нино васев Archives - Република https://republika.mk/tema/nino-vasev/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Mar 2024 16:57:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нино васев Archives - Република https://republika.mk/tema/nino-vasev/ 32 32 Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/osomnichenite-direktori-vasev-i-nuhi-se-ushte-ne-se-povikani-da-dadat-iskaz-vo-jo/ Sun, 03 Mar 2024 17:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=750798

Фондот за здравствено осигурување извршил нов вонреден надзор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, во врска со истрагата за набавка на лекови на реверс и препишување на вишок терапии, при што сомнежите се дека е причинета штета од 30 милиони евра.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето во „Топ тема“ информираше дека извештајот на ФЗО е доставен до обвинителството и истиот се анализира, но не можеше да даде детали.

Истрагата, како што рече, продолжува во насока на кривичните дела за кои од почеток се товарат осомничените.

Во моментов се работи за навистина сложен предмет. Истрагата се уште е на самиот почеток. Ништо не е исклучено. Во тек е економско, финансиско вештачење и вештачење за издвоени медицински истории. Имаме експерт од Словенија. Прибавена е огромна документација. Тоа го кажа и јавната обвинителка и компјутерски податоци кои што се анализираат, рече Коцевски во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во случајот се осомничени пет лица за измама во службата. Двајцата тогашни директори медицинскиот и организацискиот, Нино Васев и Нехат Нухи, според сознанијата на Телма, сè уште не се повикани да дадат исказ, бидејќи во тек е прибирањето на доказите.

The post Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравствено осигурување извршил нов вонреден надзор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, во врска со истрагата за набавка на лекови на реверс и препишување на вишок терапии, при што сомнежите се дека е причинета штета од 30 милиони евра. Државниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето во „Топ тема“ информираше дека извештајот на ФЗО е доставен до обвинителството и истиот се анализира, но не можеше да даде детали. Истрагата, како што рече, продолжува во насока на кривичните дела за кои од почеток се товарат осомничените.
Во моментов се работи за навистина сложен предмет. Истрагата се уште е на самиот почеток. Ништо не е исклучено. Во тек е економско, финансиско вештачење и вештачење за издвоени медицински истории. Имаме експерт од Словенија. Прибавена е огромна документација. Тоа го кажа и јавната обвинителка и компјутерски податоци кои што се анализираат, рече Коцевски во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Во случајот се осомничени пет лица за измама во службата. Двајцата тогашни директори медицинскиот и организацискиот, Нино Васев и Нехат Нухи, според сознанијата на Телма, сè уште не се повикани да дадат исказ, бидејќи во тек е прибирањето на доказите.

The post Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО appeared first on Република.

]]>
Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/ Mon, 27 Nov 2023 10:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=716665

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Во заклучоците се наведува дека одговорноста е утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.

Во образложението се наведува:

-Kлучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а извештајот уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и на директорите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Извештајот на ДЗР ги констатирал следните состојби:

1) се констатираат слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот
надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи/ упатства со кои ќе се воспостават правила и утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија;
2) пописот на средствата и обврските не е во целост спроведен и утврдено е непочитување на одредбите од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници;
3) биле преземени обврски над одобрениот буџет за 2021 година и Клиниката се јавува
како тужена страна во судски постапки по однос на неплатени фактури за набавка
на лекови и медицински материјали;
4) неусогласеност на сметководствената и материјалната евиденција на залихите со состојбата по спроведениот попис;
5) утврдена е несоодветна примена на Закон за јавни набавки за дел од спроведените постапки за јавни набавки;
6) во постапката за сервисирање на опрема за која економските оператори имаат монополска позиција/ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис пришто не постои можност да се спореди/утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги;
7) констатирано е дека набавениот линеарен акцелератор не е ставен во употреба, поради тоа што Клиниката не располагала со соодветен простор;

Врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и матерјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, како и исказите на сведоците и/или експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека:

1. Д-р. Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 76 и член 77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1), член 13 (1, 2, 4) и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не постапил согласно членот 59.

2. Д-р Нино Васев, како тогашен медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно законските одреби предвидени во Законот за здравствена заштита, и тоа поточно: член 37, член 92-в, член 92-г, член 105, член 110, член 112, член 226-и, член 235 и член 237. Исто така не постапил согласно членот 9 од Законот за здравственото осигурување. Како директор не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33.

