нов клинички центар Archives - Република https://republika.mk/tema/nov-klinichki-centar/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 13:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов клинички центар Archives - Република https://republika.mk/tema/nov-klinichki-centar/ 32 32 Филипче зад себе остави 20 милиони евра штета поради прекин на договорот за нов клинички во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-zad-sebe-ostavi-20-milioni-evra-shteta-poradi-prekin-na-dogovorot-za-nov-klinichki-vo-skopje/ Tue, 23 Apr 2024 13:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=769741

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ го обвинува поранешниот министер за здравство и актуелен носител на пратеничката листа за 1ИЕ на СДСМ Венко Филипче за штета од 20 миниони евра предизвикана од раскинување на договорот за изградба на новиот клинички центар во Скопје.

Венко Филипче, кој најдолг период раководеше со ресорот здравство, е директно одговорен за неградењето на Клиничкиот центар и раскинување на договор за изградба иако буквално се беше реализано во однос на процедури до фазата - отпочнување со градба. Според информациите во медиумите има побарување на оштета за неградба изразено во неверојатни 20 милиони евра.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ од Филипче бара одговори која е причината поради која е раскинат договорот и дали ќе има лична одговорност за неодговорното и недомаќинско работење за време на извршување на функцијата министер за здравство.
Исто така, Филипче треба да одговори дали ќе понесе одговорност доколку се потврди законитоста на ова побарување за оштета.

Ќе ги плати ли Филипче од свој џеб овие средства доколку се утврди незаконитост во раскинувањето на договорот согласно побарувањето за оштета што денес го имаме за неградба на Клинички центар?
Дали токму стравот од 20 милиони евра загуба, изразена во пенали го натера Венко да се кандидира за пратеник за да може да се крие позади пратеничкиот мандат.

Денес, истиот разобличен Филипче повторно нуди едни исти манипулативни ветувања иако имало можност со апсолутна власт во седум години истите да ги реализира. Здравството е вратено неколку децении наназад, а медицинскиот персонал уште нема плата како што се вети во Планот за живот, па така на пример медицинските сестри денес земаат плата близу до минималната, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека ВМРО - ДПМНЕ ќе понуди конкретни мерки за унапредување на јавното здравство, валоризирање на трудот на здравствените работници, а наш врвен императив ќе биде знењето и квалитетот, преку реални и остварливи проекти.

The post Филипче зад себе остави 20 милиони евра штета поради прекин на договорот за нов клинички во Скопје appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ го обвинува поранешниот министер за здравство и актуелен носител на пратеничката листа за 1ИЕ на СДСМ Венко Филипче за штета од 20 миниони евра предизвикана од раскинување на договорот за изградба на новиот клинички центар во Скопје.
Венко Филипче, кој најдолг период раководеше со ресорот здравство, е директно одговорен за неградењето на Клиничкиот центар и раскинување на договор за изградба иако буквално се беше реализано во однос на процедури до фазата - отпочнување со градба. Според информациите во медиумите има побарување на оштета за неградба изразено во неверојатни 20 милиони евра.
Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ од Филипче бара одговори која е причината поради која е раскинат договорот и дали ќе има лична одговорност за неодговорното и недомаќинско работење за време на извршување на функцијата министер за здравство. Исто така, Филипче треба да одговори дали ќе понесе одговорност доколку се потврди законитоста на ова побарување за оштета.
Ќе ги плати ли Филипче од свој џеб овие средства доколку се утврди незаконитост во раскинувањето на договорот согласно побарувањето за оштета што денес го имаме за неградба на Клинички центар? Дали токму стравот од 20 милиони евра загуба, изразена во пенали го натера Венко да се кандидира за пратеник за да може да се крие позади пратеничкиот мандат.
Денес, истиот разобличен Филипче повторно нуди едни исти манипулативни ветувања иако имало можност со апсолутна власт во седум години истите да ги реализира. Здравството е вратено неколку децении наназад, а медицинскиот персонал уште нема плата како што се вети во Планот за живот, па така на пример медицинските сестри денес земаат плата близу до минималната, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека ВМРО - ДПМНЕ ќе понуди конкретни мерки за унапредување на јавното здравство, валоризирање на трудот на здравствените работници, а наш врвен императив ќе биде знењето и квалитетот, преку реални и остварливи проекти.

