нова градинка Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-gradinka/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 10:14:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нова градинка Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-gradinka/ 32 32 Мицкоски: Почна изградбата на нова градинка, а идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 5 милиони евра за капитални проекти во Петровец https://republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-pochna-izgradbata-na-nova-gradinka-a-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-vlozhi-5-milioni-evra-za-kapitalni-proekti-vo-petrovets/ Thu, 27 Jul 2023 10:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=665838

Се отпочнува еден објект кој што значително ќе го подобри квалитетот на животот овде во општина Петровец, на брачните парови кои што ќе можат дечињата да ги згрижат во овој објект, кој што набргу од денеска ќе биде реалност, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешното означување на почетокот на изградба на детска градинка.

Благодарност до градоначалникот, благодарност до Скопскиот Плански регион кој што со заеднички сили во оваа прва фаза, благодарност и до Советот и советниците кои што заедно овде со градоначалникот успеваат и покрај сите предизвици со кои што се соочува општина Петровец да изнајдат начин и средства, да смогнат сили за да можат да реализираат што е можно повеќе проекти. Му честитам на градоначалникот и за тоа што од прилика од 2 недели од денеска и новата општинска зграда ќе ја пушти во употреба, чии што камен темелник пред неколку месеци го отпочнавме. Така што може да се види една значајна разлика помеѓу тоа како оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер на СДСМ работи, и како работата градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека владата само краде, имаме локална самоуправа каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои што градат капитални објекти, кои што значат додадена вредност во животите на луѓето кои се дел од тие општини. Уште еднаш честитки до градоначалникот Борче, до советниците, до општината, до Јане како директор на Скопски Плански регион кои што со заеднички сили успеваат ова да го направат и им посакувам уште многу вакви објекти во иднина и уште многу капитални проекти кои ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на сите граѓани, рече Мицкоски.

Додаде и дека како идна влада ВМРО-ДПМНЕ планира во општина Петровец годишно да инвестира до 1.250.000 евра капитално објекти кои се надвор од буџетот кој што го има општината, или во еден четири годишен мандат тоа се до 5 милиони евра за капитални проекти.

Така што нека биде и ова мотив за градоначалникот, но и за самата општина, за администрацијата да изработат проекти и веднаш да почнеме такви капитални проекти да реализираме. За неколку месеци од денес ќе имаме влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и тогаш ќе можат граѓаните да видат и дополнителна додадена вредност и дополнителна разлика споредено со владата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Почна изградбата на нова градинка, а идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 5 милиони евра за капитални проекти во Петровец appeared first on Република.

]]>

Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково! https://republika.mk/vesti/skopje/otvoreni-vratite-za-150-dechina-vo-novata-gradinka-sontse-vo-volkovo/ Thu, 16 Feb 2023 12:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=609749

Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково!

Чест ми е што во мојот мандат, заедно со мојот тим и со финансиско учество на општината од 9 милиони денари го завршивме овој грандиозен објект. Дечињата во овој објект ќе бидат згрижени почнувајќи од понеделник во возрасни групи од 9 месеци до 6 години, поделени во 7 групи, порача денеска градончалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Тој рече дек веќе аплицирале со проект за нова детска градинка во Дексион, а изработен е и проект за нов објект во Стопански Двор.

Исто така, одлична вест е што работиме и на уште две локации за градинки во урбаниот дел на Ѓорче Петров. Продолжуваме со работа со засилено темпо. Ѓорче Петров ќе биде урбано јадро со решени проблеми. Граѓаните заслужуваат добри услови и тие остануваат наш приоритет, порача Стојкоски.

The post Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково! appeared first on Република.

Герасимовски: Одлично напредува изградбата на градинката „Пролет“, 40% од градежните работи се готови https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-odlichno-napreduva-izgradbata-na-gradinkata-prolet-40-od-gradezhnite-raboti-se-gotovi/ Thu, 02 Feb 2023 10:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=603626

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски изврши увид во градежните работи на градинката „Пролет“ која е прва градинка во истоимената населба и прва градинка по цели 50 години во Општина Центар. Се информираше за текот на градежните зафати и напредокот на самата градба.