3. Д-р Нехат Нухи, тогашен организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 92-г, 92-в, член 105 и член 110. Посочениот организациски директор во предметниот период не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. Дополнително не ги применил важечките одредби од Законот за сметководство на буџети и буџетските корисници, и тоа: член 2, член 6 (2), член 7 и член 12. По однос на Законот за Здравственото осигурување не е постапено согласно член 9. По однос на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола не постапил во согласност со членот 7, додека од Законот за буџети не се соодветно применети членот 3 (2)т.8, членот 7 (2). Исто така не постапил согласно Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 4, член 5 (1, 2), член 6 (1, 2), член 39 (1), член 75 (1, 2) и член 77 (2, 5). Во негова надлежност е и непостапувањето согласно Законот за финансиска дисциплина, конкретно на членот 6 (1). Од Законот за донации и спонзорства не е постапено согласно член 3 (1)

4. Д-р Ирена Сотирова Бухова, како тогашен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, нецелосно ги применила важечките одредби од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно на членот 300. По однос на Законот за санитарната и здравствената инспекција, несоодветно ги применила членовите: чл.2, чл.5 (1, 2, 8, 9), чл 16, чл.17 (2), чл.19 (4) и член 24.

5. Стево Крстевски и Фатон Ахмети, во критичниот период и двајцата како директори на Фондот за здравствено осигурување нецолосно ги примениле законските одредби кои се однесуваат на нивните контролни надлежности кон јавните здравствени установи. По однос на Законот за здравственото осигурување ова се однесува конкретно на член 9, член 54 (12, 13), член 68 (2) и член 71. Исто така, не ги примениле соодветно прописите од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, и тоа конкретно член 1, член 6 и член 7, стои во образложението на Анкетната комисија.

 

The post Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети appeared first on Република.

]]>

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Во заклучоците се наведува дека одговорноста е утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи. Во образложението се наведува: -Kлучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а извештајот уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и на директорите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Извештајот на ДЗР ги констатирал следните состојби: 1) се констатираат слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи/ упатства со кои ќе се воспостават правила и утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија; 2) пописот на средствата и обврските не е во целост спроведен и утврдено е непочитување на одредбите од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници; 3) биле преземени обврски над одобрениот буџет за 2021 година и Клиниката се јавува како тужена страна во судски постапки по однос на неплатени фактури за набавка на лекови и медицински материјали; 4) неусогласеност на сметководствената и материјалната евиденција на залихите со состојбата по спроведениот попис; 5) утврдена е несоодветна примена на Закон за јавни набавки за дел од спроведените постапки за јавни набавки; 6) во постапката за сервисирање на опрема за која економските оператори имаат монополска позиција/ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис пришто не постои можност да се спореди/утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги; 7) констатирано е дека набавениот линеарен акцелератор не е ставен во употреба, поради тоа што Клиниката не располагала со соодветен простор; Врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и матерјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, како и исказите на сведоците и/или експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека: 1. Д-р. Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 76 и член 77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1), член 13 (1, 2, 4) и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не постапил согласно членот 59. 2. Д-р Нино Васев, како тогашен медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно законските одреби предвидени во Законот за здравствена заштита, и тоа поточно: член 37, член 92-в, член 92-г, член 105, член 110, член 112, член 226-и, член 235 и член 237. Исто така не постапил согласно членот 9 од Законот за здравственото осигурување. Како директор не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. 3. Д-р Нехат Нухи, тогашен организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 92-г, 92-в, член 105 и член 110. Посочениот организациски директор во предметниот период не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. Дополнително не ги применил важечките одредби од Законот за сметководство на буџети и буџетските корисници, и тоа: член 2, член 6 (2), член 7 и член 12. По однос на Законот за Здравственото осигурување не е постапено согласно член 9. По однос на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола не постапил во согласност со членот 7, додека од Законот за буџети не се соодветно применети членот 3 (2)т.8, членот 7 (2). Исто така не постапил согласно Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 4, член 5 (1, 2), член 6 (1, 2), член 39 (1), член 75 (1, 2) и член 77 (2, 5). Во негова надлежност е и непостапувањето согласно Законот за финансиска дисциплина, конкретно на членот 6 (1). Од Законот за донации и спонзорства не е постапено согласно член 3 (1) 4. Д-р Ирена Сотирова Бухова, како тогашен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, нецелосно ги применила важечките одредби од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно на членот 300. По однос на Законот за санитарната и здравствената инспекција, несоодветно ги применила членовите: чл.2, чл.5 (1, 2, 8, 9), чл 16, чл.17 (2), чл.19 (4) и член 24. 5. Стево Крстевски и Фатон Ахмети, во критичниот период и двајцата како директори на Фондот за здравствено осигурување нецолосно ги примениле законските одредби кои се однесуваат на нивните контролни надлежности кон јавните здравствени установи. По однос на Законот за здравственото осигурување ова се однесува конкретно на член 9, член 54 (12, 13), член 68 (2) и член 71. Исто така, не ги примениле соодветно прописите од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, и тоа конкретно член 1, член 6 и член 7, стои во образложението на Анкетната комисија.  

