицит на ниво под 3% од БДП и се очекува во периодот 2025-2028 година просечната стапка на инфлација да изнесува меѓу 2% и 2,5% годишно. -  Владата ќе ја почитува независноста на Народната банка, со очекување дека истата преку навремени мерки и активности ќе одржува ниска инфлација, стабилност на девизниот курс и ќе се грижи за ефикасен финансиски сектор, се вели во програмата. Во програмата се најавува обновување на брендирањето на Македонија како поволна инвестициска дестинација и светска промоција, како и формирање на единствена Агенција за странски инвестиции и извоз, преку спојување и рационализација на постоечките агенции и обезбедување one-stop-shop услуга за инвеститорите. Владата, исто така, се обврзува да го стави демографскиот развој во прв план и предвидува зголемување на мерките и поддршката за родителите, но и системска и сеопфатна програма за поддршка на лицата кои ќе се вратат од стрнаство. Исто така, се предвидува и отворање на научен институт за демографски истражувања, миграциска и популациска политика. -  Предвидуваме програма за грантови и поволни кредити за 150 илјади домаќинства за еден мандат за поставување на нови енергетски фасади, прозорци и врати, како и субвенции за граѓаните до 50% за набавка и инсталација на сончеви колектори, топлински пумпи и фотоволтаични електрични централи за производство на струја за сопствени потреби. Домаќинствата ќе имаат можност да го продаваат вишокот на произведена електрична енергија, по подобри услови, со промена на постојната регулатива, се предвидува во програмата на Владата. Во делот на постигнување енергетска одржливост и независност владината програма предвидува модернизација и продолжување на работниот век на ТЕЦ „Осломеј“, гасификација на ТЕЦ „Неготино“, енергетска транзиција на РЕК Битола и финансирање на Рударско-енергетски комплекс во Источна Македонија, како и активно работење на диверзификација на изворите за производство на електрична енергија. Владата, исто така, во програмата се обврзува на завршување со изградба на автопатите Кичево – Охрид, Скопје – Блаце и Кичево - Букојчани, како и продолжување со договорените делници од Коридорите 8 и 10Д. Вториот столб - фронт против корупцијата, предвидува реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата. -  Законите ќе се применуваат еднакво за сите граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, полова и друга припадност. Владата ќе понуди нови системски решенија за трансформација на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти кои се темел за едно нормално демократско општество. Ќе се посвети на ослободување на судството од стегите на извршната власт и спроведување политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизација и кронизам, се вели во програмата на Владата. Предвидува распуштање и законска реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во преоден период, Владата ќе иницира законски измени со кои ќе утврди строги и објективно мерливи критериуми кои треба да ги исполнат новите членови, избрани на предлог на Собранието и на Претседателот на државата, преку транспарентна и јавна постапка што ќе го гарантира интегритетот и квалитетот на избраните кандидати. Владата ќе иницира процес на промена на Уставот во делот на уредување на составот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Владата, исто така, ќе иницира донесување на целосно нов Кривичен законик по примерот на неколку нам сродни правосудни системи, Закон за јавно обвинителство, Закон за судови, Закон за Судски совет, Закон за кривична постапка, Закон за Совет на јавни обвинители и други неопходни закони. -  Ќе биде поведена постапка за ревизија и испитување на законитоста на целокупното работење на Специјалното јавно обвинителство, при што посебно внимание ќе се посвети на загрозувањето на човековите права направени во постапките, прекршување на процесните закони при постапувањето, расчистување на утврдените злоупотреби на исплатата на финансиските средства кон обвинителите, истражителите и советниците и нивно враќање во буџетот, како и испитување на непотизмот, партизацијата и кронизмот при вработувањата во СЈО, се вели во програмата на Владата. Третиот столб – владеење на право во институциите, предвидува реформи во политичкиот систем и јавната администрација, достапни јавни услуги – Смарт Македонија, како и развиени локални самоуправи и рамномерен регионален развој. -  Владата ќе промовира политика на разбирање и соработка во процесот на демократска реформа, залагајќи се за принципот „национален консензус“. Ќе настојуваме во водењето на политиката да се постигнува што е можно посеопфатен политички консензус при креирањето и реализацијата на проектите и политиките со долгорочно значење и вредноста за државата, се вели во програмата на Владата. Во таа насока, Владата ќе ги поддржи сеопфатните дискусии во Собранието за: измени на Уставот со кои ќе се овозможи Собрание од 90 пратеници, како и системски и законски реформи за воведување на една изборна единица за избор на пратениците, укинување на изборниот цензус за Претседател, укинување на концептот на т.н. Техничка влада, реформа на Уставниот суд и воспоставување на можност за разрешување на градоначалник. Четвртиот столб – функционален институционален систем, става акцент на квалитетен здравствен систем и образование за иднината, чиста животна средина, социјална грижа и посветена грижа за пензионерите. -   Образованието и здравството се во срцето на нашата агенда. Ќе спроведеме реформи за подобрување на квалитетот и достапноста на образованието, подготвувајќи ги граѓаните за предизвиците на современиот свет. Нашиот здравствен систем ќе се зајакне за да обезбеди сигурна и висококвалитетна грижа за секој граѓанин.  Ќе се фокусираме на социјалната кохезија, поддршката на семејствата, промовирањето на еднакви можности и заштитата на правата и слободите на сите поединци, се вели во владината програма. За пензионерите ќе обезбедиме по 5 000 денари повеќе за пензии во првата година од мандатот. Петтиот столб – национални приоритети, ги исцртува приоритетите во надворешната политика, безбедноста и одбраната, културата како столб на државата, како и развиен туризам и спортот како национална гордост. - Нашата посветеност на европските интеграции останува цврста. Ќе работиме ангажирано на усогласување на нашите политики со европските стандарди, унапредувајќи ја нашата цел за полноправно членство во Европската унија. Овој пристап ќе донесе стабилност, економски раст и засилена меѓународна соработка, обезбедувајќи подобра иднина за граѓаните, стои во програмата на Владата за периодот 2024-2028. Шестиот столб – права и слободи, ги става жената во центарот на македонското општество и младите во фокусот, слободни и независни медиуми, како и поддршка на граѓанскиот сектор и владина транспарентност и отчетност. - Културата и туризмот се од витално значење за македонскиот национален идентитет и економски просперитет. Ќе инвестираме во развој на културната инфраструктура, ќе ја поддржиме уметноста и ќе го промовираме богатото наследство на домашен и на меѓународен план. Со подобрување на нашите туристички понуди и подобрување на искуството на посетителите, ќе привлечеме повеќе туристи, ќе ги зајакнеме локалните економии и ќе ги прикажеме убавината и различноста на нашата земја. Развојот на спортот е клучен за поттикнување на националната гордост  и промовирање на здрав живот. Спортот ќе биде клучен елемент во градењето на духот на заедницата и обезбедување можности за нашите млади, се вели во програмата на Владата.  

The post Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата, владеење на правото, економски прогрес – приоритети на новата влада appeared first on Република.

]]>
Седницата за избор на новата влада продолжува утре https://republika.mk/vesti/makedonija/sednitsata-za-izbor-na-novata-vlada-prodolzhuva-utre/ Sat, 22 Jun 2024 16:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=789798

Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре. Во попладнeвниот дел од собраниската дебата пратеникот Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија порача дека изборот на влада треба да биде свечен чин, а денес треба да се избере новата генерација која ќе се откаже од својата балосостојба за добросостојбата и спасот на државата.

Денес, рече ќе избереме луѓе на една нова политика и се заложи за пораст на политичката култура во Собранието за да дојде до рамниште кога, вели, ќе се нотираат забелешките и потоа ќе ѝ се даде поддршката и простор на владата за да го сработи она за што добила доверба.

