нов бран Archives - Република https://republika.mk/tema/nov-bran/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 16:44:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов бран Archives - Република https://republika.mk/tema/nov-bran/ 32 32 Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции https://republika.mk/zivot/zdravje/noviot-soj-na-koronavirusot-predizvika-bran-infektsii/ Mon, 22 Jul 2024 16:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=799290

Новата варијанта на коринаирусот, позната како ФЛИРТ предизвика бран инфекции во Холандиија и покрај летните горештини.

Професорката по вирусологија на Универзитетскиот медицински центар Еразмус во Ротердам, Марион Копманс забележала дека најточниот показател на обемот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води.

Бројот на вирусни честички во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период 2023 или дури 2021 година, кога беше распостранет уште еден сој на коронавирусот, делта, додаде професорката.

Како што таа неведува, актуелниот бран на болеста не се споредува со претходниот. Сепак, како што таа напоменува, нема причини за паника.

Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко, отколку порано. Бројот на хоспитализации во овој момент скоо и да не се зголемува, и покрај големиот број инфекции, вели Копманс и додава дека кашлицата, затнат нос, главоболка и болки во мускулите се меѓу симптомите.

Националниот институт за здравје на Холандија од 8 до 14 јули тестирал 10.300 Холанѓани и било откриено дека 1,3 отсто од нив се заразени со коронавирус.

 

The post Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции appeared first on Република.

]]>

Новата варијанта на коринаирусот, позната како ФЛИРТ предизвика бран инфекции во Холандиија и покрај летните горештини. Професорката по вирусологија на Универзитетскиот медицински центар Еразмус во Ротердам, Марион Копманс забележала дека најточниот показател на обемот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води. Бројот на вирусни честички во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период 2023 или дури 2021 година, кога беше распостранет уште еден сој на коронавирусот, делта, додаде професорката. Како што таа неведува, актуелниот бран на болеста не се споредува со претходниот. Сепак, како што таа напоменува, нема причини за паника. Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко, отколку порано. Бројот на хоспитализации во овој момент скоо и да не се зголемува, и покрај големиот број инфекции, вели Копманс и додава дека кашлицата, затнат нос, главоболка и болки во мускулите се меѓу симптомите. Националниот институт за здравје на Холандија од 8 до 14 јули тестирал 10.300 Холанѓани и било откриено дека 1,3 отсто од нив се заразени со коронавирус.  

The post Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции appeared first on Република.

]]>
Нов бран на ковид-19 во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/nov-bran-na-kovid-19-vo-srbija/ Thu, 31 Aug 2023 10:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=677551

Висока температура, слабеење на сетилото за мирис и вкус, покачено ЦРП и пневмонија се симптоми на новите соеви на коронавирус кои ја зафатија Србија. Лекарите предупредуваат да се биде внимателен, бидејќи постоечките тестови за ковид-19 се несигурни, а чекалните пред ординациите се преполни. Масовно на болничко лекување завршуваат лица над 65 години, лица со хронични заболувања, од кои повеќето се невакцинирани, јавуваат српските медиуми.

Според написите во последните две недели лекарите по општа медицина работат со полна пареа, а респираторните вируси и новиот бран на ковид-19 се сè поагресивни, па болничките кревети на Инфективната клиника и Клиниката за пулмологија на Универзитетската болница на Србија се пополнуваат.

Веќе 15 дена се бориме со короната, таа повторно се разгоре“. Граѓаните го носат вирусот од Грција, Црна Гора и други земји, каде што биле на одмор. Овој вид има очигледни симптоми на ковид, но лекарите можат да го помешаат и со алергии, кои се сега актуелни. Ова е местото каде што се јавува висок CRP, брзо се појавува пневмонија, бидејќи вирусот го напаѓа ткивото на белите дробови. Изгледа цел на вирусот се оние кои не се вакцинирани, но има и спорадично вакцинирани со поблаги симптоми. Помладите имаат висока температура до 40, која трае неколку дена. Повозрасните граѓани имаат компликации, како и луѓето со коморбидитети, а неколку мои пациенти веќе се примени на Инфективната клиника, изјави за „Нова.рс“, Драган Миљковиќ, специјалист по општа медицина.

 

The post Нов бран на ковид-19 во Србија appeared first on Република.

