Њујорк тајмс Archives - Република https://republika.mk/tema/njujork-tajms/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 10:18:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Њујорк тајмс Archives - Република https://republika.mk/tema/njujork-tajms/ 32 32 Синдикатот на вработените во технолошкиот сектор на Њујорк тајмс најави штрајк пред изборите https://republika.mk/vesti/svet/sindikatot-na-vrabotenite-vo-tehnoloshkiot-sektor-na-nujork-tajms-najavi-shtrajk-pred-izborite/ Sun, 03 Nov 2024 10:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=833671

Синдикатот на технолошките работници во Њујорк тајмс испрати писмо до Управниот одбор на компанијата, во кое предлага да се постигне договор пред изборите во САД за да се избегне штрајк.

„Како преговарачки комитет на вработените во технолошкиот сектор во Њујорк тајмс, ви пишуваме за да ве информираме дека претставниците на Тајмс во преговорите покажаа неподготвеност за компромис во поглед на клучните договори“, се наведува во писмото на синдикатот, објавено на социјалната мрежа Икс.

Синдикатот, кој брои околу 700 технолошки работници, додава дека веќе влегле во третата година од преговорите со раководството на компанијата за договорот и дека неговите членови го одобриле штрајкот на 10 септември.

The post Синдикатот на вработените во технолошкиот сектор на Њујорк тајмс најави штрајк пред изборите appeared first on Република.

]]>

ЦИА во 2022 го предупредила Бајден дека има 50 отсто шанси Русија да употреби нуклеарно оружје https://republika.mk/vesti/svet/tsia-vo-2022-go-predupredila-bajden-deka-ima-50-otsto-shansi-rusija-da-upotrebi-nuklearno-oruzhje/ Mon, 11 Mar 2024 10:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=753559

ЦИА во 2022 година го предупредила американскиот претседател Џо Бајден дека има 50 отсто или повеќе шанси Русија да употреби нуклеарно оружје доколку открие дека нејзините сили се десеткувани и дека незаконски анектираната територија на Крим е во опасност, пишува „Њујорк Тајмс“.

Весникот објави дека Бајден го одржал говорот „Армагедон“ на 6 октомври 2022 година во Њујорк токму поради оваа причина. Во тоа време, американскиот претседател рече дека „САД не се соочиле со можноста за Армагедон уште од Кенеди и кубанската ракетна криза“.

Во таа прилика Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозен кога споменува нуклеарен напад.

Путин не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно, биолошко или хемиско оружје, бидејќи неговата војска, може да се каже, значително потфрли, рече Бајден.

Во февруари 2022 година, откако Русија ја нападна Украина, американските разузнавачи првично рекоа дека нема докази дека Русија планира да користи оружје за масовно уништување. Но, кога Украина изврши контранапад и почна да го потиснува рускиот напредок, ЦИА предупреди дека ги пресретнала сите дискусии на руските сили за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје од помал размер.

Марк Мили, поранешен началник на Здружениот Генералштаб, ја нарече ситуацијата „нуклеарен парадокс“ за САД. „Колку Украинците се поуспешни против Русите, толку е поголема веројатноста Путин да се закани дека ќе употреби нуклеарна бомба или навистина да ја употреби“, коментира Мили.

Новинарот на Си-Ен-Ен Џим Сциут добил информација од високи претставници на администрацијата на Бајден дека тимот на американскиот претседател ригорозно се подготвува за можен руски нуклеарен напад врз Украина. Висок функционер, наводно, рекол дека Советот за национална безбедност се состанал за да разговара за тоа како САД ќе одговорат на руски нуклеарен напад и како да го одвратат или спречат.

„Њујорк тајмс“ објави дека, сега кога се чини дека Русија јима предност на првите линии на фронтот, американските разузнавачки агенции повеќе не веруваат дека постои непосредна закана од нуклеарен напад.