Одлично се одвива динамиката за изградба на најмодерната градинка во Општина Центар, градинката „Пролет“. Со градежни работи започнавме во јули минатата година и градбата напредува, во моментов околу 40% од градежните зафати се готови. Градинката „Пролет“ ќе се простира на површина од 3.276 метри квадратни, ќе биде на две нивоа со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални. Ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар со изолација за дете и сопствена кујна со трпезарија за свежо приготвена и здрава храна за дечињата“, посочи Герасимовски.

Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра. Со изградбата на оваа градинка која е единствена во населбата „Пролет“, Општина Центар решава огромен неколку децениски проблем за родителите кои децата на згрижување ги носат во соседните населби. Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра.

Општина Центар останува посветена и фокусирана во реализирање на проекти за сите граѓани вклучувајќи ги и најмладите.

The post Герасимовски: Одлично напредува изградбата на градинката „Пролет“, 40% од градежните работи се готови appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски изврши увид во градежните работи на градинката „Пролет“ која е прва градинка во истоимената населба и прва градинка по цели 50 години во Општина Центар. Се информираше за текот на градежните зафати и напредокот на самата градба.
Одлично се одвива динамиката за изградба на најмодерната градинка во Општина Центар, градинката „Пролет“. Со градежни работи започнавме во јули минатата година и градбата напредува, во моментов околу 40% од градежните зафати се готови. Градинката „Пролет“ ќе се простира на површина од 3.276 метри квадратни, ќе биде на две нивоа со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални. Ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар со изолација за дете и сопствена кујна со трпезарија за свежо приготвена и здрава храна за дечињата“, посочи Герасимовски.
Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра. Со изградбата на оваа градинка која е единствена во населбата „Пролет“, Општина Центар решава огромен неколку децениски проблем за родителите кои децата на згрижување ги носат во соседните населби. Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра. Општина Центар останува посветена и фокусирана во реализирање на проекти за сите граѓани вклучувајќи ги и најмладите.

The post Герасимовски: Одлично напредува изградбата на градинката „Пролет“, 40% од градежните работи се готови appeared first on Република.

]]>
Владев: Денес пуштаме во употреба нова балон сала во Ерџелија, проект вреден 9 милиони денари, а во фаза на реализација е и нова детска градинка https://republika.mk/vesti/makedonija/vladev-denes-pushtame-vo-upotreba-nova-balon-sala-vo-erdzelija-proekt-vreden-9-milioni-denari-a-vo-faza-na-realizacija-e-i-nova-detska-gradinka/ Mon, 19 Dec 2022 13:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=587646

„Денеска на овој голем ден се наоѓаме тука во село Ерџелија, во склопот на основното училиште „Даме Груев“ каде имаме чест заедно со присутните и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски да ја отвориме оваа балон сала која што го носи името на училиштето „Даме Груев“, истакна градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев.

Владев нагласи дека за оваа сала се потрошени околу 9 милиони денари, средства од буџетот на Општина Свети Николе. И се надева дека со отворање на оваа балон сала ќе се допринесе за развој на спортот и спортскиот дух.

Не застануваме тука, може и да споменам дека пред две недели исто во село Ерџелија го асфалтиравме конечно, зборуваме за некаде од околу 800 метри. Граѓаните на село Ерџелија со години и години наназад ни кажуваа дека заслужуваат да имаат пристојни услови на живот. Не застануваме тука кога зборуваме за Ерџелија, паралелно со ова се гради позади училиштето и детска градинка, рече градоначалникот.

Тој посочи дека за наредниот период се има предвидено во буџетот на Општина Свети Николе и парични средства за реконструкција на главната улица во Ерџелија.

Што се однесува за наредните проекти можам да кажам дека 2022 година ќе ја заокружиме со асфалтирање на улица од вкупна должина од 600 метри во село Горобинци, која што треба да биде завршена во текот на денешниот или утрешниот ден, рече Владев.