Во однос на кадровската екипираност на владата, Карапејовски изрази надеж дека опозицијата ќе ја поддржи програмата на оваа влада на тој начин демонстрирајќи подготвеност да учествува во градењето на државата во наредниот период.

Владата, додаде тој, е сочинета од луѓе со силни биографии и со неоспорни етички и професионални капацитети, луѓе без каква и да е дамка во своето портфолио. ЗНАМ, нагласи, се залагаше во предизборната кампања и ќе инсистира распределбата на ресорите да биде по принципот вистинските луѓе на вистинските места.

-Давањето шанса на најдобрите е единствениот излез од актуелната состојба во која  шарената револуција се претвори во грст шарени лаги, кои ја уништија надежта и предизвикаа интелектуален и демографски помор, младите бегаат во очај барајќи функцонална држава и систем, а не племенски уредено општество, водено од неспособни, молчаливци желни за власт, или од криминални кланови, рече Карапејовски.

Тој подвлече дека Движењето ЗНАМ-За наша Македонија на политичката сцена во земјава нуди еден поинаков пристап во политиката, тоа е квалитетот на кадрите, транспарентни и конзистентни политики и решенија, но и доследна имплементација на сопствените политики.

-Досега докажавме дека за нас зборот е збор. Ние ја прифативме одговорноста за учество во владата во ресорите правда
и јавна администрација, во согласност со програмските приоритети од предизборната програма во сферата на правосудството, каде што промовираме нула толеранција за криминалот и корупцијата, обезбедување правна држава и сигурност на граѓаните преку стабилен политички систем во државата, нагласи Карапејовски.

Тој кажа дека е особено задоволен што поддршката за научни истражувања и изучување и популаризација на македонскиот јазик, како и заштитата на културното наследство зазема сериозно место во програмата на мандатарот. Како човек кој доаѓа од високото образование и науката, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ ги поздрави програмските заложби на владата во овој сегмент и подвлече дека зголемувањето на издвојувањата за образованието, но особено, за науката, треба да бидат врвен стратегиски приоритет.

-Ние влегуваме со елан и желба да учествуваме во изградба на државата. Македонија ја доби својата шанса на овие избори, дури, според степенот на загриженост кај граѓаните и ниското ниво на оптимизам, можеби дури и својата последна шанса. Искрено се надевам дека ова ќе биде чесна, скромна и одговорна влада, која нема да функционира по принципот на сфери на влијание и одговорност, туку по принципот на поделба на одговорност во сите сфери на одлучување, а министрите ќе му одговараат на премиерот и на Собранието, а не на партиски моќници и чудни групации на интерес, кои досега ја држеа во своевидно заложништво претходната влада, кажа Карапејовски.

Имајќи ги предвид клучните програмски залагање на оваа влада, во кои се содржани главните начела на Движењето ЗНАМ, во името на пратеничката група, истакна дека ќе ја поддржат владата и дека искрено веруваат во остварувањето на сите програмски и стратегиски начела, како и проектните планови што ги изнесе мандатарот.

-Пред нас имаме исклучително квалитетен предлог, кој заслужува не само шанса за да се реализира туку и наше целосно залагање и помош во остварувањето, за општо добро, порача Карапејовски.

Пратеникот Садула Дураку од Европскиот фронт меѓу другото се осврна на изборот на Иван Стоиљковиќ за вицепремиер задолжен за односи со заедниците, наведувајќи дека албанските партии треба да недозволат како што вели, „човек на Русија и Србија да ги брани интересите на Албанците во Република Македонија“.

-Секој Албанец кој ќе го гласа овој човек на службата може да има јака причина, но тој на ниту еден начин нема да ги претставува Албанците, рече Дураку.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој е и поранешен шеф на дипломатијата, меѓу другото истакна дека во делот на надворешната политика, треба да се продолжи со стратешкото партнерство со САД, и оти тоа е начинот преку кој земјава може да се избори за своите интереси на глобално нив.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на седницата на собраниската Комисијата за европски прашања на која се разгледуваше Предлог-законот за јавно обвинителство презентира писмо,

-Министерот во МНР наследува голем неред во институцијата, естрадна дипломатка Бесмира Ејупи стана попопуларна од министерот Османи. Треба сериозен тим и луѓе кои ќе знаат на најсоодветен начин да ги пратат пораките до меѓународната јавност, и да се добиваат најдобрите и квалитетни информации од меѓународните центри, а тоа не може да се добие од Љубомир Фрчковски и Весел Мемеди, нагласи Милошоски.

Тој потенцираше дека ни претстојат тешки битки во меѓународната политика имајќи го предвид пристапот кои Грција и Бугарија го имаат кон државава.

-Ако забележите, во последниве неколку дена има координирани напади, едниот од внатре од СДСМ, а вториот од Мицотакис од Атина по однос на Преспанскиот договор и тоа да биде биполарноста поизразена, во Македонија нападите доаѓаат од оние кои го потпишаа овој Договор. Во однос на Бугарија преговарачката рамка дополнително и непотребно беше оптоварена со Вториот Протокол со кој Османи се согласи историјата да биде критериум и ова ќе биде предизвик со кој ќе треба да се бориме, изјави Милошоски.

Фатмир Битиќи од СДСМ упати забелешка дека декларативните ветувања на новата влада не се доволни за граѓаните да веруваат во нејзините намери. Граѓаните очекуваат конкретни мерки, јасни планови и рокови за релизација, а тоа, вели, за жал го нема во предлог-програмата.

Според него, во програмата нема конкретен одговор ниту за тоа што ќе се случува со платата на граѓаните и каква ќе биде нивната куповна моќ во 2028 година. Имам впечаток, како што рече, дека и самите сте скептични и несигурни во економскиот дел од програмата, дека немате кадровски потенцијал да создадете конкретен економски резултат кој денес ќе можете да го кажете пред граѓаните.

-Немате ништо ниту за достоинството на работниците. Зошто сега молчите и за вашето противење на растот на минималната плата, рече Битиќи.

Како поранешен вицепремиер за економски прашања во претходната влада Битиќи кажа дека во програмата не се содржани платите и оти тоа укажува на недостиг на конкретни мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните.  Пред нас, како што рече, немаме вистински четиригодишен план за иднината на нашата земја и нашите сограѓани и ги повика пратениците да размислат внимателно пред да одлучат дали ќе ја дадат или не поддршка на оваа влада.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната собраниска седница подвлече дека после осум години земјата ќе добие влада избрана од народот и дека времето на катастрофални политики погубни за земјата и сите граѓани заврши.

-Поради урнисан здравствен систем основното човеково правило здравјето беше загрозено бидејќи мораше да се има пријател за основни работи. Така поминавме корона пандемија без вакцини и клексани со најголема смртност со тешки скандали на онкологија, хематологија, а сега и на хируршките клиники, а ветувавте бесплатно здравство. Ниту една учебна година не започна на време за потоа учениците да останат без учебници и да учат од слики на Вибер и покрај неуспешната дигитализација, а скапо платена, за ова одговорност ќе има. Ветувавте економски раст од 5%, а одвај постигнавте 1,6%. Животниот стандард на граѓаните никогаш не бил полош, тоа го потврди и Светска банка, истакна Пешевска.

Таа потенцираше дека земјава тонела во криминал и корупција што било нотирано во извештаите на Европската Комисија, Стејт Департментот, Германската стопанска комора ..., а граѓаните не беа задоволни во кој правец се движи државата.

-Со изборот на оваа влада се става крај на едно недемократско криминално и режимско владеење во Македонија. Големата разлика во гласови и огромната поддршка од народот е голема одговорност и немање простор за грешка, ние тоа го знаеме и умееме, јас лично ќе дадам поддршка на оваа Влада затоа што верувам во промени, истакна Пешевска.

Лидерот на опозициската СДСМ и пратеник во македонското Собрание, Димитар Ковачевски во однос на програмата на владата посочи дека има неконзистентни делови и ставови. Во економијата која е најзначајна за едно општество, пак, според него, најавите се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата.

