нина кравиц Archives - Република https://republika.mk/tema/nina-kravits/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jul 2023 12:32:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нина кравиц Archives - Република https://republika.mk/tema/nina-kravits/ 32 32 Целовечерна музичка авантура: „Скопје колинг“ почна со дожд, заврши со еуфорија https://republika.mk/scena/muzika/tselovecherna-muzichka-avantura-skopje-koling-pochna-so-dozhd-zavrshi-so-euforija/ Sat, 08 Jul 2023 11:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=659582

Неверојатна забава со одлична музика, голема сцена со визуелни и светлечки ефекти, а тука беше и дождот, кој само даде дополнителна димензија на впечатокот дека тие што беа на „Скопје колинг“ присуствуваа на фестивалско музичко доживување од светски калибар.

Музичката авантура почна со доаѓањето на ноќта, кога славниот словенечки бенд „Лајбах“ ја презеде бината со препознатливиот силен и строг звук, проследен со илуминации и лајт-шоу на сцената. Во целата нивна атмосфера, совршено се вклопи, на моменти, интензивниот дожд, кој придонесе да се зацврсти мистичноста на доживувањето „Лајбах“.

Забавата продолжи со една од најоригиналите и најсвои уметници на балканската музичка сцена - Констракта. Српската претставничка на Евровизија во 2022 година, со весел ритам, на моменти со примеси на реге, но и со својот специфичен сценски настап и единствени текстови, на вистински начин ја разигра публиката. Констракта, во ниту еден момент не го криеше своето добро располежение, а тоа го потврди и со неколкуте подароци што сосема спонтано ги подели на неколкумина во публиката. Со тоа уште еднаш докажа дека целосно владее со уметноста на одличната комуникација и однос со публиката.

По Констракта, сцената ја презедоа нејзините сонародници, дуото „Буч Кесиди“ од Панчево. Лука на гитара и Зоран на тапани, кои од самиот старт покажаа дека се дојдени во Скопје да имаат енергичен рокенрол настап и во ниту еден момент не го криеја своето задоволство и возбуда што свират на „Скопје колинг“. Емоцијата и енергјата со која тие двајца настапија се покажа и со тоа што на Лука, дури во три наврати му пукна жица на гитарата, што, како што обелодени неговито колега, им е рекорд.

Со веќе поминат полноќ, журката продолжи со хрватското електро-поп дуо „Нипл пипл“. Облечени во свите препознатливи костими, со звуци во кои провејуваше и електро-диско, како и со мистериозното танцување на женската половина од ова загрепско дуо, расположението на публиката се движеше кон екстаза.

Врвот на вечерта, особено за помладата публика, дојде на крајот, односно со последната музичка ѕвезда што излезе на сцената. А, за Нина Кравиц и не може да се каже ништо друго освен дека е вистинска светска ѕвезда, која со право заслужува да биде наречена кралица на електронската музиката. Русинката се претстави со моќен сет кој ги предизвикуваше и мамеше присутните на стадионот на АРМ да танцуваат во тој ритам до раните утрински часови.

The post Целовечерна музичка авантура: „Скопје колинг“ почна со дожд, заврши со еуфорија appeared first on Република.

]]>

Неверојатна забава со одлична музика, голема сцена со визуелни и светлечки ефекти, а тука беше и дождот, кој само даде дополнителна димензија на впечатокот дека тие што беа на „Скопје колинг“ присуствуваа на фестивалско музичко доживување од светски калибар. Музичката авантура почна со доаѓањето на ноќта, кога славниот словенечки бенд „Лајбах“ ја презеде бината со препознатливиот силен и строг звук, проследен со илуминации и лајт-шоу на сцената. Во целата нивна атмосфера, совршено се вклопи, на моменти, интензивниот дожд, кој придонесе да се зацврсти мистичноста на доживувањето „Лајбах“. Забавата продолжи со една од најоригиналите и најсвои уметници на балканската музичка сцена - Констракта. Српската претставничка на Евровизија во 2022 година, со весел ритам, на моменти со примеси на реге, но и со својот специфичен сценски настап и единствени текстови, на вистински начин ја разигра публиката. Констракта, во ниту еден момент не го криеше своето добро располежение, а тоа го потврди и со неколкуте подароци што сосема спонтано ги подели на неколкумина во публиката. Со тоа уште еднаш докажа дека целосно владее со уметноста на одличната комуникација и однос со публиката. По Констракта, сцената ја презедоа нејзините сонародници, дуото „Буч Кесиди“ од Панчево. Лука на гитара и Зоран на тапани, кои од самиот старт покажаа дека се дојдени во Скопје да имаат енергичен рокенрол настап и во ниту еден момент не го криеја своето задоволство и возбуда што свират на „Скопје колинг“. Емоцијата и енергјата со која тие двајца настапија се покажа и со тоа што на Лука, дури во три наврати му пукна жица на гитарата, што, како што обелодени неговито колега, им е рекорд. Со веќе поминат полноќ, журката продолжи со хрватското електро-поп дуо „Нипл пипл“. Облечени во свите препознатливи костими, со звуци во кои провејуваше и електро-диско, како и со мистериозното танцување на женската половина од ова загрепско дуо, расположението на публиката се движеше кон екстаза. Врвот на вечерта, особено за помладата публика, дојде на крајот, односно со последната музичка ѕвезда што излезе на сцената. А, за Нина Кравиц и не може да се каже ништо друго освен дека е вистинска светска ѕвезда, која со право заслужува да биде наречена кралица на електронската музиката. Русинката се претстави со моќен сет кој ги предизвикуваше и мамеше присутните на стадионот на АРМ да танцуваат во тој ритам до раните утрински часови.

The post Целовечерна музичка авантура: „Скопје колинг“ почна со дожд, заврши со еуфорија appeared first on Република.

]]>