За 2023-та година Владев најавува многу проекти, кои што ќе бидат реализирани од средства на Општина Свети Николе. Како поголеми проекти кои ги најави се уредување на речното корито доколку дозволи централната власт, тука е и изградба на нова балон сала во средното училиште „Кочо Рацин“, изградба на канализација во село Мустафино, канализација во Кадрифаково, асфалтирање на улици во село Пеширово. А, во самото градско подрачје се очекува изградба на четири улици, две улици со два крака на т.н. Сопотски пат.

После новогодишните празници веднаш ќе започнеме со асфалтирање на две улици во село Долно Црнилишта, како и комплетна реконструкција на улиците „Кочо Рацин“ и „Македонска“, тоа е во самиот центар на градот. Кој што моментално е руинирана коцка и веруваме дека најкасно до мај месец така е и распишан тендерот, треба ова да биде завршено, укажа тој.

Владев додаде дека се вложува и во зеленило, и Свети Николе во летниот период ќе има еден од најмодерните паркови и амфитеатар.

The post Владев: Денес пуштаме во употреба нова балон сала во Ерџелија, проект вреден 9 милиони денари, а во фаза на реализација е и нова детска градинка appeared first on Република.

]]>

„Денеска на овој голем ден се наоѓаме тука во село Ерџелија, во склопот на основното училиште „Даме Груев“ каде имаме чест заедно со присутните и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски да ја отвориме оваа балон сала која што го носи името на училиштето „Даме Груев“, истакна градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев. Владев нагласи дека за оваа сала се потрошени околу 9 милиони денари, средства од буџетот на Општина Свети Николе. И се надева дека со отворање на оваа балон сала ќе се допринесе за развој на спортот и спортскиот дух.
Не застануваме тука, може и да споменам дека пред две недели исто во село Ерџелија го асфалтиравме конечно, зборуваме за некаде од околу 800 метри. Граѓаните на село Ерџелија со години и години наназад ни кажуваа дека заслужуваат да имаат пристојни услови на живот. Не застануваме тука кога зборуваме за Ерџелија, паралелно со ова се гради позади училиштето и детска градинка, рече градоначалникот.
Тој посочи дека за наредниот период се има предвидено во буџетот на Општина Свети Николе и парични средства за реконструкција на главната улица во Ерџелија.
Што се однесува за наредните проекти можам да кажам дека 2022 година ќе ја заокружиме со асфалтирање на улица од вкупна должина од 600 метри во село Горобинци, која што треба да биде завршена во текот на денешниот или утрешниот ден, рече Владев.
За 2023-та година Владев најавува многу проекти, кои што ќе бидат реализирани од средства на Општина Свети Николе. Како поголеми проекти кои ги најави се уредување на речното корито доколку дозволи централната власт, тука е и изградба на нова балон сала во средното училиште „Кочо Рацин“, изградба на канализација во село Мустафино, канализација во Кадрифаково, асфалтирање на улици во село Пеширово. А, во самото градско подрачје се очекува изградба на четири улици, две улици со два крака на т.н. Сопотски пат.
После новогодишните празници веднаш ќе започнеме со асфалтирање на две улици во село Долно Црнилишта, како и комплетна реконструкција на улиците „Кочо Рацин“ и „Македонска“, тоа е во самиот центар на градот. Кој што моментално е руинирана коцка и веруваме дека најкасно до мај месец така е и распишан тендерот, треба ова да биде завршено, укажа тој.
Владев додаде дека се вложува и во зеленило, и Свети Николе во летниот период ќе има еден од најмодерните паркови и амфитеатар.

The post Владев: Денес пуштаме во употреба нова балон сала во Ерџелија, проект вреден 9 милиони денари, а во фаза на реализација е и нова детска градинка appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ја посети градинката „Детелинка“ во Крива Паланка https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ja-poseti-gradinkata-detelinka-vo-kriva-palanka/ Sun, 28 Aug 2022 14:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=544974

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, во Крива Паланка, во придружба на заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин и локални претставници ја посети градинката „Детелинка“, дел од објектот Поточиња, каде во новоизградена доградба се обезбедува згрижување на уште околу 100 деца.