]]>

Висока температура, слабеење на сетилото за мирис и вкус, покачено ЦРП и пневмонија се симптоми на новите соеви на коронавирус кои ја зафатија Србија. Лекарите предупредуваат да се биде внимателен, бидејќи постоечките тестови за ковид-19 се несигурни, а чекалните пред ординациите се преполни. Масовно на болничко лекување завршуваат лица над 65 години, лица со хронични заболувања, од кои повеќето се невакцинирани, јавуваат српските медиуми. Според написите во последните две недели лекарите по општа медицина работат со полна пареа, а респираторните вируси и новиот бран на ковид-19 се сè поагресивни, па болничките кревети на Инфективната клиника и Клиниката за пулмологија на Универзитетската болница на Србија се пополнуваат.
Веќе 15 дена се бориме со короната, таа повторно се разгоре“. Граѓаните го носат вирусот од Грција, Црна Гора и други земји, каде што биле на одмор. Овој вид има очигледни симптоми на ковид, но лекарите можат да го помешаат и со алергии, кои се сега актуелни. Ова е местото каде што се јавува висок CRP, брзо се појавува пневмонија, бидејќи вирусот го напаѓа ткивото на белите дробови. Изгледа цел на вирусот се оние кои не се вакцинирани, но има и спорадично вакцинирани со поблаги симптоми. Помладите имаат висока температура до 40, која трае неколку дена. Повозрасните граѓани имаат компликации, како и луѓето со коморбидитети, а неколку мои пациенти веќе се примени на Инфективната клиника, изјави за „Нова.рс“, Драган Миљковиќ, специјалист по општа медицина.
 

The post Нов бран на ковид-19 во Србија appeared first on Република.

]]>
СЗО: Нов бран на корона ѝ се заканува на Европа https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-nov-bran-na-korona-se-zakanuva-na-evropa/ Fri, 07 Oct 2022 20:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=558557

Изгледа дека нов бран на Ковид-19 би можел да пристигне во Европа со почетокот на постуденото време, додека експертите за јавно здравје велат дека заморот од вакцините и конфузијата за видовите на достапни вакцини веројатно ќе го ограничат опфатот.

Подваријантите на омикрон BA.4/5 кои доминираа летово сè уште претставуваат најголем дел од инфекциите, но и поновите подваријанти добиваат на сила.

Научниците следат стотици нови форми на омикрон, изјавија претставници на Светската здравствена организација (СЗО). Податоците на СЗО покажаа дека во Европската унија (ЕУ) има 1,5 милиони случаи, што е за осум отсто повеќе од претходната недела и покрај големото намалување на тестирањата.

Бројот на хоспитализирани во многу земји на Унијата, како и во Велика Британија, е зголемен во последните недели.

Минатата недела бројот на лица хоспитализирани со симптоми на Ковид-19 се зголеми за речиси 32 отсто во Италија, додека бројот на лица хоспитализирани на интензивна нега е зголемен за 21 отсто во споредба со претходната недела, покажуваат податоците собрани од независната научна фондација Гимбе.

Во истата недела, бројот на хоспитализации заразени со Ковид во Британија се зголемил за 45 проценти во споредба со неделата претходно. Вакцините прилагодени на Омикрон се достапни во Европа од септември. Постојат два вида вакцини за подваријантите BA.1 како и BA.4/5 кои се достапни како додаток на постојните вакцини од првата генерација.

Во Велика Британија зелено светло добија само вакцините приспособени на подваријантата BA.1. Европските и британските власти ги одобрија најновите вакцини само за одредени групи луѓе, вклучително и постари лица и оние со компромитиран имунолошки систем.

Експертите за јавно здравје велат дека ситуацијата дополнително се усложнува со „изборот“ на бустер вакцини, што може дополнително да ги збуни потенцијалните заинтересирани страни. Но, подготвеноста да се прими нова доза од вакцината, која за некои може да биде четврта или петта, слабее.

„За оние кои можеби се помалку загрижени, пораката дека сѐ е готово во комбинација со недостатокот на некоја голема рекламна кампања веројатно ќе ја намали вакцинацијата“, рече Мартин Меки, професор по европско јавно здравје на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

„Значи, генерално, се плашам дека покриеноста ќе биде прилично помала“, додаде тој. „Друг збунувачки факт е дека доста голем дел од населението можеби имало епизода на Ковид-19 во последните месеци“, рече Пени Вард, визитинг професор на Кралскиот колеџ во Лондон.

„Некои може погрешно да заклучат дека по примарната вакцинација и закрепнувањето од Ковид-19, ќе останат имуни, додава Вард.

Од 5 септември, кога беа воведени новите вакцини во ЕУ, до земјите членки се доставени околу 40 милиони дози вакцини произведени од Pfizer-BioNTech и Moderna, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Сепак, меѓу 1 и 1,4 милиони луѓе биле вакцинирани неделно во Европската унија во септември, во споредба со 6-10 милиони неделно пред една година, покажуваат податоците на ECDC.

The post СЗО: Нов бран на корона ѝ се заканува на Европа appeared first on Република.

]]>

Изгледа дека нов бран на Ковид-19 би можел да пристигне во Европа со почетокот на постуденото време, додека експертите за јавно здравје велат дека заморот од вакцините и конфузијата за видовите на достапни вакцини веројатно ќе го ограничат опфатот.