The post Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети appeared first on Република.

]]>
Нино Васев ја бранeше набавката на лекови на реверс пред Анкетната, не можел да ризикува да ги остави пациентите без витална терапија https://republika.mk/vesti/makedonija/nino-vasev-ja-braneshe-nabavkata-na-lekovi-na-revers-pred-anketnata-ne-mozhel-da-rizikuva-da-gi-ostavi-patsientite-bez-vitalna-terapija/ Mon, 30 Oct 2023 13:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=696340

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија Никола Васев пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс, за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се земале лекови само во случаите кога не смееле да дозволат да се прекине терапијата на пациенти кои веќе почнале да ја примаат.

Прво апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија која почнале да ја земаат пациентите. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас, ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите кои веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив, и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира. И второ јас сум се обезбедил со писмо што ќе ви го доставам дека ако тие фирми изгубат на тендерот ќе биде донација тој лек. Тоа писмо ќе го доставам кај вашата претседателка“, рече Васев укажувајќи дека три месеци пред да се потрошат лековите за залихите редовно ги известувале Фондот за здравство и Министерството за здравство.

Поранешниот директор Васев како свој неуспех призна дека го смета и тоа што не успеал да воведе пракса за стручен колегиум на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Стручен колегиум, тој рече дека на Онкологија не се одржал 10 години.

Васев имаше објаснување и за обвинувањата дека лично тој со потпис одобрувал кој пациент ќе добие терапија. Укажа дека раководителите на одделенија одлучувале кому ќе му дадат лек и не си се мешале едни на други во работата, а кај него на потпис стигнувале оти водел евиденција.

Докторите ги пишуваа историите со лекови, сестрите ги собираа историите, доаѓаа кај мене за потпис не за тоа дали да зема или не, туку дека тој лек го има на Институтот и јас си водев евиденција да не прејдеме количини кои ни беа строго дефинирани. Не знам во кој случај било загрозено правото на пациентите да имаат пристап до биолошката терапија ако на сите пациенти се одобрува терапијата“, рече поранешниот директор Васев.

Денес прва прашање му постави претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи. Откога му прочита дел од наодите на Државниот завод за ревизија кои укажуваат на лошото работење на клиниката и сомнежот дека немале сите болни еднаков пристап до лекување, му постави само едно прашање – кој му дал согласност или насока за да направи таков хаос на Клиниката за Онкологија.

Никогаш не ми била намерата да креирам хаос. Функцијата ја прифатив од министерот за здравство Таравари, после долго убедување. Искрено се мислев дали да ја прифатам, но како најстар доктор на Институтот чувствував малку и одговорност, мислејќи дека ќе ја подобрам здравствената заштита на нашите пациенти. 35 години работам со онколошки пациенти, ниеден човек од моја врата не сум вратил. Го читавме извештајот, за жал го добивме откога не сум на функција. Не можевме да одговориме, веројатно сум имал право, не сум знаел за тоа. Сигурно ќе се обидев да одговорам на сите наводи“, рече Васев.

Неговиот став, и покрај наодите на Државниот завод за ревизија е дека ниту еден пациент не бил оставен без терпија.