The post Филипче зад себе остави 20 милиони евра штета поради прекин на договорот за нов клинички во Скопје appeared first on Република.

]]>
Владата ќе плаќа скапи странски адвокати за евентуално да не плати најмалку 18 милиони евра пенали за неизградениот Клинички https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ke-plaka-skapi-stranski-advokati-za-eventualno-da-ne-plati-najmalku-18-milioni-evra-penali-za-neizgradeniot-klinichki/ Thu, 29 Jun 2023 18:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=656653

Странска адвокатска компанија ќе ја застапува Македонија во арбитражната постапка за неизградениот Клинички центар, дознава Сител. Обврска на странските адвокати ќе биде во судот во Париз да ги застапуваат македонските интереси пред барањето на италијанската компанија за плаќање на пенали чија почетна сума е 18 милиони евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ne-samo-shto-ne-izgradi-klinichki-tsentar-tuku-i-ke-plati-20-milioni-evra-kako-penali-za-raskinat-dogovor-veli-mitskoski/

Ако милионска сума ќе чини плаќањето во празно и на неизграден објект поради предвремено раскинување на договорот, колку Владата ќе исплати за ангажирањето на адвокати од странство. Според информации на Сител, станува збор за позната и реномирана компанија чии услуги се доста скапи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/todorov-go-potpisha-filipche-go-raskina-sali-kje-plakja-8-5-milioni-evra-penali-za-neizgradeniot-klinichki/

Повеќе ТУКА

The post Владата ќе плаќа скапи странски адвокати за евентуално да не плати најмалку 18 милиони евра пенали за неизградениот Клинички appeared first on Република.

]]>

Странска адвокатска компанија ќе ја застапува Македонија во арбитражната постапка за неизградениот Клинички центар, дознава Сител. Обврска на странските адвокати ќе биде во судот во Париз да ги застапуваат македонските интереси пред барањето на италијанската компанија за плаќање на пенали чија почетна сума е 18 милиони евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ne-samo-shto-ne-izgradi-klinichki-tsentar-tuku-i-ke-plati-20-milioni-evra-kako-penali-za-raskinat-dogovor-veli-mitskoski/ Ако милионска сума ќе чини плаќањето во празно и на неизграден објект поради предвремено раскинување на договорот, колку Владата ќе исплати за ангажирањето на адвокати од странство. Според информации на Сител, станува збор за позната и реномирана компанија чии услуги се доста скапи. https://republika.mk/vesti/makedonija/todorov-go-potpisha-filipche-go-raskina-sali-kje-plakja-8-5-milioni-evra-penali-za-neizgradeniot-klinichki/
Повеќе ТУКА

The post Владата ќе плаќа скапи странски адвокати за евентуално да не плати најмалку 18 милиони евра пенали за неизградениот Клинички appeared first on Република.

]]>
Новиот Клинички центар https://republika.mk/kolumni/noviot-klinichki-tsentar/ Mon, 27 Mar 2023 06:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=624008

Ристo Симеонов

„Неделава ќе се финализира локацијата за изградба на новиот Клинички центар. Големи се шансите де биде во Општина Ѓорче Петров, бидејќи локацијата е најповолна од сегашните резултати“ – Венко Филипче.

„Верувам дека на почетокот на 2019 година ќе можеме да распишеме тендер за избор на изведувач, а некаде до крајот на 2019 година да почнеме со изградба на Клиничкиот центар“ – Зоран Заев.

Ова се изјави на поранешниот министер за здравство и поранешниот премиер за новиот Клинички центар на крајот на 2018 година. Од ова, како и многу други најавени проекти не видовме ништо. Предвиден беше клинички центар во Веле Поле, област во периферијата на Скопје. Земјиштето неиспитано, но тендерите се спремаа. За 4-5 години, тогашната влада предвидуваше да потроши околу 500 милиони евра на овој мега проект.