Подваријантите на омикрон BA.4/5 кои доминираа летово сè уште претставуваат најголем дел од инфекциите, но и поновите подваријанти добиваат на сила. Научниците следат стотици нови форми на омикрон, изјавија претставници на Светската здравствена организација (СЗО). Податоците на СЗО покажаа дека во Европската унија (ЕУ) има 1,5 милиони случаи, што е за осум отсто повеќе од претходната недела и покрај големото намалување на тестирањата. Бројот на хоспитализирани во многу земји на Унијата, како и во Велика Британија, е зголемен во последните недели. Минатата недела бројот на лица хоспитализирани со симптоми на Ковид-19 се зголеми за речиси 32 отсто во Италија, додека бројот на лица хоспитализирани на интензивна нега е зголемен за 21 отсто во споредба со претходната недела, покажуваат податоците собрани од независната научна фондација Гимбе. Во истата недела, бројот на хоспитализации заразени со Ковид во Британија се зголемил за 45 проценти во споредба со неделата претходно. Вакцините прилагодени на Омикрон се достапни во Европа од септември. Постојат два вида вакцини за подваријантите BA.1 како и BA.4/5 кои се достапни како додаток на постојните вакцини од првата генерација. Во Велика Британија зелено светло добија само вакцините приспособени на подваријантата BA.1. Европските и британските власти ги одобрија најновите вакцини само за одредени групи луѓе, вклучително и постари лица и оние со компромитиран имунолошки систем. Експертите за јавно здравје велат дека ситуацијата дополнително се усложнува со „изборот“ на бустер вакцини, што може дополнително да ги збуни потенцијалните заинтересирани страни. Но, подготвеноста да се прими нова доза од вакцината, која за некои може да биде четврта или петта, слабее. „За оние кои можеби се помалку загрижени, пораката дека сѐ е готово во комбинација со недостатокот на некоја голема рекламна кампања веројатно ќе ја намали вакцинацијата“, рече Мартин Меки, професор по европско јавно здравје на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина. „Значи, генерално, се плашам дека покриеноста ќе биде прилично помала“, додаде тој. „Друг збунувачки факт е дека доста голем дел од населението можеби имало епизода на Ковид-19 во последните месеци“, рече Пени Вард, визитинг професор на Кралскиот колеџ во Лондон. „Некои може погрешно да заклучат дека по примарната вакцинација и закрепнувањето од Ковид-19, ќе останат имуни, додава Вард. Од 5 септември, кога беа воведени новите вакцини во ЕУ, до земјите членки се доставени околу 40 милиони дози вакцини произведени од Pfizer-BioNTech и Moderna, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Сепак, меѓу 1 и 1,4 милиони луѓе биле вакцинирани неделно во Европската унија во септември, во споредба со 6-10 милиони неделно пред една година, покажуваат податоците на ECDC.

The post СЗО: Нов бран на корона ѝ се заканува на Европа appeared first on Република.

]]>
ЕМА: Нов бран на Ковид-19 во Европа https://republika.mk/zivot/zdravje/ema-nov-bran-na-kovid-19-vo-evropa/ Thu, 07 Jul 2022 18:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=525653

Висок функционер на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска изјави дека во многу земји во ЕУ има нов бран на инфекции со Ковид-19 поттикнат од високо преносливи мутации на  Омикрон сојот на вирусот.

Марко Кавалери од ЕМА во онлајн обраќање до новинарите нагласи дека мутациите на омикрон BA.4 и BA.5 се очекува да станат доминантни низ целиот континент и најверојатно „да ги заменат другите варијанти до крајот на јули“.

Тој додаде дека иако нема докази дека новите подсоеви предизвикуваат потешки форми на болеста од претходните, зголемениот пренос кај постарата популација покажува дека болеста станува се потешка.

Во април, ЕМА ги советуваше луѓето над 80 години да добијат втора засилувачка вакцина против Ковид-19.

Кавалери рече дека засилувачките дози сега им се советуваат за луѓето во ЕУ на возраст од 60 до 79 години, како и за медицински чувствителните луѓе на која било возраст.

„Додека овој нов бран се шири во ЕУ, неопходно е да се одржи заштитата на ранливите групи и да се избегне одложување на вакцинацијата“,

The post ЕМА: Нов бран на Ковид-19 во Европа appeared first on Република.

