ногарка Archives - Република https://republika.mk/tema/nogarka/ За подобро да се разбереме Mon, 09 May 2022 10:36:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ногарка Archives - Република https://republika.mk/tema/nogarka/ 32 32 Кривична за насилство во Аеродром: Влегле, го натепале додека пиел кафе, мавале по него и со ногарка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-nasilstvo-vo-aerodrom-vlegle-go-natepale-dodeka-piel-kafe-mavale-po-nego-i-so-nogarka/ Mon, 09 May 2022 10:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=499870

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата осомничени на возраст од 43 и 27 години, на 5 мај напладне влегле во угостителски објект на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје и без никаков претходен разговор физички нападнале едно лице кое седело во кафе-барот. Најпрво започнале да го удираат со тупаници по главата и телото, а потоа и грубо да го малтретираат, влечејќи го по подот на објектот. Во еден момент, првиот осомничен зел и парче дрво – ногарка од искршена столица и со неа го удрил оштетениот по главата, нанесувајќи му дополнителни повреди. За тоа време, вториот осомничен не им дозволувал на другите присутни да се приближат.

Со дејствијата, двајцата осомничени предизвикале и поголема материјална штета и чувство на несигурност кај присутните и вработените во објектот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.​​

 

The post Кривична за насилство во Аеродром: Влегле, го натепале додека пиел кафе, мавале по него и со ногарка appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени на возраст од 43 и 27 години, на 5 мај напладне влегле во угостителски објект на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје и без никаков претходен разговор физички нападнале едно лице кое седело во кафе-барот. Најпрво започнале да го удираат со тупаници по главата и телото, а потоа и грубо да го малтретираат, влечејќи го по подот на објектот. Во еден момент, првиот осомничен зел и парче дрво – ногарка од искршена столица и со неа го удрил оштетениот по главата, нанесувајќи му дополнителни повреди. За тоа време, вториот осомничен не им дозволувал на другите присутни да се приближат. Со дејствијата, двајцата осомничени предизвикале и поголема материјална штета и чувство на несигурност кај присутните и вработените во објектот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.​​  

The post Кривична за насилство во Аеродром: Влегле, го натепале додека пиел кафе, мавале по него и со ногарка appeared first on Република.

]]>