-Добро е што има продолжување на досегашните владини политики за поддршка на инвестициите и за македонските компании. За разлика од периодот до 2016 година кога од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа поддржувани само странски компании. Но има неконзистентност во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ да не се зголемува задолжувањето на државата. Сега кога заврши кризата несоодветно и неконзистентно е да се најавува зголемување за 8 отсто на националниот долг на Македонија. Со каматите некаде на крајот на тој период ќе дојде до 10 проценти зголемување на јавниот долг, што е неконзистентно во однос на јавното декларирање за незголемување на долгот, рече Ковачевски.

Во делот на инфраструктурата, како што додаде, сите предложени елементи во програмата се продолжување на сите стратешки проекти на досегашната Влада предводена од СДСМ.

-Тука пред се мислам на Коридорот 8 и Коридорот 10Д коишто исто така од ВМРО-ДПМНЕ беа квалификувани како криминални проекти, изведувачите беа квалификувани како криминални организации. Дури како што ја читам програмата провејува дека ќе им бидат доверени и други проекти, додаде Ковачевски.

Во однос на персоналниот состав на владата, Ковачевски посочи дека од сегашното владино мнозинство беа искажувани негативни лични квалификации за луѓе кои сега се предложени за министри, како што е примерот со Арбен Таравари.

-Укажав на тројца пратеници дека давање лични квалификации не е добро. Со оглед на тоа дека господинот Таравари беше најнапаѓан за политичка корупција. Им укажав дека неговата политичка траекторија имплицира дека еден ден ќе треба да гласаат за него. Сега доаѓа тој ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да гласа за Таравари за министер за здравство, рече Ковачевски.

Седницата на Собранието за избор на владата треба да продолжи утре, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, односно најдоцна во 24:00 часот. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници. Парламетарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во законодавниот дом брои 78 пратеници - 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

The post Седницата за избор на новата влада продолжува утре appeared first on Република.

]]>

Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре. Во попладнeвниот дел од собраниската дебата пратеникот Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија порача дека изборот на влада треба да биде свечен чин, а денес треба да се избере новата генерација која ќе се откаже од својата балосостојба за добросостојбата и спасот на државата. Денес, рече ќе избереме луѓе на една нова политика и се заложи за пораст на политичката култура во Собранието за да дојде до рамниште кога, вели, ќе се нотираат забелешките и потоа ќе ѝ се даде поддршката и простор на владата за да го сработи она за што добила доверба. Во однос на кадровската екипираност на владата, Карапејовски изрази надеж дека опозицијата ќе ја поддржи програмата на оваа влада на тој начин демонстрирајќи подготвеност да учествува во градењето на државата во наредниот период. Владата, додаде тој, е сочинета од луѓе со силни биографии и со неоспорни етички и професионални капацитети, луѓе без каква и да е дамка во своето портфолио. ЗНАМ, нагласи, се залагаше во предизборната кампања и ќе инсистира распределбата на ресорите да биде по принципот вистинските луѓе на вистинските места.
-Давањето шанса на најдобрите е единствениот излез од актуелната состојба во која  шарената револуција се претвори во грст шарени лаги, кои ја уништија надежта и предизвикаа интелектуален и демографски помор, младите бегаат во очај барајќи функцонална држава и систем, а не племенски уредено општество, водено од неспособни, молчаливци желни за власт, или од криминални кланови, рече Карапејовски.
Тој подвлече дека Движењето ЗНАМ-За наша Македонија на политичката сцена во земјава нуди еден поинаков пристап во политиката, тоа е квалитетот на кадрите, транспарентни и конзистентни политики и решенија, но и доследна имплементација на сопствените политики. -Досега докажавме дека за нас зборот е збор. Ние ја прифативме одговорноста за учество во владата во ресорите правда и јавна администрација, во согласност со програмските приоритети од предизборната програма во сферата на правосудството, каде што промовираме нула толеранција за криминалот и корупцијата, обезбедување правна држава и сигурност на граѓаните преку стабилен политички систем во државата, нагласи Карапејовски. Тој кажа дека е особено задоволен што поддршката за научни истражувања и изучување и популаризација на македонскиот јазик, како и заштитата на културното наследство зазема сериозно место во програмата на мандатарот. Како човек кој доаѓа од високото образование и науката, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ ги поздрави програмските заложби на владата во овој сегмент и подвлече дека зголемувањето на издвојувањата за образованието, но особено, за науката, треба да бидат врвен стратегиски приоритет.
-Ние влегуваме со елан и желба да учествуваме во изградба на државата. Македонија ја доби својата шанса на овие избори, дури, според степенот на загриженост кај граѓаните и ниското ниво на оптимизам, можеби дури и својата последна шанса. Искрено се надевам дека ова ќе биде чесна, скромна и одговорна влада, која нема да функционира по принципот на сфери на влијание и одговорност, туку по принципот на поделба на одговорност во сите сфери на одлучување, а министрите ќе му одговараат на премиерот и на Собранието, а не на партиски моќници и чудни групации на интерес, кои досега ја држеа во своевидно заложништво претходната влада, кажа Карапејовски.
Имајќи ги предвид клучните програмски залагање на оваа влада, во кои се содржани главните начела на Движењето ЗНАМ, во името на пратеничката група, истакна дека ќе ја поддржат владата и дека искрено веруваат во остварувањето на сите програмски и стратегиски начела, како и проектните планови што ги изнесе мандатарот. -Пред нас имаме исклучително квалитетен предлог, кој заслужува не само шанса за да се реализира туку и наше целосно залагање и помош во остварувањето, за општо добро, порача Карапејовски. Пратеникот Садула Дураку од Европскиот фронт меѓу другото се осврна на изборот на Иван Стоиљковиќ за вицепремиер задолжен за односи со заедниците, наведувајќи дека албанските партии треба да недозволат како што вели, „човек на Русија и Србија да ги брани интересите на Албанците во Република Македонија“.
-Секој Албанец кој ќе го гласа овој човек на службата може да има јака причина, но тој на ниту еден начин нема да ги претставува Албанците, рече Дураку.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој е и поранешен шеф на дипломатијата, меѓу другото истакна дека во делот на надворешната политика, треба да се продолжи со стратешкото партнерство со САД, и оти тоа е начинот преку кој земјава може да се избори за своите интереси на глобално нив. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на седницата на собраниската Комисијата за европски прашања на која се разгледуваше Предлог-законот за јавно обвинителство презентира писмо, -Министерот во МНР наследува голем неред во институцијата, естрадна дипломатка Бесмира Ејупи стана попопуларна од министерот Османи. Треба сериозен тим и луѓе кои ќе знаат на најсоодветен начин да ги пратат пораките до меѓународната јавност, и да се добиваат најдобрите и квалитетни информации од меѓународните центри, а тоа не може да се добие од Љубомир Фрчковски и Весел Мемеди, нагласи Милошоски. Тој потенцираше дека ни претстојат тешки битки во меѓународната политика имајќи го предвид пристапот кои Грција и Бугарија го имаат кон државава.
-Ако забележите, во последниве неколку дена има координирани напади, едниот од внатре од СДСМ, а вториот од Мицотакис од Атина по однос на Преспанскиот договор и тоа да биде биполарноста поизразена, во Македонија нападите доаѓаат од оние кои го потпишаа овој Договор. Во однос на Бугарија преговарачката рамка дополнително и непотребно беше оптоварена со Вториот Протокол со кој Османи се согласи историјата да биде критериум и ова ќе биде предизвик со кој ќе треба да се бориме, изјави Милошоски.
Фатмир Битиќи од СДСМ упати забелешка дека декларативните ветувања на новата влада не се доволни за граѓаните да веруваат во нејзините намери. Граѓаните очекуваат конкретни мерки, јасни планови и рокови за релизација, а тоа, вели, за жал го нема во предлог-програмата. Според него, во програмата нема конкретен одговор ниту за тоа што ќе се случува со платата на граѓаните и каква ќе биде нивната куповна моќ во 2028 година. Имам впечаток, како што рече, дека и самите сте скептични и несигурни во економскиот дел од програмата, дека немате кадровски потенцијал да создадете конкретен економски резултат кој денес ќе можете да го кажете пред граѓаните. -Немате ништо ниту за достоинството на работниците. Зошто сега молчите и за вашето противење на растот на минималната плата, рече Битиќи. Како поранешен вицепремиер за економски прашања во претходната влада Битиќи кажа дека во програмата не се содржани платите и оти тоа укажува на недостиг на конкретни мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните.  Пред нас, како што рече, немаме вистински четиригодишен план за иднината на нашата земја и нашите сограѓани и ги повика пратениците да размислат внимателно пред да одлучат дали ќе ја дадат или не поддршка на оваа влада. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната собраниска седница подвлече дека после осум години земјата ќе добие влада избрана од народот и дека времето на катастрофални политики погубни за земјата и сите граѓани заврши. -Поради урнисан здравствен систем основното човеково правило здравјето беше загрозено бидејќи мораше да се има пријател за основни работи. Така поминавме корона пандемија без вакцини и клексани со најголема смртност со тешки скандали на онкологија, хематологија, а сега и на хируршките клиники, а ветувавте бесплатно здравство. Ниту една учебна година не започна на време за потоа учениците да останат без учебници и да учат од слики на Вибер и покрај неуспешната дигитализација, а скапо платена, за ова одговорност ќе има. Ветувавте економски раст од 5%, а одвај постигнавте 1,6%. Животниот стандард на граѓаните никогаш не бил полош, тоа го потврди и Светска банка, истакна Пешевска. Таа потенцираше дека земјава тонела во криминал и корупција што било нотирано во извештаите на Европската Комисија, Стејт Департментот, Германската стопанска комора ..., а граѓаните не беа задоволни во кој правец се движи државата. -Со изборот на оваа влада се става крај на едно недемократско криминално и режимско владеење во Македонија. Големата разлика во гласови и огромната поддршка од народот е голема одговорност и немање простор за грешка, ние тоа го знаеме и умееме, јас лично ќе дадам поддршка на оваа Влада затоа што верувам во промени, истакна Пешевска. Лидерот на опозициската СДСМ и пратеник во македонското Собрание, Димитар Ковачевски во однос на програмата на владата посочи дека има неконзистентни делови и ставови. Во економијата која е најзначајна за едно општество, пак, според него, најавите се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата. -Добро е што има продолжување на досегашните владини политики за поддршка на инвестициите и за македонските компании. За разлика од периодот до 2016 година кога од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа поддржувани само странски компании. Но има неконзистентност во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ да не се зголемува задолжувањето на државата. Сега кога заврши кризата несоодветно и неконзистентно е да се најавува зголемување за 8 отсто на националниот долг на Македонија. Со каматите некаде на крајот на тој период ќе дојде до 10 проценти зголемување на јавниот долг, што е неконзистентно во однос на јавното декларирање за незголемување на долгот, рече Ковачевски. Во делот на инфраструктурата, како што додаде, сите предложени елементи во програмата се продолжување на сите стратешки проекти на досегашната Влада предводена од СДСМ. -Тука пред се мислам на Коридорот 8 и Коридорот 10Д коишто исто така од ВМРО-ДПМНЕ беа квалификувани како криминални проекти, изведувачите беа квалификувани како криминални организации. Дури како што ја читам програмата провејува дека ќе им бидат доверени и други проекти, додаде Ковачевски. Во однос на персоналниот состав на владата, Ковачевски посочи дека од сегашното владино мнозинство беа искажувани негативни лични квалификации за луѓе кои сега се предложени за министри, како што е примерот со Арбен Таравари. -Укажав на тројца пратеници дека давање лични квалификации не е добро. Со оглед на тоа дека господинот Таравари беше најнапаѓан за политичка корупција. Им укажав дека неговата политичка траекторија имплицира дека еден ден ќе треба да гласаат за него. Сега доаѓа тој ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да гласа за Таравари за министер за здравство, рече Ковачевски. Седницата на Собранието за избор на владата треба да продолжи утре, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, односно најдоцна во 24:00 часот. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници. Парламетарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во законодавниот дом брои 78 пратеници - 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