The post Нино Васев ја бранeше набавката на лекови на реверс пред Анкетната, не можел да ризикува да ги остави пациентите без витална терапија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија Никола Васев пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс, за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се земале лекови само во случаите кога не смееле да дозволат да се прекине терапијата на пациенти кои веќе почнале да ја примаат.
Прво апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија која почнале да ја земаат пациентите. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас, ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите кои веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив, и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира. И второ јас сум се обезбедил со писмо што ќе ви го доставам дека ако тие фирми изгубат на тендерот ќе биде донација тој лек. Тоа писмо ќе го доставам кај вашата претседателка“, рече Васев укажувајќи дека три месеци пред да се потрошат лековите за залихите редовно ги известувале Фондот за здравство и Министерството за здравство.
Поранешниот директор Васев како свој неуспех призна дека го смета и тоа што не успеал да воведе пракса за стручен колегиум на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Стручен колегиум, тој рече дека на Онкологија не се одржал 10 години. Васев имаше објаснување и за обвинувањата дека лично тој со потпис одобрувал кој пациент ќе добие терапија. Укажа дека раководителите на одделенија одлучувале кому ќе му дадат лек и не си се мешале едни на други во работата, а кај него на потпис стигнувале оти водел евиденција.
Докторите ги пишуваа историите со лекови, сестрите ги собираа историите, доаѓаа кај мене за потпис не за тоа дали да зема или не, туку дека тој лек го има на Институтот и јас си водев евиденција да не прејдеме количини кои ни беа строго дефинирани. Не знам во кој случај било загрозено правото на пациентите да имаат пристап до биолошката терапија ако на сите пациенти се одобрува терапијата“, рече поранешниот директор Васев.
Денес прва прашање му постави претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи. Откога му прочита дел од наодите на Државниот завод за ревизија кои укажуваат на лошото работење на клиниката и сомнежот дека немале сите болни еднаков пристап до лекување, му постави само едно прашање – кој му дал согласност или насока за да направи таков хаос на Клиниката за Онкологија.
Никогаш не ми била намерата да креирам хаос. Функцијата ја прифатив од министерот за здравство Таравари, после долго убедување. Искрено се мислев дали да ја прифатам, но како најстар доктор на Институтот чувствував малку и одговорност, мислејќи дека ќе ја подобрам здравствената заштита на нашите пациенти. 35 години работам со онколошки пациенти, ниеден човек од моја врата не сум вратил. Го читавме извештајот, за жал го добивме откога не сум на функција. Не можевме да одговориме, веројатно сум имал право, не сум знаел за тоа. Сигурно ќе се обидев да одговорам на сите наводи“, рече Васев.
Неговиот став, и покрај наодите на Државниот завод за ревизија е дека ниту еден пациент не бил оставен без терпија.

The post Нино Васев ја бранeше набавката на лекови на реверс пред Анкетната, не можел да ризикува да ги остави пациентите без витална терапија appeared first on Република.

]]>
Д-р Нино Васев во Кривичен на судење за несовесно работење за пациент кој починал откако три месеци не му бил пропишуван лек за малиген меланом https://republika.mk/vesti/crna-hronika/d-r-nino-vasev-vo-krivichen-na-sudene-za-nesovesno-rabotene-za-patsient-koj-pochinal-otkako-tri-mesetsi-ne-mu-bil-propishuvan-lek-za-maligen-melanom/ Tue, 05 Sep 2023 14:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=679053

Поранешниот директорот на Онкологија Нино Васев пред кривичниот суд ги одмина медиумите кои имаа низа прашања поврзни со кражбите на лекови и сериозните обвинувања за начинот на лекување на пацинети на клиниката. Тој се појави на судењето против него за несовесно работење во службата . На пациент со малиген меланом три месеци не му била препишувана терапија на клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба, објави Телма.

Екс директорот на клиниката за Онкологија Нино Васев не одговори на новинарските прашања за скандалот со злоупотребата на лекови за болните од канцер кој ги крена на нозе граѓаните. Медиумите објавија дека освен во клиниката и во неговиот дом викендов истражните органи извршиле претрес, Васев денеска влезе во Kривичниот суд како обвинет но во друг предмет кој се води против него од 2021 година. Одговара за несовесно работење во службата а до него на обивнителна клупа седат уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска.

 

The post Д-р Нино Васев во Кривичен на судење за несовесно работење за пациент кој починал откако три месеци не му бил пропишуван лек за малиген меланом appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директорот на Онкологија Нино Васев пред кривичниот суд ги одмина медиумите кои имаа низа прашања поврзни со кражбите на лекови и сериозните обвинувања за начинот на лекување на пацинети на клиниката. Тој се појави на судењето против него за несовесно работење во службата . На пациент со малиген меланом три месеци не му била препишувана терапија на клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба, објави Телма. Екс директорот на клиниката за Онкологија Нино Васев не одговори на новинарските прашања за скандалот со злоупотребата на лекови за болните од канцер кој ги крена на нозе граѓаните. Медиумите објавија дека освен во клиниката и во неговиот дом викендов истражните органи извршиле претрес, Васев денеска влезе во Kривичниот суд како обвинет но во друг предмет кој се води против него од 2021 година. Одговара за несовесно работење во службата а до него на обивнителна клупа седат уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска.  

