Нова Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-makedonija/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Apr 2023 08:19:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нова Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-makedonija/ 32 32 Четворица повредени во судирот меѓу кумановската брза помош и туранот кај Нова Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-povredeni-vo-sudirot-megu-kumanovskata-brza-pomosh-i-turanot-kaj-nova-makedonija/ Sat, 22 Apr 2023 08:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=632936

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и взило на Итна медицинска помош.

Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово.

Повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.

The post Четворица повредени во судирот меѓу кумановската брза помош и туранот кај Нова Македонија appeared first on Република.

]]>

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и взило на Итна медицинска помош. Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово. Повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.

The post Четворица повредени во судирот меѓу кумановската брза помош и туранот кај Нова Македонија appeared first on Република.

]]>
Се рони бетонот од Преспанскиот: Наложено да се избегнува „македонски јазик“ во документите на ООН https://republika.mk/vesti/makedonija/se-roni-betonot-od-prespanskiot-nalozeno-da-se-izbegnuva-makedonski-jazik-vo-dokumentite-na-oon/ Tue, 07 Jun 2022 11:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=512156

Индикатори за бришење на македонскиот идентитет сѐ пофреквентно „испливуваат на површина“, а потврда за тоа е најновата интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нации, со која на службите во Секретаријатот им се наложува наместо терминот „македонски јазик“, да го употребуваат терминот „јазикот на Република Cеверна Македонија (РСМ)“.

Неименувани извори за „Нова Македонија“ од ОН алармираат дека во инструкцијата до службите на Секретаријатот се вели дека мора да се „избегнува“ терминот „македонски јазик“, во согласност со општиот став дека терминот „Македонија“ и сите деривати од овој термин не смеат да се употребуваат.

Истите извори наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува „македонски јазик“, во тек е постепено елиминирање на сите деривати произлезени од терминот „Македонија“, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признаен многу одамна.

Понатаму се додава дека од оваа година категоријата „македонски јазик“ ќе се користи за „антички македонски јазик“, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик.

Истиот извор појаснува дека во ООН постои забрана (таканаречена – „BAN“) за зборот „Македонија“ и сите изведени деривати од овој термин (македонски/ска/ско), што од претходниот месец важи и за јазикот.

Универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев, тврди дека тоа се јасни сигнали и индиции во еден процес за деноминирање на македонскиот идентитет, а во таа насока ја гледа и интерната одлука во ОН да се избегнува терминот „македонски јазик“.

– Oва е интерна директива. Доколку македонската мисија во ОН работеше како што треба, сега сето ова ќе излезеше во јавноста. Се работи за нови правила при постапување на лица вработени во Секретаријатот на ОН. Според овие насоки, „македонски јазик“ не треба повеќе да се користи – вели професорот Јанев.

„Нова Македонија“ по трагата на оваа информација се обиде да добие одговор и од македонското Министерство за надворешни работи, како и од Обединетите нации, но по повеќе од една недела ниту една институција не се јави да ги потврди или да ги негира ваквите наводи, стои во текстот кој можете целосно да го прочитате ТУКА.

 

The post Се рони бетонот од Преспанскиот: Наложено да се избегнува „македонски јазик“ во документите на ООН appeared first on Република.

]]>

Индикатори за бришење на македонскиот идентитет сѐ пофреквентно „испливуваат на површина“, а потврда за тоа е најновата интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нации, со која на службите во Секретаријатот им се наложува наместо терминот „македонски јазик“, да го употребуваат терминот „јазикот на Република Cеверна Македонија (РСМ)“. Неименувани извори за „Нова Македонија“ од ОН алармираат дека во инструкцијата до службите на Секретаријатот се вели дека мора да се „избегнува“ терминот „македонски јазик“, во согласност со општиот став дека терминот „Македонија“ и сите деривати од овој термин не смеат да се употребуваат. Истите извори наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува „македонски јазик“, во тек е постепено елиминирање на сите деривати произлезени од терминот „Македонија“, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признаен многу одамна. Понатаму се додава дека од оваа година категоријата „македонски јазик“ ќе се користи за „антички македонски јазик“, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик. Истиот извор појаснува дека во ООН постои забрана (таканаречена – „BAN“) за зборот „Македонија“ и сите изведени деривати од овој термин (македонски/ска/ско), што од претходниот месец важи и за јазикот. Универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев, тврди дека тоа се јасни сигнали и индиции во еден процес за деноминирање на македонскиот идентитет, а во таа насока ја гледа и интерната одлука во ОН да се избегнува терминот „македонски јазик“.
– Oва е интерна директива. Доколку македонската мисија во ОН работеше како што треба, сега сето ова ќе излезеше во јавноста. Се работи за нови правила при постапување на лица вработени во Секретаријатот на ОН. Според овие насоки, „македонски јазик“ не треба повеќе да се користи – вели професорот Јанев.
„Нова Македонија“ по трагата на оваа информација се обиде да добие одговор и од македонското Министерство за надворешни работи, како и од Обединетите нации, но по повеќе од една недела ниту една институција не се јави да ги потврди или да ги негира ваквите наводи, стои во текстот кој можете целосно да го прочитате ТУКА.  

The post Се рони бетонот од Преспанскиот: Наложено да се избегнува „македонски јазик“ во документите на ООН appeared first on Република.

]]>