The post Седницата за избор на новата влада продолжува утре appeared first on Република.

]]>
Што вети идниот премиер Мицкоски пред гласањето на новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-veti-idniot-premier-mitskoski-pred-glasaneto-na-novata-vlada/ Sat, 22 Jun 2024 10:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=789734

Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата и криминалот и економско заживување, најавува мандатарот на идната Влада Христијан Мицкоски, кој денеска од собраниската говорница рече дека е време татковината да направи повеќе за секој граѓанин.

Во своето експозе, Мицкоски најави во вторник нова инвестиција од повеќе од 400 милиони евра, намалување на даноците и зголемување на пензиите и платите, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, градење на добри односи со нашите соседи и негување на меѓуетничките односи.

Работата на сите предложени кандидати за јавни функции ќе биде предмет на постојана ревизија и евалуација и ќе има место само за тие со јасна волја, кои се посветени на државата и народот и кон исполнување на програмата, и кои ќе бидат блиски до народот и ќе имаат јасен, морален и професионален компас. Накусо оние кои ќе бидат луѓе. Јас разбирам дека грешки се возможни, но грешки кои ќе се исправаат затоа што динамиката која ја планирам е пеколна, темпото ќе биде силно затоа што народот очекува од нас резултати, одговорноста која ја имаме е огромна. Се работи за нашиот образ. И за нашата чест. Неморал и потфрлања нема да толерирам. Кој нема да може да се носи со тоа не е погрешно ниту грев да каже, или заедно да утврдиме, и да ја промени позицијата или да биде реконструиран од постојната. Ова важи за сите функционери кои ќе бидат именувани од нашата коалиција без разлика од која партија доаѓаат, истакна Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-doaga-vremeto-koga-tatkovinata-treba-da-napravi-poveke-za-graganite-prva-investitsija-vo-vtornik/

Посочи дека ќе бара од секого да го даде максимумот и дека се потребни брзи резултати.

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, и ова не го говорам дека имам намера да смислувам изговори или да плачеме над лошата состојба, туку дека одлучно ќе одговориме, затоа што оваа генерација нема опција за неуспех и заедно ќе мора да направиме големи чекори напред. И затоа нема да барам никакви 100 дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш. Впрочем немавме ниту една секунда изминатиов период, рече Мицкоски.

На опозицијата и порача дека има подадена рака и дека е подготвен да разговара за сите отворени и важни прашања.

- Јас ќе се однесувам со должна почит кон вашите предлози и не очекувајте политички хајки затоа што нема да го трошам времето на тоа што го трошевте вие. Но ќе има одговорност за секој криминал, рече Мицкоски.

Додаде дека владата ќе остане посвеена на европските интеграции и дека ќе работи ангажирано на усогласување на политиките со европските стандарди, унапредувајќи ја целта за полноправно членство во Европската Унија.

- Продолжуваме и понатаму да стоиме заедно со нашите партнери од ЕУ и заедно ќе усогласуваме заедничката надворешна политика со ЕУ. Продолжува и поддршката на Украина да се брани и да го одбрани својот суверенитет и територијален интегритет, рече Мицкоски.

Централно место во мисијата на владата, како што посочи, ќе биде економското заживување најавувајќи силен циклус на економски раст, поттикнат од стабилни јавни финансии, поддршка за конкурентен приватен сектор и значајни инвестиции во иновациите и во информатичката технологија.