Од недостатокот на капацитет и бездушноста на овие поранешни функционери со благодарност не’ двои се повеќе време. Денеска имаме реални планови за иднината. Посветла, домаќинска иднина за Македонскиот народ во кој ќе имаме меѓу другото и нов, модерен Клинички центар од кој ќе се гордееме.
Во центарот на Скопје се наоѓа локација опкружена со булевари. Од едната страна булеварот Партизански одреди, од другата Октомвриска револуција, од третата пак поминува булеварот Илинден. Ова се разбира е локацијата на болницата ГОБ „8-ми Септември“. Место до кое лесно се стигнува, урбанизирано. Околу сегашната болница има слободно земјиште кое може лесно да се искористи за изградба на нови објекти. Зградата на старата „Воена болница“ со темелно реновирање ќе послужи како срце на новиот модерен Клинички центар во Скопје.

Новиот Клинички центар предлагам да биде локализиран во комплекс на меѓусебно поврзани згради на местото на ГОБ „8 Септември“. Старата зграда, темелно реновирана, во која ќе се сместени хируршките и интернистички клиники. Делот кој до неодамна го користеше болницата „Филип Втори“ реновиран во модерен ургентен центар, каде се примаат сите итни пациенти и каде специјалистите од сите области доаѓаат за консултација. Модерни одделенија со напредна опрема и можност за усовршување на вработените во врвни центри низ светот, особено САД и земјите на ЕУ. Со проширување на ПЕТ центарот ќе се оформи новиот простор за Клиниката за онкологија. Во просторот околу постоечките објекти, изградба на нов педијатриско-гинеколошки и инфектолошки центар како и простории за научно-истражувачки лаборатории. Во просторот на стариот клинички центар би можеле да се задржат мал дел од услугите на сегашните клиники во зависност од предвидените потреби.

За посета на новиот Клинички центар, покрај олеснетиот пристап, ќе бидат обезбедени и паркинг места. Во близина ќе бидат изградени големи катни гаражи кои со подземни и надземни топли ходници ќе бидат споени со зградите на Клиничкиот центар. Одделни паркинг места за вработените и посетителите и голем број на влезни и излезни места од зградите и гаражите ќе овозможи ефикасно движење на сообраќајот. Ќе заврши времето на пренесување на критични пациенти по разорени улици на дожд и снег од една до друга зграда како што сеуште се случува во стариот Клинички центар.
Во реализацијата на оваа визија за нов, модерен и централно локализиран Клинички центар предвидено е да се потрошат половина од народните пари кои претходниот премиер и министер за здравство планираа да ги потрошат за изградба на Клиники во периферијата на Скопје. Ќе овозможиме врвна грижа и квалитет за пациентите и вработените во новиот Клинички центар.

The post Новиот Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Ристo Симеонов

