нов дел Archives - Република https://republika.mk/tema/nov-del/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jan 2022 14:34:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов дел Archives - Република https://republika.mk/tema/nov-del/ 32 32 Откриен нов дел од човековата вилица https://republika.mk/zivot/zdravje/otkrien-nov-del-od-chovekovata-vilica/ Mon, 03 Jan 2022 14:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=440080

Група швајцарски научници открија нов, досега непознат дел од човековото тело. Тоа е третиот слој на мускулот на долната вилица за којшто науката досега не знаеше.

Засега не се разгледувало дали има трет слој на овој т.н. масетеричен мускул. Во испитувањата се користени 12 глави од човечки тела, кои биле складирани во формалдехид, а потоа и расчленети. Освен тоа, и глава на жива личност била прегледана со магнетна резонанца.

Кога се стегаат забите и се ставаат прстите на образот, можно е да се забележи мускулот, кој е неопходен за џвакање храна. Новитетот е објавен во научното списание „Аналс оф анатоми“ (Annals of Anatomy).

Според Јенс Кристоф, еден од истражувачите и професор на швајцарскиот Универзитет на Базел, ова е исклучително битно откритие.

Според д-р Силвија Мезеј, која го водела истражувањето, овој дел од мускулот, веројатно, ја стабилизира долната вилица и ѝ дозволува да се врати накај увото. А, откритието пак, според научниците, покажува колку човекот не си ја познава анатомијата.

The post Откриен нов дел од човековата вилица appeared first on Република.

]]>

Група швајцарски научници открија нов, досега непознат дел од човековото тело. Тоа е третиот слој на мускулот на долната вилица за којшто науката досега не знаеше. Засега не се разгледувало дали има трет слој на овој т.н. масетеричен мускул. Во испитувањата се користени 12 глави од човечки тела, кои биле складирани во формалдехид, а потоа и расчленети. Освен тоа, и глава на жива личност била прегледана со магнетна резонанца. Кога се стегаат забите и се ставаат прстите на образот, можно е да се забележи мускулот, кој е неопходен за џвакање храна. Новитетот е објавен во научното списание „Аналс оф анатоми“ (Annals of Anatomy). Според Јенс Кристоф, еден од истражувачите и професор на швајцарскиот Универзитет на Базел, ова е исклучително битно откритие. Според д-р Силвија Мезеј, која го водела истражувањето, овој дел од мускулот, веројатно, ја стабилизира долната вилица и ѝ дозволува да се врати накај увото. А, откритието пак, според научниците, покажува колку човекот не си ја познава анатомијата.

The post Откриен нов дел од човековата вилица appeared first on Република.

]]>