нов Закон за плати Archives - Република https://republika.mk/tema/nov-zakon-za-plati/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Apr 2022 16:52:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов Закон за плати Archives - Република https://republika.mk/tema/nov-zakon-za-plati/ 32 32 Член на управен одбор има поголема плата од претседателот на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/chlen-na-upraven-odbor-ima-pogolema-plata-od-pretsedatelot-na-drzavata/ Thu, 28 Apr 2022 16:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=494917

Во наредните шест месеци ќе се работи на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. Имаме јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседател на држава и 20-30 години никој тоа не го погледнал, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во рамки на 70. седница.

Тоа, како што посочи Ковачевски, ќе се прави заедно со синдикатите и ја повика и опозицијата да учествува во работната група заедно со Министерството за труд и социјална политика.

– Мора да се направи реорганизација на системите кои што не се пипнати 30 години. Тоа се јавни претпријатија кои што креираат загуба и тоа мора да се направи, за да направиме ефикасна држава во која што приватниот сектор ќе ги добива најдобрите услуги од јавниот сектор и ќе биде секогаш способен и подобар и попродуктивен, за да може тоа да го финансира и во иднина, рече Ковачевски.

Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа кога ќе се зголемат платите во јавниот сектор и како ќе се поддржи растот на платите во приватниот сектор, Ковачевски потсети дека државата до крајот на годината ги субвенционира придонесите за зголемување на минималната плата, а активна е и мерката за субвенционирање на порастот на платите во приватнот сектор.

Во однос на растот на платите во јавнот сектор, премиерот рече дека не може константно само да се зголемуваат платите во јавниот сектор, а да се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор.

– Не може приватниот сектор постојано да го финансира тоа, а да не се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор. Тие 435 илјади во приватниот сектор ги финансираат сите плати во јавниот сектор и бараат зголемување на продуктивноста и на ефикасноста на работењето, рече Ковачевски.

Затоа, нагласи Ковачевски, преку економско-социјален дијалог со репрезентативниот синдикат, прво ќе се договори сума за зголемување, а потоа методологија за зголемување.

Собранието денеска ја одржи 70. седница на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата. Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избо

The post Член на управен одбор има поголема плата од претседателот на државата appeared first on Република.

]]>

Во наредните шест месеци ќе се работи на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. Имаме јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседател на држава и 20-30 години никој тоа не го погледнал, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во рамки на 70. седница. Тоа, како што посочи Ковачевски, ќе се прави заедно со синдикатите и ја повика и опозицијата да учествува во работната група заедно со Министерството за труд и социјална политика. – Мора да се направи реорганизација на системите кои што не се пипнати 30 години. Тоа се јавни претпријатија кои што креираат загуба и тоа мора да се направи, за да направиме ефикасна држава во која што приватниот сектор ќе ги добива најдобрите услуги од јавниот сектор и ќе биде секогаш способен и подобар и попродуктивен, за да може тоа да го финансира и во иднина, рече Ковачевски. Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа кога ќе се зголемат платите во јавниот сектор и како ќе се поддржи растот на платите во приватниот сектор, Ковачевски потсети дека државата до крајот на годината ги субвенционира придонесите за зголемување на минималната плата, а активна е и мерката за субвенционирање на порастот на платите во приватнот сектор. Во однос на растот на платите во јавнот сектор, премиерот рече дека не може константно само да се зголемуваат платите во јавниот сектор, а да се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор.
– Не може приватниот сектор постојано да го финансира тоа, а да не се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор. Тие 435 илјади во приватниот сектор ги финансираат сите плати во јавниот сектор и бараат зголемување на продуктивноста и на ефикасноста на работењето, рече Ковачевски.
Затоа, нагласи Ковачевски, преку економско-социјален дијалог со репрезентативниот синдикат, прво ќе се договори сума за зголемување, а потоа методологија за зголемување. Собранието денеска ја одржи 70. седница на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата. Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избо

The post Член на управен одбор има поголема плата од претседателот на државата appeared first on Република.

]]>