- Мора да постигнеме раст на БДП до 5 проценти годишно. Ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно. Намалување на невработеноста до 7,5%. Односно создавање на нови 55 илјади работни места. Ќе ги намалиме даноците. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка. Инвестиции во инфраструктурата од над 2 милијарди евра за 4 години,  завршување на автопатот Кичево – Охрид, реконструкција и рехабилитација на железничкиот коридор 10 и набавка на возови, како и 250 милиони евра капитални инвестиции во општините. Ќе работиме на децентрализацијата. Ќе направиме формирање на посебен фонд за врвна наука преку кој ќе фатиме чекор со светските истражувачки центри, обнова и реновирање на училишта, како и зголемување на платите во образованието согласно со Колективниот договор, зголемување на буџетот во образованието, силни инвестиции во здравството и нови болници и многу други работи. И конечно одговорност и фронт против корупцијата, прочешлување на имотот на судиите, обвинителите и функционерите, рече Мицкоски.

Во тек е расправата по предлогот за избор на владата. Пријавени се околу 60-тина говорници. Според собранискиот Деловник, седницата трае два дена и се очекува да заврши најдоцна до утре на полноќ.

Денешната собраниска седница ја следат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на дипломатскиот кор.

Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

The post Што вети идниот премиер Мицкоски пред гласањето на новата влада appeared first on Република.

]]>

Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата и криминалот и економско заживување, најавува мандатарот на идната Влада Христијан Мицкоски, кој денеска од собраниската говорница рече дека е време татковината да направи повеќе за секој граѓанин. Во своето експозе, Мицкоски најави во вторник нова инвестиција од повеќе од 400 милиони евра, намалување на даноците и зголемување на пензиите и платите, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, градење на добри односи со нашите соседи и негување на меѓуетничките односи.
Работата на сите предложени кандидати за јавни функции ќе биде предмет на постојана ревизија и евалуација и ќе има место само за тие со јасна волја, кои се посветени на државата и народот и кон исполнување на програмата, и кои ќе бидат блиски до народот и ќе имаат јасен, морален и професионален компас. Накусо оние кои ќе бидат луѓе. Јас разбирам дека грешки се возможни, но грешки кои ќе се исправаат затоа што динамиката која ја планирам е пеколна, темпото ќе биде силно затоа што народот очекува од нас резултати, одговорноста која ја имаме е огромна. Се работи за нашиот образ. И за нашата чест. Неморал и потфрлања нема да толерирам. Кој нема да може да се носи со тоа не е погрешно ниту грев да каже, или заедно да утврдиме, и да ја промени позицијата или да биде реконструиран од постојната. Ова важи за сите функционери кои ќе бидат именувани од нашата коалиција без разлика од која партија доаѓаат, истакна Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-doaga-vremeto-koga-tatkovinata-treba-da-napravi-poveke-za-graganite-prva-investitsija-vo-vtornik/ Посочи дека ќе бара од секого да го даде максимумот и дека се потребни брзи резултати.
Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, и ова не го говорам дека имам намера да смислувам изговори или да плачеме над лошата состојба, туку дека одлучно ќе одговориме, затоа што оваа генерација нема опција за неуспех и заедно ќе мора да направиме големи чекори напред. И затоа нема да барам никакви 100 дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш. Впрочем немавме ниту една секунда изминатиов период, рече Мицкоски.
На опозицијата и порача дека има подадена рака и дека е подготвен да разговара за сите отворени и важни прашања. - Јас ќе се однесувам со должна почит кон вашите предлози и не очекувајте политички хајки затоа што нема да го трошам времето на тоа што го трошевте вие. Но ќе има одговорност за секој криминал, рече Мицкоски. Додаде дека владата ќе остане посвеена на европските интеграции и дека ќе работи ангажирано на усогласување на политиките со европските стандарди, унапредувајќи ја целта за полноправно членство во Европската Унија. - Продолжуваме и понатаму да стоиме заедно со нашите партнери од ЕУ и заедно ќе усогласуваме заедничката надворешна политика со ЕУ. Продолжува и поддршката на Украина да се брани и да го одбрани својот суверенитет и територијален интегритет, рече Мицкоски. Централно место во мисијата на владата, како што посочи, ќе биде економското заживување најавувајќи силен циклус на економски раст, поттикнат од стабилни јавни финансии, поддршка за конкурентен приватен сектор и значајни инвестиции во иновациите и во информатичката технологија. - Мора да постигнеме раст на БДП до 5 проценти годишно. Ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно. Намалување на невработеноста до 7,5%. Односно создавање на нови 55 илјади работни места. Ќе ги намалиме даноците. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка. Инвестиции во инфраструктурата од над 2 милијарди евра за 4 години,  завршување на автопатот Кичево – Охрид, реконструкција и рехабилитација на железничкиот коридор 10 и набавка на возови, како и 250 милиони евра капитални инвестиции во општините. Ќе работиме на децентрализацијата. Ќе направиме формирање на посебен фонд за врвна наука преку кој ќе фатиме чекор со светските истражувачки центри, обнова и реновирање на училишта, како и зголемување на платите во образованието согласно со Колективниот договор, зголемување на буџетот во образованието, силни инвестиции во здравството и нови болници и многу други работи. И конечно одговорност и фронт против корупцијата, прочешлување на имотот на судиите, обвинителите и функционерите, рече Мицкоски. Во тек е расправата по предлогот за избор на владата. Пријавени се околу 60-тина говорници. Според собранискиот Деловник, седницата трае два дена и се очекува да заврши најдоцна до утре на полноќ. Денешната собраниска седница ја следат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на дипломатскиот кор. Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

The post Што вети идниот премиер Мицкоски пред гласањето на новата влада appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Доаѓа времето кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните, прва инвестиција во вторник https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-doaga-vremeto-koga-tatkovinata-treba-da-napravi-poveke-za-graganite-prva-investitsija-vo-vtornik/ Sat, 22 Jun 2024 09:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=789725

Економско заживување, зголемување на пензиите и платите, инвестиции во образованието, здравството и културата, борба против корупцијата, одговорност за секој криминал и реформи усогласени со европските стандарди, најави мандатарот и премиер на новата влада Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната собраниска седница на која се бира идната влада, Мицкоски веќе за во вторник најави инвестиција од 400 милиони евра, а потоа и намалување на даноците и зголемување на пензиите.

Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. секој од вас направи се за својата татковина, сега е време таа да прави за вас. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена. Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра, потоа намалување на даноците и зголемување на пензиите, рече Мицкоски.

Собраниската седница ја следат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на диломатскиот кор.

Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници.

Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

The post Мицкоски: Доаѓа времето кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните, прва инвестиција во вторник appeared first on Република.

]]>

Економско заживување, зголемување на пензиите и платите, инвестиции во образованието, здравството и културата, борба против корупцијата, одговорност за секој криминал и реформи усогласени со европските стандарди, најави мандатарот и премиер на новата влада Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната собраниска седница на која се бира идната влада, Мицкоски веќе за во вторник најави инвестиција од 400 милиони евра, а потоа и намалување на даноците и зголемување на пензиите.
Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. секој од вас направи се за својата татковина, сега е време таа да прави за вас. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена. Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра, потоа намалување на даноците и зголемување на пензиите, рече Мицкоски.
Собраниската седница ја следат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на диломатскиот кор. Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници. Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

The post Мицкоски: Доаѓа времето кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните, прва инвестиција во вторник appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Денес е историски ден, конечно започнува ново поглавје за нашата земја https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-denes-e-istoriski-den-konechno-zapochnuva-novo-poglavje-za-nashata-zemja/ Sat, 22 Jun 2024 09:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=789721

Почитувани сограѓани, денес е историски ден!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски пред почетокот на пленарната собраниска седница за изборот на нова влада.

Ви го пренесуваме неговото обраќање:

Започнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања.

Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја.

Македонија е нашиот дом.