„Неделава ќе се финализира локацијата за изградба на новиот Клинички центар. Големи се шансите де биде во Општина Ѓорче Петров, бидејќи локацијата е најповолна од сегашните резултати“ – Венко Филипче. „Верувам дека на почетокот на 2019 година ќе можеме да распишеме тендер за избор на изведувач, а некаде до крајот на 2019 година да почнеме со изградба на Клиничкиот центар“ – Зоран Заев.
Ова се изјави на поранешниот министер за здравство и поранешниот премиер за новиот Клинички центар на крајот на 2018 година. Од ова, како и многу други најавени проекти не видовме ништо. Предвиден беше клинички центар во Веле Поле, област во периферијата на Скопје. Земјиштето неиспитано, но тендерите се спремаа. За 4-5 години, тогашната влада предвидуваше да потроши околу 500 милиони евра на овој мега проект. Од недостатокот на капацитет и бездушноста на овие поранешни функционери со благодарност не’ двои се повеќе време. Денеска имаме реални планови за иднината. Посветла, домаќинска иднина за Македонскиот народ во кој ќе имаме меѓу другото и нов, модерен Клинички центар од кој ќе се гордееме. Во центарот на Скопје се наоѓа локација опкружена со булевари. Од едната страна булеварот Партизански одреди, од другата Октомвриска револуција, од третата пак поминува булеварот Илинден. Ова се разбира е локацијата на болницата ГОБ „8-ми Септември“. Место до кое лесно се стигнува, урбанизирано. Околу сегашната болница има слободно земјиште кое може лесно да се искористи за изградба на нови објекти. Зградата на старата „Воена болница“ со темелно реновирање ќе послужи како срце на новиот модерен Клинички центар во Скопје. Новиот Клинички центар предлагам да биде локализиран во комплекс на меѓусебно поврзани згради на местото на ГОБ „8 Септември“. Старата зграда, темелно реновирана, во која ќе се сместени хируршките и интернистички клиники. Делот кој до неодамна го користеше болницата „Филип Втори“ реновиран во модерен ургентен центар, каде се примаат сите итни пациенти и каде специјалистите од сите области доаѓаат за консултација. Модерни одделенија со напредна опрема и можност за усовршување на вработените во врвни центри низ светот, особено САД и земјите на ЕУ. Со проширување на ПЕТ центарот ќе се оформи новиот простор за Клиниката за онкологија. Во просторот околу постоечките објекти, изградба на нов педијатриско-гинеколошки и инфектолошки центар како и простории за научно-истражувачки лаборатории. Во просторот на стариот клинички центар би можеле да се задржат мал дел од услугите на сегашните клиники во зависност од предвидените потреби. За посета на новиот Клинички центар, покрај олеснетиот пристап, ќе бидат обезбедени и паркинг места. Во близина ќе бидат изградени големи катни гаражи кои со подземни и надземни топли ходници ќе бидат споени со зградите на Клиничкиот центар. Одделни паркинг места за вработените и посетителите и голем број на влезни и излезни места од зградите и гаражите ќе овозможи ефикасно движење на сообраќајот. Ќе заврши времето на пренесување на критични пациенти по разорени улици на дожд и снег од една до друга зграда како што сеуште се случува во стариот Клинички центар. Во реализацијата на оваа визија за нов, модерен и централно локализиран Клинички центар предвидено е да се потрошат половина од народните пари кои претходниот премиер и министер за здравство планираа да ги потрошат за изградба на Клиники во периферијата на Скопје. Ќе овозможиме врвна грижа и квалитет за пациентите и вработените во новиот Клинички центар.

The post Новиот Клинички центар appeared first on Република.

]]>
И без нов Клинички и без 20 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/i-bez-nov-klinichki-i-bez-20-milioni-evra/ Thu, 05 Jan 2023 09:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=593796

Скопје веќе ќе имаше Клинички центар, кој требаше да почне со изградба во 2017 година, доколку Владата на СДС не го запре процесот за кој имаше проект и обезбедени средства, тој Клиничли центар ќе чинеше 120 милиони евра, а не над половина милијарда како што заговараше СДС подоцна, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека 5 години подоцна откако СДСМ го уништи цел процес, Скопје нема нов Клинички центар, а Владата треба да исплати 20 милиони евра народни пари отштета на фирмата која требаше да го гради истиот.

Државата е донесена во позиција да плаќа штета причинета од незрели политики на владејачката елита, затоа наместо од буџетот Ковачевски и министрите да ја покријат штетата која ја причиниле. Власта влезе во процес за нов клинички центар три пати поскап од тој што можеше да се изгради за да прави криминал.

Алчноста на власта сега народот треба да ја плаќа.

Државата е оштетена, народот е оставен без модерен клинички центар кој сега ќе беше функционален. СДС со секој поминат ден повеќе на власт го уништува јавното здравство. Затоа потребни се промени и Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе инвестира во здравството, велат од партијата.