При увидот во завршните работи на објектот, каде од Владата, преку Министерството за труд и социјална политика се реализирани 21,9 милиони денари со дополнителни средства обезбедени од Општина Крива Паланка, премиерот Ковачевски истакна дека грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките на унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување во потребната инфраструктура.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Денеска на мое огромно задоволство направив обиколка на детската градинка во центарот на Крива Паланка. Со проширување на просторот на овој објект кој е од суштинско значење за градот обезбедивме предучилишно образование и воспитание на уште 102 деца, со што се обезбедува згрижување на вкупно 200 деца.

Ова за мене е многу важен и убав проект. Секое дете во кое се има можност да се инвестира во ран детски развој е дете кое ќе има поголема можност за успех понатаму во животот. Тоа е нашиот влог во иднината на овие деца. Условите во кои ќе можат да ги поминат детските денови и да учат и низ програма и низ игра и да постигнат поголем интелектуален, општествен, емоционален и физички напредок се исклучително важни. Тие играат голема улога во тоа како ќе изгледа иднината на нашата земја.

Со проекти како овој инвестираме во подобрувањето на можностите за ран детски развој подеднакво во целата држава и обезбедуваме модерни услови за згрижување на најмалите.

Проширувањето на градинката е реализирано со средства од Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Светска Банка во вредност од скоро 22 милиони денари и дополнителни средства од општината, што е одраз на одличната соработка на централната и локалната власт.

Освен што е заменета кровната конструкција и поставена термо изолација на објектот, целосно заменет е системот за греење со на еколошки. Со оваа инвестиција обезбедуваме целосно енергетски ефикасен објект.

Исклучително е важно, што овој објект е реализација на воведените политики на Владата, за преземање конкретни мерки за обезбедување здрава животна средина и имплементирање на еколошките стандарди во сите сегменти.

Само така имаме задоволни граѓани и само така ќе имаме квалитетна реализација на нашите зацртани планови за унапредување на инфраструктурата и објектите за ран детски развој.

Грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките на унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување.

Влогот во нивниот развој е влог во нашето општество, влог во развиена, напредна и економски силна држава.

Вложуваме и во зајакнување на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки, затоа што тие се клучни во развојот на децата од најрана возраст.

Обезбедивме зголемување на платите на вработените во градинките, од 2017 година за вкупно 36%, а со ребалансот се обезбедени средствата за повисоки плати во образованието.

Од доаѓањето на оваа власт се реши прашањето со недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи, дотогаш ангажирани со договор на определено време.

Упатувам честитки до градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски за посветеноста на проектите кои се однесуваат на подобрување на стандардите на жителите од овој регион.

Реализацијата на овој објект, значи олеснување за уште за неколку семејства во однос на обезбедување претшколско сместување на нивните деца и истовремено ќе отвори нови работни места за стручен воспитувачки и друг помошен кадар потребен во оваа претшколска установа.

За поздравување е, што во оваа модерна градинка, се воведе еколошкото греење, енергетски ефикасната фасада, со цел намалување на загадувањето на животната средина.

Исто така, следејќи ги политиките за градење инклузивно и одржливо општество, оваа предучилишна установа обезбеди пристап на деца и лица кои живеат со пречки во движењето.

Нека е со среќа работата на оваа модерна, по европски стандарди градинка, каде потребите и квалитетниот ран развој на детето се ставени во центарот на вниманието, како едно од најважните вложувања во човечкиот потенцијал уште од најмлада возраст.“

