носач на авиони Archives - Република https://republika.mk/tema/nosach-na-avioni/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 19:43:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png носач на авиони Archives - Република https://republika.mk/tema/nosach-na-avioni/ 32 32 Турција почна да работи на дизајнирање нов носач на авиони изграден само од домашни елементи https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-pochna-da-raboti-na-dizajnirane-nov-nosach-na-avioni-izgraden-samo-od-domashni-elementi/ Thu, 16 May 2024 19:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=778478

Тим од 110 луѓе ги почна активностите за дизајнирање на турски „национален носач на авиони“ поголем од „ТЦГ Анадолу“.

Планирано е националниот носач на авиони, чија вкупна должина ќе биде 285 метри, ширина - 72 метри и депласман од 60.000 тони, ќе може да достигне брзина до 25 јазли и да има опсег на крстарење без полнење гориво од 10.000 наутички милји.

За изградбата на националниот носач на авиони, кој целосно ќе биде проектиран и изграден во Турција, не е предвидена техничка поддршка од странски компании.

Националниот носач на авиони ќе има 3 писти (2 писти за полетување и 1 писта за слетување).

Носачот на авиони ќе може да носи вкупно 50 авиони, од кои 20 ќе бидат на палубата за летање, а 30 во хангарот, апостои можност оваа бројка дополнително да се зголеми).

The post Турција почна да работи на дизајнирање нов носач на авиони изграден само од домашни елементи appeared first on Република.

]]>

Тим од 110 луѓе ги почна активностите за дизајнирање на турски „национален носач на авиони“ поголем од „ТЦГ Анадолу“. Планирано е националниот носач на авиони, чија вкупна должина ќе биде 285 метри, ширина - 72 метри и депласман од 60.000 тони, ќе може да достигне брзина до 25 јазли и да има опсег на крстарење без полнење гориво од 10.000 наутички милји. За изградбата на националниот носач на авиони, кој целосно ќе биде проектиран и изграден во Турција, не е предвидена техничка поддршка од странски компании. Националниот носач на авиони ќе има 3 писти (2 писти за полетување и 1 писта за слетување). Носачот на авиони ќе може да носи вкупно 50 авиони, од кои 20 ќе бидат на палубата за летање, а 30 во хангарот, апостои можност оваа бројка дополнително да се зголеми).

The post Турција почна да работи на дизајнирање нов носач на авиони изграден само од домашни елементи appeared first on Република.

]]>
Британски носач на авиони, вреден три милијарди фунти, се расипа само неколку часа по запловувањето https://republika.mk/vesti/svet/britanski-nosach-na-avioni-vreden-tri-milijardi-funti-se-rasipa-samo-nekolku-chasa-po-zaplovuvanjeto/ Mon, 05 Sep 2022 11:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=547603

Носачот на авиони на британската кралска морнарица „ХМС Принц од Велс“ се врати во пристаништето откако се расипа кај островот Вајт.

Британската морнарица се посрамоти откако нејзиниот воен брод вреден 3 милијарди фунти застана поради дефект само неколку часа во првото патување, кога му откажа десниот пропелер.

Бродот ја напушти поморската база Портсмут минатата сабота на пат кон САД на дипломатски посети и вежби, вклучително и пробни летови со авиони Ф-35Б.

https://www.youtube.com/watch?v=jjD_nYYYY8w&feature=emb_title

Набргу откако „Принцот од Велс“, водечки брод на НАТО, исплови минатата сабота, беше откриен механичкиот дефект на десната табла.

Поаѓањето на бродот тежок 65.000 тони веќе беше одложено претходниот ден поради технички проблем, но сепак беше донесена одлука да заплови.

https://twitter.com/AWenham1/status/1566105453465161731?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1566105453465161731%7Ctwgr%5Ea2bcfb76adf4c4553868090815eab969cafb87c0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4003785%2Fpokvario-se-britanski-ratni-brod-vredan-3-milijarde-funti

Носачот неодамна полека заплови во заливот Стоукс во Хемпшир, патувајќи со брзина од четири јазли придружен со реморкер за влечење за да се врати во помирни води.