The post И без нов Клинички и без 20 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Скопје веќе ќе имаше Клинички центар, кој требаше да почне со изградба во 2017 година, доколку Владата на СДС не го запре процесот за кој имаше проект и обезбедени средства, тој Клиничли центар ќе чинеше 120 милиони евра, а не над половина милијарда како што заговараше СДС подоцна, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Потенцираат дека 5 години подоцна откако СДСМ го уништи цел процес, Скопје нема нов Клинички центар, а Владата треба да исплати 20 милиони евра народни пари отштета на фирмата која требаше да го гради истиот.
Државата е донесена во позиција да плаќа штета причинета од незрели политики на владејачката елита, затоа наместо од буџетот Ковачевски и министрите да ја покријат штетата која ја причиниле. Власта влезе во процес за нов клинички центар три пати поскап од тој што можеше да се изгради за да прави криминал. Алчноста на власта сега народот треба да ја плаќа. Државата е оштетена, народот е оставен без модерен клинички центар кој сега ќе беше функционален. СДС со секој поминат ден повеќе на власт го уништува јавното здравство. Затоа потребни се промени и Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе инвестира во здравството, велат од партијата.

The post И без нов Клинички и без 20 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Груевски: „Браво момци”! 8.5 милиони евра, кои за ништо ќе бидат оддлеани од буџетот, чини новата детска болница во Козле https://republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-bravo-momci-8-5-milioni-evra-koi-za-nishto-kje-bidat-oddleani-od-budzetot-chini-novata-detska-bolnica-vo-kozle/ Thu, 13 Oct 2022 09:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=560452

„Браво момци”! „Ќе не биде”!, саркастично коментира поранешниот премиер Никола Груевски на веста дека Министерството за здравство треба да исплати 8,5 милиони евра како пенали поради раскинувањето на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/todorov-go-potpisha-filipche-go-raskina-sali-kje-plakja-8-5-milioni-evra-penali-za-neizgradeniot-klinichki/

Дури 8,5 милиони евра треба да исплати Министерството за здравство поради раскинување на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.…Колку за споредба, 8,5 милиони евра кои за ништо ќе бидат оддлеани од буџетот е сума колку што чини новата детска болница во Козле, или, пак, набавка на 4 нови линеарни акцелератори за онколошки пациенти, вели Груевски.

The post Груевски: „Браво момци”! 8.5 милиони евра, кои за ништо ќе бидат оддлеани од буџетот, чини новата детска болница во Козле appeared first on Република.

]]>

„Браво момци”! „Ќе не биде”!, саркастично коментира поранешниот премиер Никола Груевски на веста дека Министерството за здравство треба да исплати 8,5 милиони евра како пенали поради раскинувањето на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. https://republika.mk/vesti/makedonija/todorov-go-potpisha-filipche-go-raskina-sali-kje-plakja-8-5-milioni-evra-penali-za-neizgradeniot-klinichki/
Дури 8,5 милиони евра треба да исплати Министерството за здравство поради раскинување на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.…Колку за споредба, 8,5 милиони евра кои за ништо ќе бидат оддлеани од буџетот е сума колку што чини новата детска болница во Козле, или, пак, набавка на 4 нови линеарни акцелератори за онколошки пациенти, вели Груевски.

The post Груевски: „Браво момци”! 8.5 милиони евра, кои за ништо ќе бидат оддлеани од буџетот, чини новата детска болница во Козле appeared first on Република.

]]>
Тодоров го потпиша, Филипче го раскина, Сали ќе плаќа 8.5 милиони евра пенали за неизградениот Клинички https://republika.mk/vesti/makedonija/todorov-go-potpisha-filipche-go-raskina-sali-kje-plakja-8-5-milioni-evra-penali-za-neizgradeniot-klinichki/ Wed, 12 Oct 2022 15:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=560239

Дури 8,5 милиони евра треба да исплати Министерството за здравство поради раскинување на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тодоров го потпиша, Филипче го раскина а сега Беким Сали ќе ги плаќа пеналите на италијанската фирма, дознава „Сител“. Според информациите на телевизијата, во МЗ веќе стигнале две писма од компанијата и правниот тим бара начини како да ги намалат милионите но и да не плаќаат заостаната камата со која сумата ќе биде драстично поголема.

