нова казна Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-kazna/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 07:58:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нова казна Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-kazna/ 32 32 Нова казна за инвеститорот кој гради зад Универзална сала https://republika.mk/vesti/skopje/nova-kazna-za-investitorot-koj-gradi-pozadi-univerzalna-sala/ Tue, 21 Mar 2023 16:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=622155

Градилиштето кое пред две недели наликуваше на базен, вчеравечер проголта дел од улицата 9 мај. Ниту казните, ниту забраните не се пречка за инвеститорот Бинјапи инжинериг кој очигледно нема намера да го запре градежниот хаос зад Универзална.

Зградата се гради спротивно на добиеното одобрение, а веќе 4 месеци сликата на терен е иста – градежната јама е незаштитена, соседните парцели се оштетени.

Градоначалникот Герасимовски два пати досега и лично го затвораше градилиштето, а фирмите од утрово се казнети со 12.500 евра.

Со оглед дека двете забрани за градење досега не дадоа резултати, бидејќи инвеститорот сам ги отстрани лентите и продолжи со градење, Герасимовски вели дека општината разгледува и поригорозни мерки, меѓу кои и одземање на дозволите за градба.

Уривањето на улицата „9 Мај“ и узурпацијата на јавниот простор е само последниот, од многуте примери негрижа за општината и грижа само за личните интереси на кадрите од СДСМ, реагираше и опозицијата.

Герасимовски мора да одговори дали неконтролираното издавање градежни дозволи и бетонизацијата на градското јадро од компании со забрана за градежни работи повторно ќе удри врз џебот на граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Нова казна за инвеститорот кој гради зад Универзална сала appeared first on Република.

]]>

Градилиштето кое пред две недели наликуваше на базен, вчеравечер проголта дел од улицата 9 мај. Ниту казните, ниту забраните не се пречка за инвеститорот Бинјапи инжинериг кој очигледно нема намера да го запре градежниот хаос зад Универзална. Зградата се гради спротивно на добиеното одобрение, а веќе 4 месеци сликата на терен е иста – градежната јама е незаштитена, соседните парцели се оштетени. Градоначалникот Герасимовски два пати досега и лично го затвораше градилиштето, а фирмите од утрово се казнети со 12.500 евра. Со оглед дека двете забрани за градење досега не дадоа резултати, бидејќи инвеститорот сам ги отстрани лентите и продолжи со градење, Герасимовски вели дека општината разгледува и поригорозни мерки, меѓу кои и одземање на дозволите за градба. Уривањето на улицата „9 Мај“ и узурпацијата на јавниот простор е само последниот, од многуте примери негрижа за општината и грижа само за личните интереси на кадрите од СДСМ, реагираше и опозицијата. Герасимовски мора да одговори дали неконтролираното издавање градежни дозволи и бетонизацијата на градското јадро од компании со забрана за градежни работи повторно ќе удри врз џебот на граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Нова казна за инвеститорот кој гради зад Универзална сала appeared first on Република.

]]>