The post Ковачевски ја посети градинката „Детелинка“ во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, во Крива Паланка, во придружба на заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин и локални претставници ја посети градинката „Детелинка“, дел од објектот Поточиња, каде во новоизградена доградба се обезбедува згрижување на уште околу 100 деца. При увидот во завршните работи на објектот, каде од Владата, преку Министерството за труд и социјална политика се реализирани 21,9 милиони денари со дополнителни средства обезбедени од Општина Крива Паланка, премиерот Ковачевски истакна дека грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките на унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување во потребната инфраструктура. Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Ковачевски во целост: „Денеска на мое огромно задоволство направив обиколка на детската градинка во центарот на Крива Паланка. Со проширување на просторот на овој објект кој е од суштинско значење за градот обезбедивме предучилишно образование и воспитание на уште 102 деца, со што се обезбедува згрижување на вкупно 200 деца. Ова за мене е многу важен и убав проект. Секое дете во кое се има можност да се инвестира во ран детски развој е дете кое ќе има поголема можност за успех понатаму во животот. Тоа е нашиот влог во иднината на овие деца. Условите во кои ќе можат да ги поминат детските денови и да учат и низ програма и низ игра и да постигнат поголем интелектуален, општествен, емоционален и физички напредок се исклучително важни. Тие играат голема улога во тоа како ќе изгледа иднината на нашата земја. Со проекти како овој инвестираме во подобрувањето на можностите за ран детски развој подеднакво во целата држава и обезбедуваме модерни услови за згрижување на најмалите. Проширувањето на градинката е реализирано со средства од Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Светска Банка во вредност од скоро 22 милиони денари и дополнителни средства од општината, што е одраз на одличната соработка на централната и локалната власт. Освен што е заменета кровната конструкција и поставена термо изолација на објектот, целосно заменет е системот за греење со на еколошки. Со оваа инвестиција обезбедуваме целосно енергетски ефикасен објект. Исклучително е важно, што овој објект е реализација на воведените политики на Владата, за преземање конкретни мерки за обезбедување здрава животна средина и имплементирање на еколошките стандарди во сите сегменти. Само така имаме задоволни граѓани и само така ќе имаме квалитетна реализација на нашите зацртани планови за унапредување на инфраструктурата и објектите за ран детски развој. Грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките на унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување. Влогот во нивниот развој е влог во нашето општество, влог во развиена, напредна и економски силна држава. Вложуваме и во зајакнување на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки, затоа што тие се клучни во развојот на децата од најрана возраст. Обезбедивме зголемување на платите на вработените во градинките, од 2017 година за вкупно 36%, а со ребалансот се обезбедени средствата за повисоки плати во образованието. Од доаѓањето на оваа власт се реши прашањето со недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи, дотогаш ангажирани со договор на определено време. Упатувам честитки до градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски за посветеноста на проектите кои се однесуваат на подобрување на стандардите на жителите од овој регион. Реализацијата на овој објект, значи олеснување за уште за неколку семејства во однос на обезбедување претшколско сместување на нивните деца и истовремено ќе отвори нови работни места за стручен воспитувачки и друг помошен кадар потребен во оваа претшколска установа. За поздравување е, што во оваа модерна градинка, се воведе еколошкото греење, енергетски ефикасната фасада, со цел намалување на загадувањето на животната средина. Исто така, следејќи ги политиките за градење инклузивно и одржливо општество, оваа предучилишна установа обезбеди пристап на деца и лица кои живеат со пречки во движењето. Нека е со среќа работата на оваа модерна, по европски стандарди градинка, каде потребите и квалитетниот ран развој на детето се ставени во центарот на вниманието, како едно од најважните вложувања во човечкиот потенцијал уште од најмлада возраст.“

The post Ковачевски ја посети градинката „Детелинка“ во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Поставен камен темелник на новата градинка „Пролет“ https://republika.mk/vesti/skopje/postaven-kamen-temelnik-na-novata-gradinka-prolet/ Mon, 11 Jul 2022 12:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=527000

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, амбасадори и други гости, денес присуствуваа на поставувањето на темелите на новата детска градинка во населбата Пролет.

Ова ќе биде првата градинка која ќе се изгради во оваа центарска населба и прва воопшто во Општина Центар по повеќе од 50 години, велат оттаму додавајќи дека изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини 154.243.997 денари или околу 2,5 милиони евра.

Изминатиов период посветено работевме за да го оствариме ова ветување пред граѓаните, прва градинка во населба Пролет. Со изградбата на оваа градинка овозможуваме децата кои се на листите на чекање за прием во детските градинки во другите населби, да влезат во воспитно-образовниот систем и да се подготват за образовниот процес. Воедно, им помагаме и на младите родители згрижувајќи ги нивните дечиња но и создаваме услови за нови вработувања, изјави градоначалникот Герасимовски.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска зборуваше за потребата и заложбите на министерството и Владата за потребата од нови детски градинки, не само во Центар, туку и во другите општини низ државата.