The post Д-р Нино Васев во Кривичен на судење за несовесно работење за пациент кој починал откако три месеци не му бил пропишуван лек за малиген меланом appeared first on Република.

]]>
Осомничените за криминалот на Онкологија се прва лига партиски војници на СДСМ и ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/osomnichenite-za-kriminalot-na-onkologija-se-prva-liga-partiski-vojnitsi-na-sdsm-i-dui/ Sun, 03 Sep 2023 15:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=678423

Maкедонија ја тресе еден од најголемите скандали за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. И за разлика од другите криминали на кои сме навикнале, овде директни жртви се граѓани кои се лечеле од рак на Клиниката за онкологија.

Болните таму влегувале со надеж дека ќе се спасат од смртоносната болест со редовни терапии. Но, што се случувало? Пациентите наместо цитостатици добивале обичен физиолошки раствор од кој мислеле дека ќе им биде подобро не знаејќи што примаат.

Вистинската терапија завршувала во Косово или пак пациенти на Косово, а за тоа дебел профит имале медицински сестри, но и врвот на Клиниката.

Премиерот Ковачевски денеска невешто се обиде да испере и да го релативизира случајот и се пожали дека „се сака да се креира слика на вмешаност само на одредени лица во зависност од нивната припадност“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-sluchajot-onkologija-da-ne-se-pravi-senzatsionalizam-i-napad-na-site-doktori-i-sestri/

 

Она што можам да кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен - рече Ковачевски.

Не, премиере, овој скандал или убиство на луѓе има точни виновници со име и презиме од кои некои се во вашата партија, а дел кај вашиот коалициски партнер ДУИ.

Да почнеме со ред. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, кој го исфрлил системот со кој може да се контролира следењето и чувањето на дозите цитостатици, се вика Нино Васев и е кадар на вашата партија наречена СДСМ. Васев им држел предавања на општинскиот комитет на СДСМ-Бутел. За што, можеме само да нагаѓаме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/klinikata-za-onkologija-go-frlila-vo-podrum-sistemot-za-sledene-i-bezbedno-chuvane-na-dozite-tsitostatitsi/

Одиме понатаму. Вашиот Васев е фотографиран со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, а оваа злоупотреба не се случувала од вчера.

Тој истиот Филипче и Васев, заедно со Зорица Заева, сопруга на „славниот“ Зоран, кој сега е прв другар со Венко. Кругот е тој, а во него сме сите. Да биде иронијата поголема, госпоѓа Заева делеше перики за болните од рак на дојка кои мислеле дека се лечат на истата клинка за смрт.

Да видиме малку што се случува и во коалцискиот двор. Таму, пак, економскиот директор на клиниката, Нехат Нухи, за кого има соменвања дека креирал лажни списоци на заболени од рак оди кои некои биле и од неговото семејство, е фотографиран со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Затоа, овој скандал не смее да остане неказнет или повторно да биде виновен кабелот.

The post Осомничените за криминалот на Онкологија се прва лига партиски војници на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Maкедонија ја тресе еден од најголемите скандали за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. И за разлика од другите криминали на кои сме навикнале, овде директни жртви се граѓани кои се лечеле од рак на Клиниката за онкологија. Болните таму влегувале со надеж дека ќе се спасат од смртоносната болест со редовни терапии. Но, што се случувало? Пациентите наместо цитостатици добивале обичен физиолошки раствор од кој мислеле дека ќе им биде подобро не знаејќи што примаат. Вистинската терапија завршувала во Косово или пак пациенти на Косово, а за тоа дебел профит имале медицински сестри, но и врвот на Клиниката. Премиерот Ковачевски денеска невешто се обиде да испере и да го релативизира случајот и се пожали дека „се сака да се креира слика на вмешаност само на одредени лица во зависност од нивната припадност“. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-sluchajot-onkologija-da-ne-se-pravi-senzatsionalizam-i-napad-na-site-doktori-i-sestri/  
Она што можам да кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен - рече Ковачевски.
Не, премиере, овој скандал или убиство на луѓе има точни виновници со име и презиме од кои некои се во вашата партија, а дел кај вашиот коалициски партнер ДУИ. Да почнеме со ред. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, кој го исфрлил системот со кој може да се контролира следењето и чувањето на дозите цитостатици, се вика Нино Васев и е кадар на вашата партија наречена СДСМ. Васев им држел предавања на општинскиот комитет на СДСМ-Бутел. За што, можеме само да нагаѓаме. https://republika.mk/vesti/makedonija/klinikata-za-onkologija-go-frlila-vo-podrum-sistemot-za-sledene-i-bezbedno-chuvane-na-dozite-tsitostatitsi/ Одиме понатаму. Вашиот Васев е фотографиран со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, а оваа злоупотреба не се случувала од вчера. Тој истиот Филипче и Васев, заедно со Зорица Заева, сопруга на „славниот“ Зоран, кој сега е прв другар со Венко. Кругот е тој, а во него сме сите. Да биде иронијата поголема, госпоѓа Заева делеше перики за болните од рак на дојка кои мислеле дека се лечат на истата клинка за смрт. Да видиме малку што се случува и во коалцискиот двор. Таму, пак, економскиот директор на клиниката, Нехат Нухи, за кого има соменвања дека креирал лажни списоци на заболени од рак оди кои некои биле и од неговото семејство, е фотографиран со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Затоа, овој скандал не смее да остане неказнет или повторно да биде виновен кабелот.