Сепак, рускиот претседател не ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Во своето обраќање до нацијата, Путин рече: „Западните земји мора да сфатат дека и ние имаме оружје што може да погоди цели на нивна територија. Ова се заканува да предизвика конфликт со нуклеарно оружје и се заканува да ја уништи цивилизацијата. Зарем Западот не го сфаќа тоа?“

The post ЦИА во 2022 го предупредила Бајден дека има 50 отсто шанси Русија да употреби нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>

ЦИА во 2022 година го предупредила американскиот претседател Џо Бајден дека има 50 отсто или повеќе шанси Русија да употреби нуклеарно оружје доколку открие дека нејзините сили се десеткувани и дека незаконски анектираната територија на Крим е во опасност, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот објави дека Бајден го одржал говорот „Армагедон“ на 6 октомври 2022 година во Њујорк токму поради оваа причина. Во тоа време, американскиот претседател рече дека „САД не се соочиле со можноста за Армагедон уште од Кенеди и кубанската ракетна криза“. Во таа прилика Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозен кога споменува нуклеарен напад.
Путин не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно, биолошко или хемиско оружје, бидејќи неговата војска, може да се каже, значително потфрли, рече Бајден.
Во февруари 2022 година, откако Русија ја нападна Украина, американските разузнавачи првично рекоа дека нема докази дека Русија планира да користи оружје за масовно уништување. Но, кога Украина изврши контранапад и почна да го потиснува рускиот напредок, ЦИА предупреди дека ги пресретнала сите дискусии на руските сили за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје од помал размер. Марк Мили, поранешен началник на Здружениот Генералштаб, ја нарече ситуацијата „нуклеарен парадокс“ за САД. „Колку Украинците се поуспешни против Русите, толку е поголема веројатноста Путин да се закани дека ќе употреби нуклеарна бомба или навистина да ја употреби“, коментира Мили. Новинарот на Си-Ен-Ен Џим Сциут добил информација од високи претставници на администрацијата на Бајден дека тимот на американскиот претседател ригорозно се подготвува за можен руски нуклеарен напад врз Украина. Висок функционер, наводно, рекол дека Советот за национална безбедност се состанал за да разговара за тоа како САД ќе одговорат на руски нуклеарен напад и како да го одвратат или спречат. „Њујорк тајмс“ објави дека, сега кога се чини дека Русија јима предност на првите линии на фронтот, американските разузнавачки агенции повеќе не веруваат дека постои непосредна закана од нуклеарен напад. Сепак, рускиот претседател не ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Во своето обраќање до нацијата, Путин рече: „Западните земји мора да сфатат дека и ние имаме оружје што може да погоди цели на нивна територија. Ова се заканува да предизвика конфликт со нуклеарно оружје и се заканува да ја уништи цивилизацијата. Зарем Западот не го сфаќа тоа?“

The post ЦИА во 2022 го предупредила Бајден дека има 50 отсто шанси Русија да употреби нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>
„Њујорк тајмс“ ги тужи „Опен Аи“ и „Мајкрософт“ за кршење на авторските права: Неовластено користеле текстови и трудови на весникот https://republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-gi-tuzhi-open-ai-i-majkrosoft-za-krshene-na-avtorskite-prava-neovlasteno-koristele-tekstovi-i-trudovi-na-vesnikot/ Sun, 31 Dec 2023 13:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=728467

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ (НТ) поднел тужба против технолошкиот гигант „Мајкрософт“ и „ОпенАи“ (OpenAI), компанијата која стои зад популарниот чет-бот за вештачка интелигенција „ЧетГПТ“ (ChatGPT), тврдејќи дека се прекршуваат авторските права. Од весникот обвинуват дека имало неовластено користење на нивни објавени трудови и текстови за целите на обуката за вештачката интелигенција.

„Њујорк тајмс“ ја поднел тужбата во Њујорк, тврдејќи дека двете споменати компании незаконски ги користеле написите и истражувањата на весникот за да создадат производи со вештачка интелигенција кои сега му конкурираат.