Извори од морнарицата, кои подоцна го прегледале бродот тежок 65.000 тони, веруваат дека осовината на пропелерот можеби е оштетено поради недостаток на подмачкување, објави „Дејли мејл“.

Морнарицата соопшти дека сестринскиот брод „ХМС Квин Елизабета“, кој е предводник на флотата, ќе отплови следната недела за да ги преземе должностите во САД.

The post Британски носач на авиони, вреден три милијарди фунти, се расипа само неколку часа по запловувањето appeared first on Република.

]]>

Носачот на авиони на британската кралска морнарица „ХМС Принц од Велс“ се врати во пристаништето откако се расипа кај островот Вајт. Британската морнарица се посрамоти откако нејзиниот воен брод вреден 3 милијарди фунти застана поради дефект само неколку часа во првото патување, кога му откажа десниот пропелер. Бродот ја напушти поморската база Портсмут минатата сабота на пат кон САД на дипломатски посети и вежби, вклучително и пробни летови со авиони Ф-35Б. https://www.youtube.com/watch?v=jjD_nYYYY8w&feature=emb_title Набргу откако „Принцот од Велс“, водечки брод на НАТО, исплови минатата сабота, беше откриен механичкиот дефект на десната табла. Поаѓањето на бродот тежок 65.000 тони веќе беше одложено претходниот ден поради технички проблем, но сепак беше донесена одлука да заплови. https://twitter.com/AWenham1/status/1566105453465161731?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1566105453465161731%7Ctwgr%5Ea2bcfb76adf4c4553868090815eab969cafb87c0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4003785%2Fpokvario-se-britanski-ratni-brod-vredan-3-milijarde-funti Носачот неодамна полека заплови во заливот Стоукс во Хемпшир, патувајќи со брзина од четири јазли придружен со реморкер за влечење за да се врати во помирни води. Извори од морнарицата, кои подоцна го прегледале бродот тежок 65.000 тони, веруваат дека осовината на пропелерот можеби е оштетено поради недостаток на подмачкување, објави „Дејли мејл“. Морнарицата соопшти дека сестринскиот брод „ХМС Квин Елизабета“, кој е предводник на флотата, ќе отплови следната недела за да ги преземе должностите во САД.

The post Британски носач на авиони, вреден три милијарди фунти, се расипа само неколку часа по запловувањето appeared first on Република.

]]>
Тројца морнари од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“ пронајдени мртви https://republika.mk/vesti/svet/trojca-mornari-od-nosachot-na-avioni-dzordz-vashington-pronajdeni-mrtvi/ Tue, 19 Apr 2022 12:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=490549

Тројца морнари од носачот на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ се пронајдени мртви за помалку од една недела, соопшти американската морнарица.

Според американската телевизија „Си-Ен-Ен“, Службата за поморска криминалистичка истрага и локалните власти ја истражуваат смртта на морнарите.

Минатиот петок, еден морнар бил пронајден на бродот, додека другите двајца морнари биле пронајдени на локации надвор од базата на 9 и 10 април.

Додека овие инциденти се под истрага, нема првични индикации дека постои поврзаност меѓу овие трагични настани - вели Рен Момсен, портпаролка на морнарицата.

Морнарицата во својата изјава не ја наведува причината за смртта на ниту еден од тројцата морнари, но командата донесе специјален психијатриски тим за брза интервенција на бродот.

Овие тимови имаат за цел да обезбедат краткорочна поддршка за менталното здравје по трауматски настан, како што е загубата на животи.

Морнарицата го идентификувала морнарот пронајден мртов на 9 април како експерт за малопродажни услуги од трета класа, Микаил Шарп.

Морнарот, пак, пронајден мртов на 10 април бил електричар од трета класа за внатрешни комуникации, Наташа Хафман.

Сепак, морнарицата не го идентификува третиот морнар кој бил пронајден на бродот во петокот.

Нашите мисли и сочувство се со семејството, пријателите и придружниците на нашите морнари - вели Момсен.