Нашите граѓани во минатото се соочуваа со многу предизвици, но секогаш беа лојални кон државата и правеа сè за таа да биде слободна, независна и просперитетна. Иако имаше разочарувања и предизвици, граѓаните опстојуваа и гордо ги поднесуваа сите случувања.

Сега е време Македонија да направи повеќе за секој граѓанин. Секој Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати кои вложија се' за својата татковина.

Македонија треба да возврати.
За вас!
За тебе!
За сите што живеат во оваа заедничка татковина.

Време е да ги засукаме ракавите и да ги решиме проблемите.

Повикувам на единство и заедничка работа.

За нова Македонија, за иднината на нашите деца, за подобар живот за сите нас.
Време е да се исправиме, да го искористиме нашето знаење, нашата енергија и нашата желба за промена.
Да се обединиме во овој момент на историска трансформација.
Да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе може да ги оствари своите соништа и да живее достоинствено.
За тебе!

Почнуваме!

The post Мицкоски: Денес е историски ден, конечно започнува ново поглавје за нашата земја appeared first on Република.

]]>

Почитувани сограѓани, денес е историски ден!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски пред почетокот на пленарната собраниска седница за изборот на нова влада. Ви го пренесуваме неговото обраќање: Започнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања. Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја. Македонија е нашиот дом. Нашите граѓани во минатото се соочуваа со многу предизвици, но секогаш беа лојални кон државата и правеа сè за таа да биде слободна, независна и просперитетна. Иако имаше разочарувања и предизвици, граѓаните опстојуваа и гордо ги поднесуваа сите случувања. Сега е време Македонија да направи повеќе за секој граѓанин. Секој Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати кои вложија се' за својата татковина. Македонија треба да возврати. За вас! За тебе! За сите што живеат во оваа заедничка татковина. Време е да ги засукаме ракавите и да ги решиме проблемите. Повикувам на единство и заедничка работа. За нова Македонија, за иднината на нашите деца, за подобар живот за сите нас. Време е да се исправиме, да го искористиме нашето знаење, нашата енергија и нашата желба за промена. Да се обединиме во овој момент на историска трансформација. Да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе може да ги оствари своите соништа и да живее достоинствено. За тебе! Почнуваме!

The post Мицкоски: Денес е историски ден, конечно започнува ново поглавје за нашата земја appeared first on Република.

]]>
Почна пленарната седница за избор на владата, ова се говорниците https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-plenarnata-sednitsa-za-izbor-na-vladata-ova-se-govornitsite/ Sat, 22 Jun 2024 09:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=789715

Во Собранието почна пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Се очекува Мицкоски да ја образложи програмата и предлогот за состав на владата по што треба да започне дебатата по предлогот.

Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници.

На 18 јуни, по поднесувањето на предлогот за состав на владата, Мицкоски изјави дека очекува расправата да заврши до недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа. Најави бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и немање толеранција за никого, доколку стори злоупотреба, без разлика од која партија доаѓа.

Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ

The post Почна пленарната седница за избор на владата, ова се говорниците appeared first on Република.

]]>

Во Собранието почна пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Се очекува Мицкоски да ја образложи програмата и предлогот за состав на владата по што треба да започне дебатата по предлогот. Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници. На 18 јуни, по поднесувањето на предлогот за состав на владата, Мицкоски изјави дека очекува расправата да заврши до недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа. Најави бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и немање толеранција за никого, доколку стори злоупотреба, без разлика од која партија доаѓа. Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ

The post Почна пленарната седница за избор на владата, ова се говорниците appeared first on Република.

]]>
Во новата влада најмладиот министер ќе има 33 години, Мицкоски е 13-ти премиер https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-vlada-najmladiot-minister-ke-ima-33-godini-mitskoski-e-13-ti-premier/ Sat, 22 Jun 2024 08:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=789702

Христијан Мицкоски ќе биде 13-тиот премиер, а ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата.

Новата Влада што ја предлага Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор.

Во новиот владин состав ќе има 20 мажи и само три жени. Просечната возраст на членовите на владата е 47 години. Најстариот има 66 години, а најмладиот 33.

Петнаесет членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата Влада во законодавниот дом брои 78 пратеници - 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Инаку, Собранието денеска во 11 часот треба да ја почне седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sednitsata-za-izbor-na-novata-makedonska-vlada/

The post Во новата влада најмладиот министер ќе има 33 години, Мицкоски е 13-ти премиер appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски ќе биде 13-тиот премиер, а ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата. Новата Влада што ја предлага Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Во новиот владин состав ќе има 20 мажи и само три жени. Просечната возраст на членовите на владата е 47 години. Најстариот има 66 години, а најмладиот 33. Петнаесет членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата Влада во законодавниот дом брои 78 пратеници - 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ. Инаку, Собранието денеска во 11 часот треба да ја почне седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sednitsata-za-izbor-na-novata-makedonska-vlada/

The post Во новата влада најмладиот министер ќе има 33 години, Мицкоски е 13-ти премиер appeared first on Република.

]]>
Почнува седницата за избор на новата македонска влада https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sednitsata-za-izbor-na-novata-makedonska-vlada/ Sat, 22 Jun 2024 07:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=789664

Собранието денеска во 11 часот треба да ја почне седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По поднесувањето на предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа на 18 јуни, Мицкоски изјави дека очекува расправата за избор на владата да заврши во недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа. Предложените членови на владата, како што изјави, се мотивирани веднаш да постигнат резултати, да го вложат масимално нивниот капацитет, бидејќи граѓаните имаат големи очекувања. Најави дека ќе води бескомпромисна борба со криминалот и ќе нема толеранција за никого, без разлика од која партија доаѓа злоупотребата. Посочи и дека младите ќе бидат во фокусот на работењето на новата влада.

Собранискиот Деловник предвидува седницата за избор на Влада да трае најмногу два дена.

Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата, по што во Собранието се води единствен претрес.

Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, најдоцна во 24:00 часот, а владата е избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број пратеници.

Претседателот на Собранието потоа го известува претседателот на Републиката за изборот на Владата.

 

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата Влада во законодавниот дом брои 78 пратеници - 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Новата Влада што ја предлага Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е предложен за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николоски, во ресорот одбрана пратеникот и поранешен министер за транспорт Владо Мисајловски, а за информатичко општество и дигитална трансформација е предложен досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

 

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство, Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.  

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

За министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата е предложен Изет Меџити од коалицијата Вреди, за министер без ресор и заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење е предложен Арбен Фетаи, за министер за здравство Арбен Таравари, а Орхан Муртезани е предложен за министер за европски прашања, додека за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен Фатмир Лимани, а за министер за економија Бесар Дурмиши. 

Од Движењето ЗНАМ предложени се Игор Филков за министер за правда и Горан Минчев за министер за јавна администрација.

Со изгласувањето на новиот владин состав во Собранието, Христијан Мицкоски ќе биде 13-тиот премиер, а ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата.

The post Почнува седницата за избор на новата македонска влада appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска во 11 часот треба да ја почне седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. По поднесувањето на предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа на 18 јуни, Мицкоски изјави дека очекува расправата за избор на владата да заврши во недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа. Предложените членови на владата, како што изјави, се мотивирани веднаш да постигнат резултати, да го вложат масимално нивниот капацитет, бидејќи граѓаните имаат големи очекувања. Најави дека ќе води бескомпромисна борба со криминалот и ќе нема толеранција за никого, без разлика од која партија доаѓа злоупотребата. Посочи и дека младите ќе бидат во фокусот на работењето на новата влада. Собранискиот Деловник предвидува седницата за избор на Влада да трае најмногу два дена. Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата, по што во Собранието се води единствен претрес. Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, најдоцна во 24:00 часот, а владата е избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието потоа го известува претседателот на Републиката за изборот на Владата.   Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата Влада во законодавниот дом брои 78 пратеници - 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ. Новата Влада што ја предлага Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. Досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е предложен за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николоски, во ресорот одбрана пратеникот и поранешен министер за транспорт Владо Мисајловски, а за информатичко општество и дигитална трансформација е предложен досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.   Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство, Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.   Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. За министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата е предложен Изет Меџити од коалицијата Вреди, за министер без ресор и заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење е предложен Арбен Фетаи, за министер за здравство Арбен Таравари, а Орхан Муртезани е предложен за министер за европски прашања, додека за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен Фатмир Лимани, а за министер за економија Бесар Дурмиши.  Од Движењето ЗНАМ предложени се Игор Филков за министер за правда и Горан Минчев за министер за јавна администрација. Со изгласувањето на новиот владин состав во Собранието, Христијан Мицкоски ќе биде 13-тиот премиер, а ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата.