Преку „Бинг чет“ на „Мајкрсофт“ (неодамна преименуван во „Копајлот“ (Copilot) и „ЧетГПТ“ на „ОпенАи“, обвинетите се обидуваат да ја искористат огромната инвестиција на „Тајмс“ во своето новинарство користејќи ја за создавање заменски производи без дозвола или плаќање. Оваа тужба има за цел да ги принуди (обвинетите) да одговараат за милијардите долари законски и стварни штети коишто ги должат за незаконско копирање и користење на единствените вредни дела на „Тајмс“, се вели во тужбата на издавачот.

Веб-страницата за технолошки вести „Д Верџ“ (The Verge) ја цитираше портпаролката на „ОпенАи“, Линдзи Хелд, која, во изјава испратена по електронска пошта, вели дека „тековните разговори со „Њујорк тајмс“ биле продуктивни и напредуваат конструктивно, па затоа „се изненадени и разочарани од ваквиот развој на настаните“.

Калифорнискиот старт-ап „ОпенАи“ го привлече вниманието на глобално ниво со својот текстуален робот „Чет ГПТ“, развиен со поддршка од „Мајкрософт“, кој може да одговори на прашања со есеи, поезија, компјутерски код и друга содржина. Неговото објавување во 2022 година го привлече вниманието на напредокот во вештачката интелигенција и поттикна дебати за можните последици.

The post „Њујорк тајмс“ ги тужи „Опен Аи“ и „Мајкрософт“ за кршење на авторските права: Неовластено користеле текстови и трудови на весникот appeared first on Република.

]]>

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ (НТ) поднел тужба против технолошкиот гигант „Мајкрософт“ и „ОпенАи“ (OpenAI), компанијата која стои зад популарниот чет-бот за вештачка интелигенција „ЧетГПТ“ (ChatGPT), тврдејќи дека се прекршуваат авторските права. Од весникот обвинуват дека имало неовластено користење на нивни објавени трудови и текстови за целите на обуката за вештачката интелигенција. „Њујорк тајмс“ ја поднел тужбата во Њујорк, тврдејќи дека двете споменати компании незаконски ги користеле написите и истражувањата на весникот за да создадат производи со вештачка интелигенција кои сега му конкурираат.
Преку „Бинг чет“ на „Мајкрсофт“ (неодамна преименуван во „Копајлот“ (Copilot) и „ЧетГПТ“ на „ОпенАи“, обвинетите се обидуваат да ја искористат огромната инвестиција на „Тајмс“ во своето новинарство користејќи ја за создавање заменски производи без дозвола или плаќање. Оваа тужба има за цел да ги принуди (обвинетите) да одговараат за милијардите долари законски и стварни штети коишто ги должат за незаконско копирање и користење на единствените вредни дела на „Тајмс“, се вели во тужбата на издавачот.
Веб-страницата за технолошки вести „Д Верџ“ (The Verge) ја цитираше портпаролката на „ОпенАи“, Линдзи Хелд, која, во изјава испратена по електронска пошта, вели дека „тековните разговори со „Њујорк тајмс“ биле продуктивни и напредуваат конструктивно, па затоа „се изненадени и разочарани од ваквиот развој на настаните“. Калифорнискиот старт-ап „ОпенАи“ го привлече вниманието на глобално ниво со својот текстуален робот „Чет ГПТ“, развиен со поддршка од „Мајкрософт“, кој може да одговори на прашања со есеи, поезија, компјутерски код и друга содржина. Неговото објавување во 2022 година го привлече вниманието на напредокот во вештачката интелигенција и поттикна дебати за можните последици.

The post „Њујорк тајмс“ ги тужи „Опен Аи“ и „Мајкрософт“ за кршење на авторските права: Неовластено користеле текстови и трудови на весникот appeared first on Република.