„УСС Џорџ Вашингтон“ е носач на авиони од класата Нимиц на нуклеарен погон. Моментално се наоѓа во Њупорт Њуз, Вирџинија, каде што беше подложен на полнење гориво и сложени ремонти, еднократен процес на замена на нуклеарното гориво на бродот и реновирање на бродот за идни операции. Бродот е во Њупорт Њуз од август 2017 година.

The post Тројца морнари од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“ пронајдени мртви appeared first on Република.

]]>

Тројца морнари од носачот на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ се пронајдени мртви за помалку од една недела, соопшти американската морнарица. Според американската телевизија „Си-Ен-Ен“, Службата за поморска криминалистичка истрага и локалните власти ја истражуваат смртта на морнарите. Минатиот петок, еден морнар бил пронајден на бродот, додека другите двајца морнари биле пронајдени на локации надвор од базата на 9 и 10 април.
Додека овие инциденти се под истрага, нема првични индикации дека постои поврзаност меѓу овие трагични настани - вели Рен Момсен, портпаролка на морнарицата.
Морнарицата во својата изјава не ја наведува причината за смртта на ниту еден од тројцата морнари, но командата донесе специјален психијатриски тим за брза интервенција на бродот. Овие тимови имаат за цел да обезбедат краткорочна поддршка за менталното здравје по трауматски настан, како што е загубата на животи. Морнарицата го идентификувала морнарот пронајден мртов на 9 април како експерт за малопродажни услуги од трета класа, Микаил Шарп. Морнарот, пак, пронајден мртов на 10 април бил електричар од трета класа за внатрешни комуникации, Наташа Хафман. Сепак, морнарицата не го идентификува третиот морнар кој бил пронајден на бродот во петокот.
Нашите мисли и сочувство се со семејството, пријателите и придружниците на нашите морнари - вели Момсен.
„УСС Џорџ Вашингтон“ е носач на авиони од класата Нимиц на нуклеарен погон. Моментално се наоѓа во Њупорт Њуз, Вирџинија, каде што беше подложен на полнење гориво и сложени ремонти, еднократен процес на замена на нуклеарното гориво на бродот и реновирање на бродот за идни операции. Бродот е во Њупорт Њуз од август 2017 година.

The post Тројца морнари од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“ пронајдени мртви appeared first on Република.

]]>
Американскиoт носач на авиони Хари С. Труман предводи воена вежба во Јадранското море https://republika.mk/vesti/balkan/amerikanskiot-nosach-na-avioni-hari-s-truman-predvodi-voena-vezba-vo-jadranskoto-more/ Thu, 03 Feb 2022 14:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=453689

Американскиот носач на авиони Хари С. Труман предводи борбена група на воена вежба во Јадранот.

Командантот на бродот одбил да шпекулира што ќе се случи по завршувањето на вежбите во наредните денови, пренесе агенцијата Хина.

Одлуката за тоа каде ќе биде распоредена американската борбена група е донесена на ниво на министер за одбрана“, изјави американскиот контраадмирал Курт Реншо.

Тој ја изрази подготвеноста на морнарицата да дејствува насекаде, како и да планира да дејствува онаму каде што е најпотребно, пренесе Б92.

 

The post Американскиoт носач на авиони Хари С. Труман предводи воена вежба во Јадранското море appeared first on Република.

]]>

Американскиот носач на авиони Хари С. Труман предводи борбена група на воена вежба во Јадранот. Командантот на бродот одбил да шпекулира што ќе се случи по завршувањето на вежбите во наредните денови, пренесе агенцијата Хина.
Одлуката за тоа каде ќе биде распоредена американската борбена група е донесена на ниво на министер за одбрана“, изјави американскиот контраадмирал Курт Реншо.
Тој ја изрази подготвеноста на морнарицата да дејствува насекаде, како и да планира да дејствува онаму каде што е најпотребно, пренесе Б92.  

The post Американскиoт носач на авиони Хари С. Труман предводи воена вежба во Јадранското море appeared first on Република.

]]>