Од Министерството за здравство ниту ја демантираат ниту ја потврдуваат информацијата дека ќе треба да потрошат многу пари за раскинување на договор.

Колку за споредба, 8,5 милиони евра кои за ништо ќе бидат оддлеани од буџетот е сума колку што чини новата детска болница во Козле, или, пак, набавка на 4 нови линеарни акцелератори за онколошки пациенти.

Во 2017 година кога Никола Тодоров како технички министер го потпиша договорот со италијанската фирма кажа дека новиот објект ќе биде изграден за 5 години и ќе чини 72 милиони евра. Сега на ова место позади ќе имаше готов проект, но наместо тоа надлежните ќе плаќаат пенали а за нов клинички комплекс нема ниту сериозни најави каде ќе биде и кога ќе го градат.

Претходниот министер за здравство Венко Филипче ниту еднаш не потврди дека фирмата со која го раскинаа договорот ќе бара плаќање на пенали. Арбитражен суд е една опциите на сегашниот прв човек во здравствениот систем за да не даде толку многу пари во време на економска криза.

The post Тодоров го потпиша, Филипче го раскина, Сали ќе плаќа 8.5 милиони евра пенали за неизградениот Клинички appeared first on Република.

]]>

Дури 8,5 милиони евра треба да исплати Министерството за здравство поради раскинување на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тодоров го потпиша, Филипче го раскина а сега Беким Сали ќе ги плаќа пеналите на италијанската фирма, дознава „Сител“. Според информациите на телевизијата, во МЗ веќе стигнале две писма од компанијата и правниот тим бара начини како да ги намалат милионите но и да не плаќаат заостаната камата со која сумата ќе биде драстично поголема. Од Министерството за здравство ниту ја демантираат ниту ја потврдуваат информацијата дека ќе треба да потрошат многу пари за раскинување на договор. Колку за споредба, 8,5 милиони евра кои за ништо ќе бидат оддлеани од буџетот е сума колку што чини новата детска болница во Козле, или, пак, набавка на 4 нови линеарни акцелератори за онколошки пациенти. Во 2017 година кога Никола Тодоров како технички министер го потпиша договорот со италијанската фирма кажа дека новиот објект ќе биде изграден за 5 години и ќе чини 72 милиони евра. Сега на ова место позади ќе имаше готов проект, но наместо тоа надлежните ќе плаќаат пенали а за нов клинички комплекс нема ниту сериозни најави каде ќе биде и кога ќе го градат. Претходниот министер за здравство Венко Филипче ниту еднаш не потврди дека фирмата со која го раскинаа договорот ќе бара плаќање на пенали. Арбитражен суд е една опциите на сегашниот прв човек во здравствениот систем за да не даде толку многу пари во време на економска криза.

The post Тодоров го потпиша, Филипче го раскина, Сали ќе плаќа 8.5 милиони евра пенали за неизградениот Клинички appeared first on Република.

]]>
Сали: Новиот Клинички може да чини од 150 милиони до 1 милијарда евра https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-noviot-klinichki-moze-da-chini-od-150-milioni-do-1-milijarda-evra/ Fri, 20 May 2022 13:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=504812

Новиот Клинички центар може да се гради со 150 милиони, со 500 милиони и до една милијарда евра, а за локацијата се уште има повеќе опции, изјави за ТВ Сител, министерот за здравство Беким Сали

Новиот Клинички центар е од животно значење за државата и тоа не треба да се гледа низ партиски бои. Се уште сме во фаза на дискусија, нема одлука. Не можам за мене да кажувам која локација е најдобра, затоа што тоа треба да биде решено со експерти. Досега имаме политичка волја дека ќе биде поддржан и од опозицијата и сметам дека досега најголемата пречка се надминува. Не знам како ќе течат преговорите, рече Сали за изградбата на новиот Клинички центар.

Сали додаде дека последната идеја за местото Веле поле во Ѓорче Петров пропадна, но како локација се уште постои како опција.