]]>
„Њујорк Тајмс“: Израел го имаше планот за финансиската инфраструктура на Хамас уште во 2018 https://republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-izrael-go-imashe-planot-za-finansiskata-infrastruktura-na-hamas-ushte-vo-2018/ Sat, 16 Dec 2023 16:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=723709

Израелското разузнавање имаше собрано сеопфатни детали за финансиската структура на Хамас уште во 2018 година, но не направи ништо за да згасне и да прекине испраќањето пари за милитантната група, јави весникот „Њујорк Тајмс“.

Според извештајот на њујоршкиот весник, документите пронајдени на компјутерот на висок функционер на Хамас покажале приватен капитал вреден стотици милиони долари.

Во него биле вклучени рудници под контрола на Хамас, живинарски фарми и компании за изградба на патишта во Судан, два облакодери во Обединетите Арапски Емирати, градежен инвеститор во Алжир и фирма за недвижнини на турската берза.

Иако документите биле предадени и во Ерусалим и во Вашингтон, ништо не било преземено за да се спречат операциите, наведува денеска „Тајмс оф Израел“.

-Сите зборуваат за неуспехот на разузнавачките служби на 7 октомври, но никој не зборува за неуспехот да се запре протокот на пари. Тие пари го овозможија тоа да се случи, изјави Уди Леви, поранешен шеф на Мосад за економски прашања.

Во извештајот се наведува дека Хамас на располагање имал средства во вредност од околу 500 милиони долари.

Леви изјави дека за сознанијата уште во 2015 година го информирал премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Можам со сигурност да ви кажам дека разговарав со него за ова. Но, тој не беше многу заинтересиран за тоа, тврди Леви.

Нетанјаху одби да одговори на обвинувањата, додава њујоршкиот весник.

The post „Њујорк Тајмс“: Израел го имаше планот за финансиската инфраструктура на Хамас уште во 2018 appeared first on Република.

]]>

Израелското разузнавање имаше собрано сеопфатни детали за финансиската структура на Хамас уште во 2018 година, но не направи ништо за да згасне и да прекине испраќањето пари за милитантната група, јави весникот „Њујорк Тајмс“. Според извештајот на њујоршкиот весник, документите пронајдени на компјутерот на висок функционер на Хамас покажале приватен капитал вреден стотици милиони долари. Во него биле вклучени рудници под контрола на Хамас, живинарски фарми и компании за изградба на патишта во Судан, два облакодери во Обединетите Арапски Емирати, градежен инвеститор во Алжир и фирма за недвижнини на турската берза. Иако документите биле предадени и во Ерусалим и во Вашингтон, ништо не било преземено за да се спречат операциите, наведува денеска „Тајмс оф Израел“. -Сите зборуваат за неуспехот на разузнавачките служби на 7 октомври, но никој не зборува за неуспехот да се запре протокот на пари. Тие пари го овозможија тоа да се случи, изјави Уди Леви, поранешен шеф на Мосад за економски прашања. Во извештајот се наведува дека Хамас на располагање имал средства во вредност од околу 500 милиони долари. Леви изјави дека за сознанијата уште во 2015 година го информирал премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Можам со сигурност да ви кажам дека разговарав со него за ова. Но, тој не беше многу заинтересиран за тоа, тврди Леви.
Нетанјаху одби да одговори на обвинувањата, додава њујоршкиот весник.  

The post „Њујорк Тајмс“: Израел го имаше планот за финансиската инфраструктура на Хамас уште во 2018 appeared first on Република.

]]>
„Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано https://republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-izraelskite-vlasti-znaele-za-planot-za-napad-na-hamas-edna-godina-porano/ Fri, 01 Dec 2023 18:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=718464

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ денеска објави дека израелските власти добиле разузнавачки информации за борбениот план на Хамас за нападот на 7 октомври повеќе од една година пред тој да се случи.

Весникот тврди дека официјални лица кои ги виделе плановите ги отфрлиле само како „желба и аспирација, сметајќи дека е премногу тешко за Хамас да ги спроведе“.

Во разузнавачкиот извештај изготвен на 40 страници официјалните лица виделе документ во кој биле наведени сите напади, еден по друг, токму како оние што се случија на 7 октомври.