Од 2017 година до денес само во градот Скопје се отворени 17 детски градинки. А до крајот на годината, предвидено е отворање на уште 4 објекти во општина Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром и Сопиште, а градинките во Чаир и Арачиново, кои се исто така во тек на градба, ќе бидат отворени во 2023 година. Со новите градинки бројот на нови деца во Скопје ќе се зголеми за над 1000 деца кои ќе се вклучат во предучилишно воспитание, потенцираше Тренчевска.

За потсетување, во минатиот ДУП на местото на детската градинка беше вцртан објект со деловна намена, за подоцна во ревидираната верзија, парцелата да се пренамени и да се вцрта објектот на детската градинка. Новата градинка ќе се простира на вкупна бруто површина од 3276 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 150 деца, ќе има 9 занимални и ќе биде најголемата детска градинка во државата.

За нас инклузивноста во образовниот процес е особено важна, затоа во градинката „Пролет“, имаме надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. Исто така ќе биде изграден и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето, покрај едното скалишно јадро. Особено важно е што градинката ќе располага и со просторија за лекар со изолација за дете и просторија за стручни соработници. Предвидена е и изградба на кујна само за потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо приготвена и здрава храна. Затоа оваа градинка ќе биде пример кој треба да се следи - најмодерна и најубава градинка не само во општината, туку и во државата, додаде градоначалникот Герасимовски.

Инвестициите во градинките и во воспитно образовниот процес во целина не се само инвестиции во правилен раст и развој на најмладите, туку се и инвестиции за подобри резултати во основното, средното и високото образование. Тие се влог во идниот професионален кадар кој ќе ја води економијата на нашата земја во иднина.

The post Поставен камен темелник на новата градинка „Пролет“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, амбасадори и други гости, денес присуствуваа на поставувањето на темелите на новата детска градинка во населбата Пролет. Ова ќе биде првата градинка која ќе се изгради во оваа центарска населба и прва воопшто во Општина Центар по повеќе од 50 години, велат оттаму додавајќи дека изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини 154.243.997 денари или околу 2,5 милиони евра.
Изминатиов период посветено работевме за да го оствариме ова ветување пред граѓаните, прва градинка во населба Пролет. Со изградбата на оваа градинка овозможуваме децата кои се на листите на чекање за прием во детските градинки во другите населби, да влезат во воспитно-образовниот систем и да се подготват за образовниот процес. Воедно, им помагаме и на младите родители згрижувајќи ги нивните дечиња но и создаваме услови за нови вработувања, изјави градоначалникот Герасимовски.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска зборуваше за потребата и заложбите на министерството и Владата за потребата од нови детски градинки, не само во Центар, туку и во другите општини низ државата.
Од 2017 година до денес само во градот Скопје се отворени 17 детски градинки. А до крајот на годината, предвидено е отворање на уште 4 објекти во општина Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром и Сопиште, а градинките во Чаир и Арачиново, кои се исто така во тек на градба, ќе бидат отворени во 2023 година. Со новите градинки бројот на нови деца во Скопје ќе се зголеми за над 1000 деца кои ќе се вклучат во предучилишно воспитание, потенцираше Тренчевска.
За потсетување, во минатиот ДУП на местото на детската градинка беше вцртан објект со деловна намена, за подоцна во ревидираната верзија, парцелата да се пренамени и да се вцрта објектот на детската градинка. Новата градинка ќе се простира на вкупна бруто површина од 3276 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 150 деца, ќе има 9 занимални и ќе биде најголемата детска градинка во државата.
За нас инклузивноста во образовниот процес е особено важна, затоа во градинката „Пролет“, имаме надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. Исто така ќе биде изграден и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето, покрај едното скалишно јадро. Особено важно е што градинката ќе располага и со просторија за лекар со изолација за дете и просторија за стручни соработници. Предвидена е и изградба на кујна само за потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо приготвена и здрава храна. Затоа оваа градинка ќе биде пример кој треба да се следи - најмодерна и најубава градинка не само во општината, туку и во државата, додаде градоначалникот Герасимовски.
Инвестициите во градинките и во воспитно образовниот процес во целина не се само инвестиции во правилен раст и развој на најмладите, туку се и инвестиции за подобри резултати во основното, средното и високото образование. Тие се влог во идниот професионален кадар кој ќе ја води економијата на нашата земја во иднина.