Зависи колку имаме и колку ќе инвестираме, тој може да се гради со 150 милиони, преку 500 милиони до милијарда евра, зависи колку можеме да си дозволиме. Износот на финансии е според можностите на државата, рече Сали кој беше гостин во во Дневникот на ТВ Сител.

The post Сали: Новиот Клинички може да чини од 150 милиони до 1 милијарда евра appeared first on Република.

]]>

Новиот Клинички центар може да се гради со 150 милиони, со 500 милиони и до една милијарда евра, а за локацијата се уште има повеќе опции, изјави за ТВ Сител, министерот за здравство Беким Сали
Новиот Клинички центар е од животно значење за државата и тоа не треба да се гледа низ партиски бои. Се уште сме во фаза на дискусија, нема одлука. Не можам за мене да кажувам која локација е најдобра, затоа што тоа треба да биде решено со експерти. Досега имаме политичка волја дека ќе биде поддржан и од опозицијата и сметам дека досега најголемата пречка се надминува. Не знам како ќе течат преговорите, рече Сали за изградбата на новиот Клинички центар.
Сали додаде дека последната идеја за местото Веле поле во Ѓорче Петров пропадна, но како локација се уште постои како опција. Зависи колку имаме и колку ќе инвестираме, тој може да се гради со 150 милиони, преку 500 милиони до милијарда евра, зависи колку можеме да си дозволиме. Износот на финансии е според можностите на државата, рече Сали кој беше гостин во во Дневникот на ТВ Сител.

The post Сали: Новиот Клинички може да чини од 150 милиони до 1 милијарда евра appeared first on Република.

]]>
Сали: Во игра се три локации за новиот Клинички центар https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-vo-igra-se-tri-lokacii-za-noviot-klinichki-centar/ Mon, 16 May 2022 13:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=502951

Клиничкиот центар е проект за кој се зборува веќе 17 години. Од првата недела кога стапив на функцијата кажав дека едно од можните решенија за сите проблеми со кои се соочуваме во здравството е изградбата на новата Универзитетска клиника во Скопје која што ќе биде супституција на постоечката Универзитетска клиника. Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека локацијата засега се уште останува Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има веќе постоечка болница со надградување и проширување на дејноста.

Според него, не значи дека само градбата ќе ги реши сите проблеми, туку организацискиот дел, споеноста на клиниките, соработката односно конзилијарната соработка меѓу клиниките би придонела за навремено дијагностицирање и третман на пациенти.

Имаме реално маки во препраќање од една клиника во друга клиника и мнозина од нас сме се соочиле во некакви околности. Иницирав работна група и од опозиција и од позиција. Во политичкиот дел имаме усогласеност меѓу сите чинители во јавната расправа што сметам дека во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Засега можам да кажам дека начелно е надмината таа пречка. Меѓутоа, се уште не сме дојдени во фаза на локација, на износ, на содржина на таа клиника, на величина колку ќе биде, значи димензиите не ги знаеме се уште, а и локациите не ги знаеме сто отсто. Една од опциите е касарната „Илинден“. Три позиции се предмет на дискусија. Која од локациите ќе биде одредена тоа зависи прво, освен политичкиот дел што сметам дека не е главен, ќе биде во делот на катастарските услови – дали може да се гради и за колку би се градела, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на новиот линеарен акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Размислуваме како работна група, појасни министерот, дека Клиничкиот центар треба да се изгради на локација која овозможува веќе постоечка логистика, да не се гради каде имаме потреба од дополнителни средства да трошиме за оддалеченост што во минатото можеби било и предмет на дискусија, а тоа воглавно било и причина за блокирање на таков еден предлог.

Во техничкиот дел се уште немаме ништо одредено, освен првиот момент кој јас го сметам како најважен да има политичко усогласување за терање на тој проект. Се уште не сме дошле до фаза на ограничување временско до кога мора да се усогласиме. Тоа се сепак претставници од политички партии и внатрепартиски дискусии, можеби треба да се донесе една таква одлука, рече Сали.