Хамас го следеше планот со шокантна прецизност“, пишува весникот.

Планот, исто така, вклучувал и „детали за локацијата и големината на израелските воени сили, комуникациските центри и други чувствителни информации“, за кои „Њујорк Тајмс“ наведува дека покренале прашања за тоа како Хамас ги собирал своите информации и посебно можноста дека имало протекување во израелското разузнавање.

The post „Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано appeared first on Република.

]]>

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ денеска објави дека израелските власти добиле разузнавачки информации за борбениот план на Хамас за нападот на 7 октомври повеќе од една година пред тој да се случи. Весникот тврди дека официјални лица кои ги виделе плановите ги отфрлиле само како „желба и аспирација, сметајќи дека е премногу тешко за Хамас да ги спроведе“. Во разузнавачкиот извештај изготвен на 40 страници официјалните лица виделе документ во кој биле наведени сите напади, еден по друг, токму како оние што се случија на 7 октомври.
Хамас го следеше планот со шокантна прецизност“, пишува весникот.
Планот, исто така, вклучувал и „детали за локацијата и големината на израелските воени сили, комуникациските центри и други чувствителни информации“, за кои „Њујорк Тајмс“ наведува дека покренале прашања за тоа како Хамас ги собирал своите информации и посебно можноста дека имало протекување во израелското разузнавање.  

The post „Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано appeared first on Република.

]]>
Њујорк тајмс призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа https://republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-prizna-deka-objavil-tendentsiozen-izveshtaj-za-eksplozijata-vo-bolnitsata-vo-gaza/ Mon, 23 Oct 2023 16:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=694254

Њујоршкиот весник „Њујорк Тајмс“ во ударен наслов на својата главна веб страница веднаш по експлозијата што се случи на 17 октомври објави дека Израел ја ракетирал болницата во Газа, по што се најде на удар на безброј критики по социјалните мрежи и од редица други угледни изданија.

Во уреднички коментар денеска весникот призна дека првите статии на оваа тема премногу се потпирале на тврдењата на Хамас и дека насловот и известувањето биле тендециозни. Се признава и дека известувањето за бројот на загинати во експлозијата не било точно.

-Првичните извештаи на Тајмс за тоа дека Израел е одговорен за експлозијата цитираа палестински официјални лица и укажаа дека војската на Израел ја истражува експлозијата, се вели во коментарот.

Њујорк тајмс призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа 

Се додава дека тие статии не ставиле до знаење дека тврдењата не можат да бидат верифицирани и дека извештајот им дал „погрешна претстава на читателите за тоа што се знаело и колку кредибилни биле тие извештаи“.

Се наведува и дека американски и други меѓународни службени лица, меѓу кои и претседатело на САД, Џо Бајден, потврдиле дека имаат докази дека ракетата дошла од позициите на палестинските милитанти. Независни истраги на Волстрит журнал и на Си-ен-ен ги одбранија тврдењта на Изарел дека Тел Авив не е вмеашн во експлозијата во болницата.

-Со оглед на чувствителната природа на вестите за време на растечки конфликт, и големиот одглас што тие го имаат, уредниците на Њујорк тајмс требаше да бидат попретпазливи со правилноста на презентацијата и поексплицитни за тоа која информација може да се верифицира, наведува весникот и потенцира дека процедурите за објавување ударни вести ќе претрпат измени, пред сѐ во однос на мерките на заштита од вакви ситуации.

Милитантната група Хамас, во САД означена како терористичка организација, на 7 октомври изврши напад на делови од Израел при што беа убиени околу 1.400 израелски граѓани.

The post Њујорк тајмс призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа appeared first on Република.