The post Поставен камен темелник на новата градинка „Пролет“ appeared first on Република.

]]>
Ќе се гради градинка во населба Пролет https://republika.mk/vesti/skopje/kje-se-gradi-gradinka-vo-naselba-prolet/ Wed, 15 Jun 2022 09:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=515399

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, ги презентираше тековните општински активности, но и плановите за работа во претстојниот период.

Герасимовски, покрај останатите проекти, ја спомена и новата градинка која ќе се гради во населбата Пролет, која воедно ќе биде и прва детска градинка во ова населено место.

Градинката во Пролет ќе биде една убава, модерна градинка, на површина од 3.270 метри квадратни, каде што ќе можат да се сместат околу 150 наши дечиња од Општина Центар. Една од помодерните градинки во државата, нешто слично како основното училиште „Киро Глигоров“, отворено пред неколку години, рече Герасимовски во гостувањето.

Градинката ќе биде изградена на вкупна површина од 3.276 метри квадратни, на приземје и два ката. Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални и 2 јасли. Предвидено е во состав на објектот да има урбана градина со сандаци со песок и земја и детски реквизити (лизгалки, лулашки и мостови). Надворешното игралиште ќе биде инклузивно и до него ќе можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа, а концептот на градинката е да се обезебди простор во кој акцентот пред сѐ, се става во функција на децата и обезбедување на удобен простор за ран развој и нивна игра.

Градинката ќе има и сопствена кујна, која ќе биде изведена по HACCP стандарди, ќе има енергетска ефикасна фасада, греењето ќе биде еколошко – дел на парно, а дел на топлински пумпи. Со изведбата на овој објект, кој ќе биде во рамки на надлежност на ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“, сите детски градинки во Општина Центар ќе имаат по 4 објекти.

Градежните работи се предвидени да започнат во текот на месецот, а рокот за изведба е 18 месеци. Изградбата на новата градинка ќе чини 154.243.997 денари, средства обезбедни од Буџетот на Општина Центар.

The post Ќе се гради градинка во населба Пролет appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, ги презентираше тековните општински активности, но и плановите за работа во претстојниот период. Герасимовски, покрај останатите проекти, ја спомена и новата градинка која ќе се гради во населбата Пролет, која воедно ќе биде и прва детска градинка во ова населено место.
Градинката во Пролет ќе биде една убава, модерна градинка, на површина од 3.270 метри квадратни, каде што ќе можат да се сместат околу 150 наши дечиња од Општина Центар. Една од помодерните градинки во државата, нешто слично како основното училиште „Киро Глигоров“, отворено пред неколку години, рече Герасимовски во гостувањето.
Градинката ќе биде изградена на вкупна површина од 3.276 метри квадратни, на приземје и два ката. Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални и 2 јасли. Предвидено е во состав на објектот да има урбана градина со сандаци со песок и земја и детски реквизити (лизгалки, лулашки и мостови). Надворешното игралиште ќе биде инклузивно и до него ќе можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа, а концептот на градинката е да се обезебди простор во кој акцентот пред сѐ, се става во функција на децата и обезбедување на удобен простор за ран развој и нивна игра. Градинката ќе има и сопствена кујна, која ќе биде изведена по HACCP стандарди, ќе има енергетска ефикасна фасада, греењето ќе биде еколошко – дел на парно, а дел на топлински пумпи. Со изведбата на овој објект, кој ќе биде во рамки на надлежност на ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“, сите детски градинки во Општина Центар ќе имаат по 4 објекти. Градежните работи се предвидени да започнат во текот на месецот, а рокот за изведба е 18 месеци. Изградбата на новата градинка ќе чини 154.243.997 денари, средства обезбедни од Буџетот на Општина Центар.  

The post Ќе се гради градинка во населба Пролет appeared first on Република.

]]>