The post Осомничените за криминалот на Онкологија се прва лига партиски војници на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Поранешниот директор на Онкологија потврдува дека имало кражби со лекови https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-direktor-na-onkologija-potvrduva-deka-imalo-krazhbi-so-lekovi/ Sat, 02 Sep 2023 15:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=678184

Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев потврдува  дека во неговиот мандат се случиле две кражби на лекови за што институциите биле уредно известени и кражбите биле пријавени. Вработените во Клиниката кои учествувале во кражбите биле суспендирани од работа.

„ Во време на мојот мандат  кој беше во заедништво со тогашниот организациски директор Нехар Нухи сме пријавиле две кражби на лекови и истите кражби беа уредно пријавени до надлежните институции. Вработените кои учествуваа во кражбите на лекови беа мандатно отстранети од работните места – односно 6 месеци беа суспендирани од работа.“ - вели за ТВ24, поранешниот директор.

Повеќе на ТВ24

The post Поранешниот директор на Онкологија потврдува дека имало кражби со лекови appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев потврдува  дека во неговиот мандат се случиле две кражби на лекови за што институциите биле уредно известени и кражбите биле пријавени. Вработените во Клиниката кои учествувале во кражбите биле суспендирани од работа.
„ Во време на мојот мандат  кој беше во заедништво со тогашниот организациски директор Нехар Нухи сме пријавиле две кражби на лекови и истите кражби беа уредно пријавени до надлежните институции. Вработените кои учествуваа во кражбите на лекови беа мандатно отстранети од работните места – односно 6 месеци беа суспендирани од работа.“ - вели за ТВ24, поранешниот директор.
Повеќе на ТВ24

The post Поранешниот директор на Онкологија потврдува дека имало кражби со лекови appeared first on Република.

]]>
Претрес во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев https://republika.mk/vesti/makedonija/pretres-vo-domot-na-eks-direktorot-na-klinikata-za-onkologija-doktor-nino-vasev/ Sat, 02 Sep 2023 12:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=678117

Откако обвинителството и финансиската полиција вчера во акција запленија компјутери и медицински истории на пациенти на Клиниката за онкологија, претресот го продолжиле и кај поранешниот директор на болницата.

Според информации на Слободен печат, претрес е направен во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач. ОЈО Скопје и МВР работат за да се испитаат обележја на кривично дело.

Слободен печат објави дека во постапката ќе бидат вклучени судски вештаци, кои што ќе ги прегледуваат медицинските истории на пациентите, поради различни наводи за финансиски криминал и злоупотреба на лековите. На пример, ќе се проверува дали на пациенти што се починати, непосредно пред смртта им е давана терапија на хартија за наредниот период, која подоцна морало да биде вратена во аптеката како донација и била препродавана.

The post Претрес во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев appeared first on Република.

]]>

Откако обвинителството и финансиската полиција вчера во акција запленија компјутери и медицински истории на пациенти на Клиниката за онкологија, претресот го продолжиле и кај поранешниот директор на болницата. Според информации на Слободен печат, претрес е направен во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач. ОЈО Скопје и МВР работат за да се испитаат обележја на кривично дело. Слободен печат објави дека во постапката ќе бидат вклучени судски вештаци, кои што ќе ги прегледуваат медицинските истории на пациентите, поради различни наводи за финансиски криминал и злоупотреба на лековите. На пример, ќе се проверува дали на пациенти што се починати, непосредно пред смртта им е давана терапија на хартија за наредниот период, која подоцна морало да биде вратена во аптеката како донација и била препродавана.

The post Претрес во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев appeared first on Република.

]]>