]]>

Њујоршкиот весник „Њујорк Тајмс“ во ударен наслов на својата главна веб страница веднаш по експлозијата што се случи на 17 октомври објави дека Израел ја ракетирал болницата во Газа, по што се најде на удар на безброј критики по социјалните мрежи и од редица други угледни изданија. Во уреднички коментар денеска весникот призна дека првите статии на оваа тема премногу се потпирале на тврдењата на Хамас и дека насловот и известувањето биле тендециозни. Се признава и дека известувањето за бројот на загинати во експлозијата не било точно. -Првичните извештаи на Тајмс за тоа дека Израел е одговорен за експлозијата цитираа палестински официјални лица и укажаа дека војската на Израел ја истражува експлозијата, се вели во коментарот. Њујорк тајмс призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа  Се додава дека тие статии не ставиле до знаење дека тврдењата не можат да бидат верифицирани и дека извештајот им дал „погрешна претстава на читателите за тоа што се знаело и колку кредибилни биле тие извештаи“. Се наведува и дека американски и други меѓународни службени лица, меѓу кои и претседатело на САД, Џо Бајден, потврдиле дека имаат докази дека ракетата дошла од позициите на палестинските милитанти. Независни истраги на Волстрит журнал и на Си-ен-ен ги одбранија тврдењта на Изарел дека Тел Авив не е вмеашн во експлозијата во болницата. -Со оглед на чувствителната природа на вестите за време на растечки конфликт, и големиот одглас што тие го имаат, уредниците на Њујорк тајмс требаше да бидат попретпазливи со правилноста на презентацијата и поексплицитни за тоа која информација може да се верифицира, наведува весникот и потенцира дека процедурите за објавување ударни вести ќе претрпат измени, пред сѐ во однос на мерките на заштита од вакви ситуации. Милитантната група Хамас, во САД означена како терористичка организација, на 7 октомври изврши напад на делови од Израел при што беа убиени околу 1.400 израелски граѓани.

The post Њујорк тајмс призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа appeared first on Република.

]]>
Најмасовни демонстрации во Белград по соборувањето на Милошевиќ, пишува „Њујорк тајмс“ https://republika.mk/vesti/balkan/najmasovni-demonstratsii-vo-belgrad-po-soboruvaneto-na-miloshevik-pishuva-nujork-tajms/ Sun, 04 Jun 2023 09:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=647593

Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од функцијата српски претседател во 2000 година, пишува „Њујорк Тајмс“.

Протестите „Србија против насилството“, што се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени во два масакри – едниот во училиште во Белград, другиот во околните села. Тие убиства предизвикаа бран граѓански бунт што критичарите на лидерот на земјата, Александар Вучиќ, го нарекоа протест против „културата на насилство“ промовирана од владата и лојалните медиуми на неа, пишува весникот.

Саботниот протест, петти и најголем досега, го зголеми притисокот врз Вучиќ да исполни барем дел од барањата на демонстрантите, нагласува Њујорк тајмс.

Тие барања вклучуваат разрешување на високи функционери и одземање на дозволите за емитување од провладините телевизиски станици кои се во лош глас за емитување насилни реални шоуа и игнорирање на опозициските политичари“, се вели во анализата на весникот.

Протестите прераснаа во поширок, иако досега мирен бунт против се авторитарното владеење на Вучиќ, кој, како што објаснува Њујорк тајмс, прво беше премиер, а потоа претседател, а на власт е речиси една деценија.

Вучиќ ја започна својата политичка кариера како радикален националист за време на балканските војни во 1990-тите, но во последниве години се обидува да се претстави како проевропски лидер кој сака Србија да ги оживее своите застојани напори за пристапување во Европската унија. Тој се спротивстави на воведувањето санкции против Русија поради нејзината војна во Украина, но Србија гласаше во Обединетите нации за да ја осуди Москва“, потсетува весникот.

Вучиќ, кој победи на минатогодишните избори, е решен да остане таму каде што е, отфрлајќи ги протестите како „политички трик“ на неговите противници. Вучиќ во минатото веќе се соочи и преживеа големи улични протести, но тие не беа толку големи како саботните, пишува Њујорк Тајмс.