]]>

Висок функционер на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска изјави дека во многу земји во ЕУ има нов бран на инфекции со Ковид-19 поттикнат од високо преносливи мутации на  Омикрон сојот на вирусот. Марко Кавалери од ЕМА во онлајн обраќање до новинарите нагласи дека мутациите на омикрон BA.4 и BA.5 се очекува да станат доминантни низ целиот континент и најверојатно „да ги заменат другите варијанти до крајот на јули“. Тој додаде дека иако нема докази дека новите подсоеви предизвикуваат потешки форми на болеста од претходните, зголемениот пренос кај постарата популација покажува дека болеста станува се потешка. Во април, ЕМА ги советуваше луѓето над 80 години да добијат втора засилувачка вакцина против Ковид-19. Кавалери рече дека засилувачките дози сега им се советуваат за луѓето во ЕУ на возраст од 60 до 79 години, како и за медицински чувствителните луѓе на која било возраст. „Додека овој нов бран се шири во ЕУ, неопходно е да се одржи заштитата на ранливите групи и да се избегне одложување на вакцинацијата“,

The post ЕМА: Нов бран на Ковид-19 во Европа appeared first on Република.

]]>
Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен https://republika.mk/vesti/svet/germanija-se-podgotvuva-za-nov-pandemiski-bran-naesen/ Sun, 03 Jul 2022 12:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=523060

Германија треба што е можно поскоро да донесе концепт за борба против можниот нов бран на пандемијата на коронавирус наесен, изјави денеска сојузниот министер за правда Марко Бушман.

Најверојатно ќе го претставиме концептот за борба против коронавирусот за есен во текот на јули, рече Бушман во интервју за дневниот весник „Велт ам Зонтаг“.

Тој рече дека во рамки на новиот концепт „заштитната маска ќе игра посилна улога“, што би значело евентуално враќање на обврската за носење маски во затворени простори.

Според Бушман, мерките ќе бидат приспособени на досегашните податоци од теренот, односно зачестеноста на заразите.

Сепак, тој ја отфрли можноста за повторно воведување мерки како што се заклучување или затворање училишта.

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах во неколку наврати во последните денови ги предупреди граѓаните за новите пандемиски бранови што се очекуваат во Германија на есен и зима.

The post Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен appeared first on Република.

]]>

Германија треба што е можно поскоро да донесе концепт за борба против можниот нов бран на пандемијата на коронавирус наесен, изјави денеска сојузниот министер за правда Марко Бушман.
Најверојатно ќе го претставиме концептот за борба против коронавирусот за есен во текот на јули, рече Бушман во интервју за дневниот весник „Велт ам Зонтаг“.
Тој рече дека во рамки на новиот концепт „заштитната маска ќе игра посилна улога“, што би значело евентуално враќање на обврската за носење маски во затворени простори. Според Бушман, мерките ќе бидат приспособени на досегашните податоци од теренот, односно зачестеноста на заразите. Сепак, тој ја отфрли можноста за повторно воведување мерки како што се заклучување или затворање училишта. Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах во неколку наврати во последните денови ги предупреди граѓаните за новите пандемиски бранови што се очекуваат во Германија на есен и зима.

The post Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен appeared first on Република.

]]>
Сали: Стравот од нов бран секогаш постои https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-stravot-od-nov-bran-sekogash-postoi/ Wed, 23 Mar 2022 10:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=477079

Ситуацијата со ковид инфекции е смирена и засега земјата е во зелена зона, но засега не треба да се носат избрзани одлуки, вели министерот за здравство Беким Сали за Радио Слободна Европа на прашањето дали ќе се укинат сертификатите за вакцинација против ковид. На денешната средба со комисијата за заштита од заразни болести ќе се разгледуваат нови предлози за мерки во однос на последните податоци од Институтот за јавно здравје.

Стравувањето од нов бран секогаш постои, и во минатото се докажа дека опаѓањето на броеви во која било држава не е гарант дека нема да има нов бран. Ние сме отворена држава, комуницираме со туристи кои што доаѓаат, и ние патуваме многу така што во едно општество кое е отворено и неограниченото движење на луѓе, секогаш може да се очекува зголемување на број на новоинфицирани вели Сали.

Целиот текст овде.

The post Сали: Стравот од нов бран секогаш постои appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата со ковид инфекции е смирена и засега земјата е во зелена зона, но засега не треба да се носат избрзани одлуки, вели министерот за здравство Беким Сали за Радио Слободна Европа на прашањето дали ќе се укинат сертификатите за вакцинација против ковид. На денешната средба со комисијата за заштита од заразни болести ќе се разгледуваат нови предлози за мерки во однос на последните податоци од Институтот за јавно здравје.
Стравувањето од нов бран секогаш постои, и во минатото се докажа дека опаѓањето на броеви во која било држава не е гарант дека нема да има нов бран. Ние сме отворена држава, комуницираме со туристи кои што доаѓаат, и ние патуваме многу така што во едно општество кое е отворено и неограниченото движење на луѓе, секогаш може да се очекува зголемување на број на новоинфицирани вели Сали.
Целиот текст овде.

The post Сали: Стравот од нов бран секогаш постои appeared first on Република.

]]>