Во врска со Законот за новиот Клинички центар, рече дека засега изгледа тој ќе биде повлечен, меѓутоа се уште не донеле финална одлука.

The post Сали: Во игра се три локации за новиот Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Клиничкиот центар е проект за кој се зборува веќе 17 години. Од првата недела кога стапив на функцијата кажав дека едно од можните решенија за сите проблеми со кои се соочуваме во здравството е изградбата на новата Универзитетска клиника во Скопје која што ќе биде супституција на постоечката Универзитетска клиника. Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека локацијата засега се уште останува Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има веќе постоечка болница со надградување и проширување на дејноста. Според него, не значи дека само градбата ќе ги реши сите проблеми, туку организацискиот дел, споеноста на клиниките, соработката односно конзилијарната соработка меѓу клиниките би придонела за навремено дијагностицирање и третман на пациенти.
Имаме реално маки во препраќање од една клиника во друга клиника и мнозина од нас сме се соочиле во некакви околности. Иницирав работна група и од опозиција и од позиција. Во политичкиот дел имаме усогласеност меѓу сите чинители во јавната расправа што сметам дека во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Засега можам да кажам дека начелно е надмината таа пречка. Меѓутоа, се уште не сме дојдени во фаза на локација, на износ, на содржина на таа клиника, на величина колку ќе биде, значи димензиите не ги знаеме се уште, а и локациите не ги знаеме сто отсто. Една од опциите е касарната „Илинден“. Три позиции се предмет на дискусија. Која од локациите ќе биде одредена тоа зависи прво, освен политичкиот дел што сметам дека не е главен, ќе биде во делот на катастарските услови – дали може да се гради и за колку би се градела, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на новиот линеарен акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Размислуваме како работна група, појасни министерот, дека Клиничкиот центар треба да се изгради на локација која овозможува веќе постоечка логистика, да не се гради каде имаме потреба од дополнителни средства да трошиме за оддалеченост што во минатото можеби било и предмет на дискусија, а тоа воглавно било и причина за блокирање на таков еден предлог.
Во техничкиот дел се уште немаме ништо одредено, освен првиот момент кој јас го сметам како најважен да има политичко усогласување за терање на тој проект. Се уште не сме дошле до фаза на ограничување временско до кога мора да се усогласиме. Тоа се сепак претставници од политички партии и внатрепартиски дискусии, можеби треба да се донесе една таква одлука, рече Сали.
Во врска со Законот за новиот Клинички центар, рече дека засега изгледа тој ќе биде повлечен, меѓутоа се уште не донеле финална одлука.

The post Сали: Во игра се три локации за новиот Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Во игра се три локации за новиот клинички центар https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-igra-se-tri-lokacii-za-noviot-klinichki-centar/ Mon, 16 May 2022 11:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=502886

Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција ја истакна поранешната касарна „Илинден“ како една од трите можни локации за изградба на нов клинички центар.

Министерот Сали потсети дека за изградба на нов клинички центар се зборува 17 години и уште еднаш кажа дека со неговата изградба ќе се надминат сегашните маки кои ги имаат пациентите со препраќање од една на друга клиника оти сè ќе добијат на едно место.

Локацијата не е одредена сто посто. Една е Илинден, но има три позиции кои се предмет на дискусија. Која локација ќе биде одредена, освен од политичкиот момент, кој не е главен, ќе зависи од делот на катастарските услови. Клиничкиот центар треба да се изгради на локација со постојна логистика, да не трошиме дополнителни средства за оддалеченост која во минатото била предмет на дискусија и блокирање. Локациите засега сè уште се Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има постоечка болница со надградување и проширување на дејноста - рече министерот Сали.

The post Во игра се три локации за новиот клинички центар appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција ја истакна поранешната касарна „Илинден“ како една од трите можни локации за изградба на нов клинички центар. Министерот Сали потсети дека за изградба на нов клинички центар се зборува 17 години и уште еднаш кажа дека со неговата изградба ќе се надминат сегашните маки кои ги имаат пациентите со препраќање од една на друга клиника оти сè ќе добијат на едно место.