The post Најмасовни демонстрации во Белград по соборувањето на Милошевиќ, пишува „Њујорк тајмс“ appeared first on Република.

]]>

Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од функцијата српски претседател во 2000 година, пишува „Њујорк Тајмс“. Протестите „Србија против насилството“, што се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени во два масакри – едниот во училиште во Белград, другиот во околните села. Тие убиства предизвикаа бран граѓански бунт што критичарите на лидерот на земјата, Александар Вучиќ, го нарекоа протест против „културата на насилство“ промовирана од владата и лојалните медиуми на неа, пишува весникот. Саботниот протест, петти и најголем досега, го зголеми притисокот врз Вучиќ да исполни барем дел од барањата на демонстрантите, нагласува Њујорк тајмс.
Тие барања вклучуваат разрешување на високи функционери и одземање на дозволите за емитување од провладините телевизиски станици кои се во лош глас за емитување насилни реални шоуа и игнорирање на опозициските политичари“, се вели во анализата на весникот.
Протестите прераснаа во поширок, иако досега мирен бунт против се авторитарното владеење на Вучиќ, кој, како што објаснува Њујорк тајмс, прво беше премиер, а потоа претседател, а на власт е речиси една деценија.
Вучиќ ја започна својата политичка кариера како радикален националист за време на балканските војни во 1990-тите, но во последниве години се обидува да се претстави како проевропски лидер кој сака Србија да ги оживее своите застојани напори за пристапување во Европската унија. Тој се спротивстави на воведувањето санкции против Русија поради нејзината војна во Украина, но Србија гласаше во Обединетите нации за да ја осуди Москва“, потсетува весникот.
Вучиќ, кој победи на минатогодишните избори, е решен да остане таму каде што е, отфрлајќи ги протестите како „политички трик“ на неговите противници. Вучиќ во минатото веќе се соочи и преживеа големи улични протести, но тие не беа толку големи како саботните, пишува Њујорк Тајмс.

The post Најмасовни демонстрации во Белград по соборувањето на Милошевиќ, пишува „Њујорк тајмс“ appeared first on Република.

]]>
„Њујорк тајмс“ потврдува дека Русите ја зборуваат вистината: Видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници е автентична https://republika.mk/vesti/svet/njujork-tajms-potvrduva-deka-rusite-ja-zboruvaat-vistinata-videoto-na-koe-se-gleda-kako-ukrainskata-armija-ubiva-zarobeni-ruski-vojnici-e-avtentichna/ Mon, 21 Nov 2022 10:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=576421

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ наведе дека видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници е автентична.

„Раша тудеј“ наведува дека на видеото се прикажани настаните што се случија во селото Макеевка во Луганск во средината на ноември. За потсетување, официјален Кремљ го обвини Киев дека украинската армија егзекутирала неколку руски војници.

Видеата, чиј кредибилитет го утврдивме, претставуваат ретка можност да се видат некои од ужасните ситуации на војната, но тие не покажуваат зошто биле убиени руските војници“, вели Њујорк Тајмс.

Весникот додава дека сè уште „останува мистерија“ што всушност се случило со војниците.

Меѓутоа, „Њујорк тајмс“ посочува дека, судејќи според видеото, „најмалку 11 Руси се убиени од непосредна близина откако еден од нивните соборци отвори оган врз украинските војници кои стоеја во близина“.

За потсетување, Украина претходно објави дека ја проверува автентичноста на видеото.

„Пред да започне истрага, мора да има основа за тоа. Во моментов утврдуваме дали овие видеа се лажни“, изјави тогаш портпаролот на главниот штаб Богдан Сеник.

The post „Њујорк тајмс“ потврдува дека Русите ја зборуваат вистината: Видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници е автентична appeared first on Република.

