Никос Андрулакис Archives - Република https://republika.mk/tema/nikos-andrulakis/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 18:35:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никос Андрулакис Archives - Република https://republika.mk/tema/nikos-andrulakis/ 32 32 Актуелниот претседател на ПАСОК Андрулакис одново избран за лидер на партијата https://republika.mk/vesti/balkan/aktuelniot-pretsedatel-na-pasok-andrulakis-odnovo-izbran-za-lider-na-partijata/ Sun, 13 Oct 2024 18:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=826230

Актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис со освоени 59,93 отсто од гласовите е победник во вториот круг на денешните избори за партиски лидер, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Атина Харис Дукас доби 40,07 проценти со пребројани 97,2 отсто од гласачките места, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако беа соопштени првите официјални резултати и беше јасно водството на Андрулакис, Дукас телефонски разговарал со актуелниот претседател, му честитал и му рекол дека сите заедно одат напред.

На денешните избори гласаа 214.000 членови и поддржувачи на Социјалистичката партија, наспроти 303.223 лица во првиот круг, а изборниот процес беше продолжен за половина час.

Во првиот круг од изборите одржан минатата недела Андрулакис освои 29,64 проценти од гласовите, а Дукас 21,41 отсто.

Претходните избори во ПАСОК, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и остана зад СИРИЗА, Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи одржување избори за претседател на партијата.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

The post Актуелниот претседател на ПАСОК Андрулакис одново избран за лидер на партијата appeared first on Република.

]]>

Актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис со освоени 59,93 отсто од гласовите е победник во вториот круг на денешните избори за партиски лидер, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Атина Харис Дукас доби 40,07 проценти со пребројани 97,2 отсто од гласачките места, јави дописничката на МИА од Атина. Откако беа соопштени првите официјални резултати и беше јасно водството на Андрулакис, Дукас телефонски разговарал со актуелниот претседател, му честитал и му рекол дека сите заедно одат напред. На денешните избори гласаа 214.000 членови и поддржувачи на Социјалистичката партија, наспроти 303.223 лица во првиот круг, а изборниот процес беше продолжен за половина час. Во првиот круг од изборите одржан минатата недела Андрулакис освои 29,64 проценти од гласовите, а Дукас 21,41 отсто. Претходните избори во ПАСОК, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и остана зад СИРИЗА, Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи одржување избори за претседател на партијата. На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

The post Актуелниот претседател на ПАСОК Андрулакис одново избран за лидер на партијата appeared first on Република.

]]>
Некогаш беше голема партија: ПАСОК бира нов лидер https://republika.mk/vesti/balkan/nekogash-beshe-golema-partija-pasok-bira-nov-lider/ Sun, 06 Oct 2024 20:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=823619

Со пребројани 69,5 отсто од гласачките места, односно над 50 отсто од гласовите, актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис е во водство со 32,32 проценти на денешните избори за партиски лидер, на кои имаше голем одзив и учество на над 300.000 гласачи, јави дописничката на МИА од Атина.

Сè поверојатно е дека претседателот ќе се одбере следната недела во вториот круг, а за сега, според првичните официјални резултати, на втората позиција е актуелниот градоначалник на Атина Харис Дукас со 22,48 проценти, зад него се поранешниот министер Павлос Геруланос со 19,66 отсто и поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу со 17,92 проценти, а потоа следат поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу со едноцифрен број гласови.

Според грчките медиуми, не е исклучена можноста додека да се пребројат сите гласови да има и пресврт на втората позиција.

На изборите гласаа над 301.355 поддржувачи на партијата, меѓу кои и оние кои денеска станаа членови, а поради големиот одзив и редиците во одредени гласачки места, гласањето беше продолжено за еден час.

Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите

The post Некогаш беше голема партија: ПАСОК бира нов лидер appeared first on Република.

]]>

Со пребројани 69,5 отсто од гласачките места, односно над 50 отсто од гласовите, актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис е во водство со 32,32 проценти на денешните избори за партиски лидер, на кои имаше голем одзив и учество на над 300.000 гласачи, јави дописничката на МИА од Атина. Сè поверојатно е дека претседателот ќе се одбере следната недела во вториот круг, а за сега, според првичните официјални резултати, на втората позиција е актуелниот градоначалник на Атина Харис Дукас со 22,48 проценти, зад него се поранешниот министер Павлос Геруланос со 19,66 отсто и поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу со 17,92 проценти, а потоа следат поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу со едноцифрен број гласови. Според грчките медиуми, не е исклучена можноста додека да се пребројат сите гласови да има и пресврт на втората позиција. На изборите гласаа над 301.355 поддржувачи на партијата, меѓу кои и оние кои денеска станаа членови, а поради големиот одзив и редиците во одредени гласачки места, гласањето беше продолжено за еден час. Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври. На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите

The post Некогаш беше голема партија: ПАСОК бира нов лидер appeared first on Република.

]]>