нота Archives - Република https://republika.mk/tema/nota/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Jan 2023 11:01:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нота Archives - Република https://republika.mk/tema/nota/ 32 32 Милков: Со нота бараме пристап на сите Бугари на споменикот на Гоце Делчев https://republika.mk/vesti/balkan/milkov-so-nota-barame-pristap-na-site-bugari-na-spomenikot-na-gotse-delchev/ Fri, 27 Jan 2023 11:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=601599

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на бугарските државјани кои ќе патуваат во Македонија до споменикот на Гоце Делчев на 4-ти февруари. На чествувањето ќе присуствуваат и претставници на бугарската амбасада во Македонија. Ова го соопштил денеска министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков на брифинг со новинарите, пренесе БНТ.

Клучно е да се обезбеди безбедност и спокојство на Бугарите. Обезбедувањето непречено чествување на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Не бегаме од таков дијалог. Денеска телефонски разговор ќе има нашиот премиер со македонскиот Ковачевски и како еден од главните елементи ќе биде обезбедувањето на безбедноста, како за тамошните бугарски граѓани општо, така и во однос на тоа што се ќе се случува на 4 февруари. Ние се залагаме за таква деескалација и не треба да се врати на ситуацијата од пред една недела, бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата - посочи Милков.

Шефот на бугарската дипломатија посочи дека доколку Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан.

Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан. Андреј Ковачев е известувач за РМ во ЕП - потсетил тој.

Бугарија ќе бара гаранции од властите во Македонија дека овдешните институции, како што вели, ќе ги исполнат своите функции и ќе си ја вршат својата работа.

Бугарите и луѓето со бугарска самосвест немаат доверба во македонските институции, таквите поплаки што ги поднесуваат не се разгледуваат или ако се разгледаат добиваат негативен резултат, при што овие Бугари стануваат жртви на малтретирање и закани. Треба да се увериме дека македонските институции ќе започнат со својата работа. Комисијата за заштита од дискриминација наместо да ги разгледува извештаите, се сврте против нив - тврди Милков.

The post Милков: Со нота бараме пристап на сите Бугари на споменикот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Бугарите се навредиле: Софија со нота до МНР регира за дел од слоганите на протестите во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarite-se-navredile-sofija-so-nota-do-mnr-regira-za-del-od-sloganite-na-protestite-vo-skopje/ Tue, 12 Jul 2022 14:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=527610

Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Македонија.

Во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји“.

Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и пронаоѓање трајно взаемноприфатливо решение во интерес на европската интеграција на Македонија и регионот, се наведува во нотата.

Во документот се изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова страница во односите, заснована на взаемно почитување и искрено пријателство.

The post Бугарите се навредиле: Софија со нота до МНР регира за дел од слоганите на протестите во Скопје appeared first on Република.

]]>

Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Македонија. Во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји“.