]]>

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ наведе дека видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници е автентична. „Раша тудеј“ наведува дека на видеото се прикажани настаните што се случија во селото Макеевка во Луганск во средината на ноември. За потсетување, официјален Кремљ го обвини Киев дека украинската армија егзекутирала неколку руски војници. Видеата, чиј кредибилитет го утврдивме, претставуваат ретка можност да се видат некои од ужасните ситуации на војната, но тие не покажуваат зошто биле убиени руските војници“, вели Њујорк Тајмс. Весникот додава дека сè уште „останува мистерија“ што всушност се случило со војниците. Меѓутоа, „Њујорк тајмс“ посочува дека, судејќи според видеото, „најмалку 11 Руси се убиени од непосредна близина откако еден од нивните соборци отвори оган врз украинските војници кои стоеја во близина“. За потсетување, Украина претходно објави дека ја проверува автентичноста на видеото. „Пред да започне истрага, мора да има основа за тоа. Во моментов утврдуваме дали овие видеа се лажни“, изјави тогаш портпаролот на главниот штаб Богдан Сеник.

The post „Њујорк тајмс“ потврдува дека Русите ја зборуваат вистината: Видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници е автентична appeared first on Република.

]]>
Убиен новинар на „Њујорк тајмс“ во близина на Киев https://republika.mk/vesti/ubien-novinar-na-njujork-tajms-vo-blizina-na-kiev-2/ Sun, 13 Mar 2022 14:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=472140

Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин.

Рено беше новинар на „Њујорк тајмс“, а неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција.

Во нападот повреден е уште еден новинар, кој бил заедно со Рено, и е хоспитализиран.

The post Убиен новинар на „Њујорк тајмс“ во близина на Киев appeared first on Република.

]]>

Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Рено беше новинар на „Њујорк тајмс“, а неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција. Во нападот повреден е уште еден новинар, кој бил заедно со Рено, и е хоспитализиран.

The post Убиен новинар на „Њујорк тајмс“ во близина на Киев appeared first on Република.

]]>
Убиен новинар на „Њујорк тајмс“ во близина на Киев https://republika.mk/vesti/svet/ubien-novinar-na-njujork-tajms-vo-blizina-na-kiev/ Sun, 13 Mar 2022 13:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=472116

Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин.

Рено беше новинар на Њујорк тајмс, а неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција.

Во нападот повреден е уште еден новинар, кој бил заедно со Рено, и е хоспитализиран.

The post Убиен новинар на „Њујорк тајмс“ во близина на Киев appeared first on Република.

]]>

Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Рено беше новинар на Њујорк тајмс, а неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција. Во нападот повреден е уште еден новинар, кој бил заедно со Рено, и е хоспитализиран.

The post Убиен новинар на „Њујорк тајмс“ во близина на Киев appeared first on Република.

]]>
Се исплашија од законот за лажни вести за Украина: „Њујорк тајмс“ ги повлече дописниците од Русија https://republika.mk/vesti/svet/se-isplashija-od-zakonot-za-lazni-vesti-za-ukraina-njujork-tajms-gi-povleche-dopisnicite-od-rusija/ Wed, 09 Mar 2022 09:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=469943

„Њујорк тајмс“ ги повлече своите дописници од Русија, по што, за првпат по повеќе од еден век, весникот ќе нема дописници од оваа држава.

Многу тажен ден за историјата на „Њујорк тајмс“ во Москва. Ги повлековме сите дописници од земјата. Таму, имавме новинари постојано од 1921 година, со еден или два кратки прекини поради пречки со визата. Ниту Сталин, ниту Студената војна, ништо не нè избрка - напиша на Твитер, поранешниот шеф на бирото на весникот во Москва, Нил МекФаркухар.

Весникот информираше дека се повлекува од Русија, поради новиот закон во Русија, со кој како кривичо дело се карактеризира ширењето невистини и лажни вести за случувањата во Украина.

Прекршителите се соочуваат со казна затвор и до 15 години - се наведува во објавата на Твитер.

The post Се исплашија од законот за лажни вести за Украина: „Њујорк тајмс“ ги повлече дописниците од Русија appeared first on Република.