The post Почнува седницата за избор на новата македонска влада appeared first on Република.

]]>
Балансерот ќе биде заменет со закон, веднаш ќе се укинат економските директори, ветија од Вреди пред утрешната седница за избор на Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/balanserot-ke-bide-zamenet-so-zakon-vednash-ke-se-ukinat-ekonomskite-direktori-vetija-od-vredi-pred-utreshnata-sednitsa-za-izbor-na-vlada/ Fri, 21 Jun 2024 12:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=789556

Лидерите од Коалицијата „Вреди“ денеска спроти собраниската седница за избор на новата влада, на трибина ја претствија Платформата на патриотизмот како знаење, професионализам и одговорност според која ќе се водат нивните министри, заменици министри и раководители на институции во наредниот четиригодишен период како дел од новата влада.

Заврши времето на демагогија, денеска се бараат образовани, искусни и храбри луѓе да бидат носители на сложени реформски птроцеси  за да ја направиме нашата земја нормална, економски развиена и подготвена за интегрирање за интегрирање во ЕУ. Ќе се фокусираме на работата, почитување на институциите, олдговорност за преземената задача, исполнување на обврските навмремено и успешно. Тоа може да го направи само новата генерација која е ослободена од товарот на старото, од хипотеките на минатото, од фолклорот полн со зборови и малку труд. Ова сме ние генерација на политичари кои еднаквоста ја имаат во генетскиот код, а не во политичките говори, кои ќе постигнат еднаквост со дела, а не со зборови, рече лидерот на  Демократското движење Изет Меџити, кој во новата влада ќе биде прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

Тој подвлече дека „Вреди“ е победник на парламентарните избори и е новиот политички фактор кој ги претставува Албанците со легитимитет, достоинство и одговорност, новата политичка структура која ќе биде носител на успешна институционална транзиција. Во однос на Законот за реформа на органите на државата управа кој беше донесен со двотретинско мнозинство од новиот парламентарен состав, нагласи дека претстои голема реформа и трансформација на министерствата, но дека содржината, односно основните концепти ќе остатнат исти, а правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат согласно Уставот и Рамковниот договор. При тоа Меџити најави дека балансерот како механизам за обезбедување правична застапеност ќе биде заменет со закон .

Балансерот првично даде добри резултати, но во последните години има случаи каде многу често Македонци се запишуваат како Албанци, Албанци како Турци, не беше во функција на правичната засртапеност на заедниците што не се мнозинство во државата или на локално ниво. Тоа важеше и за Македонците, така да тука се согласуваме дека како механизам не е доволен и треба да се регулира законски, воедно ќе се внимава и на квалитетот што ќе оди во прилог на сите заедници. Тоа ќе биде дополнителна вредност за администрацијата, изјави за медиумите Меџити.

Претседателот на Беса, Билал Касами во обраќањето особено се осврна на, како што рече, блокадата на развојот на општините кои беа водени од градоначалници кои не беа дел од власта.

Блокирањето на општините од страна на ДУИ и СДСМ заврши. Благодарение на минатиот режим Македонија е позната како најцентрализирана држава во Европа. Но „Влен“ како дел од новата влада ќе ги спроведе точките од својата програма, меѓу кои и целосна локална децентрализација, што значи повеќе моќ за нашите општини, повеќе развој и повеќе еднаквост за нашите граѓани земејќи моделите на развиените држави како Германија и Белгија. И во програмата на „Влен“ и на владата за која наскоро ќе се гласа во Собранието од државниот буџет само за 2024 година ќе бидат доделени над 100 милиони евра за општините за да имаме побрз општински развој и итно реализирање на најопходните проекти за граѓаните, рече Касами.

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците ги потенцира четирите слолба на идното владеење на новата владина коалиција - забрзување на европскиот пат на земјата, бескопмпромисна борба против криминалот и корупцијата, за која вели порано многу се зборуваше а малку се работеше, економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните и рамноправен регионален развој и зајакнување на општините како основна единица на демократијата, односно децентрализација.

Оваа влада е гарант за европскиот пат, се надевам дека што побргу ќе се случат уставните промени. Но за да се случат секогаш треба и македонскиот партнер во владата да има добра волја. Доброто е што веќе имаме 80 гласови, само треба уште една дефинитивна синхронизација меѓу Скопје и Софија, за која што верувам ќе се случи набргу, рече меѓу другото Таравари.

Како министер за здравство меѓу останато, посочи дека ќе се заложи итно да се реши проблемот со компресорите во опрационите сали во Клиничкиот центар „Мајка Терза“, и разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори. Штом ја презеде функцијата, Таравари вети дека веќе во понеделеник овие в.д. директори веднаш ќе бидат разрешени, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог измени на законот за веќе да не постојат економски директори.

Потпретседателот на Алтернатива Беким Сали во отсуство на претседателот Африм Гаши истакна дека „Вреди“ како коалиција ја зачува застапеноста на Албанците на една од трите највисоки позиции на власт, избирајќи го Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија.

Дополнително, во ова учество во извршната власт бевме многу внимателни нашето учество да не биде пониско од присуството на Албанците во оваа земја, туку повеќе од тоа, бевме фокусирани на институциите кои се занимаваат со спроведување на нашата политичка програма, со цел сериозно и посветено да работиме во процесот на интеграција на земјата во Европската унија, но и овозможувајќи економски, здравствени, социјални и еколошки политики, со кои веруваме дека значително ќе го подигнеме квалитетот на животот на нашите граѓани. Ова учество во извршната власт ќе резултира и со други нивоа на власт и сигурен сум дека ова како конечен резултат ќе има понапредно општество во сите области од животот, додека за Албанците оваа политичка ротација значи и ротација во нивниот реален живот , затоа што во 2024 година завршуваат годините на хибернација, за да се отвори патот за годините на слобода, демократија, правда, еднаквост и благосостојба, рече Сали.

На трибината се обратија и идните министри од „Вреди“ како дел од владината коалиција.

На новинарско прашање Меџити изјави дека утре на седницата на Парламентот на која ќе се бира владата, очекува демократска, аргументирана и позитивна дебата.

„Вреди“ во новата извршна власт ќе има двајца вицепремиери и пет министри. Покрај Таравари и Меџити кој ќе биде прв вицепремиер и ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Фатмир Лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши - министер за економија и труд, Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања, а вицепремиер и министер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи.

The post Балансерот ќе биде заменет со закон, веднаш ќе се укинат економските директори, ветија од Вреди пред утрешната седница за избор на Влада appeared first on Република.

