Номад студио Archives - Република https://republika.mk/tema/nomad-studio/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 07:34:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Номад студио Archives - Република https://republika.mk/tema/nomad-studio/ 32 32 Промоција на нова модуларна колекција на Номад Студио во Лаб дизајн маркет https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/promotsija-na-nova-modularna-kolektsija-na-nomad-studio-vo-lab-dizajn-market/ Thu, 04 Jul 2024 07:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=793254

Оваа сабота со почеток од 18 часот во Лаб дизајн маркет ќе започне промоцијата на „Тотем“ - новата модуларна колекција на Номад студио.

„Тотем“ e разиграна сензорна скулптура, инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче. Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност. Внимателно рачно изработена, TOTEM скулптурата содржи 3 основни форми кои се конфигурираат во повеќе од 12 стилски силуети, овозможувајќи ви да креирате свои променливи скулптурни форми. Преку сензорна стимулација, TOTEM светилката пренесува уникатно и хармонично чувство во вашиот дом.

„Номад студио“ има развивено композитен материјал со кој ја стилизира старата „терацо“ техника во современ дизајн. Терацо техниката потекнува од Италија и датира од 16 век.
На почетоците била употребувана од страна на изработувачите на мозаици во Венеција. Идејата била остатоците од мермер во комбинација со друга смеса да се реупотребат за изработка на декоративни подни површини.

Преку овие настани публуката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет.
„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“.

The post Промоција на нова модуларна колекција на Номад Студио во Лаб дизајн маркет appeared first on Република.

]]>

Оваа сабота со почеток од 18 часот во Лаб дизајн маркет ќе започне промоцијата на „Тотем“ - новата модуларна колекција на Номад студио. „Тотем“ e разиграна сензорна скулптура, инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче. Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност. Внимателно рачно изработена, TOTEM скулптурата содржи 3 основни форми кои се конфигурираат во повеќе од 12 стилски силуети, овозможувајќи ви да креирате свои променливи скулптурни форми. Преку сензорна стимулација, TOTEM светилката пренесува уникатно и хармонично чувство во вашиот дом. „Номад студио“ има развивено композитен материјал со кој ја стилизира старата „терацо“ техника во современ дизајн. Терацо техниката потекнува од Италија и датира од 16 век. На почетоците била употребувана од страна на изработувачите на мозаици во Венеција. Идејата била остатоците од мермер во комбинација со друга смеса да се реупотребат за изработка на декоративни подни површини. Преку овие настани публуката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет. „Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“.

The post Промоција на нова модуларна колекција на Номад Студио во Лаб дизајн маркет appeared first on Република.

]]>