]]>

Лидерите од Коалицијата „Вреди“ денеска спроти собраниската седница за избор на новата влада, на трибина ја претствија Платформата на патриотизмот како знаење, професионализам и одговорност според која ќе се водат нивните министри, заменици министри и раководители на институции во наредниот четиригодишен период како дел од новата влада.
Заврши времето на демагогија, денеска се бараат образовани, искусни и храбри луѓе да бидат носители на сложени реформски птроцеси  за да ја направиме нашата земја нормална, економски развиена и подготвена за интегрирање за интегрирање во ЕУ. Ќе се фокусираме на работата, почитување на институциите, олдговорност за преземената задача, исполнување на обврските навмремено и успешно. Тоа може да го направи само новата генерација која е ослободена од товарот на старото, од хипотеките на минатото, од фолклорот полн со зборови и малку труд. Ова сме ние генерација на политичари кои еднаквоста ја имаат во генетскиот код, а не во политичките говори, кои ќе постигнат еднаквост со дела, а не со зборови, рече лидерот на  Демократското движење Изет Меџити, кој во новата влада ќе биде прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.
Тој подвлече дека „Вреди“ е победник на парламентарните избори и е новиот политички фактор кој ги претставува Албанците со легитимитет, достоинство и одговорност, новата политичка структура која ќе биде носител на успешна институционална транзиција. Во однос на Законот за реформа на органите на државата управа кој беше донесен со двотретинско мнозинство од новиот парламентарен состав, нагласи дека претстои голема реформа и трансформација на министерствата, но дека содржината, односно основните концепти ќе остатнат исти, а правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат согласно Уставот и Рамковниот договор. При тоа Меџити најави дека балансерот како механизам за обезбедување правична застапеност ќе биде заменет со закон .
Балансерот првично даде добри резултати, но во последните години има случаи каде многу често Македонци се запишуваат како Албанци, Албанци како Турци, не беше во функција на правичната засртапеност на заедниците што не се мнозинство во државата или на локално ниво. Тоа важеше и за Македонците, така да тука се согласуваме дека како механизам не е доволен и треба да се регулира законски, воедно ќе се внимава и на квалитетот што ќе оди во прилог на сите заедници. Тоа ќе биде дополнителна вредност за администрацијата, изјави за медиумите Меџити.
Претседателот на Беса, Билал Касами во обраќањето особено се осврна на, како што рече, блокадата на развојот на општините кои беа водени од градоначалници кои не беа дел од власта.
Блокирањето на општините од страна на ДУИ и СДСМ заврши. Благодарение на минатиот режим Македонија е позната како најцентрализирана држава во Европа. Но „Влен“ како дел од новата влада ќе ги спроведе точките од својата програма, меѓу кои и целосна локална децентрализација, што значи повеќе моќ за нашите општини, повеќе развој и повеќе еднаквост за нашите граѓани земејќи моделите на развиените држави како Германија и Белгија. И во програмата на „Влен“ и на владата за која наскоро ќе се гласа во Собранието од државниот буџет само за 2024 година ќе бидат доделени над 100 милиони евра за општините за да имаме побрз општински развој и итно реализирање на најопходните проекти за граѓаните, рече Касами.
Арбен Таравари од Алијанса за Албанците ги потенцира четирите слолба на идното владеење на новата владина коалиција - забрзување на европскиот пат на земјата, бескопмпромисна борба против криминалот и корупцијата, за која вели порано многу се зборуваше а малку се работеше, економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните и рамноправен регионален развој и зајакнување на општините како основна единица на демократијата, односно децентрализација.
Оваа влада е гарант за европскиот пат, се надевам дека што побргу ќе се случат уставните промени. Но за да се случат секогаш треба и македонскиот партнер во владата да има добра волја. Доброто е што веќе имаме 80 гласови, само треба уште една дефинитивна синхронизација меѓу Скопје и Софија, за која што верувам ќе се случи набргу, рече меѓу другото Таравари.
Како министер за здравство меѓу останато, посочи дека ќе се заложи итно да се реши проблемот со компресорите во опрационите сали во Клиничкиот центар „Мајка Терза“, и разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори. Штом ја презеде функцијата, Таравари вети дека веќе во понеделеник овие в.д. директори веднаш ќе бидат разрешени, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог измени на законот за веќе да не постојат економски директори. Потпретседателот на Алтернатива Беким Сали во отсуство на претседателот Африм Гаши истакна дека „Вреди“ како коалиција ја зачува застапеноста на Албанците на една од трите највисоки позиции на власт, избирајќи го Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија.
Дополнително, во ова учество во извршната власт бевме многу внимателни нашето учество да не биде пониско од присуството на Албанците во оваа земја, туку повеќе од тоа, бевме фокусирани на институциите кои се занимаваат со спроведување на нашата политичка програма, со цел сериозно и посветено да работиме во процесот на интеграција на земјата во Европската унија, но и овозможувајќи економски, здравствени, социјални и еколошки политики, со кои веруваме дека значително ќе го подигнеме квалитетот на животот на нашите граѓани. Ова учество во извршната власт ќе резултира и со други нивоа на власт и сигурен сум дека ова како конечен резултат ќе има понапредно општество во сите области од животот, додека за Албанците оваа политичка ротација значи и ротација во нивниот реален живот , затоа што во 2024 година завршуваат годините на хибернација, за да се отвори патот за годините на слобода, демократија, правда, еднаквост и благосостојба, рече Сали.
На трибината се обратија и идните министри од „Вреди“ како дел од владината коалиција. На новинарско прашање Меџити изјави дека утре на седницата на Парламентот на која ќе се бира владата, очекува демократска, аргументирана и позитивна дебата. „Вреди“ во новата извршна власт ќе има двајца вицепремиери и пет министри. Покрај Таравари и Меџити кој ќе биде прв вицепремиер и ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Фатмир Лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши - министер за економија и труд, Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања, а вицепремиер и министер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи.

The post Балансерот ќе биде заменет со закон, веднаш ќе се укинат економските директори, ветија од Вреди пред утрешната седница за избор на Влада appeared first on Република.

]]>
Седницата за избор на новата влада ќе почне в сабота во 11 часот https://republika.mk/vesti/makedonija/sednitsata-za-izbor-na-novata-vlada-ke-pochne-vo-sabota-vo-11-chasot/ Wed, 19 Jun 2024 06:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=788914

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот.

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа.

 

Собранискиот Деловник предвидува седница за избор на Влада да трае најмногу два дена.

Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата, по што во Собранието се води единствен претрес.

Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24:00 часот.

Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници.

Претседателот на Собранието го известува претседателот на Републиката за изборот на Владата.

Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор.

Во владиниот кабинет на Мицкоски, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е предложен за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство, Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

За министер за жвиотна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, е предложен Изет Меџити од коалицијата Вреди, министер за здравство Арбен Таравари, министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министер за економија Бесар Дурмиши. За министер без ресор и заменик претседател на владата задолжен за добро владеење е предложен Арбен Фетаи.

За министер за правда е предложен Игор Филков, додека за министер за јавна администрација Горан Минчев од Движењето ЗНАМ

The post Седницата за избор на новата влада ќе почне в сабота во 11 часот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот. Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа.   Собранискиот Деловник предвидува седница за избор на Влада да трае најмногу два дена. Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата, по што во Собранието се води единствен претрес. Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24:00 часот. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот на Републиката за изборот на Владата. Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Во владиниот кабинет на Мицкоски, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. Досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е предложен за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски. Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство, Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски. Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. За министер за жвиотна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, е предложен Изет Меџити од коалицијата Вреди, министер за здравство Арбен Таравари, министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министер за економија Бесар Дурмиши. За министер без ресор и заменик претседател на владата задолжен за добро владеење е предложен Арбен Фетаи. За министер за правда е предложен Игор Филков, додека за министер за јавна администрација Горан Минчев од Движењето ЗНАМ

The post Седницата за избор на новата влада ќе почне в сабота во 11 часот appeared first on Република.

]]>
Mицкоски денеска го доставува во Собрание предлогот за новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-deneska-go-dostavuva-vo-sobranie-predlogot-za-novata-vlada/ Tue, 18 Jun 2024 05:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=788550

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа.

Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

The post Mицкоски денеска го доставува во Собрание предлогот за новата влада appeared first on Република.

]]>

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа. Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

The post Mицкоски денеска го доставува во Собрание предлогот за новата влада appeared first on Република.

]]>